логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

 
Редовна работна средба на министерката за култура со македонските амбасадори на културата во светот
Среда, 15 Јануари 2014 16:01


Осврт на досегашните активности, преглед на активностите и проектите што ќе бидат реализирани во 2014 година, но и за иновации во однос на соработката, беа тема на денешната редовна работна средба на министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска со македонските амбасадори на културата во светот.

На средбата присуствуваа шест од вкупно деветте досега номинирани амбасадори на културата - режисерите Милчо Манчевски и Иво Трајков кои работат и творат респективно во САД и Чешката Република, реномираната пијанистка која живее и музицира во Австрија Елена Мисиркова и професорката по пијано од Малезија Снежана Пановска, тенорот Благој Нацоски со живеалиште во Италија, како и Владо Јанвески, кој е македонски амбасадор на културата во Хрватска.



Министерката Канческа - Милевска истакна дека таа лично и Министерството со сите нив има интензивни комуникации и разговара за промоција на македонската култура и за реализација на заеднички проекти. Воедно, им се заблагодари за нивното активно учество во промоција на македонската култура, поттикнување на најразлични проекти и придонесот за соработка со голем број уметници во државите во кои живеат и работат.

Договорено е во иднина овие средби да се одржуваат на 11 јули, за да може нивното присуство да се искористи за збогатување на отворањето на фестивалот „Охридско лето“. Станало збор и за нов проект кој треба да следи во иднина, а тоа е промоција на творештвото на амбасадорите на културата, кои имаат богато портфолио во Македонија или во државата во која живеат.

Министерката Канческа-Милевска ги информирала амбасадорите и за сите активности во областа на културата со акцент на стимулативните мерки во оваа сфера, на инвестициите кои се работат и за активностите преземени на меѓународен културен план.

014_ambas_na_kulturata_2014

Годинава активноста на амбасадорите респективно ќе биде во знакот на одбележувањето на 20 години дипломатски активности со Унгарија, Австрија, Чешката Република, Јапонија и Ватикан. Така творештвото на Манчевски ќе биде презентирано на повеќе реномирани фестивали и манифестации, Нацовски ќе помогне во одбележувањето на јубилејот од дипломатските релации во Јапонија и во Ватикан, Трајков и Мисиркова ќе се вклучат во манифестациите во Австрија и во Чешка, МОБ ќе се претстави во Банкок, Тајланд, а проф. Пановска ќе се ангажира во реализација на учеството на Македонскиот камерен оркестар на Интеренационалниот натпревар „Шопен“ во Малезија, а Јаневски ќе биде вклучен во гостувањето на етно составот „Синтезис“ во Хрватска. Поголем дел од овие манифестации се влезени и ќе бидат финансирани во Годишната програма за култура, која наскоро ќе биде презентирана, рече министерката Канческа-Милевска.  

- Разговаравме и за еден отворен рамковен договор во текот на годината каде што голем број иницијативи, кои би произлегле од страна на амбасадорите, ќе бидат прифатени од Министерството, се со цел да имаме поинтензивна промоција на македонската култура, благодарение на врските и контактите кои што тие ги имаат во средините каде живеат, рече министерката за култура.

Секој од амбасадорите во својата област на дејствување ги посочи некои од веќе завршените проекти, но и оние кои ќе следат. Нацоски ја истакна фокусираноста на изведба на дела од македонски автори секаде каде тој настапува, а каде тоа е можно и промоција на македонското музичко културно богатство, но и нејзина афирмација меѓу неговите колеги од странство.

- Еден хор во Рим кој во 2009 година изведе дела од Трајко Прокопиев и Тодор Скаловски по повод 15 години од дипломатските односи со Ватикан, истите тие дека ги повторуваа и следните години, иако немаа обврска за тоа. И во Јапонија, еден јапонски хор на моја иницијатива изведе македонски песни и беше интересно да се види како Јапонци пеат на македонски во 7/8-мински ритам, рече Нацоски.

Режисерот Манчевски подвлече дека промотивната активност ја врши, пред се, од перспектива на неговото творештво, односно гостувањата на неговите филмови, изложби на фотографии и предавања на врвни универзитети.

- Преку презентација на моето творештво, верувам дека се презентира и македонската култура затоа што во овие филмови учествуваат еден куп други уметници кои се вградуваат себе во тие филмови, и тоа е она што патува надвор. Јас можам да помогнам инцидентно во настапи на други македонски уметници и тоа ќе ми биде многу мило, рече Манчевски.

Овие активности, вели, се реализирани главно со поддршка на Манаки филм, без поддршка од Филмскиот фонд и изрази поддршка на идејата за новоосмислениот рамковен договор со Министерството за култура преку кој ќе има и друга инфраструктурна поддршка во иднина, оти овие активности ги прават, вели, речиси приватно.    

01_ambas_na_kulturata_2014

Договорено е во јануари следната година секој од амабасадорите да поднесе извештај за своите активности, со цел да биде пошироко запознаена и јавноста со нивната дејност.

Македонски амбасадори на културата се и Зафир Хаџиманов во Србија, режисерот Иван Поповски во Русија и Горан Стефановски, кој живее и твори во Велика Британија.



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Октомври 23, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

Поезија од Стефан Марковски застапена во меѓународна антологија на шпански јазик

„Преминот на поетските гласови бара прекугранични и меѓугенерациски средби и точки на дијалог. Тематските определби на песните почиваат врз различните емоционални, општествени, политички и интерперсонални набои на авторите; човечкото дистанцирање и поезијата…
Септември 28, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

Познат научник тврди дека Бог постои

Според него, оваа теорија би можела да го докаже постоењето на Бог. Изјавите ги разгориле дебатите околу оваа тематика меѓу научниците токму затоа што Каку се смета за еден од најважните научници на 21 век. Тој е еден од креаторите на револуционерната Теорија…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Свињарски идентитет (27.11.2021)

Митрополит Струмички Наум: Свињарски идентитет (27.11.2021)

Зошто не Го примаме Богочовекот Христос? Поради задоволувањето на нашите страсти, кои ни станале поважни од Него. Примерот со луѓето од земјата Гадаринска ни покажува дека ним им беа многу...

 БEСEДА  за тoа какo ангeлитe вoјуваат за правeдницитe

БEСEДА за тoа какo ангeлитe вoјуваат за правeдницитe

Ангeл Гoспoдoв ќe вoјува за oниe кoи сe бoјат oд Бoга. Тoа сe пoкажалo јаснo мнoгупати, штo e запишанo, и бeзбрoј пати штo нe e запишанo. Архангeлoт Михаил гo oдбранил...

Митрополит Струмички Наум:   Жената Хананејка (16.10.2021)

Митрополит Струмички Наум: Жената Хананејка (16.10.2021)

 Послушанието не е лесен подвиг и не е без искушенија. Затоа, до добивањето на дарот на умно-срдечната молитва тоа е аскетски подвиг, подвиг на кој се принудуваме. Духовниот отец може...

Митрополит Пимен: ЗА Воскресението, гневот и пандемијата - „ЗБОРНИК НА КАРАНТИНСКИ БЕСЕДИ“

Митрополит Пимен: ЗА Воскресението, гневот и пандемијата - „ЗБОРНИК НА КАРАНТИНСКИ БЕСЕДИ“

Та Христос не воскресна само во Ерусалим, та Христос не воскресна само во храмовите. Христос воскресна за сите, за секој и секаде. Христос воскреснува во срцето на секој еден од...

Митрополит Струмички Наум: Сега... сакаш да имаш или да немаш?

Митрополит Струмички Наум: Сега... сакаш да имаш или да немаш?

Значи, наместо судење и осудување и самооправдување, Христос ни го покажува патот на самоукорување и самоосудување, патот напуштен од речиси сите денес; патот на смирението.Прашање е дали воопшто и можеме...

Митрополит Струмички Наум: Потсетник (06.10.2021)

Митрополит Струмички Наум: Потсетник (06.10.2021)

Денешното апостолско четиво (Гал. 6, 3) ме потсети на малиот број „христијани“, кои поради својата внатрешна душевна расцепеност и меѓусебната поврзаност по таа основа, се однесуваат како отцепени, не само...

Митрополит Струмички Наум: Двоедна заповед (03.10.2021 08:43)

Митрополит Струмички Наум: Двоедна заповед (03.10.2021 08:43)

Да не се лажеме себеси... Оној што ја има љубовта како дар на благодатта на Светиот Дух не може истовремено и да мрази. Нема тука место за обичните човечки чувства,...

Митрополит Струмички Наум: Љубовта ќе олади (01.10.2021)

Митрополит Струмички Наум: Љубовта ќе олади (01.10.2021)

Љубовта ќе олади кај тие што ја добиваат како дар Божји во Црквата, а не ја негуваат и не ја развиваат. Љубовта ќе олади кај христијаните, кај православните. Божествена љубов...

 Митрополит Стумички Наум: Тајната на личниот крст (29.09.2021)

Митрополит Стумички Наум: Тајната на личниот крст (29.09.2021)

Често луѓето имаат желба да се на местото на некој друг. Сакаат да ја имаат видливата власт и славата на другиот, сакаат да ги имаат видливите пари и имот на...

« »