логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

СИТЕ ТИЕ МУСТАЌЛИИ

(од колекцијата на Националната Галерија на Р. С. Македонија)

7.Vselenski.sobor
I

Кога точно пред еден век Марсел Дишан(во 1919 година) ù доцртал мустаќи на Мона Лиза,покрај субверзивната пресметка со традицијата, тој ни оставил визуелно потсетување колку навидум „малите” ликовни интервенции на лицето можат да го променат „личниот опис” (а со тоа и идентитетот) на насликаниот модел. Во детството ретко кој не им цртал или доцртувал мустаќи на ликовите од фотографиите од старите весници: само со неколку потези со моливот или пенкалото, само со повлекување неколку линии т.е. влакна, за миг излегува сосема нов лик!
Таа миговна метаморфозани покажува дека мустаќите(грч. μύσταξ,)не се само „грст влакна над горната усна” или „коса на лицето”, како што неретко се дефинираат. Имено, мустаќите не се само украс на човековото лице. Тие се визуелен знак, симбол, па затоа воопшто не се за потценување кога зборуваме за нивното присуство (или отсуство) во портретната уметност од нејзините почетоци до денес.
Мустаќите се впечатлив визуелен сигнал во претставувањето на голем број значајни личности од различни културни и ликовни традиции на Стариот свет: уште во скулптурите и сликите во древна Месопотамија, Персија, Кина, Јапонија, Египет, Индија, Грција, Рим, среќаваме огромен корпус впечатливи портрети на мажи со мустаќи (мустаќлии), од кои некои се знаменити мудреци, мистици, владетели, војсководци, уметници. Мустаќите (најчесто во пакет со брадата) во голем број древни цивилизации се фреквентни симболи на духовна зрелост, мудрост, моќ, чест и доблесност.
Портретната уметност од минатите епохи изобилува со слики и скулптури на луѓе со мустаќи кои оставиле траен печат врз културните истории на многу народи:мустаќите се неодминлив ликовен елемент во визуелните претставувања на египетските владетели (како што е принцот Рахотеп од 4. династија, кој се смета за еден од најстарите портрети на мустаќлии), на кинеските мудреци и филозофи (Лао Це и Конфициј), на персиските религиски реформатори (Заратустра), на индиските бодисатви (запазени се голем број скулптури на Буда со различни типови на мустаќи), на хеленските филозофи (од цела галерија пред-сократовци до Сократ, Платон и Аристотел), на библиските патријарси (од Авраам до Мојсеј) и старозаветните пророци, на ликовните претстави на Исус и апостолите, или на посланикот Мухамед, чиишто влакна од мустаќите и брадата  неодамна беа изложени како реликвија во музејот Топкапи.

II

Очигледно е дека за разлика од некои животински видови (риби или животни од семејството мачки, на пример), во чија анатомија на лицето мустаќите имаат пред сè улога надополнителни рецептори на дразби, мустаќите кај луѓето имаат пред сè и над сè естетска и симболичка функција. Ако си го поставиме прашањето зошто мажите од памтивек пуштаат и негуваат мустаќи, веројатно би бил незадоволителен одговорот дека тоа го прават само за евентуално да ги сокријат искривените или расипаните заби, или како заштитна мембрана за алергени пред носот.
Во традиционалните култури на различни агли од планетава, мустаќите постепено прераснале во еден од клучните визуелен знаци за машкоста, репродуктивната зрелост,честа, смелоста, храброста,достоинството, јунаштвото... Во некои народи дури и ден-денес луѓето се колнат во мустаќите како гарант за доследноста на ветеното.Во некои традиции, мустаќите со векови биле иницијациски маркери дека мажите отслужиле војска, или дека се во брак. Иако денес само во текот на ноември дел од мажитепуштаат мустаќи како видлива поддршка наглобалната кампања за подигнување на свеста за машкото здравје, сè до средината наминатиот ХХ век на голем дел од Земјата неретко се велело: „Маж без мустаќи, не е маж“.

III

Станувајќи дел од „визуелниот идентитет” на голем број мажи низ вековите, постепено се создале различни модели и стилови на мустаќи, кои прилегаат на различни облици на лицата, на различни темпераменти, табиети, карактери. Мустаќите кои воопшто не се дообликуваат се нарекуваат „природни”, но наспрема оваа ретка категорија, се развил широк дијапазонна различни видови „негувани” или „стилизирани” мустаќи.
Така, некои стилови, по образец на националните кујни, добиле „национален” предзнак, како што се „мексиканските”, „унгарските”, „кинеските” или „англиските” мустаќи. Некои видови мустаќи го наследиле името од нивните маркантни сопственици: долгите висечки „ФуМанчу” мустаќи, тенките (накривени нагоре) „Дали” мустаќи, ситните Џингис Хан мустаќи,густите „Панчо Виља” мустаќи,или „Френк Запа” мустаќите, кои подразбираат и минијатурно брадиче веднаш под долната усна.
Некои мустаќи го добиле своето име според визуелната асоцијација на некои предмети, како што се „коњска потковица” (мустаќите на ХалкХоган), „четка за заби” (Адолф Хитлер, Оливер Харди), „рачка” (РолиФингерс) или „молив” (Кларк Гебел, Шон Пен), а некои мустаќи се нарекуваат „чешел”, „кука” и „бар код”. Некои мустаќи се поврзуваат со некои професии, па така постојат т.н. детективски, келнерски или мајсторски мустаќи. Некои мустаќи добиле дури и социјално-идеолошка конотација на „етикетите”: царски, империјалистички, аристократски, пролетерскимустаќи...
Имајќи ја предвид разновидноста, популарноста и комплексната семиотичка функција на мустаќите низ вековите, се чини дека е тешко, неблагодарно, а и невозможно, да се направи исцрпна листа на сите познати, маркантни мустаќлии од претходните векови. Мустаќите се присутни на лицата на огромен број „икони” на XIX и ХХ век: од неодминливиот филозоф и поет Фридрих Ниче, догенијалниот физичар Алберт Ајнштајн; од култниот детектив (опседнат со изгледот на мустаќите) Херкул Поаро, до најголемата комична фигура на црно-белиот филм Чарли Чаплин; од неодоливиот заводник од филмските платна Шон Конери,до комичарите Гручо Маркс и Еди Марфи; од музичарите кои се речиси незамисливи без мустаќи (Џими Хендрикс, Ринго Стар, ЖоржБрасанс, Фреди Меркјури, Ник Кејв), од низата револуционери (Мартин Лутер Кинг, Ернесто Че Гевара, Фидел Кастро), до низата писатели мустаќлии (Марк Твен, Ернест Хемингвеј, Максим Горки, Џејмс Џојс, Вилијам Фокнер) илисè со ликовите од стриповите, цртаните филмови и видео игрите (Хогар Страшниот, Јосемити Сем, Астерикс, Обеликс, Чико или Супер Марио).
Посебно возбудливо би било да се прави листа на големи сликари мустаќлии, кои создале неодминливи мустаќлиски (авто)портрети. И таа листа, се чини, е „невозможна мисија”, но во оваа пригода, барем да ги споменеме: Микеланџело Караваџо, Албрехт Дирер, ФрансХалс, ГиставКурбе, Пол Гоген, Пол Сезан, Винсент Ван Гог, Едвард Мунк, Салвадор Дали,МаурицЕшер, а во оваа крајно строга и селективна листа, би требало да ги споменеме дури и (авто)портретите на Фрида Кало.   

IV

Не помалку возбудливо би било да се направи обид и за список на значајни мустаќлии од македонската современа историја и култура. Да го земеме за пример и македонскиот XIX век, во кој живееле и дејствувале низа маркантни просветители, собирачи на народно творештво и писатели, кои ги обединуваат (меѓу многу други работи) и мустаќите: од браќата Миладиновци, Кузман Шапкарев и Ѓорѓија Пулевски, до Григор Прличев, Џинот и Марко Цепенков.
Во македонската долга борба за слобода и независност има огромна галерија револуционеримустаќлии, па не е ни толку случајно што и во македонската химна се набројуваат неколку од нив: Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев, Јане Сандански, а и меѓу народните херои од НОВ има впечатливи партизани мустаќлии (Мирче Ацев, Орце Николов, Александар Урдаревски, Бајрам Шабани).
Неисцрпен би бил и списокот на уметници мустаќлии од ХХ век, кои ја задолжиле македонската култура, меѓу кои, на пример се истакнати писатели (Славко Јаневски, Гане Тодоровски, Милан Ѓурчинов, Петре М. Андреевски, Мето Јовановски,  Димитар Солев, Адем Гајтани, Ванчо Николески, Васил Пујоски, Стојан Тарапуза); театарски и филмски уметници (браќата Манаки, Љубиша Георгиевски, Слободан Унковски, Владимир Милчин, Димитар Станковски, Столе Попов, Мето Јовановски, Салаетин Билал, браќата Ангеловски, Бајруш Мјаку, Ненад Стојановски, Ванчо Петрушевски, Стефан Сидовски, Игор Ангелов); музичари (Властимир Николовски, Александар Џамбазов, Атанас Бадев, Јонче Христовски, Илија Пејовски, Запро Запров, Златко Ариевски – Арчи, Дуке Бојаџиев) и секако, ликовни уметници: Димитар Пандилов, Димитар Андонов Папрадишки, Коста Шкодреану, Омер Калеши, Василие Поповиќ – Цицо, Томо Шијак, Танас Луловски, Коле Манев, Илија Пенушлиски, Владимир Георгиевски, Трајче Јанчевски, Газанфер Бајрам, Павле Кузмановски, Рубенс Корубин, Стефан Хаџи-Николов, Ацо Станковски, Мирослав Стојановиќ, Зоран Кардула, Зоран Попоски, Атанас Ботев...Веројатно слични листи би можеле да се прават во спортот (Васил Рингов, Благоја Георгиевски, Аце Русевски, Перо Антиќ), но и во други сфери: науката, политиката, медиумите...
V
Во текот на XX век, во македонската ликовна уметност се создадени голем број впечатливи портрети на „мустаќлии“, а дел од нив имаат и антологиски дострели. Затоа, преку избор од педесетина портрети на мажи со мустаќи од богатата колекција на Националната галерија на С. Македонија, реализирани во различни ликовни техники, изложбата „Мустаќлии“ е обид да се предочи и претстави еден интересен збир ликовни дела на едно место и во еден галериски простор.
Од хронолошка перспектива, најголемиот дел од селектираните ликовни дела  датираат од првата половина на ХХ век, така што би можело да се рече дека стожерниот корпус од изборот го сочинуваат делата на основоположниците на современата македонска ликовна уметност.
Како амблематични дела за темата на оваа изложба, би ги издвоиле шестте репрезентативни ликовнидела од Димитар Андонов Папрадишки: „Портрет на АнѓелиоАндонов“ (1900/1901), „Портрет на свештеник“ (1930-35 г.), „Портрет на Прота Пешиќ,  (1930-35 г.), „Автопортрет од младоста” (1930-1935 г.), „Глава на старец” (околу 1942 г.), „Светител” (1942/43 г.), како и делата на Димитар Пандилов Аврамовски: „Портрет на старец”, (1925 г.), „Автопортрет” (1926 г.). Во периодот кога се насликани овие дела, веројатно кај нас било потешко да се најде возрасен маж без мустаќи. Кај обајцата сликари (и во портретите и во случајот на автопортретите на уметниците), мустаќите органски се поврзани со насликаните ликови и со нивниот хабитус.  
Таков е и случајот со сликата „Мајстор” (1946 г.) од Лазар Личеноски: мустаќите од ориентален (ФуМанчу) стил го заземаат централното, доминантно место во композицијата, како визуелен симбол на авторитетот, зрелоста и почитта во еснафот на портретираниот лик. Во портретите на Никола Мартиноски „Циганин со црвен фес” (1928) и „Турчин со бела брада” (1937/38) мустаќите и брадата го акцентираат психолошкиот и егзотичен профил на моделите од различни етнички групи. Мустаќите како неизоставен дел од изгледот на возрасните мажи во традиционалната рурална култура се впечатливи и во делата „Портрет на селанец“ (1898 г.) од Ѓорѓи Јаков Зографски,„Жетвари” (1945 г.), и Томо Владимирски. Хумористично-карикатурниот потенцијал на мустаќите е особено исползуван во карикатурите на Василие Поповиќ Цицо, кои реферираат на ликови и сцени од НОВ и Втората светска војна: „Генадија” (1944 г.), „Фашистичка парада” (1945 г.) и „Бункер” (1945 г.).
    Од портретите на мажи со мустаќи настанати во втората половина на ХХ век, во изложбата се селектирани десетина дела, меѓу кои има три портрети на сликари со мустаќи: „Портрет на Димитар Пандилов” (1988 г.) од Родољуб Анастасов,„Портрет на Василие Поповиќ Цицо“ (1989 г.) од Кочо Фидановски и „Откровение на сликарот Танас Луловски” (1981 г.) од Божидар Дамјановски, како и автопортетот на Петар Стојановод 1961 година. Две селектирани дела се настанати во творечки дијалог со средновековната иконографија: „Климент Охридски” (1956 г.) од Димитар Кондовски и „Од циклусот: Тајна вечера” (1989 г.) од Ацо Станковски, а мустаќите се особено инвентивно вклопени и во композициите на сликите „Маска”, (1963 г.) од Ванчо Ѓорѓиев и „Мигови на одмор“(1978 г.) од Реџаи Исении „Тажен портрет” (1983 г.) од Игор Митриќески.
Во изборот на портрети на мустаќлии се вбројуваат и петнаесетина ликовни дела одбогатата колекција, создадени од сликари од поранешните југословенскирепублики, претежно настанати во последните децении наXIX и во првата половина на ХХ век. Како посебно индикативни за концептот на изложбата, беа селектирани следниве ликовни дела, во кои можат да се видат речиси сите стилови и типови на мустаќи:„Машки портрет“ (1859 г.) од Новак Радониќ; „Машки портрет со бели ракавици“, „Портрет на П. Стојановиќ“ (1872 г.) од Данил Константин; делата „Друштво (Карташи)“ (1905-10 г.) и „Портрет на Владимир Милетиќ” (1905/1910 г.) од Надежда Петровиќ;„Портрет на Пољак“ (1910 г.) од Коста Милиќевиќ;делата „Сегединскикримар” и „Автопортрет” од Стеван Алексиќ, „Глава на старец” (1917 г.) од Стеван Тодоровиќ, „Портрет на Душко Поповиќ”,  (1923 г.) од Моша Пијаде, „Босанец” (1940 г.) од Зора Петровиќ, „Едвард Кардељ “ (1944 г.) и „МитралезецотКланчар (Партизан)” (1944 г.) од Божидар Јакац, „Билијард” (1957 г.) од Богољуб Ивковиќ и „Облици, Форми” (1958 г.) од Иван Табаковиќ.
    Изложбата „Мустаќлии” се заокружува со мала галерија од осум скулптури во кои се портретирани мажи со мустаќи:„Мојот татко” (1937 г.) од Зденко Калин, „Сликарот Пенгов” (1938 г.) од Борис Калин; делата „Браќата Миладиновци” (1945 г.) и „Димитар Миладинов” (1952 г.), „Глава на старец” (1954 г.) од Димо Тодоровски, „Глава на Црногорец“ (1948 г.) од РистаСтијовиќ, „Чичко Јонче“(1949 г.) од Стефан Несторовски, „Св. Климент” (1969 г.) од Ангеле Нацески.
Оттука, се надеваме дека преку овој избор на репрезентативни портрети на „мустаќлии“, оваа изложба ни нуди доволно широк увид и пресек во еден значаен сегмент од портретната уметност на ХХ век. Истовремено се надеваме и дека изложените портрети, поставени во една доволно долга и доволно илустративна низа, која би можела да се надополнува во иднина, повикуваат на промислување на низа естетски, семиотички, антрополошки, социолошки, културолошки и родови аспекти на овој феномен.



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Април 07, 2021
Aleksandar.N.sv.Haralampij

Збирка раскази „Фауст го трча плебејскиот круг“ (Faustus Runs the Plebeian Circle)-Стефан Марковски

Збирката раскази по промотивна цена е дистрибуирана и на повеќе книжевни платформи, како Barnes and Noble, Vivlio, Apple Books, Thalia, Kobo, Booktopia, Weltbild, Paagman, Ibs, Indigo и други. На македонски јазик книгата која инкорпорира 6 приказни, како…
Април 04, 2021
Aleksandar.N.sv.Haralampij

Книгата може да им помогне на децата да си го изградат идентитетот

Секоја генерација на деца има свои проблеми и затоа треба авторите да ги следат денешните деца и да знаат што тие сакаат да прочитаат. Авторите од западноевропските земји се многу похрабри и добро е што издавачите прават напори да ги преведат, но им…

Соопштени европските награди за драмски превод за 2021 година, меѓу нив три на македонски јазик

Мар 22, 2021 Литература 107
Aleksandar.N.sv.Martinijan6
Исто така, меѓу најдобрите од два други јазични комитета се најдоа и преводите на две…

Македонскиот поет Игор Крајчев е поет на неделата на престижниот британски магазин “The Poet Magazine”

Мар 22, 2021 Литература 106
Aleksandar.N.sv.Haralampij
Инаку. ова застапување на македонскиот поет Игор Крајчев во британскиот магазин, доаѓа…

Истражување на Харвард: Кои луѓе се посреќни, оние со повеќе време или оние со повеќе пари?

Мар 22, 2021 Друго од култура 124
Aleksandar.N.sv.Haralampij
Истражувањата покажуваат дека луѓето кои имаат најмногу животни исполнувања повеќе…

Беседи

ЗА ПОКАЈАНИЕТО - АРХИМАНДРИТ ГЕОРГИЈ КАПСАНИС

ЗА ПОКАЈАНИЕТО - АРХИМАНДРИТ ГЕОРГИЈ КАПСАНИС

И колку повеќе некој ја чувствува грешноста си, толку и се кае подобро и повеќе. И затоа го гледаме овој голем знак – тајна може да каже некој – во...

Митрополит Струмички Наум: Недела на свети Јован Лествичник (10.04.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на свети Јован Лествичник (10.04.2021)

Срцето на овој степен сè уште е заробено од страстите, така што демонот релативно лесно, преку помислите и сетилата, однатре, го наведува човекот на грев. Колку што човекот слободно му...

На свети Григориј Палама - Старец Георгиј Капсанис II дел

На свети Григориј Палама - Старец Георгиј Капсанис II дел

Црквата го прославува споменот на еден нов светител, светиот Николај Планас, еден прост отец, неписмен но свет, оженет свештеник од некогашна Атина. Свети Николај – по потекло од Наксос –...

О.Николај Киранџиќ: НЕДЕЛА НА СВЕТИ ЈОВАН ЛЕСТВИЧНИК

О.Николај Киранџиќ: НЕДЕЛА НА СВЕТИ ЈОВАН ЛЕСТВИЧНИК

 Болестите, пак, честопати се плод на нашата гревовеност, безаконие и неуреден живот, но честопати тие се и Божја казна за нашите гревови. Затоа, ако сакаме да се ослободиме од болеста,...

Митрополит Струмички Наум:  ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦЕ, спаси нѐ!

Митрополит Струмички Наум: ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦЕ, спаси нѐ!

Севкупниот Домострој на нашето спасение е дело на нашиот Бог – Света Троица, од Отецот, низ Синот, во Светиот Дух. Овој Домострој е Христоцентричен (исто како и нашиот живот во...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Тајната на Крстот

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Тајната на Крстот

Во животот неизбежно ќе страдаме и ќе носиме крст, сакале или не, и ќе бидеме распнати, сакале или не, и ќе умреме на него, сакале или не, но на крстот...

Митрополит Струмички Наум: КРСТОПОКЛОНА НЕДЕЛА (03.04.2021)

Митрополит Струмички Наум: КРСТОПОКЛОНА НЕДЕЛА (03.04.2021)

 Во секое наше лично страдање Го препознаваме првенствено Христос и го надградуваме нашиот личносен однос со Него. Самото страдање е реално, но тоа останува во втор план, затоа што преку...

За втората недела на постите - (на свети Григориј Палама) - Старец Георгиј Капсанис

За втората недела на постите - (на свети Григориј Палама) - Старец Георгиј Капсанис

Но светиот Григориј имајќи го опитот на аскетите на Света Гора и на сите свети Отци на Црквата ни, се спротистави на оваа прелест, на рационализмот на западниот Варлаам, со...

О.Николај Киранџиќ: НЕДЕЛА НА СВЕТИ ГРИГОРИЈ ПАЛАМА

О.Николај Киранџиќ: НЕДЕЛА НА СВЕТИ ГРИГОРИЈ ПАЛАМА

Гревот, тоа духовно помрачување на човековата душа бил причинителот за болеста на фатениот, па затоа било потребно прво тој да се уништи. Болестите, пак, честопати се плод на нашата гревовеност,...

« »