логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail


 

Торонто, 14 март (МИА) - Синоќа во Торонто се  одржа светска премиера на документарниот филм „Исповеди од срцето" (Confessions from the Heart) oд продуцентот Васил Бил Јанкоф, посветен на македонскиот ликовен уметник Георги Даневски.
 
Филмот во траење од 60 минути беше прикажан во најгледаниот вечерен термин на мултиетничката телевизија "ОМНИ 1" што се следи на целата територија на 34-милионската Канада, а која ТВ куќа финансиски ја помогна неговата реализација.
 
Во најавата за премиерата емитувана подолго време на "ОМНИ 1",се вели дека „Исповеди од срцето" го прикажува животот и кариерата на големиот уметник од Торонто Георги Даневски од неговото детство во Македонија до неговиот сегашен статус на „најпознат сликар на мурал во Северна Америка". Исто така е нагласено дека филмот е сниман на македонски јазик.
 
По повод светската премиера на документарецот „Исповед од срцето" специјална проекција се одржа и во простории на најстарата и најголема Македонска православна црква во Канада Св. Климент Охридски во Торонто на која присуствуваа уметникот Даневски, екипата што учествуваше во реализацијата на филмот, представници од големата македонска заедница во Торонто, како и генералниот конзул на Република Македонија во Торонто Мартин Треневски.

Во беседите пред почетокот на проекцијата беше нагласено дека сликарот Даневски е „современ македонски Микеланџело" којшто на нему оригинален начин ги доловува сцените од Библијата во прекрасен фрескоживопис при тоа често користи македонски фолклорни мотиви и ликови“.
 
Даневски е автор на фрескоживописите на повеќе цркви во Македонија вклучувајќи ја и Соборната црква Св. Климент Охридски во Скопје, како и на црквите Св. Климент Охридски во Торонто и Св. Димитрија во Маркам. Градското собрание во Маркам веќе ја смета црквата Св. Димитрија заради фрескоживописот на Даневски за еден од најзначајните културни споменици во градот и неа секојдневно ја посетуваат поединци и групи љубители на ликовната уметност.
 
Документарниот филм „Исповеди од срцето" се снимаше неколку години на локалитети во Македонија и Канада, а во неговата реализација  покрај Васил Бил Јанкоф, продуцент, сценарио и резија,учествуваа и уредникот Иан Пиерсон, директор на фотографија Иван Арсовски, продукциски менаџер Даг Филипс, асистент уредник Нестор Кастро, музика Давор Јордановски, камера Стево Ристевски, нарација Џон Стивенс, превод на англиски јазик Драги Стојковски и други.
 
Англиската верзија на филмот за македонскиот Микеланџело Георги Даневски ќе биде прикажана во текот на април оваа година, а ќе следи и негово прикажување на Македонската национална телевизија. мт/ва/9:28

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Јули 24, 2022
TViTer319

ТРКАЛЕЗНА МАСА ЗА ПОДАТОЦИТЕ ЗА Е-ТРГОВИЈАТА ВО НАШАТА ЗЕМЈА

Од АЕТМ велат дека со оваа тркалезна маса, Асоцијацијата за е-трговија на Македонија и Државниот завод за статистика иницираат соработка меѓу засегнатите институции и се вклучуваат во напорите за започнување на јавно-приватен дијалог помеѓу релевантните…
Јануари 27, 2022

Конгресот на САД ќе носи резолуција за славење на македонскиот јазик и наследство

Во Конгресот на САД е покрената резолуција за прогласување на септември 2022 за „Месец на македонското американско наследство“ и за славење на македонскиот јазик, историја и култура на македонските Американци и нивниот „неверојатен придонес“ за Соединетите…

„Анатомија на бумбарот” на Стефан Марковски

Дек 28, 2021 Литература 797
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel
Во романот, чие македонско издание е објавено од „Паблишер“, се дефинира енергична и…

Поезија од Стефан Марковски застапена во меѓународна антологија на шпански јазик

Окт 23, 2021 Литература 1370
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel
„Преминот на поетските гласови бара прекугранични и меѓугенерациски средби и точки на…

Познат научник тврди дека Бог постои

Сеп 28, 2021 Наука и Религија 7974
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel
Според него, оваа теорија би можела да го докаже постоењето на Бог. Изјавите ги разгориле…

Беседи

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Струмички Наум: Воздвижение на Чесниот Крст (26.09.2022)

Митрополит Струмички Наум: Воздвижение на Чесниот Крст (26.09.2022)

Ако некое страдање (Крст) ни предизвикува очај наместо радост, тоа е знак дека треба да го смениме нашиот однос со Бог, односно знак дека нашиот однос со Бог сигурно е...

Беседа на г. Дамаскин, Митрополит на Додимотихо, Орестиада и Суфли

Беседа на г. Дамаскин, Митрополит на Додимотихо, Орестиада и Суфли

Како што видовте на Светата литургија, на двата јазика, сите заедно ја служевме оваа литургија без да постои прекин или пречка. Познато ми е за да дојдеме до овој момент,...

Митрополит Струмички Наум - Напразно потрошено време

Митрополит Струмички Наум - Напразно потрошено време

Што правиме ние? Најчесто, не се трудиме доволно да ги извршуваме нашите дневни обврски во послушание, свесно и согласно Божјите заповеди – во слава Негова и за добро на ближните,...

арх. Андреј (Конанос) - Јас имам нешто добро, а тој- не!

арх. Андреј (Конанос) - Јас имам нешто добро, а тој- не!

Непријателот веќе не го попречува духовниот живот, но настојува да го оскверни, а потоа и да го уништи тоа што е стекнато на тој пат. Тој ти всадува славољубие и...

Митрополит Струмички Наум – Рождество на Пресвета Богородица (2022)

Митрополит Струмички Наум – Рождество на Пресвета Богородица (2022)

Освен ова благодатно проникнување, проземање, друг начин на постоење и спасение за нас, христијаните, е невозможен, и незамислив. Ние не сме етичко тело, ние сме Тело Христово – еден со...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Св. Фотиј Велики - За Рождеството на нашата Пресвета Дева Богородица

Св. Фотиј Велики - За Рождеството на нашата Пресвета Дева Богородица

Девата се раѓа од неплодна утроба, но дури и да била плодна, рождеството пак би било чудесно. О, големо чудо! Штом времето на сеење поминало, тогаш жетвата дошла; штом огнот...

Митрополит Струмички Наум: Компатибилност на човечкиот со демонскиот разум (Архива)

Митрополит Струмички Наум: Компатибилност на човечкиот со демонскиот разум (Архива)

 Знаењето на умот е љубовното познание на Бог (како просветленост или обоженост), додека, пак, знаењето на разумот – само по себе е познание на практичниот опит во овоземните науки и...

« »