логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

 
Недела, 26 Октомври 2014 15:53
Е-пошта Печати PDF

dzvezdi_na_svetskata_knizevnost_okt_2014_1
Во новите 30 наслови што денеска ги промовираме се застапени стиховите на старите јапонски поети, приказната за осаменоста на човекот на Шикибу преточена во Приказната за Генџи. Тука се и запишаните мисли за животот, човекот, мудроста во Платоновите избрани дијалози. На секој читател од денеска ќе му биде поблиска борбата со природата преку Моби Дик, „лажните ликови“ во Планетариумот на Натали Сарот, праведноста на Стендал во Црвено и црно,  расказите на Музил, Човековата судбина на Шолохов, расказите на Лу Син и Есеите на Борхес, исмејувањето на хипокризијата на Бомарше во Женидбата на Фигаро ...

Нови 30 наслови од едицијата „Ѕвезди на светската книжевност“ беа промовирани денеска во Порта Македонија, со што бројот на преведени и испечатени книги се искачи на 360 од вкупно 560 книги од избрани писатели од светската книжевност. Уште 50 наслови, како што нагласи премиерот Никола Груевски, ќе бидат промовирани до крајот на годинава, а останатите ќе бидат промовирани на три различни промоци во текот на идната година, со што ќе се заокружи овој проект.

dzvezdi_na_svetskata_knizevnost_okt_2014_5

- Покрај јапонските поети, рускиот великан Толстој и Херман Мелвил со делото Моби Дик денес пред нас имаме и плеада на други автори чии дела се дел од најблескавите моменти на човековиот ум и творештво. Меѓу нив се Платон, Пјер, Карл Јунг, Вилијам Голдинг и многу други. Застапени се широк спектар автори од различни култури и времиња, секој од нив ни црта уникатна слика за светот и со тоа ни го збогатува и нашиот свет и претставата за нештата за кои се обраќа писателот преку својата книга - истакна Груевски. Тој додаде дека благодарение на овие нови 360 наслови од светската книжевнос, Македонија добива значаен фонд на книги.

- Во новите 30 наслови што денеска ги промовираме се застапени стиховите на старите јапонски поети, приказната за осаменоста на човекот на Шикибу преточена во Приказната за Генџи. Тука се и запишаните мисли за животот, човекот, мудроста во Платоновите избрани дијалози. На секој читател од денеска ќе му биде поблиска борбата со природата преку Моби Дик, „лажните ликови“ во Планетариумот на Натали Сарот, праведноста на Стендал во Црвено и црно, расказите на Музил, Човековата судбина на Шолохов, расказите на Лу Син и Есеите на Борхес, исмејувањето на хипокризијата на Бомарше во Женидбата на Фигаро. Ова се само дел од најновите преведени наслови кои ќе и овозможат на нашата читателска јавност разговор со најголемите умови на изминатите столетија - нагласи министерката за култура. Таа додаде дека Владата на Република Македонија и Министерството за култура и во иднина безрезервно ќе ги поддржуваат сите проекти што се во насока на подигање на свеста за важноста на јазикот како базичен фактор на националниот идентитет, промоција на македонското творештво во меѓународни рамки и проектите кои се во функција на  вградување на наследеното светско книжевно наследство во едукацијата на сите генерации.

Претседателот на редакцијата на оваа едиција, академик Митко Маџунков, истакна дека покрај ваквите групни промоции, делата заслужуваат и посебни книжевни промоции. Македонија, рече тој, треба да заличи од овие книги и тие треба да се најдат на видни места во институциите, не само во библиотеките, туку и во излозите на книжарниците, на факултетите, во театрите, како и во домовите на културата.
Извор: МК на РМ



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Април 07, 2021
Aleksandar.N.sv.Haralampij

Збирка раскази „Фауст го трча плебејскиот круг“ (Faustus Runs the Plebeian Circle)-Стефан Марковски

Збирката раскази по промотивна цена е дистрибуирана и на повеќе книжевни платформи, како Barnes and Noble, Vivlio, Apple Books, Thalia, Kobo, Booktopia, Weltbild, Paagman, Ibs, Indigo и други. На македонски јазик книгата која инкорпорира 6 приказни, како…
Април 04, 2021
Aleksandar.N.sv.Haralampij

Книгата може да им помогне на децата да си го изградат идентитетот

Секоја генерација на деца има свои проблеми и затоа треба авторите да ги следат денешните деца и да знаат што тие сакаат да прочитаат. Авторите од западноевропските земји се многу похрабри и добро е што издавачите прават напори да ги преведат, но им…

Соопштени европските награди за драмски превод за 2021 година, меѓу нив три на македонски јазик

Мар 22, 2021 Литература 127
Aleksandar.N.sv.Martinijan6
Исто така, меѓу најдобрите од два други јазични комитета се најдоа и преводите на две…

Македонскиот поет Игор Крајчев е поет на неделата на престижниот британски магазин “The Poet Magazine”

Мар 22, 2021 Литература 127
Aleksandar.N.sv.Haralampij
Инаку. ова застапување на македонскиот поет Игор Крајчев во британскиот магазин, доаѓа…

Истражување на Харвард: Кои луѓе се посреќни, оние со повеќе време или оние со повеќе пари?

Мар 22, 2021 Друго од култура 145
Aleksandar.N.sv.Haralampij
Истражувањата покажуваат дека луѓето кои имаат најмногу животни исполнувања повеќе…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Недела на света Марија Египетска (17.04.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на света Марија Египетска (17.04.2021)

Христос нѐ потсетува сите дека нашето Царство не е од овој свет и дека во овој живот нѐ очекуваат и страдања. Со оваа вистина треба да сме начисто и да...

Жарко Ѓоргиевски: Недела на свети Јован Лествичник

Жарко Ѓоргиевски: Недела на свети Јован Лествичник

Потикнат од голема љубов кон Бога и Христовата наука, уште на 17 годишна возраст Јован го прифатил благиот јарем Христов и се упатил по тесниот пат, по кој одат праведниците...

ЗА ПОКАЈАНИЕТО - АРХИМАНДРИТ ГЕОРГИЈ КАПСАНИС

ЗА ПОКАЈАНИЕТО - АРХИМАНДРИТ ГЕОРГИЈ КАПСАНИС

И колку повеќе некој ја чувствува грешноста си, толку и се кае подобро и повеќе. И затоа го гледаме овој голем знак – тајна може да каже некој – во...

Митрополит Струмички Наум: Недела на свети Јован Лествичник (10.04.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на свети Јован Лествичник (10.04.2021)

Срцето на овој степен сè уште е заробено од страстите, така што демонот релативно лесно, преку помислите и сетилата, однатре, го наведува човекот на грев. Колку што човекот слободно му...

На свети Григориј Палама - Старец Георгиј Капсанис II дел

На свети Григориј Палама - Старец Георгиј Капсанис II дел

Црквата го прославува споменот на еден нов светител, светиот Николај Планас, еден прост отец, неписмен но свет, оженет свештеник од некогашна Атина. Свети Николај – по потекло од Наксос –...

О.Николај Киранџиќ: НЕДЕЛА НА СВЕТИ ЈОВАН ЛЕСТВИЧНИК

О.Николај Киранџиќ: НЕДЕЛА НА СВЕТИ ЈОВАН ЛЕСТВИЧНИК

 Болестите, пак, честопати се плод на нашата гревовеност, безаконие и неуреден живот, но честопати тие се и Божја казна за нашите гревови. Затоа, ако сакаме да се ослободиме од болеста,...

Митрополит Струмички Наум:  ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦЕ, спаси нѐ!

Митрополит Струмички Наум: ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦЕ, спаси нѐ!

Севкупниот Домострој на нашето спасение е дело на нашиот Бог – Света Троица, од Отецот, низ Синот, во Светиот Дух. Овој Домострој е Христоцентричен (исто како и нашиот живот во...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Тајната на Крстот

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Тајната на Крстот

Во животот неизбежно ќе страдаме и ќе носиме крст, сакале или не, и ќе бидеме распнати, сакале или не, и ќе умреме на него, сакале или не, но на крстот...

Митрополит Струмички Наум: КРСТОПОКЛОНА НЕДЕЛА (03.04.2021)

Митрополит Струмички Наум: КРСТОПОКЛОНА НЕДЕЛА (03.04.2021)

 Во секое наше лично страдање Го препознаваме првенствено Христос и го надградуваме нашиот личносен однос со Него. Самото страдање е реално, но тоа останува во втор план, затоа што преку...

« »