логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Кабарето е симбол за морален пад на општеството

Не сакав асоцијациите да бидат директни, туку колку што е можно да бидат побогати со различни значења - вели Трајкоски за концептот „Циркус Еуропија“ што неодамна премиерно го изведе во МНТ

Горан Трајкоски неодамна го промовира кабаре-концертот „Циркус Еуропија“, кој е спој на нумери од театарските претстави за кои во изминатите години компонирал музика. Иако пријателите го советувале да објави цеде, тој смета дека овие песни звучат неприродно кога се надвор од претстава. Затоа, на сцената на Македонскиот народен театар, со шест музичари и со актерката Арна Шијак, Трајкоски го реализира проектот што е 70-минутна компилација од неговите театарски композиции со кабаретски призвук.

- Разликата меѓу обичното издавање театарска музика и „Циркус Еуропија“ е што сега се работи за концертен проект. Акцентот е ставен на жива изведба, а не на снимање на музиката, иако и тоа го направив. Материјалот беше извежбан и многу лесно го снимивме - вели Горан.

Проектот решил да го реализира откако Културно-информативниот центар се јавил како продуцент, а бидејќи станува збор за музика од претстави, логично било да се изведе на театарска сцена.

- Не го замислував како голем медиумски настан, ниту имав сила да правам спектакл. Сакав да биде камерен проект ставен на театарска сцена и да ја има енергијата и бојата на претстава со толку луѓе колку што вообичаено доаѓаат во театар - укажува Трајкоски.
Горан, кој работеше со групи како „Падот на Византија“, „Анастасија“ и „Мизар“, бил љубопитен да види како ќе функционира театарската музика надвор од претставите за кои е создадена. 
- Знаев и знам дека е поинаку да се прави музика за театар, бидејќи е сосема поинаку кога таа треба да функционира самостојно. Не беше тешко да се направи селекцијата. Сите нумери со брехтовски или вајлдовски шмек ги тргнав, а напишав текст за инструменталките. Од тој материјал се издвоија 12-ина музички парчиња, но ми недостигаа неколку говорни делови и директно обраќање кон публиката.

За комплетирање на концептот Трајкоски го задолжил пријателот Крум Велков, кој ги создал текстуалните дополнувања. Поставата на бендот, пак, ја сочинуваат: Арна Шијак (вокал), Игор Василевски-Новоградска (бас), Слободан Кајкут (тапани), Марија Ѓаковска (виолина), Анастасиј Јованов (кларинет) и Игор Зотиќ (клавијатури). Иако има политички идеи во „Циркус Еуропија“, Горан не праќа пораки, туку индивидуални асоцијации или назначувања за секој да си направи сопствена визија.

- Не сакав асоцијациите да бидат директни и еднозначни, туку колку што е можно да бидат побогати со различни значења. Политичката асоцијација беше повеќе од присутна, што не е невообичаено, особено кога станува збор за ваква изведба. Кабарето е родено во атмосфера на политичка криза, економска депресија и морален пад на човечкото општество - истакнува Трајкоски.

Според него, периодот на излегување од криза е долг зашто тие што ги држат конците тоа и го сакаат, а се' се случува од економски интерес.

- Сите невладини организации или странски претставништва можат да предизвикаат огромна безработица кога би се вратиле во своите земји. Тоа е кругот на циркусот и тоа и значи неговото име - смета Горан.

Траковски моментно има желба да работи на разни типови музика, а освен „Циркус Еуропија“ има уште еден завршен проект со колега од Германија. Тоа издание ќе има допирни точки со рок-звукот и треба да биде објавено на почетокот на следната година. На отворањето на фестивалот „Војдан Чернодрински“ ќе настапи со „Циркус...“, а ако има потреба би настапил и на други фестивали или надвор од земјава. Сепак, тоа би било само во рамките на театарските фестивали, а не и на рок-сцените зашто концептот бара поинтимна изведба.

- Цеде изданието од „Циркус Еуропија“ треба да се појави в година, за да ја пополни дупката на активности. Мојата идеја е да биде бесплатно и ќе се трудам да најдам некоја таква опција. Затоа сега на веб-страницата www.circoeuropia.com.mk е поставен целиот материјал и секој може бесплатно да го симне - вели на крајот Трајкоски.

Немам проблем со „Мизар“

Како поранешен член на „Мизар“, Горан Трајкоски вели дека е сосема нормално што тие сега работат на нов материјал. По завршувањето на договорот решил да ја следи потребата да работи на поинакви проекти.

- Сосема е нормално што „Мизар“ работи на нов албум и јас немам проблем со тоа. Со Горазд бевме договорени за еден албум, а потоа јас решив дека сакам да правам нешто друго. Тоа е нормална работа. Секој работи според сопствените чувства и потреби - вели тој.

Димитар Петровски



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Октомври 23, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

Поезија од Стефан Марковски застапена во меѓународна антологија на шпански јазик

„Преминот на поетските гласови бара прекугранични и меѓугенерациски средби и точки на дијалог. Тематските определби на песните почиваат врз различните емоционални, општествени, политички и интерперсонални набои на авторите; човечкото дистанцирање и поезијата…
Септември 28, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

Познат научник тврди дека Бог постои

Според него, оваа теорија би можела да го докаже постоењето на Бог. Изјавите ги разгориле дебатите околу оваа тематика меѓу научниците токму затоа што Каку се смета за еден од најважните научници на 21 век. Тој е еден од креаторите на револуционерната Теорија…

Беседи

Митрополит Струмички Наум:   Жената Хананејка (16.10.2021)

Митрополит Струмички Наум: Жената Хананејка (16.10.2021)

 Послушанието не е лесен подвиг и не е без искушенија. Затоа, до добивањето на дарот на умно-срдечната молитва тоа е аскетски подвиг, подвиг на кој се принудуваме. Духовниот отец може...

Митрополит Пимен: ЗА Воскресението, гневот и пандемијата - „ЗБОРНИК НА КАРАНТИНСКИ БЕСЕДИ“

Митрополит Пимен: ЗА Воскресението, гневот и пандемијата - „ЗБОРНИК НА КАРАНТИНСКИ БЕСЕДИ“

Та Христос не воскресна само во Ерусалим, та Христос не воскресна само во храмовите. Христос воскресна за сите, за секој и секаде. Христос воскреснува во срцето на секој еден од...

Митрополит Струмички Наум: Сега... сакаш да имаш или да немаш?

Митрополит Струмички Наум: Сега... сакаш да имаш или да немаш?

Значи, наместо судење и осудување и самооправдување, Христос ни го покажува патот на самоукорување и самоосудување, патот напуштен од речиси сите денес; патот на смирението.Прашање е дали воопшто и можеме...

Митрополит Струмички Наум: Потсетник (06.10.2021)

Митрополит Струмички Наум: Потсетник (06.10.2021)

Денешното апостолско четиво (Гал. 6, 3) ме потсети на малиот број „христијани“, кои поради својата внатрешна душевна расцепеност и меѓусебната поврзаност по таа основа, се однесуваат како отцепени, не само...

Митрополит Струмички Наум: Двоедна заповед (03.10.2021 08:43)

Митрополит Струмички Наум: Двоедна заповед (03.10.2021 08:43)

Да не се лажеме себеси... Оној што ја има љубовта како дар на благодатта на Светиот Дух не може истовремено и да мрази. Нема тука место за обичните човечки чувства,...

Митрополит Струмички Наум: Љубовта ќе олади (01.10.2021)

Митрополит Струмички Наум: Љубовта ќе олади (01.10.2021)

Љубовта ќе олади кај тие што ја добиваат како дар Божји во Црквата, а не ја негуваат и не ја развиваат. Љубовта ќе олади кај христијаните, кај православните. Божествена љубов...

 Митрополит Стумички Наум: Тајната на личниот крст (29.09.2021)

Митрополит Стумички Наум: Тајната на личниот крст (29.09.2021)

Често луѓето имаат желба да се на местото на некој друг. Сакаат да ја имаат видливата власт и славата на другиот, сакаат да ги имаат видливите пари и имот на...

 архим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

архим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

 Митрополит Струмички Наум: Свадбена облека (25.09.2021)

Митрополит Струмички Наум: Свадбена облека (25.09.2021)

Свадбена облека е подвигот на очистување на срцето од страстите во послушание. Без овој подвиг никој не може да се нарече христијанин. За монасите и свештенството свадбена облека е нешто...

« »