логоFacebookTwitterYouTubeeMail


ПРОМОЦИЈА ВО МАНУ


Три тома собрани дела на Мисирков


Во Македонската академија на науките и уметностите вчера беа промовирани трите тома собрани дела од Крсте Мисирков подготвени од академикот Блаже Ристевски. Во првиот том се опфатени сите дела на Мисирков напишани на македонски јазик, а во вториот и третиот том се неговите научни трудови, главно пишувани на руски и бугарски јазик.

"Мисирков велеше дека македонската култура, црква и јазик се супстрат на кој постои овој народ. Народите кои исчезнале, исчезнале затоа што немале свој јазик, немале темели. Опстојувањето на македонската нација е опстојување на македонскиот јазик. Мисирков не откри нас, како нација, како култура, како црква, а Блаже Ристески го откри Мисирков токму како таков", истакна меѓудругото претседателот на МАНУ, Георги Старделов. Трите тома од собраните дела на Мисирков, според академик Ристевски, се прво претставување на делата на Мисирков што ни беа познати, а се испечатени на разни јазици од него. Најголемиот дел од тие дела досега не биле достапни на нашата јавност

"Мисирков е нашиот лик во димензија на минатото. Тој е актуелен патоказ во битката за македонското прашање која се уште ја водиме. Мисирков, тоа сме ние. Ние, некогаш и сега", истакна академик Блаже Ристовски во своето авторско излагање. Ристевски најави дека се изработуваат уште три тома со дела од Мисирков, што како што рече, ќе го дооформуваат неговиот профил. Тие ќе ги содржат неговите дневници и студии за неговиот живот и дело. Издавач на трите тома е МАНУ, а проектот е започнат пред шест години.

 

 

http://vecer.com.mk/?ItemID=58AFE983F73C994EB23B82AB71789AFF



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Јануари 27, 2022

Конгресот на САД ќе носи резолуција за славење на македонскиот јазик и наследство

Во Конгресот на САД е покрената резолуција за прогласување на септември 2022 за „Месец на македонското американско наследство“ и за славење на македонскиот јазик, историја и култура на македонските Американци и нивниот „неверојатен придонес“ за Соединетите…
Декември 28, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

„Анатомија на бумбарот” на Стефан Марковски

Во романот, чие македонско издание е објавено од „Паблишер“, се дефинира енергична и психолошки силна приказна каде се претопуваат елементи на гротеска, хумор и егзистенцијалистичко преиспитување. Во наративот, како што во поговорот пишува Александар…

Поезија од Стефан Марковски застапена во меѓународна антологија на шпански јазик

Окт 23, 2021 Литература 834
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel
„Преминот на поетските гласови бара прекугранични и меѓугенерациски средби и точки на…

Познат научник тврди дека Бог постои

Сеп 28, 2021 Наука и Религија 4476
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel
Според него, оваа теорија би можела да го докаже постоењето на Бог. Изјавите ги разгориле…

Цитати од Ван Гог што ќе ве инспирираат

Сеп 24, 2021 Ставови 568
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel
„Рибарите знаат дека морето е опасно и бурата е страшна, но во овие опасности тие никогаш…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Велика сабота (22.04.2022)

Митрополит Струмички Наум: Велика сабота (22.04.2022)

Не можам, смрт, а да не те дочекам со добредојде. Кога и да е тоа. Кога и да ти дозволат. Зашто откако Богочовекот Христос дојде, сѐ од Него е добредојде....

 Митрополит Струмички Наум: Велик петок (21.04.2022)

Митрополит Струмички Наум: Велик петок (21.04.2022)

Да внимаваме, некои од Божјите дарови, обично, на самиот почеток не ги препознаваме веднаш како дар – во сите негови димензии, зашто ни се даваат прво како крст. Крстот, пак,...

 Митрополит Струмички Наум:  Велик четврток (20.04.2022)

Митрополит Струмички Наум: Велик четврток (20.04.2022)

Што да напише човек за светата Евхаристија (Литургија), а истовремено да не ја открие и содржината на својот живот? Нема разлика помеѓу Евхаристијата и нашиот живот, или ако има –...

Митрополит Струмички Наум: За миењето на нозете – вовед во Страсната седмица (17.04.2022)

Митрополит Струмички Наум: За миењето на нозете – вовед во Страсната седмица (17.04.2022)

Изразувањето на слободната волја, во градење на односот со Бог, е суштински поврзана со лојалноста, верноста. Преку слободно насочената волја кон исполнување на заповедите Божји и градење на личносна заедница...

Прот. Александар Шмеман: Цветници- НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (10)

Прот. Александар Шмеман: Цветници- НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (10)

Во што е смислата на овој настан, кого толку светло, толку радосно, толку победоносно го празнува Црквата во Лазаревата сабота? Како да се спојат тагата, солзите на Христа, и таа...

Митрополит Струмички Наум: Лазарова сабота (15.04.2022)

Митрополит Струмички Наум: Лазарова сабота (15.04.2022)

Одговорот на сите овие можни недоумици е дека, всушност, се случува нов квалитет на личносни односи меѓу нив, и тоа не толку поради Христовата љубов кон нив – Неговата љубов...

„Лазаре, излези надвор“

„Лазаре, излези надвор“

Тие Негови зборови, пред сè, значат дека нема смрт за оние кои веруваат во Христа, зашто Христос подоцна на Марта ѝ вели: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во...

 Митрополит Струмички Наум: Благовест (06.04.2022)

Митрополит Струмички Наум: Благовест (06.04.2022)

Сакам да ве потсетам на уште нешто: човекот е создаден бог со самото тоа што на Бог може да му каже „не“. Но, едно е на Бог да Му кажеш...

Жарко Ѓоргиевски:Недела на свети Јован Лествичник (03.04.2022)

Жарко Ѓоргиевски:Недела на свети Јован Лествичник (03.04.2022)

Бог не ги тера со сила луѓето да го земат крстот, но ги повикува доброволно да Го следат Него. Не е лесно да се земе крстот на страдањето, но Он...

« »