логоFacebookTwitterYouTubeeMail


Човекот кој го напушти Google и се врати во Македонија


Со Игор Трајковски, освен за Time.mk и секако работното искуството во Google, разговаравме и за можностите за развивање на нови бизниси користејќи ги широките можности кои ги нуди Интернетот, како и за актуелните најави за реформите во високото образование, поради фактот што и самиот тој, како професор, но и студент кој ги запознал одблиску образовните системи и на Германија и Словенија, дава свои размислувања и идеи за тоа што значи добро и квалитетно високо образование.

Денешниот гостин во рубриката „На ручек со…“ можеби лично не го познавате, но сигурно редовно се „закачувате“ на неговиот сајт- Time.mk кога сакате да ги дознаете најновите информации од земјата, па и од светот, а притоа да останете на едно место.

Самиот факт дека Time.mk е најпосетуваниот агрегатор на вести во земјава го наметнува заклучокот дека за секој активен корисник на Интернет, порталот Time.mk е првиот сајт кој на дневна основа го пребарува, кога сака да ги има сите вести на едно место.
Професор Д-р Игор Трајковски, или „мастермајндот“ на овој собирач на вести на едно место, не само што е пионер во воведувањето на ваков агрегатор во Македонија, туку е и еден од првите Македонци кои работеле во најпосакуваната фирма во светот Google, коај угледниот магазин „Форбс“ неколку години по ред ја прогласува за најпосакуван работодавач. Трјковски бил на два пати дел од Google-еднаш во Америка, вториот пат во Швајцарија.


Igor Trajkovski

    Направија еден куп згради за разно разни цели, може една да се направи за старт-ап бизниси. За фирми со по двајца вработени. Треба да им дадат само струја, вода, телефон и интернет, и да се остават децата да работат“

Секако, на таквиот успех веројатно „љубоморат“ многу негови колеги од ИТ секторот, кои сигурно сонуваат за работа во оваа компанија, но за скромниот професор Трајковски искуството во Google е само попатна станица, која му ги проширува хоризонтите во она што тој сака да го изучува и го прави љубопитен- вештачката интелигенција и паметните алгоритми.

Во денешната рубрика, со Трајковски, освен за Time.mk и секако искуството во Google, разговаравме и за можностите за развивање на нови бизниси користејќи ги широките можности кои ги нуди интернетот, како и за актуелните најави за реформите во високото образование, поради фактот што и самиот тој, како професор, но и студент кој ги запознал одблиску образовните системи и на Германија и Словенија, дава свои размислувања и идеи за тоа што значи добро и квалитетно високо образование.


Од Google сами ме контактираа!

Игор Трајковски е роден во Скопје, во Долно Лисиче. Отсекогаш негувал љубов кон математиката и кон информатиката. Уште од основно училиште редовен е на сите натпревари, прво по математика, а потоа и во информатика. При запишување на студии, имал повеќе дилеми, на кој факултет да студира- ПМФ или Електро- факултет. Барајќи начин да ја реши дилемата, кратко време поминува во Русија, но се враќа назад и дипломира на ПМФ во Скопје. По дипломирањето продолжува на мастер студии во Германија, а докторира во Словенија. Меѓу мастер студиите и докторските студии, прави пауза од една година, барајќи тема на која сака да ја пишува својата докторска дисертација, па додека истражувал за докторската тема, се отвора можноста за вработување во Т-Мобиле во Македонија. Набрзо, сфаќа дека тешко е да се работи и да се прави докторат, па заминува во Словенија, каде целосно се посветува на студиите.


Igor T

    Треба да се напушти малку популистичката политика. Никаде во свет нема 96% од средношколците да студираат“

Можноста за работа во Google доаѓа уште додека е во Љубљана. Бил лично контактиран од хед- хантерите на оваа мултинационална компанија, чија пракса е да ги интервјуираат студентите кои покажале добри резултатите на меѓународните натпревари по информатика. Откако ги поминал сите интервјуа, се сели во Калифорнија, и добива канцеларија на само неколку метри од канцеларијата на тогашниот извршен директор на Google- Ерик Шмит.

„Искуството да се работи во таква компанија е непроценливо. Канцеларијата во која работев беше на пет метри од канцеларијата на Ерик Шмит, поранешниот ЦЕО на Google. Таму владееше доста отворена и релаксирана атмосфера. Имавме пристап до целата документација за тоа како работи веб- сајтот. Дополнително, компанијата нуди идеални услови на работа, канцеларии во кои вработените имаат се што им треба само за да не си отидат дома. Нуди три оброци зготвени од професионални кувари кои се најмени од најдобрите хотели во Америка. Последниот оброк е во 17 часот, а непишано работно време беше 16-17 часот. Тоа беше мотивација да останеш повеќе на работа и да поработиш уште два три часа повеќе“, низ смеа раскажува Трајковски.
Во Google во Америка работел шест месеци. Една година подоцна добива шанса да ја искуси и атмосферата во европската канцеларија на Google во Швајцарија. Вели дека работната атмосфера и инфраструктура е иста. Разликата е во проектите во кои се работат. Во Америка работел во тимот за персонализација на реклами, додека во Швајцарија на автоматско тестирање на софтверски решенија за потребите на Google.
Со оглед на фактот дека се повеќе млади студенти заминуваат во странство, логично се наметна и прашањето, зошто при таква блескава кариера, референци кои можат да му отворат врати во било која светска компанија што ќе ја посака, Трајковски решил да се врати во Македонија.
„Тоа беше лична одлука. Не се заснова на некои пресметки, услови за работа. Секако Америка како држава и како услови кои ги нуди за работи е најдоброто место, особено за мојот сектор. Но, тоа беше лична, психолошка одлука, некое чувство на не припаѓање таму. Јас социјално не се снајдов таму“, вели Трајковски и додава дека и седум години подоцна не жали за така донесената одлука.


Од фирмите зависи колку ќе го користат Интернет пазарот

Идејата за Time.mk се јавува додека бил во странство. „Ми фалеше сајт на кој на едно место можам да ги видам сите информации кои ме интересираат“. Имајќи подобар увид во начинот на работа на Google News, кога се враќа во Македонија, сам ја прави палтформата. Од 100 посети на ден, за кратко доаѓа од 1500 посети на ден, а денес веќе е најпосетуваниот агрегатор во земјата.
Идеја за овој агрегатор воопшто не била замисла која треба да прерасне во бизнис кој ќе го развива, но поради успехот кој до доживува, потребата од тоа сама се наметнува. Трајковски фирмата ја регистрирал дури во 2010 година, две и пол години од првото лансирање на порталот.
Вели, токму така и треба да се бараат идеите за развивање на бизнис. „ Мојот став во однос на претприемништво и смислување на нови работи го сведувам на две работи- да се види што има во странство, што може да ви фати око и може да биде интересно и кај нас, и да се проба да се направи тука, нема ништо лошо во тоа. И втор начин, самиот ти како човек, да видиш што ти треба во секојдневниот живот. Што е она што ве тера да речете- „е да го имаше ова во Македонија, ќе беше супер“. Најдобрите фирми што се направени во свет, се од луѓе кои направиле продукти на кои се и први корисници. Најуспешните се тие каде самиот сопственик е првиот корисник. Оти тој најдобро знае што е она го треба да го даде со продуктот. Од таму треба да доаѓа инспирацијата“, објаснува тој.
Според него, допрва почнува приказната со интернет бизнисите. Но, тука спрегата за развој веќе не ја гледа кај граѓаните, туку кај фирмите и нивната креативноста да понудат платформи кои ќе одговорат на барањата на клиентите, уште повеќе да ги предвидуваат нивните барања.
„До пред појавата на сајтовите за групно купување, некако владееше клима дека граѓаните во Македонија не сакаат да ги употребуваат картичките за интернет купување. Но, тој мраз го скрши Grouper.mk и треба да го земат целиот кредит за тоа, оти тие се оние што го разработија овој бизнис. Со тоа се покажа дека луѓето, ако им дадеш нешто интересно или паметно немаат проблем да остават картичка и да купуваат он- лајн. Затоа сега одговорноста е кај фирмите- колку тие се спремни да направат сајт кој ќе понуди целосно имплементирано решение- од почеток на услугата- па се до крај. Затоа мислам дека сега се најмногу зависи од фирмите и нивната креативност да го користат овој пазар, а не толку од граѓаните, оти тие веќе го надминаа тој баук дека на интернет се краде и дека не треба да се купува он- лајн“, вели тој.
Притоа додава дека воопшто не треба да се смета за срамно, доколку некој претприемач во земјава искористи идеја која веќе е разработена во странство. „Не се срамам, ниту се плашам, ниту пак ми е под чест, да ископирам некоја добра идеја од надовор што функционира и работи, а што ја нема тука, и да се проба. Оти и копирањето не е лесно“, вели тој.
Нема логика 96% од средношколците да се запишат на студии

За оние што редовно го следат Трајковски на социјалните мрежи, добро е познат фактот дека тој е активист, кој редовно ги споделува своите ставови и мислења за општествените процеси во земјава. Особено беше цитиран со неговите ставови околу последните законски измени за високото образование.

  Trajkovski

Не треба сурово да се гледа на сите ставови на социјалните мрежи и да се носат престроги заклучоци. Мојот заклучок е дека таму се кажуваат многу работи, но во реалноста луѓето се плашат да го спроведат тоа во пракса“

Се согласува дека критериумите во македонското образование се значајно намалени, но смета дека воведувањето на државен испит не е решението за подобро и поквалитетно образование, а уште помалку решение е државата целосно под контрола да го земе образованиот процес во свои раце. „Зошто да не можам да студирам на било кој универзитет во земјава и сам да одлучам дали ќе продолжам во приватен сектор или во странство. Вака државата директно ми го скратува правото на студирање“, вели тој. Според него ,потреба е подлабока реформа во образованието, која подразбира справување со неколку аномалии. А вината за раѓањето на неквалитетните кадри, вели тој, треба да си ја бара државата кај себе, оти таа е институцијата која им дала акредитација на самите универзитети.
„Еден од првите промени што мора да се направат е да се регулираат платите на професорите. Од мое лично искуство можам да потврдам дека луѓето што се професори на факултет, навистина сакаат да бидат професори. Нешто што најмногу сакаат да го прават е да предаваат на факултет. Но, платите се прениски. Конкретно, мојата плата е 31 илјада денари, 23 илјади од државата, а 8 илјади од сопствени средства на факултетот, а има и такви професори кои земаат само 23 илјади денари плата.
Додека во исто време “од ракав” се создаваат позиции во администрација со почетна плата од 35 илјади денари, професорите работат за 23 илјади. Мислам дека државата за да добие поквалитетни професори, мора да им се покачат платите. Не може шофер во УЈП да зема 29 илјади плата, а професор 23 илјади“, вели тој.
Освен платите, според Трајковски, многу важно е да се вложува и во што е можно повеќе научни проекти. Трето, да се воведат приемни испити. „ Последните конкурси за запишување на факултетите откриваат идеја дека политиката на државата е да ги преземе сите средношколци. Затоа нема и приемни. Се полнат квотите на факултетите. Се нема мерка, само се гледа што поголем број студенти да се запишат оти факултетите добиваат пари, поради партиципацијата од 200/400 евра, па затоа постои тепачка за студенти, било какви. На државата, пак, уписот на факултет и големите квоти и годат за да се контолира и вештачки намали процентот на невработеност.Треба да се напушти малку популистичката политика. Никаде во свет нема 96% од средношколците да студираат. Тоа не е логично “, вели Трајковски.
Според него, место мешање на државата во автономијата на универзитетите, тој предлага државата да им помогне на младите способни кадри, на тој начин што ќе ги охрабри и поддржи во реализирање на нивните бизнис идеи.
„Државата може да се вклучи на тој начин што ќе го поттикнува претприемништвото меѓу студентите. Да ги поддржи најдобрите студенти да стартуваат некоја идеја. Направија еден куп згради за разно разни цели, може една да се направи за старт-ап бизниси. За фирми со по двајца вработени. Треба да им дадат само струја, вода, телефон и интернет и да се остават децата да работат, да ги развиваат своите идеи“, вели тој.
За крај, ни откри дека освен што работи на унапредување на Time.mk и е редовен професор на ФИНКИ- Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, во моментот работи на четири локални проекти, кои наскоро ќе бидат промовирани во јавноста. А ние со нетрпение чекаме да ги погледнеме!


IMG_4925


Откровение ми стана органското производство на храна

Освен професорската улога и љубовта кон информатиката и вештачката интелегенција, Трајковски вели дека во последните две години слободното време најмногу го користи за создавање фолии преку кои органски произведува храна. „Тоа ми е откровение. Веќе сум член на неколку групи поврзани со органско производство на храна, каде разменуваме најразлични искуства од одгледување на посебни семиња, па се до начинот на изработка на фолиите“, вели тој.

Извор: Капитал



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Април 07, 2021
Aleksandar.N.sv.Haralampij

Збирка раскази „Фауст го трча плебејскиот круг“ (Faustus Runs the Plebeian Circle)-Стефан Марковски

Збирката раскази по промотивна цена е дистрибуирана и на повеќе книжевни платформи, како Barnes and Noble, Vivlio, Apple Books, Thalia, Kobo, Booktopia, Weltbild, Paagman, Ibs, Indigo и други. На македонски јазик книгата која инкорпорира 6 приказни, како…
Април 04, 2021
Aleksandar.N.sv.Haralampij

Книгата може да им помогне на децата да си го изградат идентитетот

Секоја генерација на деца има свои проблеми и затоа треба авторите да ги следат денешните деца и да знаат што тие сакаат да прочитаат. Авторите од западноевропските земји се многу похрабри и добро е што издавачите прават напори да ги преведат, но им…

Соопштени европските награди за драмски превод за 2021 година, меѓу нив три на македонски јазик

Мар 22, 2021 Литература 120
Aleksandar.N.sv.Martinijan6
Исто така, меѓу најдобрите од два други јазични комитета се најдоа и преводите на две…

Македонскиот поет Игор Крајчев е поет на неделата на престижниот британски магазин “The Poet Magazine”

Мар 22, 2021 Литература 119
Aleksandar.N.sv.Haralampij
Инаку. ова застапување на македонскиот поет Игор Крајчев во британскиот магазин, доаѓа…

Истражување на Харвард: Кои луѓе се посреќни, оние со повеќе време или оние со повеќе пари?

Мар 22, 2021 Друго од култура 135
Aleksandar.N.sv.Haralampij
Истражувањата покажуваат дека луѓето кои имаат најмногу животни исполнувања повеќе…

Беседи

Жарко Ѓоргиевски: Недела на свети Јован Лествичник

Жарко Ѓоргиевски: Недела на свети Јован Лествичник

Потикнат од голема љубов кон Бога и Христовата наука, уште на 17 годишна возраст Јован го прифатил благиот јарем Христов и се упатил по тесниот пат, по кој одат праведниците...

ЗА ПОКАЈАНИЕТО - АРХИМАНДРИТ ГЕОРГИЈ КАПСАНИС

ЗА ПОКАЈАНИЕТО - АРХИМАНДРИТ ГЕОРГИЈ КАПСАНИС

И колку повеќе некој ја чувствува грешноста си, толку и се кае подобро и повеќе. И затоа го гледаме овој голем знак – тајна може да каже некој – во...

Митрополит Струмички Наум: Недела на свети Јован Лествичник (10.04.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на свети Јован Лествичник (10.04.2021)

Срцето на овој степен сè уште е заробено од страстите, така што демонот релативно лесно, преку помислите и сетилата, однатре, го наведува човекот на грев. Колку што човекот слободно му...

На свети Григориј Палама - Старец Георгиј Капсанис II дел

На свети Григориј Палама - Старец Георгиј Капсанис II дел

Црквата го прославува споменот на еден нов светител, светиот Николај Планас, еден прост отец, неписмен но свет, оженет свештеник од некогашна Атина. Свети Николај – по потекло од Наксос –...

О.Николај Киранџиќ: НЕДЕЛА НА СВЕТИ ЈОВАН ЛЕСТВИЧНИК

О.Николај Киранџиќ: НЕДЕЛА НА СВЕТИ ЈОВАН ЛЕСТВИЧНИК

 Болестите, пак, честопати се плод на нашата гревовеност, безаконие и неуреден живот, но честопати тие се и Божја казна за нашите гревови. Затоа, ако сакаме да се ослободиме од болеста,...

Митрополит Струмички Наум:  ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦЕ, спаси нѐ!

Митрополит Струмички Наум: ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦЕ, спаси нѐ!

Севкупниот Домострој на нашето спасение е дело на нашиот Бог – Света Троица, од Отецот, низ Синот, во Светиот Дух. Овој Домострој е Христоцентричен (исто како и нашиот живот во...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Тајната на Крстот

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Тајната на Крстот

Во животот неизбежно ќе страдаме и ќе носиме крст, сакале или не, и ќе бидеме распнати, сакале или не, и ќе умреме на него, сакале или не, но на крстот...

Митрополит Струмички Наум: КРСТОПОКЛОНА НЕДЕЛА (03.04.2021)

Митрополит Струмички Наум: КРСТОПОКЛОНА НЕДЕЛА (03.04.2021)

 Во секое наше лично страдање Го препознаваме првенствено Христос и го надградуваме нашиот личносен однос со Него. Самото страдање е реално, но тоа останува во втор план, затоа што преку...

За втората недела на постите - (на свети Григориј Палама) - Старец Георгиј Капсанис

За втората недела на постите - (на свети Григориј Палама) - Старец Георгиј Капсанис

Но светиот Григориј имајќи го опитот на аскетите на Света Гора и на сите свети Отци на Црквата ни, се спротистави на оваа прелест, на рационализмот на западниот Варлаам, со...

« »