логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Блаже Миневски, писател

 

Расказот „Пристапната беседа на академик Сисое“ на Блаже Миневски, објавен во „Дневник“ на страницата за литература, влезе во Антологијата на европскиот расказ објавена деновиве во САД. Миневски не ја крие изнанеденоста што без да знае се нашол во друштво на најдобрите раскажувачи на Стариот континент. Неодамна го заврши својот роман „Свирци“, но и драмата за една од најконтроверзните личности во македонската историја, Тодор Александров, која ќе ја режира Владе Цветановски. Миневски е романсиер, драматург, раскажувач. Автор е на дваесетина книги: почнувајќи од првата „Солзи во очите на тате“ во 1984, „Ниски вежби“ (1988), меѓу кои и „Требаше да се сликаме пред да се замразиме“ (1998), „Нишан“ (2007). Добитник е на значајни книжевни награди. Негови дела се преведени на англиски, француски и на други јазици.

- Сега, две години подоцна, како ретроактивен толкувач на она што е напишано како што е напишано, за „Пристапната беседа на академик Сисое“ можам да констатирам дека едно од нивоата на приказната е сонот на еден интелектуалец, копнежот на еден смртник, згрозен од општиот шунд и кич на транзициското живуркање, а самиот малограѓанин од најнизок вид, да стане академик, да влезе меѓу бесмртните.

Што се однесува до „случајноста“, токму тој да биде селектиран меѓу најдобрите во Европа објавени изминатата една и пол година, освен што бев изненаден, бев и зачуден од тоа како еден издавач што објавува книги на јазикот-империја воопшто дознал дека негде постои некаква македонска книжевност, книжевност што „живее опскурно“, која живее во тишина, односно во речиси целосна повлеченост во однос на таканаречените „големи национални книжевности“ во светот. Во првиот момент целата таа атмосфера ми заличи на оној познат расказ на Киш за Мормоните, но подоцна дознав дека системот е сепак многу поедноставен. Мојот расказ премиерно беше објавен во „Дневник“ пред повеќе од една година, а за тоа дека е селектиран за антологија на најдобрите европски раскази дознав пред неколку дена, кога издавачот Dalkey Archive Press од САД ми испрати договор за регулирање на авторските права.

ДОСТА СО КВАНТИТЕТ

lОчигледно македонскиот писател може да се надева само на вакви инцидентни пројави, кои ќе го однесат во светот. Што (не) ни се случува, зошто состојбата со анимација на македонската книжевност не се менува: писателот смета дека неговото е завршено кога ќе го заврши расказот, романот, песната, (што е нормално), а на издавачот му е важно само како да дојде до парите од државата, а државата е без стратегија во таа насока. Има ли надеж за добриот македонски писател?

- Прашањето всушност е сумблимиран, прецизен коментар на она што се случува во оваа област. Прво, итно треба да се прекине со поттикнување квантитет, и веднаш треба да се сконцетрираме само на квалитет. Стратегијата „квантитет“ од една страна ги наполни визбите и депониите со стара, попусто потрошена скапа хартија, која нема вредност ниту како „историски податок“, а од друга страна стимулираше, и уште поттикнува, огромен број „кванташки издавачи“, без рецензии, без лектори, без уредници, со канцеларии во дневната и магацински во гаражата или на терасата. Книгите на ваквите издавачи ги нема во книжарниците, зашто тоа всушност и не е нивен предизвик. Нивен предизвик е да земат од државата „субвенција“ како да произведуваат тутун или жолти краставици. Ваквата „издавачка демократија“ буквално го затрупува Министерството за култура со предлози, па во просек секој тазе регистриран издавач нуди за објавување по дваесет-триесет наслови, небаре е Галимар или Пигвин. Тоа се прави затоа што немаат ниту уредувачка стратегија, ниту уредници, ниту вистински рецензенти. Министерството и оваа година пропушти барем да го ограничи бројот на апликациите на максимум десет наслови од издавач.

Не дека не' нема, не' има на големите меѓународни саеми на книгата, но ќе кренеме џева ден-два, ќе направиме атрактивен штанд и толку. Може ли саемите да бидат пазар каде што добро ќе се продаде еден македонски автор?

- Саемите не се панаѓури на кои ќе ги изнесеме застарените модели книжевна конфекција, мислејќи дека ќе ги продадеме само затоа што се евтини. Саемите за книга се културни манифестации од прв ред. Значи, треба да има превод во ракопис на барем две-три книги годишно, кои ќе се понудат на маркетинг-агенциите што доаѓаат да откријат нешто ново, да пронајдат може ново книжевно име за бизнис. Заедно со тоа треба да се подготви и убав проспект, каков што имав можност да видам за словенечката книжевност, во кој се објавени предлози за десетина словенечки писатели, со биографии, библиографии, извадоци од критики, делови од нивните дела, како и понуди на една или две нивни книги веќе преведни во ракопис на англиски јазик. Таков материјал се носи на саемите, се праќа по агенциите и издавачите куќи, а истиот им се подели и на сите менаџери, книжевни агенти и писатели кои беа учесници на фестивалот на европски писатели во Виленица. Зошто тоа не се прави на Струшките вечери на поезијата? Значи, не готови книги на англиски објавени кај нас, туку превод во ракопис за објавување во странство.

ВОЈНА ЗА ОПСТАНОК

Го чувствувате ли ДПМ како асоцијација што ги застапува Вашите и интересите на Вашите колеги?

- Писателите за своето Друштвото на писатели зборуваат надвор од Друштвото. И, обично, не се задоволни од тоа како функционира писателската асоцијација. Сите отстрана имаат идеи како да се променат некои работи во организацијата, но, за жал, многумина од нив воопшто не доаѓаат на Изборните собранија. Јас не сакам да ги прифатам мрмкањата дека изборот однапред е наместен, дека има воспоставена стратегија за тоа кој ќе биде избран за претседател и слично. Ако на Изборно собрание дојдеме сите триста и кусур членови, и ако некој понуди програма што ќе ја оживее, ќе ја освежи и ќе ја преструктурира писателската организација, не верувам дека ќе нема доволно мнозинство писатели што ќе гласаат за таа програма, и за тој кандидат. Малодушноста не оди со писателската професија, исто како и дефетизмот.

Името наше, на државата, негирање јазик, култура, народ. Велат дека и со книга се исправаат неправди? Може ли?

- Можеби некој ќе се насмее ако ќе кажам дека македонските писатели сега имаат изворедна творечка атмосфера со тоа што се негира постоењето на народот во чие име ги пишуваат своите дела. Знаете, многумина велат дека најдобрите дела се поврзани со состојби во кои се случува нешто радикално, состојби во кои се ослободува огромна енергија на ниво на народ или состојба што предизвикува големи емоционално потреси. Во најголем број случаи тоа се војни, и во најголем број случаи епохалните книжевни достигнувања се однесуваат на такви настани. А војната во основа е поврзана со физичка ликвидација, физичко страдање и сеопшт страв. Ако е така, Македонија е во постојана војна за опстанок или тотална ликвидација. Кога се негира име, држава, јазик, култура и народ, ние сме писатели на единствениот народ во светот што се наоѓа пред тотално истребување како народ. Ако е така, има ли нешто потворечко за еден автор од предизвикот за духовниот портрет на еден народ во исчезнување. Замислете Марко Цепенков да не ги запишал приказните! Како ќе се идентификуваме сега како народ без нив. Ако не го фиксираме времето во кое дури и некој структури однатре притискаат да се промени името на народот, како ќе се препознаеме меѓу себе еден ден меѓу безимените талкачи во ледените пространства на Европскиот континент? Можеби некој сега ќе се дрзне да го смени името, но книгите ќе го запишат за оние што ќе сакаат го вратат. Впрочем, име за надворешна или севкупна употреба во книжевноста нема, и нема да има. Никаква промена на уставот на писателите не може да им нареди Македонија да ја пишуваат како Северна Македонија, а Македонците како Северномакедонци. Знаете, книгата не може да ја промени, но може да ја зачува реалноста како своја книжевна реалност, а таа, пред се', останува втисната во јазикот, во приказните и седумосминскиот такт на нашето разединето македонско срце.

Лилјана Грџо Дамовска- Дневник

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Ноември 14, 2023
Tamara.Kotevska

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи гласовна нарација (испорачана од друга девојка, а не од Асил што ја гледаме на екранот) која е резервна, поетска и застрашувачка. „Треба да најдам место каде што можам да ги…
Октомври 15, 2023

Почнува 8-то издание на „Киненова“

Со проекција на филмот „Зад стоговите сено“ на грчката режисерка Асемина Проедроу и доделување на наградата за особен придонес во филмската уметност на актерот Бранислав Лечиќ денес (13.10.) во Синеплекс со почеток во 20 часот ќе биде отворено 8 издание на…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 1281
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Промоција на Речник на медиумска писменост

Мај 31, 2023 Литература 1605
Ова лексикографско издание е прв сериозен обид за систематизирање на термините коишто се…

Беседи

БEСEДА  за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

БEСEДА за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

Прв нeпријатeл на чoвeкoт e ѓавoлoт, втoр e грeвoт, а трeт e смртта. Гoспoд Исус ги пoбeдил ситe oвиe три нeпријатeли на чoвeчкиoт рoд. Сo Свoeтo пoнижувањe гo пoбeдил гoрдeливиoт...

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

 Спознанието на вистината, на лично ниво, не е интелектуално човечко достигнување, туку, пред сè, е Божји дар на просветленост на умот и обожение на личноста; дар Божји кој се добива...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

Милoстињата штo сe прави oд цeлиoт ум, гo чисти чoвeкoвиoт ум. Сo eдeн збoр внатрeшната милoстиња гo исчистува цeлиoт чoвeк. Акo e милoстињата самo oд рака, таа нe ја чисти...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

 Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Што се случува со оние кои Страшниот суд ги затекнува во грев и пад? Тоа што Богочовекот Христос воопшто стапува во дијалог со нив, колку и да звучи тоа страшно...

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Параболата за цариникот и фарисејот претставува длабоко проникнување во човековата душа, и за нас е многу важно да го задржиме нашето внимание врз ова кажување. Оваа парабола нема во предвид...

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Каква умилна слика ни претставува Сретението Господово! Старецот Симеон во раце Го држи Младенецот, спроти него – праведниот Јосиф и Пресветата Дева Богородица; во близина – пророчицата Ана, постничка и...

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Современиот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела....

« »

Најново од култура

Православен календар

 

25/04/2024 - четврток

Велигденски пости; (строг пост)

Преподобен Исаак Сирин II (Исаак Сирин I се празнува на 28 јануари); Свети Василиј Исповедник; Преподобен Акакиј; Преподобна Атанасија;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.Христов новомаченик Димитриј Пелопонески 13 април / 26 април 2024

Тропар на св.Христов новомаченик Димитриј Пелопонески 13 април / 26 април 2024

Исповедник на верата Христова постана,откако Спасителот Го повика кога се најде сред морските бранови,о Димитрие новомачениче.Надеж стана за паднатите кои во...

Тропар на преподобниот отец епископ Паријски Василиј 12 април / 25 април 2024

Тропар на преподобниот отец епископ Паријски Василиј 12 април / 25 април 2024

Василие, преподобен оче наш,верата во Христа ти ја сочува,иако велијар во безумие кон тебе поита,стадото Христово по твоите молитви Господ...

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Антип Пергамски 11 април / 24 април 2024

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Антип Пергамски 11 април / 24 април 2024

Велик те направи Спасителот тебе Антипопомеѓу ѕвездите небесни,и возвишено стана името твое во Црквата,на која како семе одбрано и послужии...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная