логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Истражувајќи, авторите на книгата „Лешочкиот манастирски поменик“ ги однел патот во Народната библиотека во Софија

Гојко Ефтоски

„Поменикот“, посветен на обновата на Лешочкиот манастир е еден од последните ракописи, создаден од јеромонахот Кирил Пејчиновиќ, а дооформен од следбеници – егумени на манастирот. Токму на „Поменикот“, двајцата автори Илија Н. Петрушевски и Борис П. Момироски – Лешанин го посветуваат својот заеднички труд. Од нивните истражувања, како и во претходните нивни трудови, на историчарот Бранислав Светозаревиќ, на други автори, научници и историчари, недвосмислено се потврдува дека освен капиталните „Огледало“, „Утешение на грешните“ и „Епитафот“ на надгробната плоча, „Житието на кнез Лазар“, Кирил Пејчиновиќ се потврдува и како автор на манастирскиот поменик, како и на „Житијата на Св. Нифон и Св. Трифун“.„Не само за творештвото, иако тоа оставило траен белег за едно време во кое Кирил Пејчиновиќ го облагородувал и со обнова и изградба на цркви и манастири, со просветителска работа и друго својствено за големи личности, има уште многу за истражување за да се добие комплетна слика за оваа исклучителна личност. Неговите дела пишувани и остварувани претставуваат траен белег за Кириловото време“, вели Борис П. Момироски, коавтор на „Лешочкиот манастирски поменик“.

Идејата да се трага по „Поменикот“ произлегла за време на подготовката на историскиот приказ на музејската поставка, која е разместена во конаците на Лешочкиот манастир. Музејската поставка претставува историско-хронолошки приказ низ фотографии и документи на Лешочкиот манастир „Св. Богородица“, „Св. Анастасиј“ и „Св. Кирил и Методиј“. Единствениот пат што водел до ракописот на „Поменикот“ била Народната библиотека во Софија.

„Ги искористивме сите можни релации, но најмногу ни помогна Данчо Иванов Печев од Софија, кој ни изработи микрофилм од се што постоело во библиотеката поврзано со „Поменикот“. Најдовме и текст на оригинална понуда за продажба на „Поменикот“ на Софиската народна библиотека. Таму стои дека на 16 декември 1922 година Алексо Шопов го продал за 600 лева. Во понудата до библиотеката тој наведува дека „Поменикот на Лешочкиот манастир „Св. Анастасиј“ (Македонија) е важен прилог од народот со многубројни македонски имиња на народот и неколку летописни белешки за манастирот“, продолжува нашиот соговорник Борис Момироски.

Тој тврди дека пронајдените остатоци што грижливо се пренесени на микрофилмот, не претставуваат целосна содржина на „Поменикот“, но се значајни за многу сознанија. Стои и фактот дека Кирил Пејчиновиќ не успеал да го доврши. Вториот дел го продолжил и обработил Арсение (Аризан) Марковски. Како дополнение на „Поменикот“, авторите го наведуваат и текстот на Јордан Иванов во оригинална форма.

„Со тоа, „Поменикот“ е дополнет и претставува целина од историски интерес за науката. Фототипниот „Поменик“ со расчитаниот текст и географско базичната блискост ќе биде достапен за идните генерации истражувачи од Македонија и пошироката научна јавност“, тврдат авторите, кои наведуваат дека на „Поменикот“ се работело 70 години.

Поводот македонскиот просветител и преродбеник, јеромонахот Кирил Пејчиновиќ да се зафати со пишување на „Поменикот“ била обновата на Лешочкиот манастир. Двајцата истражувачи ги потврдуваат веќе докажаните факти дека манастирот бил граден и доградуван во периодот од 1321 до 1331 година, на темели на црква градена во шестиот век. Целосно бил разурнат од башибозукот на Халил-паша и Мухамед-бег Пеќски во 1690 година. Кирил Пејчиновиќ го обновува манастирот со неговото доаѓање во Лешок во 1817 година, продавајќи го целиот имот на неговиот татко Пимен во родното Теарце.

„По примерот на Кирил и други луѓе почнаа да даваат подароци – пари, ниви, лозја, садови...“ наведува во „Поменикот“ Кирил Пејчиновиќ, споменувајќи дека Арсенија подарил нива што ја купил за 300 гроша, Трпко, ковач од Варвара нива од 500 гроша, Никола од Отушиште нива од 2.400 м2, Милош и Бојко од Беловиште пари, Војно од Варвара помогнал со пари... и уште стотици други од целиот Полог. Наведени се имиња на дарители од пошироките простори на Македонија, потоа од Грција, Бугарија, Русија... Меѓу дарителите се и архијерејот Кирил од Русија, повеќе јеромонаси, монаси, свештеници, презвитерски, паши, аги, бегови, обични луѓе од најситни занимања. Во „Поменикот“ имињата на дарителите се содржани во 36 страници, кои подарувале како благодарност кон Господ, здравје, спасенија од несреќни случаи, проштевање гревови. „Поменикот“ завршува со ектенија од 4 страници, што ја напишал непознат монах.

Авторите Петрушевски и Момироски ги анализираат и јазикот и писмото, тврдејќи дека „Пејчиновиќ и некои негови современици ги прифатиле македонската црковнословенска варијанта и народниот јазик. Најголемиот број зборови се домашни, дијалектни, а најзастапени се зборови од западномакедонското наречје“.

 

Извор:



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Наука и Култура

Октомври 12, 2025
Default Image

Наградата „Ладислав Баришиќ“ за 2025 година ја доби д-р Иванка Апостолова Баскар

Здружението на ликовни критичари AICA Македонија со задоволство ја објавува одлуката на Комисијата за доделување на годишната награда „Ладислав Баришиќ“, која оваа година ѝ се доделува на д-р Иванка Апостолова Баскар за истражувачкиот проект„Вознемирен…
Септември 23, 2025
TviTER929

Anita Gibson- ,,Во вашата рака држите дел од Израел“

Но денес, со откритијата за Унит 8200 и неговите луѓе распослани во Google, Microsoft, Facebook, TikTok, па дури и во VPN сервисите, станува јасно: тоа не беше фалење. Тоа беше признание.Телефоните, апликациите и „безбедносните алатки“ што секојдневно ги…

Денес, кога болката е наша

Јул 20, 2025 Ставови 1128
TviTER777
Во Гетеборг, 1998 година, огнот го изгасна животот на 63 млади.Но подолго траеше…

ЈУБИЛЕЈ НА МУЗИКАТА - X ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ФЕСТИВАЛ ПОЛИХИМНИА 2025

Апр 17, 2025 Музика 1801
Festival.Simeon
Од 11.04 - 15.04. 2025 год. во Скопје по десетти пат се одржа Интернационалниот фестивал…

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Сеп 25, 2024 Интервју 2107
Zivko.Grozdanoski3
Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои…

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Авг 29, 2024 Литература 2174
TviTER231
Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга…

Беседи

БEСEДА  за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

БEСEДА за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

 Сo прoрoчки дар прoрoкувал апoстoл Павлe за бoгатствoтo на благoдатта штo низ вeкoвитe сe излeва на чoвeчкиoт рoд. Тoа штo гo прoрeкoл апoстoлoт, ниe кoи живeeмe 20 вeкoви oддалeчeни oд...

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА...

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА...

Ако не влеземе сериозно на првиот степен од духовниот развој, засекогаш ќе останеме во една падни-стани состојба од предворјето на духовниот живот;во еуфоријата на Лазаревото враќање од мртвите и Христовиот дочек...

Св. Јован Златоуст -  За Лазар, Слово 6

Св. Јован Златоуст - За Лазар, Слово 6

Уште колку пари? Уште колку богатство? Уште колку великолепни зданија? Уште колку бездушна приврзаност спрема задоволствата? Еве се случи земјотрес; каква полза ни донесе богатството? Нечиј труд пропадна, изсчезна имотот...

„Лазаре, излези надвор“

„Лазаре, излези надвор“

Тие Негови зборови, пред сè, значат дека нема смрт за оние кои веруваат во Христа, зашто Христос подоцна на Марта ѝ вели: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во...

АРХИВА: Славе Костадиновски - ПЕТТА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ (НЕДЕЛА НА СВЕТА МАРИЈА ЕГИПЕТСКА) 29.03.2015

АРХИВА: Славе Костадиновски - ПЕТТА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ (НЕДЕЛА НА СВЕТА МАРИЈА ЕГИПЕТСКА) 29.03.2015

Бог, како добар и милостив небесен Отец, секогаш е во состојба да ја слушне молитвата на своите добри чеда. Но, секогаш Бог не ги исполнува нашите молитвени барања. Причината треба...

о.Жарко Ѓорѓиевски: Недела Крстопоклона- Преподобен Агатон Египетски

о.Жарко Ѓорѓиевски: Недела Крстопоклона- Преподобен Агатон Египетски

Христовиот крст е најтежок, зашто Он не страда за сопствените, туку за нашите гревови. Нас и сопствениот крст ни е тежок, а колку само е тежок крстот за целото човештво....

Митрополит Струмички Наум: Само сфаќање или и прифаќање?

Митрополит Струмички Наум: Само сфаќање или и прифаќање?

Но, големо прашање е како не ни здосади ние самите да сме стално исти, формални, непроменети, непреобразени и неосветени; и како еднаш не ја освестиме потребата од сопствена промена и...

Добродетелите во Лествицата на свети Јован Лествичник и Египетскиот Патерикон – Игумен Гаврил

Добродетелите во Лествицата на свети Јован Лествичник и Египетскиот Патерикон – Игумен Гаврил

 Тоа е основното начело и смисла зошто Бог го створил човекот. Во рајот човекот живееше во согласност со неговата природа, во појавата на гревот се разруши таа природна состојба, и...

« »

Најново од култура

Православен календар

 

02/05/2026 - сабота

Преподобен Јован Ветхопешчерник; Светите маченици Христофор, Теона и Антонин; Свети Трифун патријарх Цариградски; Преподобниот маченик Агатангел; Преподобен Симеон Босиот; Блажена Матрона Московска ;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј  9 април/27 март 2026

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј 9 април/27 март 2026

Подигнувајќи го крстот Господов на плеќите, животот подвижнички со меч го запечативте.Евнувие славен атлете, Пајсие на мачениците подражателу, и Аверкие христодушен подвижнику, нечестието...

Тропар на соборот на светиот Архангел Гаврил  8 април/26 март 2026

Тропар на соборот на светиот Архангел Гаврил 8 април/26 март 2026

Тебе, кој благовестуваше спасение на целиот род човечки Архангелу од родот Серафимски,Гавриле Божји гласниче, те молиме и со љубов и радост празникот...

Тропар на Благовештение на Пресвета Богородица 7 април/24 март 2026

Тропар на Благовештение на Пресвета Богородица 7 април/24 март 2026

Денес е почеток на нашето спасениеи откривање на вечната тајна:Синот Божји станува Син на Дева,и Гаврил блага вест објавува.Затоа и...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная