логоFacebookTwitterYouTubeeMail



Во рамките на одбележувањето на Франкофонијата во Македонија и 25 години од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете земји во галеријата „АКАНТУС“  беше отворена изложбата „ПАРИСКИ СИГНАТУРИ“. Во поставката се опфатени делата на четиринаесет истакнати македонски уметници, реализирани по нивниот престој во Франција и во Уметничката резиденција во Париз.

Духот на Париз е пренесен во јавноста преку делата на уметниците кои не познаваат граници и кои го врежале своето богатство на неповторливост во времето и просторот, вели кустосот на изложбата Марина Лешкова. Низ делата на четиринаесет истакнати македонски уметници се разоткрива раскошниот меѓукултурен дијалог кој не познава граници.

„Гледајќи ги сите овие дела ние навистина можеме да видиме преку нив еден силен воспев во којшто се вели „ние сме од Европа, ние сме пријатели на Франција“. И во овие на моменти можеби потешки денови доволно е да се гледаат овие дела за да се биде навистина осветлен од сонцето кое го носат тие дела и да се каже дека уметноста е таа која не просветлува и осветлува.„, вели  КРИСТИЈАН ТИМОНИЕ, амбасадор на Франција во Р.М.

„Париз за уметниците секогаш претставувал голем предизвик од најстарите генерации па до најмладите. Бил предизвик и ќе остане предизвик, бидејќи Париз како град и како град на уметноста и убавината е секогаш мит за сите уметници. Секој на свој начин го пренесува тој дух на Париз, бидејќи знаете реката Сена има посебно значење во сите дела. Дава живот енергија, така што ќе видите дека од сите дела блеска прекрасна енергија“ , вели МАРИНА ЛЕШКОВА, ликовен уметник и историчар на уметноста

Делата на македонските уметници во поставката насловена „ПАРИСКИ СИГНАТУРИ“ во галеријата АКАНТУС ќе бидат изложени до 20 април.

 

 

Извор: http://telma.com.mk/otvorena-izlozhbata-pariski-signaturi/



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 28, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

Познат научник тврди дека Бог постои

Според него, оваа теорија би можела да го докаже постоењето на Бог. Изјавите ги разгориле дебатите околу оваа тематика меѓу научниците токму затоа што Каку се смета за еден од најважните научници на 21 век. Тој е еден од креаторите на револуционерната Теорија…
Септември 24, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

Цитати од Ван Гог што ќе ве инспирираат

„Рибарите знаат дека морето е опасно и бурата е страшна, но во овие опасности тие никогаш не нашле доволна причина да останат на брегот.“ „Успехот понекогаш е резултат од цела серија неуспеси.“

Беседи

Митрополит Струмички Наум:   Жената Хананејка (16.10.2021)

Митрополит Струмички Наум: Жената Хананејка (16.10.2021)

 Послушанието не е лесен подвиг и не е без искушенија. Затоа, до добивањето на дарот на умно-срдечната молитва тоа е аскетски подвиг, подвиг на кој се принудуваме. Духовниот отец може...

Митрополит Пимен: ЗА Воскресението, гневот и пандемијата - „ЗБОРНИК НА КАРАНТИНСКИ БЕСЕДИ“

Митрополит Пимен: ЗА Воскресението, гневот и пандемијата - „ЗБОРНИК НА КАРАНТИНСКИ БЕСЕДИ“

Та Христос не воскресна само во Ерусалим, та Христос не воскресна само во храмовите. Христос воскресна за сите, за секој и секаде. Христос воскреснува во срцето на секој еден од...

Митрополит Струмички Наум: Сега... сакаш да имаш или да немаш?

Митрополит Струмички Наум: Сега... сакаш да имаш или да немаш?

Значи, наместо судење и осудување и самооправдување, Христос ни го покажува патот на самоукорување и самоосудување, патот напуштен од речиси сите денес; патот на смирението.Прашање е дали воопшто и можеме...

Митрополит Струмички Наум: Потсетник (06.10.2021)

Митрополит Струмички Наум: Потсетник (06.10.2021)

Денешното апостолско четиво (Гал. 6, 3) ме потсети на малиот број „христијани“, кои поради својата внатрешна душевна расцепеност и меѓусебната поврзаност по таа основа, се однесуваат како отцепени, не само...

Митрополит Струмички Наум: Двоедна заповед (03.10.2021 08:43)

Митрополит Струмички Наум: Двоедна заповед (03.10.2021 08:43)

Да не се лажеме себеси... Оној што ја има љубовта како дар на благодатта на Светиот Дух не може истовремено и да мрази. Нема тука место за обичните човечки чувства,...

Митрополит Струмички Наум: Љубовта ќе олади (01.10.2021)

Митрополит Струмички Наум: Љубовта ќе олади (01.10.2021)

Љубовта ќе олади кај тие што ја добиваат како дар Божји во Црквата, а не ја негуваат и не ја развиваат. Љубовта ќе олади кај христијаните, кај православните. Божествена љубов...

 Митрополит Стумички Наум: Тајната на личниот крст (29.09.2021)

Митрополит Стумички Наум: Тајната на личниот крст (29.09.2021)

Често луѓето имаат желба да се на местото на некој друг. Сакаат да ја имаат видливата власт и славата на другиот, сакаат да ги имаат видливите пари и имот на...

 архим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

архим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

 Митрополит Струмички Наум: Свадбена облека (25.09.2021)

Митрополит Струмички Наум: Свадбена облека (25.09.2021)

Свадбена облека е подвигот на очистување на срцето од страстите во послушание. Без овој подвиг никој не може да се нарече христијанин. За монасите и свештенството свадбена облека е нешто...

« »