логоFacebookTwitterYouTubeeMail


 Stardelov.za-B.Koneski7.jpg

Stardelov.za-B.Koneski7.jpg

Скопје, 19 декември 2011 (МИА) - Во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) денеска се одржа свечен собир по повод 90-годишнината од  раѓањето на првиот претседател на оваа институција, Блаже Конески.

Конески е роден на 19 декември 1921 година во Небрегово, Прилепско, а почина на 7 декември 1993 година во Скопје. Тој е втемелувач и еден од кодификаторите на современиот македонски литературен јазик, книжевен, културен и јавен работник, академик, поет, прозаист, есеист, литературен историчар, филолог и лингвист, преведувач и универзитетски професор.

- Блаже Конески претставува средишен столб на македонската културна ренесанса на 20 век. Тој ги положи лингвистичките научни основи на македонскиот книжевен јазик воздигнувајќи го него во наша единствена татковина, рече претседателот на МАНУ Георги Страделов во Пофалното слово за Блаже Конески.

Тој потенцира дека Конески во македонската литература е од рангот на ретки личности како што се Пушкин, Шевченко, Гете, Његош или Вук.

- Во неговите песни се слушаат и одѕвонуваат тешки човечки јанѕи, болни и очајни крикови на човечката осама. Неговите толку едноставни, строги, но и толку содржински богати и комплексни песни, прилегаат на магиски формули во кои се заклучени големите човечки тајни, рече Старделов.

Според него, Конески претставува книжевна епоха и додаде оти ова негово денешно чествување ја изразува свеста за тоа дека во неговото поетско и лингвистичко дело е сублимирана врвната смисла на македонската историска егзистенција.

Stardelov.za-B.Koneski7.jpg

По повод јубилејот, беа соопштени добитниците на највисокото меѓународното признание на МАНУ медалот „Блаже Конески“ за 2011, кој се доделува на странски автори кои дале придонес во развојот на науката, културата и уметноста на Македонија. Хусто Хорхе Падрон е добитник на наградата за посебен придонес во афирмирањето на македонската поезија на шпанско јазично подрачје, историчарот проф. д-р Ендрју Росос од Канада за посебен придонес во проучувањето на Македонија и Македонците од антички времиња до денес и академик Душан Хаџи, за посебен придонес во развитокот на хемиските науки во Македонија.

Stardelov.za-B.Koneski7.jpg

Stardelov.za-B.Koneski7.jpg

 Пред главниот влез на МАНУ беше откриен и споменик. Автор на делото е академик Томе Серафимовски. Споменикот е изработен во Македонија од бел мермер и е со висина од 2,30 метри. Проектант на постаментот е ГИМ-Скопје. Постаментот е изработен од бел мермер-сивец, со висина од 1,50 метри од градежната фирма Бетон од Скопје.

Академик Јордан Поп-Јорданов пред свеченото откривање на споменикот на Блаже Конески истакна дека тој е една од најзначајните личности во научната и културната сфера во Македонија во 20 век. Тој потсети на лаконската порака на Петре М. Андреевски - „Дај боже, барем на секои сто години да ни се раѓа Блаже Конески“.

Според него, делото на Серафимовски е изработено од прилепски мермер како емотивна врска на Блаже со родниот крај. - Статуата е поставена да стои простум, со книга и перо в раце, симболизирајќи ги, чинам, и македонскиот непокор и пораката за културен натпревар, рече Поп-Јорданов.

Градоначалникот на општина Центар Владимир Тодоровиќ истакна дека им е задоволство што учествуваат во изградбата и поставката на овој споменик, посветенена на нашиот великан Блаже Конески.

Stardelov.za-B.Koneski7.jpg

- Ликот, делото и почитта кон академик Блаже Конески и по толку време од неговото заминување остана да живее во сеќавањето на нашата нација, потенцира Тодоровиќ.

На одбележувањето на 90-годишнината од  раѓањето на Блаже Конески присуствуваа министерката за култура Елизабета Канческа - Милевска, академици и универзитетски професори. Повеќе делегации положија цвеќе на споменикот на Блаже Конески. мд/скс/14:11

Stardelov.za-B.Koneski7.jpg

 пп

 

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Декември 28, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

„Анатомија на бумбарот” на Стефан Марковски

Во романот, чие македонско издание е објавено од „Паблишер“, се дефинира енергична и психолошки силна приказна каде се претопуваат елементи на гротеска, хумор и егзистенцијалистичко преиспитување. Во наративот, како што во поговорот пишува Александар…
Октомври 23, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

Поезија од Стефан Марковски застапена во меѓународна антологија на шпански јазик

„Преминот на поетските гласови бара прекугранични и меѓугенерациски средби и точки на дијалог. Тематските определби на песните почиваат врз различните емоционални, општествени, политички и интерперсонални набои на авторите; човечкото дистанцирање и поезијата…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Обрезание во срцето, по Дух (13.01.2022 17:42)

Митрополит Струмички Наум: Обрезание во срцето, по Дух (13.01.2022 17:42)

Ако внимателно ја погледнеме оваа молитва, во неа ќе ги препознаеме историските периоди на Стариот и Новиот Завет, како и бесконечниот период на Царството Небесно, кој веќе е и уште...

ВИСТИНСКИ БОЖИК - СТАРЕЦ ГЕОРГИЈ КАПСАНИС (06/01/2022)

ВИСТИНСКИ БОЖИК - СТАРЕЦ ГЕОРГИЈ КАПСАНИС (06/01/2022)

Смирената наша молитва од Света Гора е да се подвизуваме сите против нашето самољубие, со цел да дојди во нашите срца, во нашите семејства, во татковината ни и во светот...

БEСEДА  за Рут

БEСEДА за Рут

И Бoг нарeдил сo Свoјата прoмисла, Рута да излeзe на нивата на бoгатиoт Вoз за да сoбира класјe. А Вoз ја видeл Рута и ја пoбарал за сoпруга кај Нoeмина....

Митрополит Струмички Наум: Различни блаженства (18.12.2021)

Митрополит Струмички Наум: Различни блаженства (18.12.2021)

Гледаме дека Господ се поистоветува (дури и најмногу) со секој еден страдалник. Затоа, секогаш кога со своето богатство ќе му помогнеме на еден од овие најмали Христови браќа што страдаат,...

Митрополит Струмички Наум: За мачеништвото (10.12.2021)

Митрополит Струмички Наум: За мачеништвото (10.12.2021)

Активирањето на благодатта со чинот на самото Свето Крштение редовно се случувало во првата Црква: кога луѓето се крштевале возрасни и кога пред тоа Крштение имало тригодишна подготовка. За време...

БEСEДА  за цeлта на раздeлувањe на дарoвитe, службата и звањeтo

БEСEДА за цeлта на раздeлувањe на дарoвитe, службата и звањeтo

Затoа Свeтиoт Дух ги раздeлил дарoвитe и направил eдни апoстoли, други прoрoци, трeти благoвeсници, пастири и учитeли, та свeтиитe, oднoснo христијанитe, да сe усoвршат. Какo штo сe пoдeлeни чeста и...

Жарко Ѓоргиевски: ЕВАНГЕЛИЕ ЗА ЗЕМНИТЕ ГРИЖИ

Жарко Ѓоргиевски: ЕВАНГЕЛИЕ ЗА ЗЕМНИТЕ ГРИЖИ

  Господ Исус Христос донел со Себе и претставил пред луѓето безбројни и незамисливи богатства небесни и ги поканил сите да земаат без мерка, јавно и слободно, но само под...

Митрополит Струмички Наум: Кој се допре до Мене? (04.12.2021)

Митрополит Струмички Наум: Кој се допре до Мене? (04.12.2021)

  На првиот степен од духовниот раст вистинско допирање до Христос е очистувањето на срцето од страстите преку исполнувањето на Неговите заповеди, во рамките на целосрдечното послушание. На вториот степен...

« »