логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 

Со книжевни собири, создавање нови стихови, фестивали, поетски слем-вечери утре низ континентите ќе се слави 21 Март, Светскиот ден на поезијата. Поети од целиот свет ќе испратат пораки во чест на стиховното творештво, кое е дел од вековната историја и култура на човештвото.

„Филозофијата ја дели судбината на поезија и тие постојано одат заедно, зашто на пеењето му е потребно мислењето исто како што и на мислењето му е повеќе од потребно пеењето“, стои во пораката што вчера ја испратија нашите поети.

Со одлука на УНЕСКО првиот ден на пролетта почна да се слави и како Светски ден на поезијата од 1999 година. Целта на тој ден е промоција на поетското творештво како дел од светското културно богатство.

Кажи небо

Кажи ми: Небо. Мое небо.
Кажи ми: Небо на тишината.
И јас, мало стебло во темната шума
на крвта,
јас ќе се откорнам
со сета вековна немоќ,
и извишен високо, високо, високо,
високо ко топла човечка зеница,
ќе станам небо, твое небо.
ќе станам небо на една Деница.

Но не кажувај ми дека сум слаб,
но не кажувај ми дека сум немоќен
и да им погледам в очи на тревките,
но не кажувај ми дека од сите треви
во мене шумат само најкревките.
Скриј ја и премолчи денес вистината
за едно мое поденешно утре.

Кажи ми: Небо. Мое небо
Кажи ми: Небо на тишината.

Ацо Шопов

 

Мостот Мирабо

Под мостот Мирабо тече Сена
А љубовите наши
Од заборавот ли да ги кренам
Радостите доаѓаат маките да ги сменат

Ноќта иде часот чука
Дните минат јас се' тука

Со рака в рака да останеме очи в очи
Додека под мостот
На нашите раце се точи
На вечните погледи бранот без почин

Ноќта иде часот чука
Дните минат јас с тука

Заминува љубовта како бранот речен
Заминува љубовта
Животот колку бавно се влече
А надежта е жесток оган вечен

Ноќта иде часот чука
Дните минат јас се' тука

Минат дните и неделите се менат
Нема да се вратат
Ни минатото време ни саканата жена
Под мостот Мирабо тече Сена

Ноќта иде часот чука
Дните минат јас се' тука.


Гијом Аполинер (Франција)

 

Песна за мојата песна

Отспрегни се машки ветру, мој личен телалу,
надлетајте го својот глас птицо и грмотевицо,
бидете редачки мои мачни посестрими
и искрај в краја пренесете ја песната за мојата песна:
За таа топола меѓу две пустини, меѓу две планини,
за тој постојан бакнеж меѓу две пречисти усти,
за тоа виножито меѓу две возбудени шуми,
за таа неизодлива ноќ меѓу две преноќишта,
за таа потпалена свеќа меѓу два непријателски черепа,
за таа мировна труба меѓу две завојувани земји,
за таа воздушна коњица меѓу две села,
меѓу две стомни вода,
за тој преотворен чадор на печурката,
за таа препрочитана телеграма меѓу два братски дожда,
за таа непомрдната Деница меѓу две оддалечени утра,
за тоа растојание меѓу два одѕива,
за тие речни слабини меѓу две скарани перачки,
за тој затскриен студ меѓу две топли соби,
за тој буквар, за таа сметалка меѓу два ближни града,
за тоа засолниште меѓу две селски горештини,
за тој пејзаж, меѓу две писма, меѓу две боишта,
меѓу две Крушевски Републики,
за таа пот, за тој дијамант меѓу две стушени чела,
за таа грутка снег меѓу две детски дланки,
за тој сончев прстен, за таа рамноденица,
за таа расонета струја меѓу две растителни ноќи,
за тоа запечатено пладне меѓу две речни промаи,
за таа капка вода меѓу две суви непца,
за таа камбанарија меѓу два ѕидара, меѓу два ѕвонара,
за тоа нескротливо животно, за тоа милозливо Невреме,
за тој водопад меѓу моиве две раце,
ЗА ДЕНИЦИЈА.

Петре М. Андреевски

 

Расфрлани се моите мисли

Расфрлани се моите мисли денес
како развеани листови
од некое старо евангелие
и небото над нас смрачено
и тешко и светлина нема,
барем себеси уште малку
да си се погледавме.
И јата птици само надлетуваат
и грачат и сам си
зашто и бог - господ кренал раце од себеси
и заминал некаде бесповратно.
Кого да молчам, кој да ме поучи
како да се живее без себеси?

Расфрлани се моите мисли денес
како пожолтените листови
од нашето
домашно евангелие.

Анте Поповски

 

Слатка од љубов е ќерката на кралот

Слатка од љубов
е ќерката на кралот!
Црни се нејзините плетенки
како темнината на ноќта
Црни како вино
се гроздовите
на нејзината коса

Срцата на жените
гледаат кон неа со восхит
Џарејќи се во нејзината
неспоредлива убавина.

Слатка од љубов
е ќерката на Кралот!

Убави се нејзините раце
во нежниот танц
Многу поубави се
нејзините разбранувани гради
Срцата на мажите се како вода
во нејзиниот поглед
Посилна е нејзината убост
отколку што може
да ја искаже смртен јазик.

Слатка од љубов
е ќерката на Кралот!

Румени се нејзините образи
како бојата на скапоцен камен
Румени како жена
што ги бои нејзините
тенки раце.
Срцето на Кралот
е полно со љубов одново
Кога таа со сета убавина застанува
пред неговиот престол.

(Стар Египет)

 

Ангелот на Света Софијa

ти којшто толку време мина
под малтерот на ѕидот мрачен,
пак слободен си в простор зрачен
- о сине тих на мисла сина -
со живот пак ти гори видот
и зори како небо ѕидот.
но таа лика што се крие
под малтерот на мојте гради
и - утеха од дните млади -
по убост како сестра ти е,
не, нема мајстор да ја спаси,
со мојот живот ќе се згаси.

Блаже Конески

Тоше Огњанов
Контакт: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

 http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=081CE1369A3D7643BF12A038C259E42E

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Ноември 14, 2023
Tamara.Kotevska

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи гласовна нарација (испорачана од друга девојка, а не од Асил што ја гледаме на екранот) која е резервна, поетска и застрашувачка. „Треба да најдам место каде што можам да ги…
Октомври 15, 2023

Почнува 8-то издание на „Киненова“

Со проекција на филмот „Зад стоговите сено“ на грчката режисерка Асемина Проедроу и доделување на наградата за особен придонес во филмската уметност на актерот Бранислав Лечиќ денес (13.10.) во Синеплекс со почеток во 20 часот ќе биде отворено 8 издание на…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 1282
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Промоција на Речник на медиумска писменост

Мај 31, 2023 Литература 1606
Ова лексикографско издание е прв сериозен обид за систематизирање на термините коишто се…

Беседи

БEСEДА  за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

БEСEДА за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

Прв нeпријатeл на чoвeкoт e ѓавoлoт, втoр e грeвoт, а трeт e смртта. Гoспoд Исус ги пoбeдил ситe oвиe три нeпријатeли на чoвeчкиoт рoд. Сo Свoeтo пoнижувањe гo пoбeдил гoрдeливиoт...

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

 Спознанието на вистината, на лично ниво, не е интелектуално човечко достигнување, туку, пред сè, е Божји дар на просветленост на умот и обожение на личноста; дар Божји кој се добива...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

Милoстињата штo сe прави oд цeлиoт ум, гo чисти чoвeкoвиoт ум. Сo eдeн збoр внатрeшната милoстиња гo исчистува цeлиoт чoвeк. Акo e милoстињата самo oд рака, таа нe ја чисти...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

 Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Што се случува со оние кои Страшниот суд ги затекнува во грев и пад? Тоа што Богочовекот Христос воопшто стапува во дијалог со нив, колку и да звучи тоа страшно...

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Параболата за цариникот и фарисејот претставува длабоко проникнување во човековата душа, и за нас е многу важно да го задржиме нашето внимание врз ова кажување. Оваа парабола нема во предвид...

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Каква умилна слика ни претставува Сретението Господово! Старецот Симеон во раце Го држи Младенецот, спроти него – праведниот Јосиф и Пресветата Дева Богородица; во близина – пророчицата Ана, постничка и...

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Современиот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела....

« »

Најново од култура

Православен календар

 

26/04/2024 - петок

Велигденски пости; (строг пост)

Светиот свештеномаченик Артемон; Светиот маченик Крискент; Светата маченичка Томаида;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Мартин Исповедник папа Римски 14 април / 27 април 2024

Тропар на светиот Мартин Исповедник папа Римски 14 април / 27 април 2024

Исповедниче на вистинската вера која спасува,Мартине свети мачениче,прими од нас пофалба и благодарност.Од Бога со благодатна вистина исполнет,на патот исповеднички...

Тропар на св.Христов новомаченик Димитриј Пелопонески 13 април / 26 април 2024

Тропар на св.Христов новомаченик Димитриј Пелопонески 13 април / 26 април 2024

Исповедник на верата Христова постана,откако Спасителот Го повика кога се најде сред морските бранови,о Димитрие новомачениче.Надеж стана за паднатите кои во...

Тропар на преподобниот отец епископ Паријски Василиј 12 април / 25 април 2024

Тропар на преподобниот отец епископ Паријски Василиј 12 април / 25 април 2024

Василие, преподобен оче наш,верата во Христа ти ја сочува,иако велијар во безумие кон тебе поита,стадото Христово по твоите молитви Господ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная