логоFacebookTwitterYouTubeeMail


 

 

Поштенските марки што секојдневно се издаваат во целиот свет од страна нанационалните поштенски оператори, се силно пропагандно средство за презентирање на сите културни, историски и природни вредности на секоја земја.

Последниве години меѓу издавачите на поштенски марки стана пракса поштенските управи да некои земји да издаваат заеднички изданија на две или три земји. Се избира еден или повеќе мотиви кои ги поврзуваат земјите, а потоа се пренесуваат на марките во секоја земја со називот на државата и номиналната во национална валута и тие марки се употребуваат во односната земја. Едно такво заедничко издание минатата година реализираа поштата на Русија и поштата на Србија. Изданието се состои од две марки. Српската пошта за мотив ја земала охридската икона Богородица Одигитрија од 14 век век, а руската пошта иконата на Архангел Михаил од почетокот на 15 век од големиот руски мајстор Андреј Рублев. Марките се печатени во пар, српското издание со номинала од 2 X 50 динари, а руското од 2 x 15 рубли. Руската пошта ова издание го печатела во тираж од 500.000 серии. Според Викторија Поповска-Коробар, од Музеј на Македонија, „станува збор за иконата Богородица Одигитрија која потекнува од Охрид од црквата ’Св. Богородица Перивлептос‘ и е со димензии 99 x 72, 5 x 2.“ На другата страна од иконата е насликано Благовештението. Оваа икона сега е во сопственост на Народниот музеј во Белград, а за тоа како овие и многу други ремек дела стасале во збирките на Народниот музеј во Белград досега е многупати пишувано.

Од мојот партнер-филателист од Москва го добив ова издание, бидејќи тоа е интересно и за македонските филателисти. Но, уште при првиот поглед на марките разочарува една работа. На марката со Архангел Михаил наведен е авторот Андреј Рублев и сопственикот на делото-Државната Третјаковска галерија. Додека од друга страна, на марката со ликот на Богородица Одигитрија стои само 14 век и Национален музеј Белград. Со ова на многубројната публика и на љубителите на средновековната уметност од светот им е ускратен податокот за потеклото на иконата. А тоа не може никако поинаку да се толкува освен како страв и нечиста совест на раководството на Народниот музеј од Белград да го наведат потеклото на ова ремек-дело на средновековната уметност. Најмалку што требало да наведат би било „охридска икона“. Покрај тоа што ваквата постапка може да се нарече и „китење со туѓи перја“, сепак, фактот што токму охридската икона Богородица Одигитрија е избрана за ваква презентација, во вака престижно издание во најголемата земја во светот и со толкав тираж, претставува комплимент и признание за непроценливите уметнички вредности на ова уметничко дело, создадено во рамките на охридската сликарска школа. И покрај тоа што српското средновековно сликарство е богато со вредни уметнички дела ова е секако доказ дека Богородица Одигитрија никој не ја надминал.

Климе Поповски

Извор: Утрински весник

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=C5A09C7D910EC749B7F4C556A1BC9238



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Декември 28, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

„Анатомија на бумбарот” на Стефан Марковски

Во романот, чие македонско издание е објавено од „Паблишер“, се дефинира енергична и психолошки силна приказна каде се претопуваат елементи на гротеска, хумор и егзистенцијалистичко преиспитување. Во наративот, како што во поговорот пишува Александар…
Октомври 23, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

Поезија од Стефан Марковски застапена во меѓународна антологија на шпански јазик

„Преминот на поетските гласови бара прекугранични и меѓугенерациски средби и точки на дијалог. Тематските определби на песните почиваат врз различните емоционални, општествени, политички и интерперсонални набои на авторите; човечкото дистанцирање и поезијата…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Богојавление (18.01.2022)

Митрополит Струмички Наум: Богојавление (18.01.2022)

Кога читаме за божествените работи, може да разбереме нешто со разумот, ама сфаќаме или проникнуваме само со духовниот разум – со преобразениот и просветлен разум; а може да  ни се...

Митрополит Струмички Наум: Обрезание во срцето, по Дух (13.01.2022 17:42)

Митрополит Струмички Наум: Обрезание во срцето, по Дух (13.01.2022 17:42)

Ако внимателно ја погледнеме оваа молитва, во неа ќе ги препознаеме историските периоди на Стариот и Новиот Завет, како и бесконечниот период на Царството Небесно, кој веќе е и уште...

ВИСТИНСКИ БОЖИК - СТАРЕЦ ГЕОРГИЈ КАПСАНИС (06/01/2022)

ВИСТИНСКИ БОЖИК - СТАРЕЦ ГЕОРГИЈ КАПСАНИС (06/01/2022)

Смирената наша молитва од Света Гора е да се подвизуваме сите против нашето самољубие, со цел да дојди во нашите срца, во нашите семејства, во татковината ни и во светот...

БEСEДА  за Рут

БEСEДА за Рут

И Бoг нарeдил сo Свoјата прoмисла, Рута да излeзe на нивата на бoгатиoт Вoз за да сoбира класјe. А Вoз ја видeл Рута и ја пoбарал за сoпруга кај Нoeмина....

Митрополит Струмички Наум: Различни блаженства (18.12.2021)

Митрополит Струмички Наум: Различни блаженства (18.12.2021)

Гледаме дека Господ се поистоветува (дури и најмногу) со секој еден страдалник. Затоа, секогаш кога со своето богатство ќе му помогнеме на еден од овие најмали Христови браќа што страдаат,...

Митрополит Струмички Наум: За мачеништвото (10.12.2021)

Митрополит Струмички Наум: За мачеништвото (10.12.2021)

Активирањето на благодатта со чинот на самото Свето Крштение редовно се случувало во првата Црква: кога луѓето се крштевале возрасни и кога пред тоа Крштение имало тригодишна подготовка. За време...

БEСEДА  за цeлта на раздeлувањe на дарoвитe, службата и звањeтo

БEСEДА за цeлта на раздeлувањe на дарoвитe, службата и звањeтo

Затoа Свeтиoт Дух ги раздeлил дарoвитe и направил eдни апoстoли, други прoрoци, трeти благoвeсници, пастири и учитeли, та свeтиитe, oднoснo христијанитe, да сe усoвршат. Какo штo сe пoдeлeни чeста и...

Жарко Ѓоргиевски: ЕВАНГЕЛИЕ ЗА ЗЕМНИТЕ ГРИЖИ

Жарко Ѓоргиевски: ЕВАНГЕЛИЕ ЗА ЗЕМНИТЕ ГРИЖИ

  Господ Исус Христос донел со Себе и претставил пред луѓето безбројни и незамисливи богатства небесни и ги поканил сите да земаат без мерка, јавно и слободно, но само под...

« »