логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

 

 НА СЦЕНАТА НА ШЕКСПИРОВИОТ ТЕАТАР ГЛОУБ ВО ЛОНДОН


Ромео и ја пее на Јулија "Твојте очи Лено мори"!


И тоа бидна - Ромео и ја запеа "Твојте очи Лено мори" на Јулија! И не само таа македонска песна, туку на сцената на Шекспировиот театар "Глоуб" во Лондон се слушаат бесмртните мисли на Петре М. Андреевски, па песната "Со маки сум се родил"... Се работи за заеднички театарски производ од делата на Шекспир, а во изведба на меѓународна екипа со 21 актер од 12 држави. Ромео е актерот на Народниот театар Битола, Огнен Дранговски.

"Нашиот заеднички театарски производ претставува една компилација од делата на Шекспир, како што се Крал Лир", Ромео и Јулија", Многу врева за ништо", Зимска бајка", Сонот на летната ноќ" и други. Мислам дека максимално добро ја искористив понудата за таа претстава да изберам и понудам дел од македонското творештво, а да не е Шекспирово дело. Се одлучив за Смртта на бабарот" од Петре М.Андреевски која ја изведов на македонски и која одлично беше примена, вклучувајќи ги и бабарските елементи кои се многу силни и впечатливи", вели Дранговски.

На сцената во Лондон, покрај што ја отпеал песната "Твојте очи Лено мори", имал и друга македонска понуда која била прифатена од режисерите и од колегите актери.

"Понудата од делото на Петре М.Андреевски не беше единствениот македонски елемент. Така, на пример, сите прифатија девет-осмински ритам во еден сегмент од балот на Ромео и Јулија. Тој ритам беше чуден за Англичаните, но благодарение на тоа што се талентирани и концентрирани, сите го прифатија. Длабоко во заднина се емитуваше музиката од песната "Со маки сум се родил", а играјќи го Ромео на сцената, јас на Јулија и ја пеев прекрасната македонска песна "Твојте очи Лено мори". Канадската актерка во улога на Јулија ми пееше песна од Канада. Во една сцена од Крал Лир", кога кралот соопштува дека ќе го подели кралството на своите ќерки, имав македонски и англиски говор на текстот, а режисерите побараа да им појаснам и докажам зошто сум ја понудил таа идеја. Им реков дека македонскиот јазик ќе биде официјален јазик за Дворот", вели Дранговски.

Според театарските критичари во Лондон, изведбата на овој компилациски проект ги постигнал очекуваните резултати кај публиката и, како што рече Дранговски, се потврдило дека Шекспир е најдобар во рацете на небританците, бидејќи во Англија делата на Шекспир се издигнати на ниво на наука и стручњаците се повеќе се посветуваат на тој сегмент од творештвото на Вилијам Шекспир.

Извор: Вечер



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 26, 2022
TViTer448

„Турска бања“ на Националната галерија изложена во Европска престолнина на културата за 2022, Нови Сад

„Ваквите претставувања отвораат врати за идни билатерални соработки помеѓу нашите земји. Особена чест и задоволство е за Националната галерија да биде дел од ваков исклучителен настан. Значението на учеството е дотолку поголемо бидејки ние како институција
Јули 24, 2022
TViTer319

ТРКАЛЕЗНА МАСА ЗА ПОДАТОЦИТЕ ЗА Е-ТРГОВИЈАТА ВО НАШАТА ЗЕМЈА

Од АЕТМ велат дека со оваа тркалезна маса, Асоцијацијата за е-трговија на Македонија и Државниот завод за статистика иницираат соработка меѓу засегнатите институции и се вклучуваат во напорите за започнување на јавно-приватен дијалог помеѓу релевантните…

Конгресот на САД ќе носи резолуција за славење на македонскиот јазик и наследство

Јан 27, 2022 Друго од култура 898
Во Конгресот на САД е покрената резолуција за прогласување на септември 2022 за „Месец на…

„Анатомија на бумбарот” на Стефан Марковски

Дек 28, 2021 Литература 976
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel
Во романот, чие македонско издание е објавено од „Паблишер“, се дефинира енергична и…

Поезија од Стефан Марковски застапена во меѓународна антологија на шпански јазик

Окт 23, 2021 Литература 1599
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel
„Преминот на поетските гласови бара прекугранични и меѓугенерациски средби и точки на…

Беседи

Поминувајте го времето на своето живеење со стравот ( I Пет. 1,17)

Поминувајте го времето на своето живеење со стравот ( I Пет. 1,17)

 Ова се зборови на големиот апостол Петар, зборови кои имаат двојна потврда: небесно вдахновение и сопствено искуство. По небесното вдахновение простиот рибар Петар, стана учител на народот, столб на верата,...

Игумен Фотиј Беровски: Извадоци од  беседа

Игумен Фотиј Беровски: Извадоци од беседа

        "Секогаш го дефинираме односот кон другите и односот кон себе...Каде и кога? Постојано, почнувајќи овде во Црквата а потоа и во своите домови. Секогаш кога зборуваме  на  оваа тема зборуваме...

Митрополит Струмички Наум : Како да ја зачуваме Божјата благодат во нас

Митрополит Струмички Наум : Како да ја зачуваме Божјата благодат во нас

За денешното евангелско четиво (види: Лука 8, 41–56) битно е да се запамети следново:Како што крвта е потребна за животот на телото, така и благодатта Божја е потребна за вистинскиот...

БEСEДА за пoзивoт на ситe христијани да бидат свeти

БEСEДА за пoзивoт на ситe христијани да бидат свeти

Акo вo пoслeднитe врeмиња свeтитe пoстаналe исклучoк, вo oниe први врeмиња, нeсвeтитe билe исклучoк.Свeтитe билe правилo. Всушнoст, нe трeба да сe чудимe штo апoстoлoт ги нарeкува ситe крстeни души вo...

БЕСЧУВСТВИТЕЛНОСТА КОН ГРЕВОТ

БЕСЧУВСТВИТЕЛНОСТА КОН ГРЕВОТ

Мораме да го слушаме Господ и да го правиме она што Господ ни заповеда и тогаш нема да ни требаат чуда за да веруваме! Верата доаѓа од срцето! Кога човек...

o. Горан Стојчевски - Испуштените црвени слова да ги надополниме со живот

o. Горан Стојчевски - Испуштените црвени слова да ги надополниме со живот

Она за што друго сакав да споделам, е за стравот во светот од сè и сешто и барањето на еликсирот за вечен живот или поточно долгоденствие за нас „емигрантите од...

Митрополит Струмички Наум:Покров на Пресвета Богородица (13.10.2022 )

Митрополит Струмички Наум:Покров на Пресвета Богородица (13.10.2022 )

    Богочовекот Исус Христос воспоставува, за нас, духовно правило да бараме од Него нешто душеполезно во име на Некој што неизмерно Му значи. Нема ли Он Самиот прв да го...

ГОВОР НА ЕПИСКОПОТ ХЕРАКЛЕЈСКИ Г. КЛИМЕНТ НА ТРИБИНАТА „КАКО ДА СЕ РАДУВАМЕ ВО ВРЕМЕ НА КРИЗИ“

ГОВОР НА ЕПИСКОПОТ ХЕРАКЛЕЈСКИ Г. КЛИМЕНТ НА ТРИБИНАТА „КАКО ДА СЕ РАДУВАМЕ ВО ВРЕМЕ НА КРИЗИ“

 Денес, во времето на една општа криза што го допира секој сегмент од живеењето на луѓето, темата за радоста е значајна и актуелна. Сама по себе, темата не е нова,...

Митрополит Тимотеј: † ВОЗДВИЖЕНИЕ НА ЧЕСНИОТ И ЖИВОТВОРЕН КРСТ - КРСТОВДЕН

Митрополит Тимотеј: † ВОЗДВИЖЕНИЕ НА ЧЕСНИОТ И ЖИВОТВОРЕН КРСТ - КРСТОВДЕН

Честопати може да се слушнат прашања од наши верници за значењето на овие зборови. Што значи да се земе својот крст? Секој човек има свој крст и тој ќе го...

« »