логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Без културен нема ни политички идентитет

Важно е да се направи солиден план за заштита и менаџирање на Охрид и околината како локалитет што е светско културно наследство, вели генералниот директор на УНЕСКО

 

Македонија стана седиште на првиот Центар за дигитализација на културното наследство во нашиот регион. Покровител на иницијативата е УНЕСКО, агенцијата на Обединетите нации за култура, наука и за образование. Неговиот генерален директор, Јапонецот Коичиро Мацура, неделава пристигна во Скопје на отворањето на овој центар, прв ваков во Европа за да покаже колку проектот е значаен и со верба дека ќе биде реализиран на најдобар можен начин.Мацура е јапонски дипломат, правник, кој својата кариера ја почнал во 1961 година, во јапонската амбасада во Гана. Дипломатскиот пат го водел на повеќе континенти, а од 1992 до 1994 бил заменик на јапонскиот министер за надворешни работи. Земјите-членки на УНЕСКО во 1999 година го избраа за генерален секретар на таа организација, во време кога тој беше амбасадор на Јапонија во Франција. На крајот од својата посета, г-дин Мацура го прифати барањето на „Дневник“ да зборува за организацијата, за Македонија и за регионот.

- Ова е мојата втора посета на вашата земја. Првата беше во август 2003 година, кога присуствував на првиот самит на Југоисточна Европа, кој беше организиран по иницијатива на поранешниот претседател Борис Трајковски. Овој самит стана традиција. Бев шокиран кога слушнав за бруталната смрт на Трајковски. Неговото присуство, морам да ви кажам, ми недостасува. Тогаш го посетив само Охрид. Со претседателот Бранко Црвенковски се сретнав во октомври, кога зборуваше на генералната конференција на УНЕСКО. И сега повторно се сретнавме. Задоволен сум од позитивните резултати што произлегоа од серијата разговори со политичките лидери. Што се однесува до самитот што годинава се одржува во Атина, сакам да кажам дека тие се многу корисни. Кога прв пат се сретнавме во 2003 година, во Охрид, многу шефови на држави го изразија своето огромно задоволство што прв пат се среќаваат лидерите на земјите од Југоисточна Европа. Симболично е, ми рекоа, што се гледаме во Охрид. Десет години пред тоа имаше самит кога се сретнавме за да разговараме како да ја зачуваме федерацијата. Без успех. Овој пат се сретнавме за да разговараме како подобро регионално да соработуваме, ми рекоа. Политички тоа е процес на дијалог и помирување. Второ, разговараме за да се зачува културното материјално и нематеријално наследство. Културното наследство на овој регион е заедничко богатство на сите луѓе на Балканот. Овде постојат многу локалитети на светското културно наследство на УНЕСКО. Има и многу други локалитетите што се значајни за оралната културна традиција. Тие се заедничко наследство на земјите од регионот.

* Да, но грижата за нив не е заедничка.

- Па затоа се среќаваме. Сакаме да најдеме начини како да се зајакне соработката во регионот. Особено во овој домен.

ДИГИТАЛИЗАЦИЈА НА НАСЛЕДСТВОТО

* Регионална е и иницијативата за Центар за дигитализација за културното наследство на Југоисточна Европа. Како овој центар ќе се вклучи во мисијата на регионална заштита на културното наследство?

- УНЕСКО работеше многу со вашите експерти за да се етаблира овој регионален центар за нумеризација на културното наследство. Нумеризацијата на културното наследство во овој центар треба да биде референца во регионот. Постојат многу материјални и нематеријални културни наследства во овој регион и на некои им се заканува исчезнување, на некои оштетување од забот на времето... Затоа е важно статистиките и податоците да се нумеризираат и да се промовира културното наследство на регионот. Тоа не е се' уште направено никаде во Европа. Ова е прва ваква иницијатива и тоа во вашата земја. Центарот има цел да формира тим од експерти за нумеризација на културното наследство за регионот. Тоа се однесува на заштита на локални природни и културни локалитети.

* Ние го имаме Охрид како единствен локалитет под заштита на УНЕСКО. Дали вие во организацијата сте задоволни од начинот на кој се следат вашите упатства и начинот на кој се чуваат Охрид и неговата околина?

- Да, вие го имате Охрид. Овој локалитет има мешани културни и природни елементи. Многу е важно да се зачуваат двата елемента во оригиналната форма. Во овој дел има и голем биодиверзитет (биоразличност) и во езерото и околу него. Потребен е напор сето тоа да се зачува. Тука огромна улога игра локалната заедница, но не е помала ни одговорноста на владата. УНЕСКО од своја страна е спремен да ви даде технички совети и може да обучува експерти.

Сметаме дека досега заштитата на локалитетот е во ред. Но, не смее да се заборави дека секогаш постојат ризици. Тоа е голем локалитет и треба да се биде многу претпазлив.Важно е да се направи солиден план за заштита и менаџирање на овој локалитет, кој е светско културно наследство. И потоа, откако ќе има план, тој треба да се спроведува со многу енергија.

МАРКОВИ КУЛИ И СЛАТИНСКИ ВОДОПАДИ

* Македонија има желба да заштити преку вашата организација уште два локалитета. Со оглед на тешкотиите со кои се среќаваме во заштитата на Охрид и околината, сметате ли дека земјава има капацитет да се грижи за уште два локалитета?

- Вашата влада има два кандидата за индикативната листа на УНЕСКО. Тоа се Маркови кули и Слатински водопади. Нашите експерти се подготвени да соработуваат со овдешните колеги и да подготват досиеја за номинација, што мора да биде направено со многу внимание. Процедурата е во повеќе етапи. Првата е да се запишат кандидатите на индикативната листа и тоа е завршено. Втората е да се подготви досие за номинација на еден или друг локалитет. Треба да напоменам дека мора да се избере еден локалитет, не може да има две кандидатури. Потоа нашите експерти мораат да работат со колегите од овде за да се подготви досие со убедлива аргументација која ќе ги увери сите дека кандидатот заслужува да биде заштитен од УНЕСКО и дека има посебно значење како универзална вредност. Третата етапа е да се испрати досието до ЛИКОМОС кој прави техничка евалуација. Ако е добра кандидатурата, ќе го запишат. Значи, техничката евалуација е најважната етапа. Четвртата и последна етапа е Комитетот на светското културно наследство кој се состанува секој јуни и ја носи конечната одлука. Сето тоа трае доста долго. Но, вие веќе ја минавте првата етапа.

* Деновиве во Македонија интензивно се дебатира за националниот идентитет, пред се', како последица на спорот за името. Можете ли да ни го кажете вашето лично мислење и да ни објасните која би била дистинкцијата помеѓу политичката и културната конотација на националниот идентитет?

- По мое мислење нема политички идентитет без претходен културен идентитет. Културниот идентитет е основата на секој политички идентитет. Во една мултикултурна земја културниот идентитет, кој во основата е плурален, мора да му одговори на принципот на единство во различноста. Ова е моето лично мислење. Значи ако има повеќе култури, треба да се направи еден вид чадор за сите култури. Различност во единство е кога имате повеќе култури. Тоа се однесува и на вашата земја. Важно е многу да се зачуваат културата или културите што се основата на една нација.

* Реформата на ОН предвидува во секоја престолнина да има канцеларија на ОН и на агенциите како УНЕСКО. Дали го планирате тоа и во Скопје?

- Имаме екипа на ОН овде, но, за жал, УНЕСКО не е претставен директно. Имаме регионално биро, кое ја покрива Југоисточна Европа и е во Венеција. Физички УНЕСКО не е овде, но учествува во сите акции на ОН во вашата земја и многу сме задоволни од соработката.

ЗЛОСТОРСТВО И КАЗНА

* Колкаво е влијанието на УНЕСКО врз владите што треба да се грижат за културното наследство? Може ли да ги казнувате тие што не водат сметка за светското богатство?

- Да, се разбира. Ако има проблеми, УНЕСКО им испраќа предупредување на владите. УНЕСКО е незаменлива организација. Ние сме единствениот авторитет за културата во светот. Имаме дваесет и две меѓународни конвенции во областа на културата и наследството. Тие се обврзувачки. Многу е значајно земјите да ги ратификуваат и почитуваат. Има и санкции. Понекогаш санкцијата не е многу страшна. Но, има една многу строга конвенција од 1954 година, според која разурнувањето на културен локалитет се смета за злосторство.

* Каква е улогата на УНЕСКО на Косово, каде што беа оштетени многу споменици на културата. Успевате ли да ги заштитите?

- Бев многу загрижен за локалитетите на УНЕСКО. Таму имаме три типа локалитети. Православно и отоманско наследство, но и нерелигиозни локалитети. Испратив две мисии на експерти да ја оценат ситуацијата, да видат што се случило и да направат препораки што треба да се прави. Врз база на тоа организиравме донаторски состанок за мобилизација на фондови и успеавме да го привлечеме вниманието на меѓународната задница. Многу земји ветија дека ќе помогнат и билатерално и преку УНЕСКО. Имавме ветувања за 10 милиони долари. Тоа почна да се реализира, но имаше тешкотии поради политичката ситуација, која ни ја усложни задачата. Сепак успеавме да запуштиме четири манастири - Дечани, Пеќ и уште два од списокот на УНЕСКО. Иако имаме многу политички тешкотии во последно време, решени сме да продолжиме да работиме.

* Дали независноста на Косово ви ја олеснува или ви ја усложнува задачата?

-Што се однесува до нас, мора да ја почитуваме Резолуцијата 1.244 усвоена во 1999 година, која го креира УНМИК, кој ја има одговорноста на Косово. УНЕСКО е дел од ОН и мора да работиме со УНМИК се' додека е тоа така.

УНЕСКО - патрон на Струшките вечери?

* Знаете дека Струшките вечери на поезијата се во криза. Вие пред неколку години потпишавте декларација за да му се помогне на фестивалот. Дали УНЕСКО ќе преземе сериозна обврска за фестивалот, со потпишување постојан договор за соработка?

- Имав задоволство да присуствувам на СВП во 2003 за време на самитот за кој зборувавме. Јас совршено го разбирам значењето на позијата. Ние во Јапонија многу внимание и' обрнуваме на поезијата. Таа декларација може да прерасне во постојан договор и УНЕСКО да биде патрон на СВП со што ќе ја земе како своја целта на фестивалот.

Ќе го заштитуваме „Тешкото“

* Македонија сака да го заштити орото „Тешкото“ како нематеријално наследство. Кои се карактеристиките на овој вид заштита?

- Нематеријално наследство се традиционални песни, танци, церемонии, традиционални познавања на природата итн. Конвенцијата за заштита нематеријално наследство од 2003 година стапи во сила пред 2 години и вашата земја ја ратификува. Сега комитетот ја заврши директивата што ја посочува процедурата на запишување и ги набројува условите. Се надевам дека брзо ќе напредуваме и дека првиот официјален упис на нематеријално културно наследство ќе се случи во 2009 година. И советувам на вашата влада брзо да подготви список за кандидатура со еден или два предлога.

Светлана Јовановска- Дневник

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Ноември 14, 2023
Tamara.Kotevska

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи гласовна нарација (испорачана од друга девојка, а не од Асил што ја гледаме на екранот) која е резервна, поетска и застрашувачка. „Треба да најдам место каде што можам да ги…
Октомври 15, 2023

Почнува 8-то издание на „Киненова“

Со проекција на филмот „Зад стоговите сено“ на грчката режисерка Асемина Проедроу и доделување на наградата за особен придонес во филмската уметност на актерот Бранислав Лечиќ денес (13.10.) во Синеплекс со почеток во 20 часот ќе биде отворено 8 издание на…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 1282
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Промоција на Речник на медиумска писменост

Мај 31, 2023 Литература 1605
Ова лексикографско издание е прв сериозен обид за систематизирање на термините коишто се…

Беседи

БEСEДА  за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

БEСEДА за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

Прв нeпријатeл на чoвeкoт e ѓавoлoт, втoр e грeвoт, а трeт e смртта. Гoспoд Исус ги пoбeдил ситe oвиe три нeпријатeли на чoвeчкиoт рoд. Сo Свoeтo пoнижувањe гo пoбeдил гoрдeливиoт...

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

 Спознанието на вистината, на лично ниво, не е интелектуално човечко достигнување, туку, пред сè, е Божји дар на просветленост на умот и обожение на личноста; дар Божји кој се добива...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

Милoстињата штo сe прави oд цeлиoт ум, гo чисти чoвeкoвиoт ум. Сo eдeн збoр внатрeшната милoстиња гo исчистува цeлиoт чoвeк. Акo e милoстињата самo oд рака, таа нe ја чисти...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

 Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Што се случува со оние кои Страшниот суд ги затекнува во грев и пад? Тоа што Богочовекот Христос воопшто стапува во дијалог со нив, колку и да звучи тоа страшно...

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Параболата за цариникот и фарисејот претставува длабоко проникнување во човековата душа, и за нас е многу важно да го задржиме нашето внимание врз ова кажување. Оваа парабола нема во предвид...

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Каква умилна слика ни претставува Сретението Господово! Старецот Симеон во раце Го држи Младенецот, спроти него – праведниот Јосиф и Пресветата Дева Богородица; во близина – пророчицата Ана, постничка и...

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Современиот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела....

« »

Најново од култура

Православен календар

 

26/04/2024 - петок

Велигденски пости; (строг пост)

Светиот свештеномаченик Артемон; Светиот маченик Крискент; Светата маченичка Томаида;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Мартин Исповедник папа Римски 14 април / 27 април 2024

Тропар на светиот Мартин Исповедник папа Римски 14 април / 27 април 2024

Исповедниче на вистинската вера која спасува,Мартине свети мачениче,прими од нас пофалба и благодарност.Од Бога со благодатна вистина исполнет,на патот исповеднички...

Тропар на св.Христов новомаченик Димитриј Пелопонески 13 април / 26 април 2024

Тропар на св.Христов новомаченик Димитриј Пелопонески 13 април / 26 април 2024

Исповедник на верата Христова постана,откако Спасителот Го повика кога се најде сред морските бранови,о Димитрие новомачениче.Надеж стана за паднатите кои во...

Тропар на преподобниот отец епископ Паријски Василиј 12 април / 25 април 2024

Тропар на преподобниот отец епископ Паријски Василиј 12 април / 25 април 2024

Василие, преподобен оче наш,верата во Христа ти ја сочува,иако велијар во безумие кон тебе поита,стадото Христово по твоите молитви Господ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная