логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail


Македонија домаќин на филмскиот фестивал „Џифони филм фестивал“
Петок, 01 Март 2013 12:50    Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска во „Порта Македонија“ на прес-конференција на која присуствуваа и градоначалникот на град Скопје, Коце Трајановски, Клаудио Губитоси, директор на „Џифони филм фестивал“, Дарко Башески, директор на Филмскиот фонд на РМ и Фабио Кристијани, амбасадор на Италија во нашата земја, информираше дека во втората половина од годинава Република Македонија ќе биде домаќин на најпознатиот италијански детски филмски фестивал „Џифони филм фестивал“.

05_Giffoni_-640

Фестивалот под мотото „Засекогаш млад“ ќе се одржи за првпат во Македонија благодарение на Италијанската амбасада, а ќе се реализира со поддршка на Министерството за култура и Град Скопје.

-Реализацијата на овој филмски фестивал во Република Македонија ќе има многу придобивки за нашите млади граѓани во подигнување на свеста за филмската уметност но, и во моделирањето на нивната перцепција  воопшто, и за културата и за уметноста, истакна Канческа-Милевска. Таа додаде дека одржувањето на овој фестивал ќе биде убава можност за промоција на нашата земја, а ако се земат предвид културните релации што ги имаме со  Република Италија, преку оваа манифестација, успешно ќе биде промовирана и мисијата на „Џифони“, за обединување на целиот свет преку културата и филмската уметност.

При крајот н03_Gifoni_-_400а септември се очекува Македонија да ја посетат над 50 млади луѓе на возраст од 12 до 18 години од седум држави кои ќе проследат 15-тина проекции на европски филмови и во текот на престојот ќе учествуваат во дебати и работилници кои ќе ја поттикнат нивната креативност и иновативност. Планирано е пред започнување на фестивалот, во текот на мај да се одржи ден на „Џифони“ на кој јавноста ќе се информира за овој настан, а во јули македонска делегација ќе престојува во Италија.

Фестивалот „Џифони“ со својата 43-годишна традиција е своевиден бренд на Република Италија и на италијанската култура поради квалитетната селекција на филмови и гости, но и поради социјалниот и едукативниот карактер и значењето на фестивалот. Секоја година над 50 земји испраќаат свои делегации на овој фестивал, кои придонесуваат овој настан да биде отворена сцена за културна интеракција на младите луѓе од целиот свет. Со поддршката од Амбасадата на Република Италија во Скопје, во последните десет години, континуирано се испраќаат учесници од Република Македонија на овој реномиран фестивал. Минатата година на „Џифони“ присуствуваше и 17-годишната Илина Димитровска, која го освои вниманието на големиот актер Николас Кејџ, кој на неколку јавни настапи и прес-конференции ја спомена нашата земја.

Една од главните определби на фестивалот „Џифони“ е негово ширење на сите континенти. Токму затоа, Република Македонија, од оваа година ќе им се придружи на  останатите земји: Австралија, Полска, Германија, САД, Бразил, Канада, Мексико, Сингапур, Белорусија, Данска, Финска, Франција, Бугарија и Албанија кои во изминатиот период реализираа навистина успешни изданија на овој фестивал и кои го анимираа интересот за филмската уметност на младите луѓе од целиот свет.

 

04_Gifoni_-_640

 

Извор: Министерство за култура

 

 

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 26, 2022
TViTer448

„Турска бања“ на Националната галерија изложена во Европска престолнина на културата за 2022, Нови Сад

„Ваквите претставувања отвораат врати за идни билатерални соработки помеѓу нашите земји. Особена чест и задоволство е за Националната галерија да биде дел од ваков исклучителен настан. Значението на учеството е дотолку поголемо бидејки ние како институција
Јули 24, 2022
TViTer319

ТРКАЛЕЗНА МАСА ЗА ПОДАТОЦИТЕ ЗА Е-ТРГОВИЈАТА ВО НАШАТА ЗЕМЈА

Од АЕТМ велат дека со оваа тркалезна маса, Асоцијацијата за е-трговија на Македонија и Државниот завод за статистика иницираат соработка меѓу засегнатите институции и се вклучуваат во напорите за започнување на јавно-приватен дијалог помеѓу релевантните…

Конгресот на САД ќе носи резолуција за славење на македонскиот јазик и наследство

Јан 27, 2022 Друго од култура 732
Во Конгресот на САД е покрената резолуција за прогласување на септември 2022 за „Месец на…

„Анатомија на бумбарот” на Стефан Марковски

Дек 28, 2021 Литература 830
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel
Во романот, чие македонско издание е објавено од „Паблишер“, се дефинира енергична и…

Поезија од Стефан Марковски застапена во меѓународна антологија на шпански јазик

Окт 23, 2021 Литература 1416
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel
„Преминот на поетските гласови бара прекугранични и меѓугенерациски средби и точки на…

Беседи

Митрополит Тимотеј: † ВОЗДВИЖЕНИЕ НА ЧЕСНИОТ И ЖИВОТВОРЕН КРСТ - КРСТОВДЕН

Митрополит Тимотеј: † ВОЗДВИЖЕНИЕ НА ЧЕСНИОТ И ЖИВОТВОРЕН КРСТ - КРСТОВДЕН

Честопати може да се слушнат прашања од наши верници за значењето на овие зборови. Што значи да се земе својот крст? Секој човек има свој крст и тој ќе го...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Струмички Наум: Воздвижение на Чесниот Крст (26.09.2022)

Митрополит Струмички Наум: Воздвижение на Чесниот Крст (26.09.2022)

Ако некое страдање (Крст) ни предизвикува очај наместо радост, тоа е знак дека треба да го смениме нашиот однос со Бог, односно знак дека нашиот однос со Бог сигурно е...

Беседа на г. Дамаскин, Митрополит на Додимотихо, Орестиада и Суфли

Беседа на г. Дамаскин, Митрополит на Додимотихо, Орестиада и Суфли

Како што видовте на Светата литургија, на двата јазика, сите заедно ја служевме оваа литургија без да постои прекин или пречка. Познато ми е за да дојдеме до овој момент,...

Митрополит Струмички Наум - Напразно потрошено време

Митрополит Струмички Наум - Напразно потрошено време

Што правиме ние? Најчесто, не се трудиме доволно да ги извршуваме нашите дневни обврски во послушание, свесно и согласно Божјите заповеди – во слава Негова и за добро на ближните,...

арх. Андреј (Конанос) - Јас имам нешто добро, а тој- не!

арх. Андреј (Конанос) - Јас имам нешто добро, а тој- не!

Непријателот веќе не го попречува духовниот живот, но настојува да го оскверни, а потоа и да го уништи тоа што е стекнато на тој пат. Тој ти всадува славољубие и...

Митрополит Струмички Наум – Рождество на Пресвета Богородица (2022)

Митрополит Струмички Наум – Рождество на Пресвета Богородица (2022)

Освен ова благодатно проникнување, проземање, друг начин на постоење и спасение за нас, христијаните, е невозможен, и незамислив. Ние не сме етичко тело, ние сме Тело Христово – еден со...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Св. Фотиј Велики - За Рождеството на нашата Пресвета Дева Богородица

Св. Фотиј Велики - За Рождеството на нашата Пресвета Дева Богородица

Девата се раѓа од неплодна утроба, но дури и да била плодна, рождеството пак би било чудесно. О, големо чудо! Штом времето на сеење поминало, тогаш жетвата дошла; штом огнот...

« »