логоFacebookTwitterYouTubeeMail


Скопје, 8 ноември (МИА) - Министерството за надворешни работи на Република Македонија денеска преку соопштение истакнува дека со голема вознемиреност ги прими изјавите на митрополитот на грчката православна црква Антимос што го засегнуваат територијалниот интегритет на Македонија, а кои беа дадени на манифестацијата во Солун пред три дена.

Имено, се наведува во соопштението, вознемирувачки е делот од екстремистичкиот говор на митрополитот Антимос во кој тој повикува на „освојувачки походи на Битола“ и подвлекува дека „на Грција и недостига парчето од Македонија кое тие го имаат кај Битола и околината“.

МНР најостро ги осудува ваквите изјави дадени од високи грчки општественици кои имаат големо влијание и на грчката политичка сцена.

Министерството за надворешни работи, се додава во соопштението, со уште поголема загриженост и жалење констатира дека повикот на митрополитот Антимос за поход кон Битола не е досега ниту осуден, ниту отфрлен од претседателот на Владата на Република Грција Костас Караманлис, ниту од министерката за надворешни работи Дора Бакојани.

МНР очекува од двајцата како најголеми поборници во нивните изјави за добрососедски односи на Балканот и како најгласни осудувачи на секоја иницијатива за иредентизам веднаш и недвосмислено да ги осудат ваквите изјави кои, како што се истакнува во соопштението, претставуваат индиректна закана за територијалниот интегритет на Република Македонија.

- Со таквата своја осуда цениме дека ќе го дадат својот скромен придонес за нашите натамошни пријателски односи.  Исто така, таквиот потег би требало да ги обесхрабри екстремистите во Грција, а да им направи простор на силите на разумот, укажува МНР.

Истовремено Министерството за надворешни работи за овој инцидент ќе ги извести сите релевантни меѓународни институции, бидејќи, истакнуваат од МНР, тој драстично го повредува духот на времената спогодба потпишана помеѓу Македонија и Грција во септември 1995 година. паг/са/12:50


 http://www.a1.com.mk/vesti/default.asp?VestID=86034

посети:{moshits}

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 28, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

Познат научник тврди дека Бог постои

Според него, оваа теорија би можела да го докаже постоењето на Бог. Изјавите ги разгориле дебатите околу оваа тематика меѓу научниците токму затоа што Каку се смета за еден од најважните научници на 21 век. Тој е еден од креаторите на револуционерната Теорија…
Септември 24, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

Цитати од Ван Гог што ќе ве инспирираат

„Рибарите знаат дека морето е опасно и бурата е страшна, но во овие опасности тие никогаш не нашле доволна причина да останат на брегот.“ „Успехот понекогаш е резултат од цела серија неуспеси.“

Беседи

Митрополит Струмички Наум:   Жената Хананејка (16.10.2021)

Митрополит Струмички Наум: Жената Хананејка (16.10.2021)

 Послушанието не е лесен подвиг и не е без искушенија. Затоа, до добивањето на дарот на умно-срдечната молитва тоа е аскетски подвиг, подвиг на кој се принудуваме. Духовниот отец може...

Митрополит Пимен: ЗА Воскресението, гневот и пандемијата - „ЗБОРНИК НА КАРАНТИНСКИ БЕСЕДИ“

Митрополит Пимен: ЗА Воскресението, гневот и пандемијата - „ЗБОРНИК НА КАРАНТИНСКИ БЕСЕДИ“

Та Христос не воскресна само во Ерусалим, та Христос не воскресна само во храмовите. Христос воскресна за сите, за секој и секаде. Христос воскреснува во срцето на секој еден од...

Митрополит Струмички Наум: Сега... сакаш да имаш или да немаш?

Митрополит Струмички Наум: Сега... сакаш да имаш или да немаш?

Значи, наместо судење и осудување и самооправдување, Христос ни го покажува патот на самоукорување и самоосудување, патот напуштен од речиси сите денес; патот на смирението.Прашање е дали воопшто и можеме...

Митрополит Струмички Наум: Потсетник (06.10.2021)

Митрополит Струмички Наум: Потсетник (06.10.2021)

Денешното апостолско четиво (Гал. 6, 3) ме потсети на малиот број „христијани“, кои поради својата внатрешна душевна расцепеност и меѓусебната поврзаност по таа основа, се однесуваат како отцепени, не само...

Митрополит Струмички Наум: Двоедна заповед (03.10.2021 08:43)

Митрополит Струмички Наум: Двоедна заповед (03.10.2021 08:43)

Да не се лажеме себеси... Оној што ја има љубовта како дар на благодатта на Светиот Дух не може истовремено и да мрази. Нема тука место за обичните човечки чувства,...

Митрополит Струмички Наум: Љубовта ќе олади (01.10.2021)

Митрополит Струмички Наум: Љубовта ќе олади (01.10.2021)

Љубовта ќе олади кај тие што ја добиваат како дар Божји во Црквата, а не ја негуваат и не ја развиваат. Љубовта ќе олади кај христијаните, кај православните. Божествена љубов...

 Митрополит Стумички Наум: Тајната на личниот крст (29.09.2021)

Митрополит Стумички Наум: Тајната на личниот крст (29.09.2021)

Често луѓето имаат желба да се на местото на некој друг. Сакаат да ја имаат видливата власт и славата на другиот, сакаат да ги имаат видливите пари и имот на...

 архим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

архим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

 Митрополит Струмички Наум: Свадбена облека (25.09.2021)

Митрополит Струмички Наум: Свадбена облека (25.09.2021)

Свадбена облека е подвигот на очистување на срцето од страстите во послушание. Без овој подвиг никој не може да се нарече христијанин. За монасите и свештенството свадбена облека е нешто...

« »