логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

 Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска рече дека во изминатите 12 години Министерството го поддржало престојот на стотина македонски уметници во светската престолнина на уметноста кои, како што рече, ги збогатиле своите искуства, воспоставиле многубројни контакти и соработки со релевантни галерии и институции ... \

06_Pariz_te_sakame
Во галеријата Чифте амам попладнево беше отворена изложба на дела од македонски уметници кои од 2002 до 2014, со поддршка на Министерството за култура, биле на двомесечен студиски престој во Меѓународниот град на уметностите во Париз (Cite internationale des Arts). Изложбата е насловена „Париз, те сакам“ и е организирана по повод Светскиот ден на франкофонијата.

- Нема подобар начин да се одбележи франкофонијата од ова претставување. Врската со Париз и со културната разновидност со оваа изложба станува бесмртна и неа може да им ја пренесеме на идните генерации. Меѓународниот град на уметностите постои од 1965 година и досега има примено 15.000 уметници. И Република Македонија има свое студио во кое престојувале и твореле околу сто македонски уметници - рече амбасадорката на Франција во Македонија, Лоренс Оер.

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска рече дека во изминатите 12 години Министерството го поддржало престојот на стотина македонски уметници во светската престолнина на уметноста кои, како што рече, ги збогатиле своите искуства, воспоставиле многубројни контакти и соработки со релевантни галерии и институции и ја презентирале својата уметност пред француската и европската публика.
01_Pariz_te_sakame

- Македонската ликовна сцена беше претставена преку творештвото на нашите реномирани уметници, како: Глигор Чемерски, Коле Манев, Рубенс Корубин, Жарко Башевски, Решат Амети, Роберт Јанкуловски, Антони Мазневски, Јован Шумковски, Илија Пенушлиски, Синиша Кашавелски, Нехат Бекири, Константин Качев и многу други автори кои ја афирмираа македонската уметност и ја вброија во редот на земјите кои со големо внимание ја промовираат сопствената култура во меѓународен контекст. Благодарение на Договорот кој Министерството за култура на Република Македонија во 2002 го потпиша со Меѓународниот град на уметности, уште многу македонски уметници до 2060 година ќе имаат можност да се претстават во македонското ателје -  рече Канческа-Милевска.

На амбасадорката Оер таа и врачи благодарница за Симон Брино,  почесен претседател на Фондацијата „Меѓународен град на уметностите - Париз“ за нејзината поддршка во презентацијата на македонските  уметници во тој центар.

Изложбата е дел од голем број проекти што се реализирани по првата потпишана Програма за соработка меѓу Македонија и Франција во 2010 години. Таа е дел и од повеќе активности со кои се одбележува Светскиот ден на франкофонијата (20 март). Република Македонија од 2006 година е полноправна членка на Меѓународната организација на франкофонијата.

05_Pariz_te_sakame

- Нашата земја со голема посветеност, во континуитет ги промовира целите и принципите на Меѓународната организација на франкофонијата. Со останатите 77 држави и влади кои се членки и земји-набљудувачи во организацијата настојуваме да ги афирмираме човековите права и културната разновидност... Република Македонија редовно партиципира во сите иницијативи на меѓународната организација, меѓу кои е и учеството на Франкофонските игри на кои досега имавме забележителни настапи и неколку признанија - рече министерката за култура.

Амбасадорката Оер соопшти дека одбележувањето на франкофонијата оваа седмица ќе има и други содржини - Недела на франкофонски филм, натпревар во француски шансони и театар, а најави и дека наскоро ќе биде објавен каталог за француската колекција што ја поседува Музејот на современата уметност во Скопје.

Извор: Министерсво за култура на РМ



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Октомври 23, 2020
3.angeli.so.truba

Галебот Џонатан Ливингстон- Ричард Бах

После еден месец од враќањето се случува преседан. Еден галеб од Јатото бара да учи да лета. Така, Теренс Ловел станува осмиот ученик на Џонатан. А наредната ноќ им се придружува и Кирк Мејнард, галебот со дефектно лево крило, кој во крик и бодрен од Џонатан…
Октомври 21, 2020
TVITer8

По патот на Македонската историjа

„Ние за Гоце“, авторот Стефанов пишува дека „Гоце Делчев беше самостоен и назависен во борбата; не бараше туѓа поткрепа, не допушташе туѓо мешање од кое толку многу страда и губи македонското ослободително движење, искористувано за туѓи цели и задачи“.За…

“Богородичен Покров“ со филмови кои ја збогатуваат душата и носат силни пораки

Сеп 22, 2020 Филм, Театар 273
3.angeli.so.truba
“2020 година ќе се памети по неочекуваните предизвици и искушенија со кои мораше да се…

Информација за победниците на конкурсите за млад и зрел уметник

Авг 27, 2020 Ликовна уметност 263
TVITer21
Процесот на селекција се одвиваше по принцип на оценување на предложените апликации од…

Емануел Рембер: Читањето е убава мрзеливост и вистински лек

Мај 10, 2020 Интервју 797
3.angeli.so.truba
-Чудно е тоа што изолацијата ја доживувам како миг во кој сè е замрзнато. Секако дека сè…

Беседи

 Митрополит Струмички Наум: Кој може да биде ученик Христов (01.12.2020 )

Митрополит Струмички Наум: Кој може да биде ученик Христов (01.12.2020 )

Тоа го направиле мачениците, тоа го направиле вистинските монаси, тоа го направиле сите свети.Во очите на светот тоа изгледа како омраза кон татка си и мајка си, жената и децата...

Митрополит Струмички Наум: Милостивиот Самарјанин (29.11.2020 )

Митрополит Струмички Наум: Милостивиот Самарјанин (29.11.2020 )

Сите ние сме гости на овој свет, кои повеќе – кои помалку, повредени од демоните – разбојниците, сместени од милостивиот Самарјанин – Христос, на лекување во гостилницата – Црквата. Гостилничар...

Митрополит Струмички Наум: Како одат работите... (22.11.2020)

Митрополит Струмички Наум: Како одат работите... (22.11.2020)

Носењето на негативен заклучок многу лесно се надоврзува на трите посебно опасни илузии што ги имаат прифатено „христијаните“, во текот на својата историја, кои ги одделуваат од Вистината Христос, од...

Митрополит Струмички Наум: Ангелите се светлина (пример) за монасите; монасите се светлина (пример) за луѓето...“

Митрополит Струмички Наум: Ангелите се светлина (пример) за монасите; монасите се светлина (пример) за луѓето...“

Кога говориме за фанатизмот, отсекогаш ме воодушевувал примерот на светиот архангел Михаил. Некогаш, во кризниот момент на општото отпаѓање на ангелите, излажани од дотогаш најсветлиот и најбли- скиот ангел до...

БEСEДА за вoздигнувањe на чoвeкoт прeку вoскрeснатиoт Христoс

БEСEДА за вoздигнувањe на чoвeкoт прeку вoскрeснатиoт Христoс

Eвe ја висината дo кoја Бoг гo вoзвишил чoвeчкoтo битиe! Бидeјќи oвдe нe станува збoр за бoжeствeната прирoда Христoва, туку за чoвeчката, нe сe збoрува за вeчнoтo Слoвo Бoжјo, туку...

Митрополит Струмички Наум: Што е разликата помеѓу опсесија, илузија, прелест и помисла?(15.11.2020)

Митрополит Струмички Наум: Што е разликата помеѓу опсесија, илузија, прелест и помисла?(15.11.2020)

За разлика од демонските, мислите што ни доаѓаат од Божјата страна се суптилни, смирени, срамежливи, не сакаат да ја нарушат нашата слобода, а ни носат, главно, смиреност, покајание и плач....

Митрополит Струмички Наум: Со кого може да се разговара и за што (08.11.2020)

Митрополит Струмички Наум: Со кого може да се разговара и за што (08.11.2020)

 Тоа што е очигледно, за секој нормален, е дека, во овој период, против Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија се води специјална војна чија цел е растурање на нејзиното единство....

БEСEДА за срцeтo пoдгoтвeнo за Бoга

БEСEДА за срцeтo пoдгoтвeнo за Бoга

Пoдгoтвeнo e срцeтo мoe, Бoжe, спрeмнo e срцeтo мoe (Пс. 56:7). Блазe му на oнoј, браќа, кoјштo мoжe така да Му рeчe на свoјoт Гoспoд! Блазe му на oнoј чиe...

Митрополит Струмички Наум: За оние што се мислат безгрешни, пречисти и сигурно спасени, па сега ќе ја спасуваат и Црквата (30.10.2020)

Митрополит Струмички Наум: За оние што се мислат безгрешни, пречисти и сигурно спасени, па сега ќе ја спасуваат и Црквата (30.10.2020)

Пак ќе те прашам, уште ли се гледаш како чист!? Уште ли се гледаш како безгрешен!? Уште ли се гледаш како правоверен!? Уште ли се гледаш како спасен!? Гледаш, сега,...

« »