логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail


 

Скопје, 28 октомври (МИА) - Дизајнерот на продукција Дејвид Манс, кој работи на спотот за промоција на Македонија што го режира Милчо Манчевски, денеска од министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска доби признание за особен придонес и врвни достигнувања во македонската кинематографија и за афирмирање на македонската култура. Манс соработуваше со Манчевски  во сите негови играни филмови „Пред дождот“, „Прашина“ и „Сенки“.

- Задоволство ми е што имам можност да му го доделам признанието на Манс за неговите залагања во филмската дејност. Тој во изминатите 15 години значајно придонесе за македонската продукција, што е исклучително значајно и за државата, рече Канческа-Милевска при врачувањето на плакетата.   

Дејвид Манс рече дека е почестен со  признанието и со ангажманот во македонски филмови, вклучувајќи го и спотот кој на светот треба да му го открие македонското културно наследство. - Беше привилегија да се работи на снимањето на спотот. Со нетрпение ја очекувам мојата следна посета на Македонија, рече Манс.  Тој додаде дека снимањето на едноминутниот спот завршило одлично и сега се работи постпродукцијата.

Манс смета дека спотот ќе биде добра реклама за Македонија, но оти нејзиниот ефект покрај од квалитетот ќе зависи и од тоа колку пати ќе биде прикажана во светските медиуми. Канческа-Милевска рече дека е убедена оти спотот ќе биде квалитетен и дека ќе ја исполни целта - на најавтентичен начин да ја презентира културата во Македонија.

Не сакајќи премногу да открива за проектот пред тој да биде целосно завршен, режисерот Манчевски рече дека се работи за бајка, фантастична приказна за убава земја со долга историја. - Не се занимаваме со регистрирање на сите убавини и сите моменти од историското минато на Македонија, туку раскажуваме една комерцијална приказна во која суштината е вистината. Во 60 секунди не може се да се покрие, но може да се даде вистинскиот вкус и вистинската покана за луѓето да се заинтересираат за Македонија. Колку тоа ќе функционира не зависи само од рекламата, а се надевам дека таа ќе биде убав почеток, рече Манчевски.

Прикажувањето на спотот ќе влијае и врз потенцијални странски филмски продукции да дојдат да снимаат на локации во Македонија. Манчевски како пример го посочи филмот „Пред дождот“ кој веднаш по прикажувањето повлекол бран копродукции во Македонија, како за филмовите „Миротворец“, „Welcome to Sarajevo“... - За жал, тоа не се искористи за Македонија да стане редовна дестинација за странски копродукции, но сега одново има некои раздвижувања и со организирана и координирана работа мислам дека ова може да биде почеста дестинација за копродукции, додаде Манчевски. хс/паг/11:56



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Ноември 29, 2022
1926.Sava.SHumanovich

Конзерваторска приказна за сликата „Турска бања “

Со стручно-научна поддршка на Институтот за историја на уметноста на Филозофскиот факултет на Универзитетот во Белград, во рамките на дводневната научна конференција во изминатиот викенд, истакнати експерти од Србија, Хрватска, Северна Македонија и Франција…
Септември 26, 2022
TViTer448

„Турска бања“ на Националната галерија изложена во Европска престолнина на културата за 2022, Нови Сад

„Ваквите претставувања отвораат врати за идни билатерални соработки помеѓу нашите земји. Особена чест и задоволство е за Националната галерија да биде дел од ваков исклучителен настан. Значението на учеството е дотолку поголемо бидејки ние како институција

ТРКАЛЕЗНА МАСА ЗА ПОДАТОЦИТЕ ЗА Е-ТРГОВИЈАТА ВО НАШАТА ЗЕМЈА

Јул 24, 2022 Друго од култура 615
TViTer319
Од АЕТМ велат дека со оваа тркалезна маса, Асоцијацијата за е-трговија на Македонија и…

Конгресот на САД ќе носи резолуција за славење на македонскиот јазик и наследство

Јан 27, 2022 Друго од култура 936
Во Конгресот на САД е покрената резолуција за прогласување на септември 2022 за „Месец на…

„Анатомија на бумбарот” на Стефан Марковски

Дек 28, 2021 Литература 1014
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel
Во романот, чие македонско издание е објавено од „Паблишер“, се дефинира енергична и…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Воведение на Пресвета Богородица (03.12.2022)

Митрополит Струмички Наум: Воведение на Пресвета Богородица (03.12.2022)

    Некаде во своите дела светиот Старец Јосиф Исихаст вели: „Ако не ја достигнеш благодатта Божја во најголема мера, не сметај се себеси за потполн човек“. Си велам, само потполн...

о. Горан Стојчевски: Дар на светот, икона на човекот, учителка на послушанието, педагог на служењето, првиот исихаст, родителка на вечниот живот, божествен цвет на сè создадено

о. Горан Стојчевски: Дар на светот, икона на човекот, учителка на послушанието, педагог на служењето, првиот исихаст, родителка на вечниот живот, божествен цвет на сè создадено

 Таа единствена тихувателка и патоводителка низ исихијата, нè приведува во заедницата од која се откинавме, а еве повторно ни е дадена можност, не само да се вратиме, туку да црпиме...

Митрополит Струмички Наум: СВЕТИ ГРИГОРИЈ ПАЛАМА (26.11.2022 )

Митрополит Струмички Наум: СВЕТИ ГРИГОРИЈ ПАЛАМА (26.11.2022 )

Во Црквата не постои надворешен, т.е. научен критериум за познавање на Вистината – Христос, туку постои внатрешен, аскетско-исихастички (молитвен) критериум, преку кој лично и опитно Го познаваме Христос Вистинскиот Бог.Кога...

Сашко Николовски: СВЕТИ ЈОВАН ЗЛАТОУСТ 13/26 ноември

Сашко Николовски: СВЕТИ ЈОВАН ЗЛАТОУСТ 13/26 ноември

Животот на Златоуст бил тежок и бурен. Тоа е живот на подвижник и маченик. Меѓутоа, Златоуст не се подвизувал во својата келија, ниту пак во пустина, туку сред животната таштина,...

Св. Григориј Палама - „Господи, просвети ја мојата темнина„ (Собрани беседи)

Св. Григориј Палама - „Господи, просвети ја мојата темнина„ (Собрани беседи)

Градот војува сам со себе, завојувал сам со себе, се гази од своите сопствени нозе, се руши од своите сопствени раце, одекнува од своите сопствени извици. Она што е кај...

Поминувајте го времето на своето живеење со стравот ( I Пет. 1,17)

Поминувајте го времето на своето живеење со стравот ( I Пет. 1,17)

 Ова се зборови на големиот апостол Петар, зборови кои имаат двојна потврда: небесно вдахновение и сопствено искуство. По небесното вдахновение простиот рибар Петар, стана учител на народот, столб на верата,...

Игумен Фотиј Беровски: Извадоци од  беседа

Игумен Фотиј Беровски: Извадоци од беседа

        "Секогаш го дефинираме односот кон другите и односот кон себе...Каде и кога? Постојано, почнувајќи овде во Црквата а потоа и во своите домови. Секогаш кога зборуваме  на  оваа тема зборуваме...

Митрополит Струмички Наум : Како да ја зачуваме Божјата благодат во нас

Митрополит Струмички Наум : Како да ја зачуваме Божјата благодат во нас

За денешното евангелско четиво (види: Лука 8, 41–56) битно е да се запамети следново:Како што крвта е потребна за животот на телото, така и благодатта Божја е потребна за вистинскиот...

БEСEДА за пoзивoт на ситe христијани да бидат свeти

БEСEДА за пoзивoт на ситe христијани да бидат свeти

Акo вo пoслeднитe врeмиња свeтитe пoстаналe исклучoк, вo oниe први врeмиња, нeсвeтитe билe исклучoк.Свeтитe билe правилo. Всушнoст, нe трeба да сe чудимe штo апoстoлoт ги нарeкува ситe крстeни души вo...

« »