логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

Византиското пеење, познатиот музички жанр што датира од почетокот на христијанството и сѐ уште се изведува во православните цркви, на крајот од 2019 година, УНЕСКО го стави на својата листа на нематеријално културно наследство. Апликацијата ја поднесоа Грција и Кипар, кому ова му беше и прво културно добро впишано на листата на заштитени нематеријални добра на познатата светска организација.

– Како жива уметност што има досег од 2.000 години, овој музички систем на византиско пеење е значајна културна традиција што води потекло од Византиската Империја – стои меѓу другото во соопштението на УНЕСКО, во кое е истакнато дека во музиката на Балканот и на источниот Медитеран, каде што и се протегала империјата, ова пеење се изведува а капела и монофоно, како придружба на литургиските текстови.

За значајниот момент од заштитата на ова нематеријално светско наследство, кое сѐ уште е присутно и во Македонија, но и за начинот на кој тоа во земјава се практикува и третира, своите сознанија и ставови ги споделуваат: Велика Стојкова Серафимовска, етномузиколог од институтот за фолклор „Марко Цепенков“ од Скопје, унесков експерт за нематеријално културно наследство и Димитри Кумбароски, музички византолог, професор во средното музичко училиште „Тодор Скаловски-Тетоец“ во Струга.

– Впишувањето на византиското пеење во листата на УНЕСКО на нематеријално културно наследство на човештвото од Грција и Кипар претставува одличен чекор на валоризација и промоција и на духовната, односно црковната музичка традиција во рамките на нематеријалното наследство. Оваа иницијатива е одличен почеток и можност за една регионална соработка помеѓу земјите од регионот, кои се дел од византиското културно наследство: Македонија, Бугарија, Србија и Грција, каде што ова добро сѐ уште е живо и се негува со свој локални, односно национални специфики. Македонското византиско црковно пеење има свој специфики и карактеристики што имаат свои архивски записи, но се запишани и истражувани и од врвни македонски и светски византолози и истакнати научници од областа на црковното пеење, како Владимир Мошин, Сотир Голабовски и други – посочи Стојкова Серафимовска.

Во рамките на единствената музичка научна манифестација „Струшка музичка есен“ во организација на Сојузот на композиторите на Македонија, преку научни трибини и концерти веќе половина век се одвојува посебно внимание за македонското византиско пеење. Но она што го категоризира византиското црковно пеење како нематеријално културно наследство се токму неговото културно и социјално значење и неговата жива трансмисија и изведба. И покрај влијанието на таканаречената „Мокрањчева школа“ на хорско црковно пеење од првата половина на минатиот век, денес претежно присутно во соборните храмови во поголемите урбани средини, во македонските манастири отсекогаш, а и сега, се негува и се пее стариот Византиски осмогласник, кој претставува основа за македонскиот стил на машко и на женско византиско црковно пеење. – Оваа традиција се пренесува по устен пат и има длабока културна функција изразена преку музичките специфики во кои врз византискиот музички црковен кодекс се вградени македонскиот музички идиом и мелос, но и преку специфичните црковни музички форми, кои се изведуваат при црковните обреди. Дополнително, византиското пеење има и длабока социјална функција, која е видлива во колективната изведба не само на монасите и црковните лица, туку и на народот што учествува во црковните обреди и го чувствува ова пеење како свое, односно како дел од својот културен идентитет – вели Стојкова Серафимовска.

Таа укажа и дека заемното влијание на византиското и на народното пеење во Македонија се гледа и преку божиќните песни, кои се пеат токму на карактеристична византиско црковна мелодија пренесена во народното творештво. Според неа, живоста на овој нематеријален културен елемент може да се забележи и во годинашната промоција на „Божиќна песна“ испеана од популарни македонски музичари, како промоција на црковните вредности на Македонската православна црква.

– Сепак, кај нас сѐ уште не постои доволно развиена свест за значењето на нематеријалното културно наследство, па македонското византиско пеење не е впишано ниту во националниот регистар на културно наследство, ниту пак е започнат процес на валоризација. Со непостоење на музиколошки институт во државата, а и немање претставник на музичката наука и уметност во МАНУ, заштитата на црковното пеење не е соодветно регулирана и, секако, е запоставена. Впишувањето на византиското пеење на листата на УНЕСКО отвора нови можности за промоција на ова добро и на национално ниво. Не е невозможно приклучување кон апликацијата на Грција и на Кипар, тоа е дури и посакувано доколку Македонија ја заврши домашната работа, односно го валоризира и впише византиското пеење во националниот регистар. Живата состојба на ова добро во целост ги исполнува сите критериуми за негово впишување и во репрезентативна листа на УНЕСКО. Според меѓународните критериуми и препораки, секоја држава-членка, која смета дека на нејзината територија има и живее нематеријалното културно добро претходно впишано на некоја од листите на УНЕСКО од страна на друга држава, може да поднесе иницијатива за вклучување во номинацијата. Ваквите постапки се секогаш добредојдени и во целост со духот на Конвенцијата за нематеријално културно наследство на човештвото. Дополнително, регионална соработка со Грција во контекст на истакнување на заеднички регионални културни карактеристики ќе претставува одличен чекор кон изразување почит за културните вредности и отворање можности за културен дијалог – рече етномузикологот Велика Стојкова Серафимовска.

За музичкиот византолог Димитри Кумбароски забележлив дел од соопштението на УНЕСКО, по повод впишувањето на византиското пеење на листата на нематеријално културно наследство, најпрвин претставува фактот што ова пеење се определува со неговиот вистински назив – црковно пеење.

– Потоа во соопштението се нагласува неговиот историскиот континуитет од антиката до денес, а тоа значи дека византиското пеење е несведливо единствено на тесноисториската смисла и дека врската меѓу древните традиции и современата псалмодиска практика е природна. Прашање, за кое подолго време во науката се водеше дебата. Во соопштението исто така се потврдува дека ова пеење е наднационално и дека претставува исходиште на еден културолошки универзализам својствен за црквата. И, секако, одлуката претставува своевидна потврда на постигнувањата на сите наши свештенопсалти, мелурзи и научници низ историјата, кои придонеле во делот на византиското пеење, но и извесна афирмација на трудот и заложбите на неговите протагонисти денес – вели Кумбароски, кој како втор битен сегмент во одлуката на УНЕСКО го смета признавањето на единственоста на византиското пеење, во смисла на историскиот развој.

Тоа значи, смета тој, дека и покрај промените низ историјата, ова пеење останало едно и исто, т.е. дека она што денес го слушаме во црквата како византиско пеење, не претставува некаква реконструкција или реминисценција на изумрена историска практика, туку едно и исто, неминливо и неменливо музичко предание на црквата.
– Византиското пеење, наспроти сите конструкти, кои поради разни причини успевале да се наложат во богослужбата во одреден временски период, секогаш успевало да се воздигне токму поради неговата конститутивна природа. Поради сево ова, иако одлуката следува по предлогот на Грција и на Кипар, би рекол дека успехот, интересот, но и одговорноста се и наши заеднички – истакна Кумбароски.
Фото: Маја Јаневска-Илиева
Интересот за византиската музика треба да се насочи кон пишаната традиција

Византиското пеење кај нас има свои корени уште од 9 век, од времето на покрстувањето на македонските Словени. Светите браќа Кирил и Методиј и нивните свети ученици претставуваат втемелувачи на богослужбената, а со тоа и на псалмодиската практика кај словенските народи. Особено важна улога во таа смисла имаат св. Климент Охридски и неговиот универзитет во Охрид, каде што по примерот на квадривиумот на Цариградскиот магнаварски универзитет, се изучувала и музиката. Во продолжение, византиското пеење на овие простори следи извесна развојна линија, која изобилува со подеми и падови, но во втората половина 20 век, поради разни причини, тоа целосно ќе биде изместено од богослужбата. Во тој период, важна улога во неговото одржување ќе одигра струшката школа, а особено отецот Владимир Санџакоски, кој ќе стане инспирација за доајените на современата македонска музичка византологија – професорите Сотир Голабовски и Драгослав Ортаков. Тие ќе го актуализираат ова пеење во научните кругови и ќе ја иницираат познатата научнокултурна манифестација „Струшка музичка есен“, чија примарна цел беше да се занимава со проучување на византиското пеење на територијата на Македонија и со проучување на специфичностите на локалниот музички јазик. Интересот за византиското пеење живо се актуализираше на почетокот од 1990-тите години во црковните кругови и особено по 2000 година.
– Денес може да се каже дека се создадени сите предуслови за негово суштинско враќање, но потребни се и добра волја и решителност во самата црква и институциите. Интересот за византиската музика кај нас во иднина ќе треба да се насочи кон примарните музички извори, пишаната традиција, која се состои од музички ракописи и изданија. Претстои да се изврши целосен попис и да се изработат дескриптивни каталози на ракописното и на старопечатеното наследство, но исто така и да се дигитализираат истите тие. Фокусот секако дека ќе треба да се насочи и кон семиотичките содржини на ракописите и старопечатените книги. Патем, кон досегашните истражувања на домашните и на странските истражувачи. Ќе треба да се направи рекапитулација на постигнувањата, но и да се биде во чекор со современите тенденции во современата музичка византологија. И, секако, усната традиција, изразена во современата псалмодиска практика и документирана со аудиоснимки. Сево ова со сигурност ќе придонесе за автентично обновување на византиското пеење кај нас. Само така ќе можеме правилно да му се вратиме на изворното наследство, наспроти индивидуалните обиди, кои се далеку од критериумите на црквата за византиското пеење – вели Кумбароски.

 Катерина Богоева

 

Извор:

https://www.novamakedonija.com.mk/prilozi/lik/%d0%b2%d0%b8%d0%b7%d0%b0%d0%bd%d1%82%d0%b8%d1%81%d0%ba%d0%be%d1%82%d0%be-%d0%bf%d0%b5%d0%b5%d1%9a%d0%b5-%d0%bd%d0%b0-%d0%bb%d0%b8%d1%81%d1%82%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d0%bd%d0%b0-%d1%83%d0%bd%d0%b5%d1%81/?fbclid=IwAR17YdHT5hAHOb8Cm4Fy-JcyX0Nl7_HJ98m1IlfthfbS6PsJHcVAIqwOnHA

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Октомври 23, 2020
3.angeli.so.truba

Галебот Џонатан Ливингстон- Ричард Бах

После еден месец од враќањето се случува преседан. Еден галеб од Јатото бара да учи да лета. Така, Теренс Ловел станува осмиот ученик на Џонатан. А наредната ноќ им се придружува и Кирк Мејнард, галебот со дефектно лево крило, кој во крик и бодрен од Џонатан…
Октомври 21, 2020
TVITer8

По патот на Македонската историjа

„Ние за Гоце“, авторот Стефанов пишува дека „Гоце Делчев беше самостоен и назависен во борбата; не бараше туѓа поткрепа, не допушташе туѓо мешање од кое толку многу страда и губи македонското ослободително движење, искористувано за туѓи цели и задачи“.За…

“Богородичен Покров“ со филмови кои ја збогатуваат душата и носат силни пораки

Сеп 22, 2020 Филм, Театар 164
3.angeli.so.truba
“2020 година ќе се памети по неочекуваните предизвици и искушенија со кои мораше да се…

Информација за победниците на конкурсите за млад и зрел уметник

Авг 27, 2020 Ликовна уметност 194
TVITer21
Процесот на селекција се одвиваше по принцип на оценување на предложените апликации од…

Емануел Рембер: Читањето е убава мрзеливост и вистински лек

Мај 10, 2020 Интервју 715
3.angeli.so.truba
-Чудно е тоа што изолацијата ја доживувам како миг во кој сè е замрзнато. Секако дека сè…

Беседи

 Митрополит Струмички Наум: Куќа без темели (21.10.2020)

Митрополит Струмички Наум: Куќа без темели (21.10.2020)

   Така е кога човек има световно знаење, но нема духовно знаење. Тој може да има знаење и вештини од разни области како бизнис, економија, политика, што јас знам, градежништво,...

 Митрополит Струмички Наум: Секташко однесување во Црквата (17.10.2020)

Митрополит Струмички Наум: Секташко однесување во Црквата (17.10.2020)

 Богочовекот Исус Христос е единствената Глава на Црквата. Епископот на локалната Црква е икона Христова, седи на место Христово и претставува обличје Негово. Тој не е Самиот Христос, туку е...

Митрополит Струмички Наум: За самооправдувањето (11.10.2020)

Митрополит Струмички Наум: За самооправдувањето (11.10.2020)

Самооправдувањето е болест која е пораширена, понезабележлива и потешка од судењето и осудувањето. Самооправдувањето и осудувањето се две страни на една гревовна состојба – гордоста.Пораширена – затоа што, најчесто, дури...

  Јане Илиев: СЕДУМНАЕСЕТТА НЕДЕЛА ПО ПЕДЕСЕТНИЦА

Јане Илиев: СЕДУМНАЕСЕТТА НЕДЕЛА ПО ПЕДЕСЕТНИЦА

 Современиот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела....

Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски: БЕСЕДА

Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски: БЕСЕДА

 Траат светиите, зашто е вечен Изворот на нивната светост! Зар ќе ја спомнувавме првопокрстената Лидија или Светите Ахилеј Лариски, Еразмо Охридски, Петанесетте Тивериополски свештеномаченици, рамно¬апостолните Кирил и Методиј и нивните...

Митрополит Струмички Наум:  За судењето и осудувањето на другите (03.10.2020)

Митрополит Струмички Наум: За судењето и осудувањето на другите (03.10.2020)

Да те прашам, човеку, зошто ти е помило да му судиш и да го осудуваш некого врз основа на озборување, кога веќе ти се достапни и познати неговите дела и...

СВЕТА СОФИЈА И НЕЈЗИНИТЕ ЌЕРКИ,МАЧЕНИЧКИТЕ ВЕРА, НАДЕЖ И ЉУБОВ

СВЕТА СОФИЈА И НЕЈЗИНИТЕ ЌЕРКИ,МАЧЕНИЧКИТЕ ВЕРА, НАДЕЖ И ЉУБОВ

Откако сите четири бестрашни маченички биле изведени пред царот, смирено и одлучно ја исповедале верата во Христа Господа и одбиле да принесат жртва пред идолската божица Артемида. Пред страдањата, Софија...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Ретроспектива (2005-2020): „Митрополит Струмички Наум - Го сведочиме ли Крстот Христов или само својот крст? (6)

Ретроспектива (2005-2020): „Митрополит Струмички Наум - Го сведочиме ли Крстот Христов или само својот крст? (6)

 Сите имаме свој крст, но прашањето е: дали нашето страдање Бог го прима како учество во Крстот Христов или тоа е само обично, очајно и бесмислено човечко страдање? Односно, дали...

« »