логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail


сонзорирано од Скопско Smooth
Фотографии: Елена Фиданска

 
Презентацијата на уметноста, особено на сликарството, е потешка од што изгледа ако на располагање го имаш само пишаниот збор.

Но и во тоа е умешноста. А бидејќи тимот на Reborn обожава предизвици, ќе се обидеме преку микс на зборови и фотографии да ти ги доближиме идеите, размислувањата и ставовите на две исклучително талентирани и млади колешки-сликарки, Ивана („#НеСум плавуша, фарбана сум”) и Ана („#НеСум drama queen”). Овие две уметници овој петок во Концепт 37 за првпат ќе имаат шанса да ја презентираат својата уметност надвор од своите атељеа.

Ивана Мојсовска е девојка која секогаш е во брзање, честопати го губи новчаникот (понекогаш и по пет пати на ден), се плаши од досада, сака нови предизвици, си ги обожава сестрите, знае да наслика и пет слики за дваесет минути ако и се погодат тие минути, а емоцијата е нејзиниот канализатор во уметноста.

Од друга страна пак Ана Апостоловска е девојката со сина коса и коси очи, која го обожава океанот и ужива во негово сликање. Често додека работи Ана заборава како е да се стои исправено, па слика во позиција на блага шпага. Заљубена е во аниме серии, слуша рандом бендови и им мјаука на мачињата во комшилук. После дипломирањето планот и е да се пресели покрај вода и да живее во хармонија со своите кактуси. А да обожава да ја буди Ивана секое сабајле.

 

Која е вашата приказна? Како се запознавте? Дали пред првата ваша самостојна изложба која ќе се случи овој петок во Концепт 37 имавте и некои други обиди за заеднички проект? Како изложбата го доби името „⅞“? Кажете ни нешто повеќе за неа.

Се запознавме за време на приемниот испит за факултет, а следниот ден веќе ги имавме исцртано ѕидовите во нашето атеље, кое инаку претходно беше спалната соба на Ивана. Со оглед на тоа дека по цели денови сме на факултет, поминуваме многу време заедно и делиме до некаде исти професионални искуства, многу лесно успеавме да го склопиме  концептот на оваа наша прва самостојна изложба т.е. прв заеднички проект.

Идејата за изложбата се роди сосема случајно и нејзиното планирање одеше како подмачкано, без никакви проблеми. Идејата на изложбата е првично да излеземе надвор од комфорт зоната, да ја смениме сцената и да се презентираме пред публиката. Ја нарековме „7/8“, бидејќи го бележи датумот кој на нас две ни е од огромно значење. На изложбата ќе бидат поставени екпресивни апстракции и портрети, слики на кои работиме цела година.

 

 

При крај сте со додипломските студии на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Дали имате некои планови за после студиите? Кажете ни нешто повеќе за минатогодишната групна изложба организирана во рамки на факултетот. Дали можеби и оваа година ќе има нешто слично?

Размислуваме да запишеме магистерски студии надвор од границите на Македонија, да го збогатиме нашето професионално портфолио, па ако успееме би сакале да живееме единствено од уметност.  

Секоја година во мај, Факултетот за ликовни уметности организира годишна изложба каде учевствуваат сите студенти со своите ремек-дела и танцуваат до сабајле. Тоа значи дека и оваа година повторно ќе се одржи ваква изложба, па имате отворена покана да нè посетите повторно оваа година.

 

 

Дали има некоја личност која може да ја наречете „ментор“, која ви помогна на почетоците или пак во изградбата на вашиот стил? Како тој/таа конкретно ви влијаеше?

Многу сме среќни што овие цели четири години ги поминавме со Проф. Благоја Маневски, кој несебично ги споделуваше и сè уште ги споделува неговите искуства како уметник со нас, на еден искрен и коректен начин. Денес, да бидеш искрен, реален, објективен човек кој отворено да разговара за проблемите и фрустрациите на денешницата е многу редок случај, а ние токму тоа го имавме со нашиот професор.

 
Кои ви се моментално омилените странски и домашни уметници?

Од странските, јасно и гласно изјавуваме дека ги обожаваме сите мангупи кои го основале апстрактниот експресионизам како правец, а од домашните би ги издвоиле Мартиновски, Касиопеја и Андов.

 

 

Од кога се занимавате со сликарство? Дали се сеќавате на моментот кога за прв пат пробавте и сфативте дека тоа е она со што сакате да го исполните животот и деновите?

Ивана: Од кога се занимавам со сликарство? Па од пред некое време, дури можам да кажам дека тој период е многу краток. Уште од мала обожавав да цртам, но никогаш не мислев дека еден ден ќе одговарам на прашања по повод мојата прва изложба.

Опседната со мода, моите цртежи можеа да се видат само во форма на некој фустан, сè до моментот кога пред едно 5 години влегов кај Милан Андов во атеље и си реков „чекај малку, застани, фрли ги иглите и фати четка во рака“. Токму тоа го направив. Прво па машко, кај Милан Андов во атеље. Можам слободно да кажам дека тој го направи пресвртот во мојот живот и пресреќна сум поради тоа.  

Ана: Јас ќе звучам малку клише-сто, но интересот за цртање кај мене се појави на поприлично рана возраст. Уште од основно школо знаев дека нема да бидам сјајна во решавање на математички проблеми, ама затоа цртав феноменални портретите од Хари Потер. Не постоеше дилема каде ќе се запишам во средно школо, а уште помалку каде ќе продолжам на факултет и многу ми е мило што целосно и се посветив на уметноста, затоа што ме донесе каде што сум денес – во подготовки на мојата прва изложба.

 

Освен пасијата кон сликарството, што друго го исполнува вашиот ден?

Слободното време го немаме во изобилие, но тогаш кога го имаме, гледаме да го искористиме за јадење на прејакиот компир во Менада и да испиеме по една, две, три, десет пијачки во Минус Еден. А за сето тоа добро да се свари и правилно испари од нашите оргазнизми, гледаме да пешачиме буквално секој ден на реалација Педагошка – Сули Ан.

 
Кога би можеле да изберете да поминете еден пролетен ден на пикник со 3 уметници, од било каде и од било кој момент од историјата, кого би избрале? Што би јаделе и за што би правеле муабет?

Ќе си седнеме со Warhol, Pollock и de Kooning во Central Park, NY, па 100% ќе ни се пријаде хот-дог. Откако ќе земеме по некој хот-дог, од таму ќе се отвори темата за „Дали сенфот е боја окер или листопадна жолта?”. Нормално на крај ќе останеме гладни.

 

 Извор:

http://preminportal.com.mk/administrator/index.php?option=com_content&view=article&layout=edit&id=18766

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 26, 2022
TViTer448

„Турска бања“ на Националната галерија изложена во Европска престолнина на културата за 2022, Нови Сад

„Ваквите претставувања отвораат врати за идни билатерални соработки помеѓу нашите земји. Особена чест и задоволство е за Националната галерија да биде дел од ваков исклучителен настан. Значението на учеството е дотолку поголемо бидејки ние како институција
Јули 24, 2022
TViTer319

ТРКАЛЕЗНА МАСА ЗА ПОДАТОЦИТЕ ЗА Е-ТРГОВИЈАТА ВО НАШАТА ЗЕМЈА

Од АЕТМ велат дека со оваа тркалезна маса, Асоцијацијата за е-трговија на Македонија и Државниот завод за статистика иницираат соработка меѓу засегнатите институции и се вклучуваат во напорите за започнување на јавно-приватен дијалог помеѓу релевантните…

Конгресот на САД ќе носи резолуција за славење на македонскиот јазик и наследство

Јан 27, 2022 Друго од култура 722
Во Конгресот на САД е покрената резолуција за прогласување на септември 2022 за „Месец на…

„Анатомија на бумбарот” на Стефан Марковски

Дек 28, 2021 Литература 821
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel
Во романот, чие македонско издание е објавено од „Паблишер“, се дефинира енергична и…

Поезија од Стефан Марковски застапена во меѓународна антологија на шпански јазик

Окт 23, 2021 Литература 1403
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel
„Преминот на поетските гласови бара прекугранични и меѓугенерациски средби и точки на…

Беседи

Митрополит Тимотеј: † ВОЗДВИЖЕНИЕ НА ЧЕСНИОТ И ЖИВОТВОРЕН КРСТ - КРСТОВДЕН

Митрополит Тимотеј: † ВОЗДВИЖЕНИЕ НА ЧЕСНИОТ И ЖИВОТВОРЕН КРСТ - КРСТОВДЕН

Честопати може да се слушнат прашања од наши верници за значењето на овие зборови. Што значи да се земе својот крст? Секој човек има свој крст и тој ќе го...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Струмички Наум: Воздвижение на Чесниот Крст (26.09.2022)

Митрополит Струмички Наум: Воздвижение на Чесниот Крст (26.09.2022)

Ако некое страдање (Крст) ни предизвикува очај наместо радост, тоа е знак дека треба да го смениме нашиот однос со Бог, односно знак дека нашиот однос со Бог сигурно е...

Беседа на г. Дамаскин, Митрополит на Додимотихо, Орестиада и Суфли

Беседа на г. Дамаскин, Митрополит на Додимотихо, Орестиада и Суфли

Како што видовте на Светата литургија, на двата јазика, сите заедно ја служевме оваа литургија без да постои прекин или пречка. Познато ми е за да дојдеме до овој момент,...

Митрополит Струмички Наум - Напразно потрошено време

Митрополит Струмички Наум - Напразно потрошено време

Што правиме ние? Најчесто, не се трудиме доволно да ги извршуваме нашите дневни обврски во послушание, свесно и согласно Божјите заповеди – во слава Негова и за добро на ближните,...

арх. Андреј (Конанос) - Јас имам нешто добро, а тој- не!

арх. Андреј (Конанос) - Јас имам нешто добро, а тој- не!

Непријателот веќе не го попречува духовниот живот, но настојува да го оскверни, а потоа и да го уништи тоа што е стекнато на тој пат. Тој ти всадува славољубие и...

Митрополит Струмички Наум – Рождество на Пресвета Богородица (2022)

Митрополит Струмички Наум – Рождество на Пресвета Богородица (2022)

Освен ова благодатно проникнување, проземање, друг начин на постоење и спасение за нас, христијаните, е невозможен, и незамислив. Ние не сме етичко тело, ние сме Тело Христово – еден со...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Св. Фотиј Велики - За Рождеството на нашата Пресвета Дева Богородица

Св. Фотиј Велики - За Рождеството на нашата Пресвета Дева Богородица

Девата се раѓа од неплодна утроба, но дури и да била плодна, рождеството пак би било чудесно. О, големо чудо! Штом времето на сеење поминало, тогаш жетвата дошла; штом огнот...

« »