логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Интервју

АМЕРИКАНСКО-КАНАДСКИ МИТРОПОЛИТ МЕТОДИЈ

Да се отвориме за животворноста на оптимизмот

Најважно е, барем кога сме во радоста на празниците, да го отвориме срцето за насушниот животен оптимизам, препорачува владиката Методиј, загрижен за моралната и идентитетска криза, за духовната сиромаштија и за омразата во која живееме

Петта година откако сте хиротонисан за владика, заедно со митрополитот Пимен, епископот Климент и митрополитот Иларион. Дали успеавте да внесете промени, да ја осовремените МПЦ?

- Функцијата на Црквата не е во тоа таа да му се приспособува на современото општество, туку да биде негова духовна авангарда. Таа е носител на суштинските и вечни атрибути на една религиозна култура, носител на здравиот морален критериум на едно општество. Нејзиното постоење, во таа смисла, треба да биде одраз на фактичката, или како што вие велите, современата состојба и ориентација на едно здраво општество. Подмладувањето на Синодот на МПЦ пред пет години не треба да се сфати како почеток на некаков спектакуларен пресврт во Црквата, туку како природен процес во кој една инстанција на Црквата си ја обезбедува својата иднина. Оттаму и освежувањето во црковните редови не е толку во некакво радикално спротивставување со концепциите на нашите постари браќа архиереи, како некаков гладијаторски натпревар на екипата на постарите и помладите, туку во можноста секој од нас да го вложи своето духовно искуство и своите таленти во оној делокруг, т.е. во црковната диецеза која му беше поверена на духовна грижа.

Какви промени Вие би посакале во црковното дејствување?

- Пред с` поорганизиран пристап и поголема транспарентност во комуникацијата со јавноста, особено со медиумите. Црквата во својата активна мисија треба да го зачува достоинството на учител и просветител на народот. Овој разговор е одличен пример за тоа. Се договоривме за божикно интервју, а епитетот божикно не е оправдан со ниту една реплика во него. Со тоа не би сакал да Ве дисквалификувам Вас како квалитетен новинар, ниту Вашиот почитуван весник, но тоа е показател дека на луѓето професионално ангажирани во јавните медиуми, по прашањата врзани за Црквата, првата асоцијација или инспирација не им е во содржините од христијанската духовност, од културата на празнувањата или есхатолошкиот оптимизам што човекот го наоѓа во црковното учење, туку нешто сосема друго, нешто премногу формално, а премалку човечко. Ние, луѓето од Црквата, не треба да забораваме дека сме повикани да ги даваме вистинските одговори уште пред да бидат поставени погрешните прашања.

Сметате ли дека МПЦ толку се доближи до световната власт (митрополитот г. Иларион благослови комитет на ВМРО-ДПМНЕ), што е нарушена секуларноста на државата?

- Секој архипастир суверено дејствува во својата епархија и секој од нас е одговорен пред Бога и пред својот народ за она што го презема како дел од својата лична мисија. Од истите причини, констатацијата дека МПЦ е премногу блиску до световната власт е премногу грубо обопштување на нештата. Секое демократско општество прокламира секуларен принцип, кој, да не заборавиме, се темели на концептите од миланскиот едикт на свети Константин Велики, со кој се им гарантираат религиозните права и слободи на сите граѓани во едно општество. Од оваа перспектива, а во функција да се еманципираме од рецидивите на претходниот политички систем, треба да престанеме да ги мешаме поимите секуларизам и атеизам. Меѓу нив апсолутно не постои знак на равенство. Секуларното општество не значи и општество во кое се загарантирани само правата на атеистите. Уште помалку тоа не подразбира маргинализирање на религиозните потреби и слободи на граѓаните. Ние тоа всушност го направивме со првото и второто укинување на веронауката во основното образование. Дали тоа ја прави Црквата, или која било верска заедница, поблиска да власта? Секуларистичкиот принцип подразбира непристрасност и коректен сооднос меѓу институциите на државата и верските заедници. Во таа смисла, во едно современо секуларно општество, институциите на власта треба да бидат покровители, а не цензори на духовното и културното живеење. Во с` друго релациите меѓу Црквата и државата ќе се сведуваат на манипулација, антагонизам и меѓусебна злоупотреба. Со еден збор - пекол.

Сметате ли дека граѓаните повеќе кокетираат со религијата, отколку што се искрени верници?

- Кој може да ја измери религиозноста или посветеноста на еден човек во верата? Сите ние сме неповторливи како личности, па и нашите мотиви, или потребата да веруваме или не, се апсолутно различни и уникатни. Со позитивен или негативен предзнак. Еден од темелниците на христијанската етика е јасната дистинкција меѓу гревот и грешникот, меѓу болеста и болниот. Против гревот т.е. болеста ќе се бориме со сите благоразумни сили, нема да ја оправдуваме, ниту ќе ја прифаќаме, но поради тоа не значи дека на грешникот, т.е. болниот треба да фрламе со камења. Конечно, кој е совршен, кој е безгрешен? Само еден Бог. Ако немаме сили да го љубиме човекот со сите негови слабости и доблести, барем да се научиме да го сожалуваме во неговиот привремен пад. И преку она што го зборувам и пишувам, а уште повеќе со сведоштвото на она што го живеам, укажувам на лошите навики и неразумните обичаи што со своето вкоренување суштински го разнебитуваат нашето морално битие. Што се однесува до кокетирањето како симптом, тоа е својствено на сите историски епохи и во сите религиозни култури. Тоа некогаш е воведна фаза, некогаш е беконовски идол на театарот, а опасен е имено тогаш кога се претвора во хронично заболување на душата. Тоа е како да глумиме дека јадеме. Во еден момент едноставно ќе умреме од глад.

Дали сте оптимист дека СПЦ ќе се согласи прво на преговори, а потоа и за решение, особено сега кога е актуелен случајот со Вранишковски?

- Вранишковски не беше актуелен случај ни тогаш кога беше актуелен случај. Како што уште пред неколку години една ваша колешка, жал ми е што во моментов не можам да се сетам за нејзиното име, убаво го опиша скандалот со Вранишковски: тоа е како сообраќаец да казни возач на „фиќо“ затоа што возел со брзина од 300 километри на час. Не знам дали станува збор за патолошка потреба од сензационализам, ослабени инстинкти за самоодржување на личното достоинство или едноставно мазохизам, но постојаното површно реконтекстуализирање на еден инсталиран раскол во МПЦ, која единствена меѓу помесните православни цркви го немаше овој проблем с` до кутриот Вранишковски, е благо речено симптоматично. Пред с`, не е прашањето дали СПЦ ќе се согласи или не, и дали ќе даде некакво решение или не, и согласноста и решението зависат од задоволително ниво на добра волја и црковна дипломатија и на двете страни, што според моето скромно мислење во моментов недостигаат. СПЦ се соочува со исклучително тешки внатрешни искушенија и расколи и ниту е подготвена, а не се забележува и некое особено расположение процесот на преговори до конечна разрешница да продолжи. Екстремната поларизација во Соборот на СПЦ од една страна, но и политичката услуга што за големи пари дел од српските архиереи им го направија на нашите банкротирани соседи од југ со парализирање на разрешницата од преговорите преку креирањето и наводното признавање на таканаречената ПОА, ги доведоа нештата до (се надевам) привремен апсурд.

Можни ли се некакви преодни решенија како „самостојна“ или „автономна“ во рамките на СПЦ за потоа да ни биде признаена автокефалноста?

Преодните решенија и опции се веќе општо место. Сите варијации се толку пати повторувани што е дегутантно да се преповторуваат. Најважно е да не се отстапува од канонско, т.е. црковно решавање на проблемот. Политиката го расипа и со политика нема да се поправи ништо во него.

Дејствувате во Американско-канадската епархија на МПЦ. Загрижени ли сте за опстојувањето на македонскиот идентитет во дијаспората?

- Многу сум позагрижен за опстојувањето на нашиот идентитет тука, во татковината, одошто оној на нашите во светот. Толку долго ни се сервира идејата дека Европа или некој однадвор, магиски, по брза постапка, откако ќе задоволиме некои невозможни, а често и непристојни услови, ќе н` пушти низ портите во посакуваната благосостојба, што почнуваме да се однесуваме и да се чувствуваме крајно исфрустрирано. И на професионален и на приватен план. Не постои политички или културен натпревар меѓу разномислените партиски опции, ако воопшто може да се зборува за некоја сериозна и конзистентна идеолошка диференцијација, или опции. Наместо тоа, с` почести се ерупции на сирова навивачка омраза која длабоко загазила во реваншизам и лични навреди во кои секој секому с` може да му каже, без оглед на консеквенците, а за чистиот образ или достоинството не станува ни збор. Моралната криза, која не се гледа, е многу подлабока од материјалната, која е секогаш видлива, по ќошињата, крај контејнерите за отпадоци, на раскрсниците, во болниците, зад школските дворови итн. Така работите се согледуваат од дистанца.

Мислам дека најважно од с` е, ако не во текот на целата година, барем кога сме во радоста на празниците, да го отвориме срцето за насушниот животен оптимизам, издигнувајќи се над инерциите на секојдневните грижи и проблеми, кои некогаш ни се чинат многу пофатални, отколку што навистина се. Со радост да си го носиме крстот и да си го чуваме човечкото достоинство поради кое Бог се роди и стана Човек.

Бранко Ѓорѓевски - Дневник

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Ноември 14, 2023
Tamara.Kotevska

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи гласовна нарација (испорачана од друга девојка, а не од Асил што ја гледаме на екранот) која е резервна, поетска и застрашувачка. „Треба да најдам место каде што можам да ги…
Октомври 15, 2023

Почнува 8-то издание на „Киненова“

Со проекција на филмот „Зад стоговите сено“ на грчката режисерка Асемина Проедроу и доделување на наградата за особен придонес во филмската уметност на актерот Бранислав Лечиќ денес (13.10.) во Синеплекс со почеток во 20 часот ќе биде отворено 8 издание на…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 1233
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Промоција на Речник на медиумска писменост

Мај 31, 2023 Литература 1554
Ова лексикографско издание е прв сериозен обид за систематизирање на термините коишто се…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

 Спознанието на вистината, на лично ниво, не е интелектуално човечко достигнување, туку, пред сè, е Божји дар на просветленост на умот и обожение на личноста; дар Божји кој се добива...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

Милoстињата штo сe прави oд цeлиoт ум, гo чисти чoвeкoвиoт ум. Сo eдeн збoр внатрeшната милoстиња гo исчистува цeлиoт чoвeк. Акo e милoстињата самo oд рака, таа нe ја чисти...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

 Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Што се случува со оние кои Страшниот суд ги затекнува во грев и пад? Тоа што Богочовекот Христос воопшто стапува во дијалог со нив, колку и да звучи тоа страшно...

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Параболата за цариникот и фарисејот претставува длабоко проникнување во човековата душа, и за нас е многу важно да го задржиме нашето внимание врз ова кажување. Оваа парабола нема во предвид...

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Каква умилна слика ни претставува Сретението Господово! Старецот Симеон во раце Го држи Младенецот, спроти него – праведниот Јосиф и Пресветата Дева Богородица; во близина – пророчицата Ана, постничка и...

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Современиот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела....

Беседа на денешното Евангелие, посветена на Преподобна Ксенија Римјанка

Беседа на денешното Евангелие, посветена на Преподобна Ксенија Римјанка

Да се потсетиме на еден збор што го слушнавме од светиот Апостол, он спомна „посиновување“. Он спомна нешто што е навистина пресвртница во човековиот живот. Во човековиот живот, покрај тоа...

« »

Најново од култура

Православен календар

 

18/04/2024 - четврток

Велигденски пости; (строг пост)

Светите маченици Агатопод и Теодул; Преподобен Марко Трачески; Преподобна Теодора Солунска;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Вистина непоколеблива имајќи во срцата вашиАгатоподе и Теодуле,познавте дека земниот живот е суета, сенка и сон,а верата во Љубовта го...

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Славен и прославен е Господ од целиот род човечки,што изнедри таква фиданка како тебе о, Јосифе,рако продолжена на Духот Свети,поттикнат...

Тропар на светиот Христов исповедник преподобен Никита 3 април / 16 април 2024

Тропар на светиот Христов исповедник преподобен Никита 3 април / 16 април 2024

Исповедниче на православието,пастиру на овците словесни,велик молитвенику, од Никифора преподобниотдуховно роден, од Тарасие Патријархотсо оклопот на свештенство облечен,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная