логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

ДАРКО БРЛЕК, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЕВРОПСКАТА АСОЦИЈАЦИЈА на ФЕСТИВАЛи

Иако Македонија се' уште не е членка на ЕУ, таа сепак е значаен дел од Европа и со својата специфична култура и културна традиција го збогатува европскиот простор, вели Брлек

Дарко Брлек, директор на познатиот Љубљански фестивал и претседател на Европската фестивалска асоцијација, најмногу лобираше Охридско лето да се вклучи во Европската година на интеркултурен дијалог. Благодарение на неговите напори, нашиот фестивал заедно со 25 европски фестивали потпиша декларација со која стана дел од меѓукултурната соработка што годинава интензивно почнаа меѓусебно да ја развиваат земјите-членки на Европската Унија.

* Повеќе од 25 европски фестивали неодамна потпишаа декларација дека ќе се вклучат во Европската година на интеркултурен дијалог. Кои се придобивките од тој договор?

- Фестивалите што ја потпишаа декларацијата ќе настојуваат преку своите програми и активности да развијат интензивна соработка што ќе води кон досегање на интеграцијата, хармонијата и меѓусебното почитување на различните култури. Со тоа, во рамките на Европската година на интеркултурен дијалог, организаторите на фестивалите се обврзани да вложат напори во креативно развивање на соработката и културниот соживот, без оглед на народноста, расата, верата или социјалниот статус на уметниците, авторите, филмските раборници, театарџиите. Со декларацијата ги поттикнуваме фестивалите да ги здружат силите и во современото општество да и' отворат поголем пат на културата, а со тоа да го промовираат и интеркултурниот дијалог.

* Ќе им овозможи ли декларацијата на уметниците од помалите земји полесно да настапуваат на големите европски фестивали?

- Потписот врз декларацијата секако ги обврзува фестивалите на поголема соработка, размена на искуства и на поинтензивни меѓународни заеднички проекти. Сепак, тој документ не гарантира поголеми и побројни гостувања на уметниците од една во друга земја. Ангажманот и успешноста на тоа поле се' уште е во рацете на самите фестивали.Потпишаната декларација не овозможува ниту дополнителни надворешни финансирања на фестивалите. Таа во основа е иницијатива за поттикнување на фестивалите да соработуваат повеќе едни со други и така да го промовираат меѓукултурниот дијалог.

* И Охридско лето успеа да се приклучи во декларацијата? Како сега се гледа на нашиот фестивал во Европската Унија?

- Иако Македонија се' уште не е членка на Европската Унија, таа е значаен дел од Европа. Вашата земја со својата специфична култура и културна традиција го збогатува европскиот простор. Истото важи и за другите земји од некогашна Југославија, кои исто така беа поканети да се вклучат во декларацијата. Секако, станува збор за земји, како што е Македонија, за кои е сосем сигурно дека во блиска иднина ќе станат дел од Унијата. Инаку, Охридско лето е веќе признат и значаен фестивал. Одлична можност за негова подобра препознатливост во светот е секако и туристичката промоција на Охрид, кој поради својата природна убавина и културно значење е навистина привлечна дестинација. Ако имате добра туристичка понуда, тогаш тоа ќе значи и збогатување и поголемо промовирање на фестивалот. Зголемената посетеност од странски гости, ќе придонесе фестивалот да е уште попрепознатлив во светот. Тоа истовремено ќе создаде можности за гостувања на странски и врвни уметници, како и поголема привлечност на фестивалот за странската публика. Популарноста на фестивалот во светот ќе ги привлече и странските покровители и спонзори, чии средства се секако неопходни за растеж на секоја културна манифестација.

* Да очекуваме ли во иднина поголема размена на уметници меѓу Љубљанскиот фестивал и Охридско лето?

- Со фестивалот Охридско лето во минатите години имавме одлична соработка, а се надеваме дека тоа ќе се одвива и понатаму. Секако, со вашиот фестивал соработуваме и во рамките на Асоцијацијата на европските фестивали и веројатно ќе бидат разгледани можностите за меѓусебни гостувања на групи и уметници од Словенија и од Македонија.

* УНЕСКО предупреди дека во процесот на глобализацијата, многу мали јазици исчезнуваат. Можно ли е да се случи непланирано и помалите култури да исчезнат во обидите за развој на интеркултурната комуникација?

- Не би рекол дека целта на Европската Унија е сите култури да се влеат една во друга, туку само да контактираат една со друга и така да соработуваат. Пред се', постои желба на луѓето да им се претстават различни културни одлики, да се разбијат стереотипите и човештвото да се развие до ниво на кое ќе може без стравови од глобализацијата да се зборува за меѓусебно почитување на културните идентитети. Јасно ни е дека државите во Европската Унија се одликуваат со богата историја, традиција, културно наследство. Токму затоа никоја од нив не би си дозволила културата да и' се изгуби во некоја нова, таканаречена европска култура. Формирањето и слевањето во само една голема култура многу ќе го осиромаши уметничкото творештво во сите подрачја. Затоа е неопходно да се сочува секој културен идентитет со својата разноликост. Во Годината на интеркултурен дијалог основна идеја е да им се овозможи на разноликостите да се видат и да се запознаат една со друга, за потоа повеќе да се почитуваат меѓу себе.

Тоше Огњанов- ДНЕВНИК



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Ноември 14, 2023
Tamara.Kotevska

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи гласовна нарација (испорачана од друга девојка, а не од Асил што ја гледаме на екранот) која е резервна, поетска и застрашувачка. „Треба да најдам место каде што можам да ги…
Октомври 15, 2023

Почнува 8-то издание на „Киненова“

Со проекција на филмот „Зад стоговите сено“ на грчката режисерка Асемина Проедроу и доделување на наградата за особен придонес во филмската уметност на актерот Бранислав Лечиќ денес (13.10.) во Синеплекс со почеток во 20 часот ќе биде отворено 8 издание на…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 1281
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Промоција на Речник на медиумска писменост

Мај 31, 2023 Литература 1605
Ова лексикографско издание е прв сериозен обид за систематизирање на термините коишто се…

Беседи

БEСEДА  за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

БEСEДА за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

Прв нeпријатeл на чoвeкoт e ѓавoлoт, втoр e грeвoт, а трeт e смртта. Гoспoд Исус ги пoбeдил ситe oвиe три нeпријатeли на чoвeчкиoт рoд. Сo Свoeтo пoнижувањe гo пoбeдил гoрдeливиoт...

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

 Спознанието на вистината, на лично ниво, не е интелектуално човечко достигнување, туку, пред сè, е Божји дар на просветленост на умот и обожение на личноста; дар Божји кој се добива...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

Милoстињата штo сe прави oд цeлиoт ум, гo чисти чoвeкoвиoт ум. Сo eдeн збoр внатрeшната милoстиња гo исчистува цeлиoт чoвeк. Акo e милoстињата самo oд рака, таа нe ја чисти...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

 Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Што се случува со оние кои Страшниот суд ги затекнува во грев и пад? Тоа што Богочовекот Христос воопшто стапува во дијалог со нив, колку и да звучи тоа страшно...

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Параболата за цариникот и фарисејот претставува длабоко проникнување во човековата душа, и за нас е многу важно да го задржиме нашето внимание врз ова кажување. Оваа парабола нема во предвид...

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Каква умилна слика ни претставува Сретението Господово! Старецот Симеон во раце Го држи Младенецот, спроти него – праведниот Јосиф и Пресветата Дева Богородица; во близина – пророчицата Ана, постничка и...

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Современиот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела....

« »

Најново од култура

Православен календар

 

25/04/2024 - четврток

Велигденски пости; (строг пост)

Преподобен Исаак Сирин II (Исаак Сирин I се празнува на 28 јануари); Свети Василиј Исповедник; Преподобен Акакиј; Преподобна Атанасија;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.Христов новомаченик Димитриј Пелопонески 13 април / 26 април 2024

Тропар на св.Христов новомаченик Димитриј Пелопонески 13 април / 26 април 2024

Исповедник на верата Христова постана,откако Спасителот Го повика кога се најде сред морските бранови,о Димитрие новомачениче.Надеж стана за паднатите кои во...

Тропар на преподобниот отец епископ Паријски Василиј 12 април / 25 април 2024

Тропар на преподобниот отец епископ Паријски Василиј 12 април / 25 април 2024

Василие, преподобен оче наш,верата во Христа ти ја сочува,иако велијар во безумие кон тебе поита,стадото Христово по твоите молитви Господ...

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Антип Пергамски 11 април / 24 април 2024

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Антип Пергамски 11 април / 24 април 2024

Велик те направи Спасителот тебе Антипопомеѓу ѕвездите небесни,и возвишено стана името твое во Црквата,на која како семе одбрано и послужии...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная