логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

TViTer448

„Турска бања“ на Националната галерија
изложена во Европска престолнина на културата за 2022, Нови Сад


Photo credit, https://novisad2022.rs

„Вечерва (сабота, 24 септември 2022) е исклучителен ден за градот Нови Сад и Србија, а особено за многуте луѓе кои работат во културата и живеат за неа. Сметам дека српската публика може да види исклучителен национален проект кој има регионално и европско значење, вреден настан во културата и успешен резултат на културната соработка на четири земји - Србија, Хрватска, Северна Македонија и Франција“, рече помошник министерката за културно наследство и дигитализација Данијела Ванушиќ на отворањето на изложбата „Сава Шумановиќ и европскиот реализам меѓу двете светски војни“ на плоштадот Галерија, каде започна неделата на визуелната уметност во рамките на Калеидоскопот на културата во Нови Сад.



https://novisad2022.rs


За прв пат публиката има можност во живо, на три локации да ги види делата како „Капачи“ од француските музеи Хонофлер и Ларошел, „Турска бања“ од Националната галерија на Р. Северна Македонија, „Шидијанки“, „Пристанишен агент“ на Националната галерија на Музејот на модерна и современа уметност од Риека. Изложбата опфаќа најголем број дела на едно од најзначајните српски слики што се изложени во Спомен-збирката на Павле Бељански, во галеријата Матица Српска и во галеријата на слики „Сава Шумановиќ“ во Шид.
https://novisad2022.rs

„Ваквите претставувања отвораат врати за идни билатерални соработки помеѓу нашите земји. Особена чест и задоволство е за Националната галерија да биде дел од ваков исклучителен настан. Значението на учеството е дотолку поголемо бидејки ние како институција партиципиравме и овозможивме пред српската и пошироката публика за прв пат да биде прикажана „Турската бања“, дело на Сава Шумановиќ од периодот меѓу двете светски војни (1926 г.), сопственост на Националната галерија. Уметничката критика ова дело го детирминира на самиот врв од неговиот опус со карактеристичен поетски реализам и умерен колористички експресионизам “ истакна директорката на Националната галерија, д-р Дита Старова Ќерими.
Otvoranje Matica srpska 5.jpg

Стручниот тим на Националната галерија ова дело го категоризира како антологиско, спаѓа во категоријата културно наследство од особено значење, поткатегорија исклучително значење.

Неговиот ран уметнички стил се карактеризира со влијанија главно од кубизмот, но исто така и фовизмот и експресионизмот. Во неговите подоцнежни дела, Сава Шумановиќ успеал да развие свој, прилично оригинален уметнички израз. Поради иновациите и единствениот стил, Шумановиќ може да се опише како еден од најистакнатите српски сликари во дваесеттиот век, како и главен сликар од Кралството Југославија. Во текот на 1926-1927 година стилот на Шумановиќ станува помек, односно цврсто вајаните налик на скулптурални форми стануваат помеки, а во прв план продираат до тогаш непозната сетилност, поезија на боите и мазната атмосфера на Ориентот, поттикната, меѓу другото, и од личните дијалози со Матис.
Photo credit, Nacionalna galerija na RSM


Национална галерија на Република Северна Македонија



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 26, 2022
TViTer448

„Турска бања“ на Националната галерија изложена во Европска престолнина на културата за 2022, Нови Сад

„Ваквите претставувања отвораат врати за идни билатерални соработки помеѓу нашите земји. Особена чест и задоволство е за Националната галерија да биде дел од ваков исклучителен настан. Значението на учеството е дотолку поголемо бидејки ние како институција
Јули 24, 2022
TViTer319

ТРКАЛЕЗНА МАСА ЗА ПОДАТОЦИТЕ ЗА Е-ТРГОВИЈАТА ВО НАШАТА ЗЕМЈА

Од АЕТМ велат дека со оваа тркалезна маса, Асоцијацијата за е-трговија на Македонија и Државниот завод за статистика иницираат соработка меѓу засегнатите институции и се вклучуваат во напорите за започнување на јавно-приватен дијалог помеѓу релевантните…

Конгресот на САД ќе носи резолуција за славење на македонскиот јазик и наследство

Јан 27, 2022 Друго од култура 898
Во Конгресот на САД е покрената резолуција за прогласување на септември 2022 за „Месец на…

„Анатомија на бумбарот” на Стефан Марковски

Дек 28, 2021 Литература 976
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel
Во романот, чие македонско издание е објавено од „Паблишер“, се дефинира енергична и…

Поезија од Стефан Марковски застапена во меѓународна антологија на шпански јазик

Окт 23, 2021 Литература 1599
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel
„Преминот на поетските гласови бара прекугранични и меѓугенерациски средби и точки на…

Беседи

Поминувајте го времето на своето живеење со стравот ( I Пет. 1,17)

Поминувајте го времето на своето живеење со стравот ( I Пет. 1,17)

 Ова се зборови на големиот апостол Петар, зборови кои имаат двојна потврда: небесно вдахновение и сопствено искуство. По небесното вдахновение простиот рибар Петар, стана учител на народот, столб на верата,...

Игумен Фотиј Беровски: Извадоци од  беседа

Игумен Фотиј Беровски: Извадоци од беседа

        "Секогаш го дефинираме односот кон другите и односот кон себе...Каде и кога? Постојано, почнувајќи овде во Црквата а потоа и во своите домови. Секогаш кога зборуваме  на  оваа тема зборуваме...

Митрополит Струмички Наум : Како да ја зачуваме Божјата благодат во нас

Митрополит Струмички Наум : Како да ја зачуваме Божјата благодат во нас

За денешното евангелско четиво (види: Лука 8, 41–56) битно е да се запамети следново:Како што крвта е потребна за животот на телото, така и благодатта Божја е потребна за вистинскиот...

БEСEДА за пoзивoт на ситe христијани да бидат свeти

БEСEДА за пoзивoт на ситe христијани да бидат свeти

Акo вo пoслeднитe врeмиња свeтитe пoстаналe исклучoк, вo oниe први врeмиња, нeсвeтитe билe исклучoк.Свeтитe билe правилo. Всушнoст, нe трeба да сe чудимe штo апoстoлoт ги нарeкува ситe крстeни души вo...

БЕСЧУВСТВИТЕЛНОСТА КОН ГРЕВОТ

БЕСЧУВСТВИТЕЛНОСТА КОН ГРЕВОТ

Мораме да го слушаме Господ и да го правиме она што Господ ни заповеда и тогаш нема да ни требаат чуда за да веруваме! Верата доаѓа од срцето! Кога човек...

o. Горан Стојчевски - Испуштените црвени слова да ги надополниме со живот

o. Горан Стојчевски - Испуштените црвени слова да ги надополниме со живот

Она за што друго сакав да споделам, е за стравот во светот од сè и сешто и барањето на еликсирот за вечен живот или поточно долгоденствие за нас „емигрантите од...

Митрополит Струмички Наум:Покров на Пресвета Богородица (13.10.2022 )

Митрополит Струмички Наум:Покров на Пресвета Богородица (13.10.2022 )

    Богочовекот Исус Христос воспоставува, за нас, духовно правило да бараме од Него нешто душеполезно во име на Некој што неизмерно Му значи. Нема ли Он Самиот прв да го...

ГОВОР НА ЕПИСКОПОТ ХЕРАКЛЕЈСКИ Г. КЛИМЕНТ НА ТРИБИНАТА „КАКО ДА СЕ РАДУВАМЕ ВО ВРЕМЕ НА КРИЗИ“

ГОВОР НА ЕПИСКОПОТ ХЕРАКЛЕЈСКИ Г. КЛИМЕНТ НА ТРИБИНАТА „КАКО ДА СЕ РАДУВАМЕ ВО ВРЕМЕ НА КРИЗИ“

 Денес, во времето на една општа криза што го допира секој сегмент од живеењето на луѓето, темата за радоста е значајна и актуелна. Сама по себе, темата не е нова,...

Митрополит Тимотеј: † ВОЗДВИЖЕНИЕ НА ЧЕСНИОТ И ЖИВОТВОРЕН КРСТ - КРСТОВДЕН

Митрополит Тимотеј: † ВОЗДВИЖЕНИЕ НА ЧЕСНИОТ И ЖИВОТВОРЕН КРСТ - КРСТОВДЕН

Честопати може да се слушнат прашања од наши верници за значењето на овие зборови. Што значи да се земе својот крст? Секој човек има свој крст и тој ќе го...

« »