логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Година на јазиците на УНЕСКО, Година на македонскиот јазик и Меѓународниот ден на мајчиниот јазик,е се одбележа   во изложбениот салон на НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје. Со овој проект Универзитетската библиотека се вклучува во одбележувањето на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик на светско ниво. Покрај Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, на 26 септември се одбележува и Денот на европските јазици. Во 1998 година влезе во сила Европската повелба за заштита на регионалните и на малцинските јазици со која, исто така, се нагласува лингвистичката разновидност и повеќејазичноста.


ОДБЕЛЕЖАН СВЕТСКИОТ ДЕН НА МАЈЧИНИОТ ЈАЗИК

Неопходна е поголема грижа за јазикот

Во светот на секои 15 минути исчезнува по еден јазик, па затоа поколенијата треба да водат поголема грижа за својот мајчин јазик, рече Бошески

 Младите поколенија треба да го чуваат и да го негуваат мајчиниот јазик зашто тој е единствена жива врска на многу генерации на македонскиот народ, рече меѓу другото Миле Бошески, директор на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ на вчерашното пригодно одбележување на Светскиот ден на мајчиниот јазик, 21 Февруари. Во Годината на јазиците на УНЕСКО и на македонскиот јазик, тој е категоричен дека е неопходна поголема грижа за јазикот зашто во светски рамки на секои 15 минути згаснува по еден јазик. Пред присутните книжевници, поети, студенти и ученици за значењето на Годината на македонскиот јазик зборуваше и Лилјана Поповска, претседателка на одборот кој ги координира активностите за одбележување и промоција на нашиот мајчин јазик кај нас и во светот. - Треба да се гордееме што старословенскиот е четврти јазик во светот на кој била преведена Библијата и дека тој е јазикот од кој потоа се раширила словенската писменост. На оние што не знаат треба да им кажеме дека потеклото на нивните јазици е од тука. Мора да бидеме достоинствени и мудри, и да не дозволиме на нашиот пат кон Европа некој да ни го негира јазикот, како што тоа сега се случува со нашето име. Македонскиот јазик е сврзно ткиво за сите нас што живееме тука и тој не' обединува да бидеме силна нација од луѓе што се разбираат меѓу себе - рече Поповска.Во рамките на одбележувањето на Денот на мајчиниот јазик и Светската година на јазиците, беа прочитани и две пораки што генералниот секретар на УНЕСКО, Коичиро Мацура, деновиве ги испрати до сите нации во светот. Под слоганот „Јазиците се важни“ во пораката на Мацура за мајчиниот јазик се вели дека тој е суштина за идентитетот на групи и поединци во светот, но и за мирен соживот. „ Јазиците претставуваат суштина за идентитетот и тие се стратешки фактор за напредокот. Јазиците се многу повеќе од поле за истражување на специјалистите, тие се срцето на целиот социјален, економски и културен живот“, се вели во пораката на Мацура.

Во пораката посветена на Светската година на јазиците, челникот на УНЕСКО ги повикува владите, нациите, граѓанските здруженија, образовните институции и сите други стручни здруженија да придонесат за почитување, промоција и за заштита на сите јазици, а особено на тие на кои им се заканува опасност од исчезнување.Во НУБ вчера беше поставена и изложба со странски дела , а ученици ја читаа и „Т’га за југ“ од Константин Миладинов на повеќе јазици.

Македонскиот јазик ќе биде презентиран во Александрија

Презентација на нашиот јазик ќе има и во познатата голема библиотека во Александрија во рамките на одбележувањето на Годината на македонскиот јазик, најави Поповска. Таа истакна дека преку нашата Универзитетска библиотека остварени се контакти со Александриската библиотека и дека се во тек преговори за одредување на терминот за наше презентирање таму. Се предвидува да се организираат трибини за нашиот мајчин јазик, за неговите корени, за историјата, а ќе бидат промовирани и повеќе наши книги што ќе бидат оставени во таа библиотека. - Презентацијата во Александрија ќе има големо значење во плановите за светско промовирање на нашиот јазик - вели Поповска.

(Т.О.)

 


Во НУБ „Св. Климент Охридски“ вчера беше одбележан Светскиот ден на мајчиниот јазик

Невена Поповска

Светот вчера го одбележа Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, кој УНЕСКО го прогласи на 30-тата сесија на Генералната конференција во 1999 година. Во 2000 година 21 февруари е промовиран како Ден на лингвистичка и културна разновидност и мултилингвизам.

Република Македонија даде свој придонес во одбележувањето на Светскиот ден на мајчиниот јазик одбележувајќи го со пригодна програма која се одржа во просториите на Народната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Притоа беше прочитана пораката од генералниот секретар на УНЕСКО, Коичиро Мацура, во која меѓу другото се вели: „Јазиците претставуваат суштина за идентитетот на групи и поединци, но и за нивниот мирен соживот. Тие се стратешки фактор за напредокот кон одржлив развој и претставуваат хармонична поврзаност меѓу глобалното и локалното. Јазиците се многу повеќе од поле за истражување на специјалистите, тие се срцето на целиот социјален, економски и културен живот. Токму тоа е и значењето на слоганот на УНЕСКО за Меѓународната година на јазиците: „Јазиците се важни!“- укажува Мацура.

По повод одбележувањето на светскиот ден на мајчиниот јазик, поздравна беседа одржа директорот на НУБ „Св. Климент Охридски“, Миле Бошески, кој притоа истакна дека: „ Народот вели колку повеќе јазици знаеш, толку повеќе вредиш. Сите 7.000 јазици што се зборуваат во светот се важни, некои повеќе, некои помалку. За жал, статистиката вели дека на секои 15 дена згаснува по еден јазик. Затоа треба да се чува и негува мајчиниот јазик. Тој е единствената жива врска на многу генерации на македонскиот народ.“

Пред присутните беше интерпретирана култната песна „Т’га за југ“ од Константин Миладинов, која е присутна ширум светот во превод на 43 јазици, беше проследен и специјално подготвениот документарен филм за годината на македонскиот јазик, насловен, како „Македонскиот јазик во глобалниот свет“, а покрај пораките на директорот Бошевски и Коичиро Мацура на присутните им се обрати и Лилјана Поповска, претседател на програмско-организациониот одбор 2008 година на македонскиот јазик.

majcin.jazim.jpg

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Ноември 14, 2023
Tamara.Kotevska

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи гласовна нарација (испорачана од друга девојка, а не од Асил што ја гледаме на екранот) која е резервна, поетска и застрашувачка. „Треба да најдам место каде што можам да ги…
Октомври 15, 2023

Почнува 8-то издание на „Киненова“

Со проекција на филмот „Зад стоговите сено“ на грчката режисерка Асемина Проедроу и доделување на наградата за особен придонес во филмската уметност на актерот Бранислав Лечиќ денес (13.10.) во Синеплекс со почеток во 20 часот ќе биде отворено 8 издание на…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 1259
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Промоција на Речник на медиумска писменост

Мај 31, 2023 Литература 1583
Ова лексикографско издание е прв сериозен обид за систематизирање на термините коишто се…

Беседи

БEСEДА  за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

БEСEДА за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

Прв нeпријатeл на чoвeкoт e ѓавoлoт, втoр e грeвoт, а трeт e смртта. Гoспoд Исус ги пoбeдил ситe oвиe три нeпријатeли на чoвeчкиoт рoд. Сo Свoeтo пoнижувањe гo пoбeдил гoрдeливиoт...

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

 Спознанието на вистината, на лично ниво, не е интелектуално човечко достигнување, туку, пред сè, е Божји дар на просветленост на умот и обожение на личноста; дар Божји кој се добива...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

Милoстињата штo сe прави oд цeлиoт ум, гo чисти чoвeкoвиoт ум. Сo eдeн збoр внатрeшната милoстиња гo исчистува цeлиoт чoвeк. Акo e милoстињата самo oд рака, таа нe ја чисти...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

 Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Што се случува со оние кои Страшниот суд ги затекнува во грев и пад? Тоа што Богочовекот Христос воопшто стапува во дијалог со нив, колку и да звучи тоа страшно...

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Параболата за цариникот и фарисејот претставува длабоко проникнување во човековата душа, и за нас е многу важно да го задржиме нашето внимание врз ова кажување. Оваа парабола нема во предвид...

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Каква умилна слика ни претставува Сретението Господово! Старецот Симеон во раце Го држи Младенецот, спроти него – праведниот Јосиф и Пресветата Дева Богородица; во близина – пророчицата Ана, постничка и...

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Современиот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела....

« »

Најново од култура

Православен календар

 

20/04/2024 - сабота

Велигденски пости; (на масло)

Св. Георгиј Исповедник; Преподобен Нил Сорски; Св. маченик Калиопиј; Преп. Данило Перејаславски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.Христов исповедник Георгиј Митиленски митрополит 7 април / 20 април 2024

Тропар на св.Христов исповедник Георгиј Митиленски митрополит 7 април / 20 април 2024

Пастироначалниче на скитското подвижништвово степите руски непроодни,Ниле ученику Христов облагодатен,денес и во веки Бога преку тебе Го прославуваме,и твоите подвизи...

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Словото Божјо, слово земно подаде,кое ти Свети епископе Методие во слава Негова го раздаде,а Он Началникот на животот устрои заради...

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Вистина непоколеблива имајќи во срцата вашиАгатоподе и Теодуле,познавте дека земниот живот е суета, сенка и сон,а верата во Љубовта го...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная