логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

 


 

 

Promocija.K.Momeva.jpg

 Промоција на книгата „Драми“ од Катерина Момева

    Promocija.K.Momeva1.jpg

    Во Културно Информативниот Центар, во Салон 19:19, на 15. 11. 2012, беше промовирана книгата „ДРАМИ“ од младата драмска писателка Катерина Момева. Книгата ја издаде Друштвото за продукција и издаваштво „Маска“ од Скопје.
    Промотори на книгата беа театарската критичарка Емилија Матаничкова и режисерката Драгана Милошевски Попова. Извадоци од драмите интерпретираа студенти од Факултетот за драмски уметности.
На промоцијата, меѓу другото, театарската критичарка Емилија Матаничкова рече:
,,Телеграма,, е драма со концизна дијалошка структура, во која и монотонијата на драјцата старци Магда и Сотир, заедно со нивните дејства се на релација пинг – понг. Обиди се да се сетиш, т.е. почнав да запишувам за да не заборавам, a притоа секојдневно подготвуваjќи се за пречек на нивните деца, се движечката нишка во драмата. Додека Сотир е заглавен во времето на своето делување, кога е службеник на тајната полиција, Магда има проблем со својот идентитет.

 

Promocija.K.Momeva1.jpg

Сотир кажува дека навечер живее во кошмари, присутни лица има тој во кошмарите, сите оние кои ги испраќал на островот (што, по неколкуте пунктуални назнаки за времето, начинот на изживувањата, т.е. испрашувањата на затворениците, реферира на Информбирото, во времето на монтираните судски процеси). Еден на друг, Сотир и Магда, си ги негираат очекувањата, а потоа и двајцата паѓаат во екстатичка верба дека навистина децата од Австралија ќе дојдат. Преку фино извајаните горчливи дијалози, честопати се добива комичен ефект: ,,... А, бе Магдо, како живеат без бурек наутро?“ Затоашто само нивното доаѓање би направило момент на постоење на нивните животи, би дало смисла, со тој момент би си потврдиле дека до сега биле живи; оти сè претходно што поминалe е тажно и несреќно. А нивното пристигнување не се случува - елегантно е решено со пристигање на една телеграма.
Интертекстуалноста (според познатата теоретичарка Јулија Кристева) не е литературна/драмска постапка, ниту уметнички ефект, туку суштинска одлика на текстот кој се занимава со влијанијата и свесните отклонувања од друг текст, е одлика кон која се стреми драмата ,,Калеш Анѓа, дефинитивно,,. Во неа има обид за отклонување, свое продолжување и драмска интерпретација на сижето на романот ,,Калеш Анѓа,, од Стале Попов, во постмодернистички манир, преку иронија и хибридизација на жанрови. Оваа драма изоболува со театарски израз како што е: Хорот на пазарџии и пазарџики, Гласот на децата во Офф, театар на сенки итн. Па сепак, драмата не é изградена со класични жестоки конфликти; презема шаблони од други жанрови, и има елементи на поетска драма. Оттука е смелиот зафат да се постави драмски текст со интенција  централен лик да е Калеш Анѓа, којшто пак е разлеан со останатите ликови а кои авторката исто така ги скројува по нов непатријархален терк, со поинакви карактерни особини, на алчност, на досада, на неискрени пријателства, и на крај со целосно релативизирање на личноста и делото на Калеш Анѓа (спротивно од митот).   

Promocija.K.Momeva1.jpg


КАТЕРИНА МОМЕВА е родена 1984 во Битола. Основач на Аматерската група „Мастикс" во 1999 година. Дипломирала на катедрата по драматургија во класата на професор Русомир Богдановски на Факултетот за драмски уметности во Скопје. На конкурсот што го распиша МТВ во 2004, за сценариото „Маскирани души" наградена е со откупување на идеја за ТВ серија. Во 2004 во склоп на омнибус од пет мали драми, поставена е и нејзината едночинка „Телеграма" на сцената на ФДУ. Истата година е прикажана на театарскиот фестивал "Војдан Чернодрински" во Прилеп. Нејзините драмски текстови се изведувани во Народниот театар од Штип „Телеграма" - 2007 година и Народниот театар во Битола „Хераклеја и Ликиниј" - 2007 и „Калеш Анѓа дефинитивно" - 2010 година.
Како што вели Д-р Сашко Насев, Катерина Момева е драмска писателка од најмладата генерација македонски драматичарки, образувана на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Со двете нејзини дела изведени на професионална сцена, „Телеграма“ и „Калеш Анѓа, дефинитивно“, кои се испечатени во оваа книга, како и со „Хераклеа и Линкедиј“ Момева се наметна со високо естетизиран драмски пристап во разрешувањето на крупни социјални, семејни и таканаречени женски теми, што европски тренд во модерната и во постмодерната драматургија на дваесет и првиот век.

  4.12.2012 год.

к.т.



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Јануари 27, 2022

Конгресот на САД ќе носи резолуција за славење на македонскиот јазик и наследство

Во Конгресот на САД е покрената резолуција за прогласување на септември 2022 за „Месец на македонското американско наследство“ и за славење на македонскиот јазик, историја и култура на македонските Американци и нивниот „неверојатен придонес“ за Соединетите…
Декември 28, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

„Анатомија на бумбарот” на Стефан Марковски

Во романот, чие македонско издание е објавено од „Паблишер“, се дефинира енергична и психолошки силна приказна каде се претопуваат елементи на гротеска, хумор и егзистенцијалистичко преиспитување. Во наративот, како што во поговорот пишува Александар…

Поезија од Стефан Марковски застапена во меѓународна антологија на шпански јазик

Окт 23, 2021 Литература 977
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel
„Преминот на поетските гласови бара прекугранични и меѓугенерациски средби и точки на…

Познат научник тврди дека Бог постои

Сеп 28, 2021 Наука и Религија 5281
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel
Според него, оваа теорија би можела да го докаже постоењето на Бог. Изјавите ги разгориле…

Цитати од Ван Гог што ќе ве инспирираат

Сеп 24, 2021 Ставови 722
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel
„Рибарите знаат дека морето е опасно и бурата е страшна, но во овие опасности тие никогаш…

Беседи

БEСEДА  за угледувањe на мравкитe

БEСEДА за угледувањe на мравкитe

Вoлјата на Твoрeцoт, Кoј нè испратил вo oвoј свeт e да твoримe дoдeка смe вo свeтoт. Самиoт Гoспoд Исус запoвeда: Твoрeтe, стражарeтe! Oн ги фали oниe кoи ги умнoжуваат дадeнитe...

Архиепископ Антинојски Пантелејмон: За љубовта

Архиепископ Антинојски Пантелејмон: За љубовта

 Ако на пример, ние не ги надминеме границите на секојдневнието, ако не ги надминеме своите слабости, тогаш на кој начин нашата христијанска љубов се разликува од другите? Ако ги љубиме...

Митрополит Струмички Наум: Педесетница

Митрополит Струмички Наум: Педесетница

При толкувањето на евангелието за жената Самарјанка ви реков: „Водата што Богочовекот Христос ни ја дава, и која имајќи ја никогаш нема да ожедниме, е благодатта на Светиот Дух во...

БEСEДА за близина на Судијата

БEСEДА за близина на Судијата

За eдeн дeн, братe, мoжeш да ја дoбиeш цeлата вeчнoст. И за eдeн дeн, братe, мoжeш да ја изгубиш цeлата вeчнoст. Ти сe дадeни илјада дeнoви на зeмјата да сe...

Жарко Ѓоргиевски: Недела на Светите Отци од Првиот Вселенски Собор

Жарко Ѓоргиевски: Недела на Светите Отци од Првиот Вселенски Собор

Секој човек, па дури и најнесреќниот, жеден е за животот и постојано бега од смртта. Бог го создал човекот не за да умре и да се претвори во прашина, туку...

Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

Да разбереш, односно да сфатиш – во духовно православна смисла, го означува просветлувањето на умот – со дарот на умно-срдечната молитва. Оти, какво е тоа сфаќање и разбирање без просветленост...

о.Михаил Трајковски: ВОЗНЕСЕНИЕ ХРИСТОВО - СПАСОВДЕН (02.06.2022)

о.Михаил Трајковски: ВОЗНЕСЕНИЕ ХРИСТОВО - СПАСОВДЕН (02.06.2022)

Колку прекрасна и радосна вест! Ако човекот во темнината на својот морален пад можел да ја наѕре светлината од божественото Сонце, кое се раѓало на Исток, сепак, сенката на сомнежот...

Митрополит Струмички Наум: Вознесение или превознесување? (01.06.2022)

Митрополит Струмички Наум: Вознесение или превознесување? (01.06.2022)

Ако Он не се жртвуваше на Крстот за нас и наше спасение, и ние не ќе можевме во Големиот Вход од Светата Литургија да се принесеме самите себе и целиот...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

« »