логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

Наслов опција 1: 5 заклучоци од првата конференција за е-трговија во Македонија
Наслов опција 2: Кои беа главните заклучоци на првата конференција за е-трговија во Македонија
29  октомври, 2018, СКОПЈЕ –  Во петокот, 26-ти октомври, во хотел Мериот се одржа првата конференција за е-трговија во Македонија, која го носеше насловот "е-Трговија: е-Иднината за е-Македонија!". Со скоро 400 присутни гости и повеќе од 30 говорници на сцена, конференцијата докажа дека во Македонија постои огромен интерес за развој на оваа индустрија. Агендата ја сочинуваа микс од поздравни говори, панел дискусии, говори и презентации и забавни елементи во форма на интерактивен квиз во кој учествуваше целата публика и музичка изведба на хумористичната песна “Цена?” од Дебелиот крај.

Дигитализацијата создава можности за креирање на нови бизнис модели, но и овозможува постоечките традиционални бизниси да ги трансформираат и унапредат своите застарени процеси. За развој на е-трговијата и создавање на дигитално општество потребен е пертнерски однос на засегнатите страни: бизнисите, владата, банките и потрошувачите. Можностите кои ги нуди дигиталниот пазар се огромни особено за мал и неатрактивен пазар како што е Македонија. Но за делување потребно е да се детектираат и предизвиците кои стојат пред оваа индустрија. На конференцијата  беа презентирани новите трендови подржани од технологијата како и можностите кои ги нуди вештачката интелегенција, учењето на машините, како и гејмификација од познати странски клучни говорници. На четирите панели беа опфатени за дискусија: понудата, плаќањето и доставата како клучни елементи на синџирот на е-трговијата покрај информатичко технолошката подготвеност. Панелистите како преставници на бизнисите и институциите од соодветната област дебатираа за предизвиците кои стојат пред нив. Најчесто беше споменувана едукацијата и регулативата. Но секако како препреки остануваат и транспортот, ИТ системите,  корисничките правила, заштита на податоците и др.
 
Во продолжение, петте клучни заклучоци од конференцијата:
 
1.    Е-ТРГОВИЈАТА И ДИГИТАЛИЗАЦИЈАТА СЕ ПОТРЕБА, ЗАТОА ТРЕБА ЕДУКАЦИЈА
Сите статистики и на глобалниот и на домашниот пазар говорат на пораст во користењето на електронската трговија од страна на граѓаните. Македонија со потрошени 63 милиони евра за купување онлајн бележи пораст од 20% во првото полугодие од 2018 година споредбено со истиот период 2017. Сите од говорниците, и малите е-трговци и големите гиганти како Македонски Телеком, Вип, Еуро Линк Осигурување, Спорт вижн (SportVision), се согласија дека е-трговијата ќе биде еден од приоритетите во следните периоди. Тука се јавува и потребата за зголемување на дигиталните вештини кај населението и нивна едукација на тоа поле.
 
„Луѓето без пристап до интернет и технологија ризикуваат дигитално и економско исклучување.“ – изјави министерот за информатичко општество и администрација, г-дин Дамјан Манчевски во своето поздравно обраќање.
 
2.      РЕГУЛАТИВАТА ТРЕБА ДА ГИ СЛЕДИ ПОТРЕБИТЕ НА БИЗНИС ЗАЕДНИЦАТА, А НЕ ОБРАТНО
Низ скоро секој од панелите (е-трговци, плаќање и достава), се зборуваше за регулативата и колку многу е потребно да се пронајде начин истата да се разработи и да биде попрецизна, да ги опфати последните трендови и да ги следи потребите на бизнис заедницата, а не бизнисот да се ограничува според регулативата и да се кочат иновациите.
 
            „Не знаеме која ни е регулативата. Не сме сигурни во кој правец да оди, тоа е голем проблем поготово за помалите е-трговци. Немаме јасни закони за е-комерц во регионот.“ – истакна регионалниот директор за е-трговија на Sport Vision, г-ѓа Зорана Милидраг.
 
3.    ПОТРЕБНА Е ПОДОБРА ПОНУДА И КОНКУРЕНЦИЈА
Со цел подобрување на иновацијата и зголемување на локалната понуда, клучна улога игра конкуренцијата. Конкуренцијата беше опишана како најдобар катализатор за зголемување на понудата во е-трговијата.
 
„Кога гигантите немаат ефективен конкурентски притисок, нормално дека ќе се однесуваат на стар традиционален начин. Не се менуваат кога нема потреба. Но, во ситуација кога имате дистрактор, ќе истражувате како да работите поефикасно. Конкуренцијата е најдобар тригер за големите системи да се движат побрзо..“ – истакна извршниот директор на Македонски Телеком, г-дин Никола Љушев.
 
4.    ФИН-ТЕК ИНОВАЦИИТЕ ТРЕБА ДА НАСТАПАТ НА СЦЕНА
Се соочуваме со застарени методи на регистрација за е-трговци и добивање на виртуелни терминали за плаќање, кои минимално се променети од 2008-ма година кога е направена и првото онлајн плаќање во Македонија. Банките е потребно да бидат поиновативни, а наскоро на сцена се очекува да настапат и фин-тек компаниите од небанкарскиот сектор кои треба да го раздвижат овој сегмент од пазарот.
 
„Со промена на регулативите на коишто работи НБРМ, наскоро ќе се овозможи сериозни компании од небанкарскиот сектор да понудат свои решенија. Има потенцијал за домашен производ.” – истакна претставникот на НБРМ, г-дин Игор Величковски, во панелот за плаќања објаснувајќи дека НБРМ работи на овозможување на законски рамки кои ќе дозволат фин-тек иновации.
 
5.      ИМАМЕ СЕРИОЗЕН ПРОБЛЕМ СО ДОСТАВА И ЛОГИСТИКА
Како една од алките во синџирот на е-трговијата, а значајна за развојот е доставата (домашна и меѓугранична) и логистиката, две области во кои што домашните е-трговци наидуваат на многу проблеми. Доставата е уште позначајна за настап на странските пазари и како кочница за истата се гледаат скапите цени за испорака, царинските процедури како и предизвиците со враќање на производите, ова беа едни од главните препреки дефинирани за извоз. Она што преставува мало охрабрување е најавата на царинската управа за поедноставување на процедурата за царинска декларација, како и намалување на трошоците.

„Со една царинска декларација која може да биде неделна или месечна која може секој трговец да ја обезбеди сам без трошоци или преку шпедитер со мали трошоци може да врши повеќекратен извоз“ истакна преставникот на Царинската управа на Република Македонија,  г-динот Ѓоко Танасоски
 
 
Фотографии од настанот може да се погледнат на следниов линк.
###
 

###

За Асоцијацијата за е-трговија на Македонија
Мисијата на оваа асоцијација е да креира иднина за раст и развој на е-трговијата во Македонија, со главна цел да ги поддржи интересите на компаниите за е-трговија, да придонесе кон знаењето за е-трговија и негово проширување, вклучувајќи ги поврзаните услуги и технологии и да ги намали и елиминира бариерите кои го ограничуваат растот и развојот на идустријата.

За повеќе информации:  www.ecommerceconference.mk



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 24, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

Цитати од Ван Гог што ќе ве инспирираат

„Рибарите знаат дека морето е опасно и бурата е страшна, но во овие опасности тие никогаш не нашле доволна причина да останат на брегот.“ „Успехот понекогаш е резултат од цела серија неуспеси.“
Септември 23, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

Михаил Корубин со графика која го симболизира „Алкалоид“: Ги насликав минатото и сегашноста на нашето здравје

Темата на ова дело е живот и здравје со која се одбележува и прославува 85 години од постоење на Алкалоид-Скопје. Во оваа композиција се претставени две раце кои симболизираат сила, заштита и работа, сонце и изгрејсонце како животна сила, растение кое нуди…

Беседи

 архим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

архим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

 Митрополит Струмички Наум: Свадбена облека (25.09.2021 )

Митрополит Струмички Наум: Свадбена облека (25.09.2021 )

Свадбена облека е подвигот на очистување на срцето од страстите во послушание. Без овој подвиг никој не може да се нарече христијанин. За монасите и свештенството свадбена облека е нешто...

Беседа на Рождеството на Пресвета Богородица - Митрополитот Европски г. Пимен

Беседа на Рождеството на Пресвета Богородица - Митрополитот Европски г. Пимен

Колкава е потребата на човека од храм, од место каде ќе се среќава со Бога, од место каде ќе може молитвено да Му се обрати на Господа, па колку и...

Св. Фотиј Велики - За Рождеството на нашата Пресвета Дева Богородица

Св. Фотиј Велики - За Рождеството на нашата Пресвета Дева Богородица

Девата се раѓа од неплодна утроба, но дури и да била плодна, рождеството пак би било чудесно. О, големо чудо! Штом времето на сеење поминало, тогаш жетвата дошла; штом огнот...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Митрополит Струмички Наум:   Сето тоа... не сум го запазил од младини (11.09.2021)

Митрополит Струмички Наум: Сето тоа... не сум го запазил од младини (11.09.2021)

Страстите се тие што го држат срцето заробено и затворено за умно-срдечната молитва, а умот непросветлен. Страстите и демоните, кои секогаш се поврзани со нив, се тие што ги држат...

Митрополит Струмички Наум: Што не е јасно? (04.09.2021)

Митрополит Струмички Наум: Што не е јасно? (04.09.2021)

Никогаш не треба да губиме предвид колкави должници сме Му на Бог; и поради сите дарови што постојано ги добиваме од Него и поради сите гревови со кои Му возвраќаме...

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

« »