логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Светски ден на културното наследство

 



Скопје, 18 април (МИА)
- Светскиот ден на културното наследство денеска се одбележува на тема „Културните предели и спомениците на природата“, на иницијатива на Меѓународниот комитет на споменици и локалитети (ИКОМОС), а Македонскиот комитет се вклучува во одбележувањето на 18 Април со свечена седница и форум-предавања во Центарот за култура во Битола.

Културен предел или пејзаж е нов термин во светската категоризација на материјално културно наследство, но поради ревалоризацијата на законите во Република Македонија, кај нас се уште нема дефинирано културни предели. Тоа може да бидат и археолошки локалитети, а меѓу критериумите по кои тие ќе се избираат се нивната исклучителна важност и природниот амбиент.

Македонија има респективна традиција, со наталожени повеќе цивилизациски слоеви, културни, етнички и конфесионални влијанија, многубројни и со векови стари артефакти и музејски експонати. Но, од земјата каде што секоја педа е археолошко наоѓалиште и секој камен - историја, на листата на светското културно и природно наследство на УНЕСКО Охрид е единствен македонски примерок, прогласен во 1980 година. Од пред четири години на тентативната листа на УНЕСКО се Слатински Извор и Маркови Кули, кои за да бидат заштитени од УНЕСКО треба да имаат досие со обемна фактографија и хеликоптерско снимање. Министерството за животна средина и просторно планирање го почна досието за Марковите Кули. Според Лидија Топузовска, генерален секретар на Националната комисија за УНЕСКО, организацијата на ОН сега има построги стандарди и критериуми отколку пред 27 години кога на листата беше регистриран Охрид.

Но, УНЕСКО помага преку соработка и донации за истражување, заштита и афирмација на македонското културно наследство. Во моментов тече проектот за објавување на четиритомна публикација „Културното наследство на Македонија“, која треба да биде отпечатена до крајот на годинава. УНЕСКО донираше 50.000 евра за овој проект, чиј носител е Управата за заштита на културното наследство. Првиот дел од публикацијата е посветен на македонските цркви, вториот на спомениците од отоманскиот период, третиот дел се однесува на археолошките локалитети во земјава, а четвртиот раскажува за Охрид како град на УНЕСКО. На Венециската конференција во 2005 година е основан фонд за заштита и промоција на културното наследство, во кој главен донатор е Италија. Со средства на италијанската Влада се истражуваат локалитетите Хераклеа, Скупи и Стоби.

На Скопско кале минатиот месец почна систематското археолошко истражување од кое се очекуваат наоди што ќе сведочат за постоењето на различни културни периоди на овој локалитет во главниот град. Тоа е крупен проект од областа на културата што го финансира Владата, која намени 2.250.000 евра за 2007 и за 2008 година. Археолошкиот материјал е наслоен во десет метри длабочина и содржи остатоци од праисторија, од првата населба во четвртиот милениум п.н.е., времето на античките Македонци, Илирите, железното време, од периодот на Јустинијан (5 и 6 век), од среден век и турскиот период (14 век).

Раководителот на проектот проф. д-р Драги Митревски смета дека за македонската наука е значајно ако се успее просторот на Калето од излетничко место да биде преобразен во она што заслужува. - Зашто овој простор е концентрација на се што значи живот, историја и културна вредност во Скопје и тој мора да биде археолошки простор. Ресторанот да биде во служба на Калето, а не обратно, вели Митревски.

Актуелизацијата на националното богатство ги развива културните индустрии - од културното добро прави економски профит, а од културниот локалитет - туристичка атракција. Вложувањето во културното наследство има повратен ефект на општиот развој, земјите со најголем број споменици на културата се и често посетувани дестинации и се економски развиени. хс/дма/9:26

 

 

МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО

Чествување на спомениците на природата
 
Националниот комитет на ИКОМОС треба да изгради партнерски однос со локалната самоуправа за да се зачуваат спомениците на културата во општините, вели Лазар Шуманов, секретар на Националниот комитет на ИКОМОС

 

„Културни предели и споменици на природата“ е темата со која светот денеска ќе го одбележи 18 Април - Меѓународниот ден на културното наследство. Кај нас свеченоста ќе ја организира Македонскиот национален комитет на ИКОМОС, Меѓународен совет на споменици и места, организација при УНЕСКО. 
Свечената седница ќе се одржи денеска во Центарот за култура во Битола. Ќе се одржи и форум на кој експертите ќе дебатираат на тема „Опстанокот на недвижното културно наследство во услови на современите предизвици од 21 век“.

Светскиот ден на културното наследство во земји од светот различно се прославува. Најчесто, секоја институција со своја програма го чествува културното наследство. Се организираат посети на споменици и локалитети, на јавните места се поставуваат билборди со повици за заштита на културното наследство, експерти за културното наследство одржуваат прес-конференции, се организираат дискусии, изложби, се одржуваат промоции на книги, списанија, научни трудови за културното наследство, се пуштаат во употреба реставрирани објекти.

Според Лазар Шуманов, секретар на Националниот комитет на ИКОМОС, овој специјален ден дава можност да се подигне јавната свест и грижата за културниот диверзите, напорите да се заштити и конзервира наследството и да се нагласи неговата ранливост. Шуманов на вчерашната прес-конференција објасни дека културен предел или пејзаж е категорија на материјално културно наследство која пред три години е воведена во светската наука, но не е вградена во нашиот Закон за заштитата на културното наследство.

- Тоа значи дека Република Македонија нема дефинирано културни предели. Од ревалоризација на законите зависи и донесувањето на предлог-листата на културни предели. Нивната исклучителна важност и природниот амбиент се критериумите според кои тие треба да се избираат - рече Шуманов.

Тој потенцира дека е значајно Националниот комитет на ИКОМОС да изгради партнерски однос со локалната самоуправа за да се зачуваат спомениците на културата во општините.

Меѓународниот комитет на ИКОМОС годинава по 25 пат ќе го одбележи Меѓународниот ден на културното наследство. На 18 април 1982 година, на одржувањето на симпозиумот на ИКОМОС во Тунис, било нагласено дека Денот на културното наследство треба да се прославува секоја година во целиот свет. Извршниот комитет на ИКОМОС го усвоил предлогот, а УНЕСКО го одобрил на генерална конференција.

Годинава ќе биде одбележан уште еден јубилеј - 35 години од донесувањето на Конвенцијата на УНЕСКО за светското наследство.

Шуманов нагласи дека е значајно Меѓународниот ден на културното наследство да се одбележи како меѓународна солидарност за да се зајакне и спаси наследството на целиот свет.
 
Весна Ивановска




Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Април 07, 2021
Aleksandar.N.sv.Haralampij

Збирка раскази „Фауст го трча плебејскиот круг“ (Faustus Runs the Plebeian Circle)-Стефан Марковски

Збирката раскази по промотивна цена е дистрибуирана и на повеќе книжевни платформи, како Barnes and Noble, Vivlio, Apple Books, Thalia, Kobo, Booktopia, Weltbild, Paagman, Ibs, Indigo и други. На македонски јазик книгата која инкорпорира 6 приказни, како…
Април 04, 2021
Aleksandar.N.sv.Haralampij

Книгата може да им помогне на децата да си го изградат идентитетот

Секоја генерација на деца има свои проблеми и затоа треба авторите да ги следат денешните деца и да знаат што тие сакаат да прочитаат. Авторите од западноевропските земји се многу похрабри и добро е што издавачите прават напори да ги преведат, но им…

Соопштени европските награди за драмски превод за 2021 година, меѓу нив три на македонски јазик

Мар 22, 2021 Литература 93
Aleksandar.N.sv.Martinijan6
Исто така, меѓу најдобрите од два други јазични комитета се најдоа и преводите на две…

Македонскиот поет Игор Крајчев е поет на неделата на престижниот британски магазин “The Poet Magazine”

Мар 22, 2021 Литература 96
Aleksandar.N.sv.Haralampij
Инаку. ова застапување на македонскиот поет Игор Крајчев во британскиот магазин, доаѓа…

Истражување на Харвард: Кои луѓе се посреќни, оние со повеќе време или оние со повеќе пари?

Мар 22, 2021 Друго од култура 106
Aleksandar.N.sv.Haralampij
Истражувањата покажуваат дека луѓето кои имаат најмногу животни исполнувања повеќе…

Беседи

На свети Григориј Палама - Старец Георгиј Капсанис II дел

На свети Григориј Палама - Старец Георгиј Капсанис II дел

Црквата го прославува споменот на еден нов светител, светиот Николај Планас, еден прост отец, неписмен но свет, оженет свештеник од некогашна Атина. Свети Николај – по потекло од Наксос –...

О.Николај Киранџиќ: НЕДЕЛА НА СВЕТИ ЈОВАН ЛЕСТВИЧНИК

О.Николај Киранџиќ: НЕДЕЛА НА СВЕТИ ЈОВАН ЛЕСТВИЧНИК

 Болестите, пак, честопати се плод на нашата гревовеност, безаконие и неуреден живот, но честопати тие се и Божја казна за нашите гревови. Затоа, ако сакаме да се ослободиме од болеста,...

Митрополит Струмички Наум:  ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦЕ, спаси нѐ!

Митрополит Струмички Наум: ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦЕ, спаси нѐ!

Севкупниот Домострој на нашето спасение е дело на нашиот Бог – Света Троица, од Отецот, низ Синот, во Светиот Дух. Овој Домострој е Христоцентричен (исто како и нашиот живот во...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Тајната на Крстот

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Тајната на Крстот

Во животот неизбежно ќе страдаме и ќе носиме крст, сакале или не, и ќе бидеме распнати, сакале или не, и ќе умреме на него, сакале или не, но на крстот...

Митрополит Струмички Наум: КРСТОПОКЛОНА НЕДЕЛА (03.04.2021)

Митрополит Струмички Наум: КРСТОПОКЛОНА НЕДЕЛА (03.04.2021)

 Во секое наше лично страдање Го препознаваме првенствено Христос и го надградуваме нашиот личносен однос со Него. Самото страдање е реално, но тоа останува во втор план, затоа што преку...

За втората недела на постите - (на свети Григориј Палама) - Старец Георгиј Капсанис

За втората недела на постите - (на свети Григориј Палама) - Старец Георгиј Капсанис

Но светиот Григориј имајќи го опитот на аскетите на Света Гора и на сите свети Отци на Црквата ни, се спротистави на оваа прелест, на рационализмот на западниот Варлаам, со...

О.Николај Киранџиќ: НЕДЕЛА НА СВЕТИ ГРИГОРИЈ ПАЛАМА

О.Николај Киранџиќ: НЕДЕЛА НА СВЕТИ ГРИГОРИЈ ПАЛАМА

Гревот, тоа духовно помрачување на човековата душа бил причинителот за болеста на фатениот, па затоа било потребно прво тој да се уништи. Болестите, пак, честопати се плод на нашата гревовеност,...

Митрополит Струмички Наум: Недела на свети Григориј Палама (27.03.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на свети Григориј Палама (27.03.2021)

 Често, човек е толку фатен, т.е. парализиран од гревот, што самиот е неспособен да дојде до Христос и да побара исцеление. Во такви ситуации доаѓа до израз големото и незаменливо...

Викарен Епископ г. Јаков Стобиски: Триумфот на Православието

Викарен Епископ г. Јаков Стобиски: Триумфот на Православието

Триумфот на православната вера нема потреба да се афирмира и да се потенцира од никој од нас, особено не агресивно и наметливо, поради тоа што Православието е вистина, а вистината...

« »