логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 Среда, 28 Февруари 2018 14:28

Како дел од активностите за  одбележување на Европската година на културното наследство, денес во Археолошкиот музеј на Македонија  беа промовирани петнаесет нови изданија (десет на македонски и пет на англиски јазик)  од едицијата „Најзначајните вредности на културното и природното наследство на Република Македонија“ , проект на  Управата за заштита на културното наследство...
promocija_15_knigi_uzkn_kulturno_nasledstvo_28_feb_2018_foto1


Говорејќи за значењето на оваа едиција, која има цел да ги афирмира бројните и бесценети културно-историски знаменитости на Македонија во земјава и во светот, министерот за култура на Република Македонија, Роберт Алаѓозовски истакна дека врвен приоритет на Министерството е заштитата и промовирањето на културното наследство и дека унапредувањето на неговата состојба има посебно место во културните политики.

„Во наредниот период ќе се посветиме на изработка на стратегија и нова односно модифицирана законска рамка за заштита на културното наследство. Ќе ги поттикнуваме студиските програми за конзервација и реставрација на движното и недвижното наследство, а ќе ги решаваме и проблемите околу стандардите за конзервација, идентификација, евиденција и валоризација на културните предели“, рече Алаѓозовски, очекувајќи дека ќе се остварат посакуваните резултати и, како што рече, нашиот богат културен трезор ќе стане препознатлив за жителите на Европа и на светот.

promocija_15_knigi_uzkn_kulturno_nasledstvo_28_feb_2018_foto3
„Вклучувањето  на овие 15 нови наслови во одбележувањето на Европската година на културното наследство е чекор во вистинската насока. Убеден сум дека овие публикации ќе бидат значаен дел од интензивната презентација на нашето културно наследство пред европската јавност во оваа значајна година“, истакна министерот Алаѓозовски.

Изданијата се популарни, напишани на разбирлив јазик и наменети за пошироката публика. Ќе бидат достапни во малопродажба и во музејските продавници. Со нив бројот на наслови во оваа едиција од планираните 130, достигна 45. Директорката на УЗКН Елеонора Петрова-Митевска рече дека со преводот на англиски јазик се овозможува за културното наследство на Македонија да дознае европската и светската јавност.


promocija_15_knigi_uzkn_kulturno_nasledstvo_28_feb_2018_foto4


На македонски јазик беа промовирани изданијата за црквата Св.Богородица – Матејче, црквата Св.Богородица Елеуса - Вељуса, Керамичките релјефни плочи од Виница, Маркови кули, Варош – Прилеп, Таор (Антички населба Тауресиум), Баргала, Манастирот Трескавец, за археолошкиот локалитет и неолитско село Тумба Маџари, за црквата Св.Ѓорѓи во Курбиново и Муниципиј Стобенсум.

Во превод на англиски, нови се пет наслови: Municipium Stobensium; The History of Discovering the Site of Isar  - Marvinci; The Medieval Fortress of Isar - Shtip; Kokino - a Holy Mountain and Observatory for 4000 Years; The Great Bath of The Late Roman Thermal Spa in the Village of Bansko.


promocija_15_knigi_uzkn_kulturno_nasledstvo_28_feb_2018_foto2


Извор:http://www.kultura.gov.mk/index.php/odnosi-so-javnost/novosti/3578-2018-02-28-14-37-24



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 24, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

Цитати од Ван Гог што ќе ве инспирираат

„Рибарите знаат дека морето е опасно и бурата е страшна, но во овие опасности тие никогаш не нашле доволна причина да останат на брегот.“ „Успехот понекогаш е резултат од цела серија неуспеси.“
Септември 23, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

Михаил Корубин со графика која го симболизира „Алкалоид“: Ги насликав минатото и сегашноста на нашето здравје

Темата на ова дело е живот и здравје со која се одбележува и прославува 85 години од постоење на Алкалоид-Скопје. Во оваа композиција се претставени две раце кои симболизираат сила, заштита и работа, сонце и изгрејсонце како животна сила, растение кое нуди…

Беседи

 архим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

архим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

 Митрополит Струмички Наум: Свадбена облека (25.09.2021 )

Митрополит Струмички Наум: Свадбена облека (25.09.2021 )

Свадбена облека е подвигот на очистување на срцето од страстите во послушание. Без овој подвиг никој не може да се нарече христијанин. За монасите и свештенството свадбена облека е нешто...

Беседа на Рождеството на Пресвета Богородица - Митрополитот Европски г. Пимен

Беседа на Рождеството на Пресвета Богородица - Митрополитот Европски г. Пимен

Колкава е потребата на човека од храм, од место каде ќе се среќава со Бога, од место каде ќе може молитвено да Му се обрати на Господа, па колку и...

Св. Фотиј Велики - За Рождеството на нашата Пресвета Дева Богородица

Св. Фотиј Велики - За Рождеството на нашата Пресвета Дева Богородица

Девата се раѓа од неплодна утроба, но дури и да била плодна, рождеството пак би било чудесно. О, големо чудо! Штом времето на сеење поминало, тогаш жетвата дошла; штом огнот...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Митрополит Струмички Наум:   Сето тоа... не сум го запазил од младини (11.09.2021)

Митрополит Струмички Наум: Сето тоа... не сум го запазил од младини (11.09.2021)

Страстите се тие што го држат срцето заробено и затворено за умно-срдечната молитва, а умот непросветлен. Страстите и демоните, кои секогаш се поврзани со нив, се тие што ги држат...

Митрополит Струмички Наум: Што не е јасно? (04.09.2021)

Митрополит Струмички Наум: Што не е јасно? (04.09.2021)

Никогаш не треба да губиме предвид колкави должници сме Му на Бог; и поради сите дарови што постојано ги добиваме од Него и поради сите гревови со кои Му возвраќаме...

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

« »