логоFacebookTwitterYouTubeeMail

„За и од Киро Глигоров" по повод еден век од раѓањето на првиот претседател

Скопје, 17 април 2018 (МИА) - Единствен глас на разумот во тешките времиња во регионот кому над секој интерес му беше мирното решение, кажаа за Киро Глигоров говорниците на денешната промоција на зборникот посветен на првиот претседател на Република Македонија.


Насловен „3а и од Киро Глигоров“ тој ги содржи излагањата од конференцијата. „Улогата на претседателот Глигоров во меѓународното етаблирање на Република Македонија“ која лани во мај ја организираа МАНУ и Дипломатскиот клуб - Скопје за сто години од раѓањето на Глигоров. Со објавувањето на зборникот се одбележуваат и 25 години од приемот на Македонија во Обединетите нации (8 април 1993).


Покрај излагања од учесниците, изданието има и изјави на 60-ина државници, политичари, дипломати од земјата и од странство посветени на Глигоров. Содржи и 30-ина извори на излагања на претседателот за разни поводи, исцрпна биографија и фотодокументација од неговата политичка активност.


Претседателот на МАНУ, академик Таки Фити, рече дека Глигоров бил исклучително мудар политичар со 45-годишна кариера во Белград каде извршувал високи политички функции. Почитта ја стекнал со своите економски политики зашто, иако правник. е еден од креаторите најутословенскиот економски систем и на стопанските реформи.


- Кога стана претседател, многу луѓе му замеруваа дека е премногу пројугословенски ориентиран, дека настојува со сите сили да се задржи југословенската федерација, дека многу се двоумел во организирањето референдум за прогласување независност на Република Македонија итн. Но од една пристојна историска дистанца денес, кога ја гледаме целата констелација на економски, политички и меѓународни услови во тоа време, мислам дека апсолутно постапуваше мудро, разумно и постепено ги градеше и донесуваше одлуките заедно со неговите соработници, истакна Фити.


Познавајќи го од 1980 година, и во многу наврати соработувајќи со претседателот, рече дека Глигоров имал многу доблести – непосреден, љубезен, трпелив и подготвен да сослуша секого и кога не се согласувал со нечии ставови.
Виктор Габер, претседател на Дипломатскиот клуб-Скопје, истакна дека за време на својот мандат Глигоров спречил градење култ на личност и не дозволип. Рече, митовите да надвладеат над фактите, додавајќи дека првата деценија од независноста на државата по тоа се разликува од последната.
- Глигоров знаеше дека во секој момент треба да се прави максимален напор да се искористат дадените околности и да се оди кон зацртаната цел за развојот и интересот на својот народ, рече Габер, зборувајќи за меѓународната активност на Глигоров кого го нарече патриот и државник.

Дипломатот и своевремено советник на Глигоров, Ахил Тунтев, на отворањето на промоцијата забележа што стогодишнината од раѓањето на Глигоров минатата година не била достојно одбележана од официјалните органи на државата, а во програмата на Собранието на РМ за одбележување значајни настани рече не е спомната ни 25-годишнината од приемот на РМ во Обединетите нации.
- Но ситото на историјата е бескомпромисно. Глигоров беше искрено почитуван во земјата и светот, а римскиот поет Хорациј рекол: Си изградив паметник поцврст од бронза, рече Тунтев.
Во чест на еден век од раѓањето на Киро Глигоров (Штип, 3 мај 1917 - Скопје, 1 јануари 2012) Македонска пошта објави пригодна поштенска марка и плик.

хс/ сд/14:44

Извор: текст - МИА

 

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Октомври 23, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

Поезија од Стефан Марковски застапена во меѓународна антологија на шпански јазик

„Преминот на поетските гласови бара прекугранични и меѓугенерациски средби и точки на дијалог. Тематските определби на песните почиваат врз различните емоционални, општествени, политички и интерперсонални набои на авторите; човечкото дистанцирање и поезијата…
Септември 28, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

Познат научник тврди дека Бог постои

Според него, оваа теорија би можела да го докаже постоењето на Бог. Изјавите ги разгориле дебатите околу оваа тематика меѓу научниците токму затоа што Каку се смета за еден од најважните научници на 21 век. Тој е еден од креаторите на револуционерната Теорија…

Беседи

 БEСEДА  за тoа какo ангeлитe вoјуваат за правeдницитe

БEСEДА за тoа какo ангeлитe вoјуваат за правeдницитe

Ангeл Гoспoдoв ќe вoјува за oниe кoи сe бoјат oд Бoга. Тoа сe пoкажалo јаснo мнoгупати, штo e запишанo, и бeзбрoј пати штo нe e запишанo. Архангeлoт Михаил гo oдбранил...

Митрополит Струмички Наум:   Жената Хананејка (16.10.2021)

Митрополит Струмички Наум: Жената Хананејка (16.10.2021)

 Послушанието не е лесен подвиг и не е без искушенија. Затоа, до добивањето на дарот на умно-срдечната молитва тоа е аскетски подвиг, подвиг на кој се принудуваме. Духовниот отец може...

Митрополит Пимен: ЗА Воскресението, гневот и пандемијата - „ЗБОРНИК НА КАРАНТИНСКИ БЕСЕДИ“

Митрополит Пимен: ЗА Воскресението, гневот и пандемијата - „ЗБОРНИК НА КАРАНТИНСКИ БЕСЕДИ“

Та Христос не воскресна само во Ерусалим, та Христос не воскресна само во храмовите. Христос воскресна за сите, за секој и секаде. Христос воскреснува во срцето на секој еден од...

Митрополит Струмички Наум: Сега... сакаш да имаш или да немаш?

Митрополит Струмички Наум: Сега... сакаш да имаш или да немаш?

Значи, наместо судење и осудување и самооправдување, Христос ни го покажува патот на самоукорување и самоосудување, патот напуштен од речиси сите денес; патот на смирението.Прашање е дали воопшто и можеме...

Митрополит Струмички Наум: Потсетник (06.10.2021)

Митрополит Струмички Наум: Потсетник (06.10.2021)

Денешното апостолско четиво (Гал. 6, 3) ме потсети на малиот број „христијани“, кои поради својата внатрешна душевна расцепеност и меѓусебната поврзаност по таа основа, се однесуваат како отцепени, не само...

Митрополит Струмички Наум: Двоедна заповед (03.10.2021 08:43)

Митрополит Струмички Наум: Двоедна заповед (03.10.2021 08:43)

Да не се лажеме себеси... Оној што ја има љубовта како дар на благодатта на Светиот Дух не може истовремено и да мрази. Нема тука место за обичните човечки чувства,...

Митрополит Струмички Наум: Љубовта ќе олади (01.10.2021)

Митрополит Струмички Наум: Љубовта ќе олади (01.10.2021)

Љубовта ќе олади кај тие што ја добиваат како дар Божји во Црквата, а не ја негуваат и не ја развиваат. Љубовта ќе олади кај христијаните, кај православните. Божествена љубов...

 Митрополит Стумички Наум: Тајната на личниот крст (29.09.2021)

Митрополит Стумички Наум: Тајната на личниот крст (29.09.2021)

Често луѓето имаат желба да се на местото на некој друг. Сакаат да ја имаат видливата власт и славата на другиот, сакаат да ги имаат видливите пари и имот на...

 архим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

архим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

« »