логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

 Парична помош за домот без родители „11 Октомври“


Парична помош во висина од 3.000 евра денеска му беше доделена на Домот за деца без родители „11 Октомври“ во рамки на хуманитарната акција „Мајките одобрија“ која се одвиваше изминатиот период.

Во рамки на акцијата на иницијатива на Аргета, мајки-учеснички предложија хуманитарна организација, го презентираа својот избор на Интернет, а македонската јавноста со најголем број гласови ја награди ЈУ Дом за деца без родители „11 Октомври“, со што таа доби донација од 3.000 евра. Хуманитарната акција ги обедини 18-те мајки од Македонија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина и од Косово. Меѓу нив беа и трите македонски хуманитарни организации од кои Домот за деца без родители доби најмногу гласови преку Фејсбук страницата и ја доби донацијата.

Небојша Јакимоски, директор за продажба во Аргета, изјави дека Домот ќе најде најдобар начин да ги потроши средствата.

- Одлуката да се додели донацијата во Домот беше донесена преку акцијата преку Интернет. Трите селектирани мајки од Македонија предложија по еден проект и потоа имаше транспарентно гласање на Интернет и интернет гласачите одлучија овој проект да се додели на Домот за деца,  посочи Јакимоски.

Заблагодарувајќи се за донацијата, раководителот на воспитната служба во Домот за деца „11 Октомври“, Вера Петровска рече дека во институција како нивната каде се згрижуваат деца постојано има потреба да ги задоволат потребите на децата.

-  Постојано има потреба да ги унапредиме сите оние потреби кои ги носи современиот живот, значи да имаме интернет во целата институција, можеби ќе ги потрошиме за некоја прошетка која им е битна на децата. Ќе се договориме со децата и според фондот пари што го имаме ќе ги распоредиме за да имаме за се што ни треба, додаде Петровска.

Маја Бошковска, мајка од Македонија и учесник во акцијата, рече дека и е задоволство што нејзиниот предлог на организација за донација е избран.

- Посебно сум горда што заедно со Аргета ќе им овозможиме на овие дечиња една насмевка на нивните лица и ќе им помогнеме сите заедно во натамошниот нивен живот да израснат во добри личности, додаде Бошковска.

По доделувањето на донацијата, Петровска на Јакимоски му додели благодарница, слика и грнче, рачно изработени од децата од Домот кои потоа одржаа приредба.



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Октомври 23, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

Поезија од Стефан Марковски застапена во меѓународна антологија на шпански јазик

„Преминот на поетските гласови бара прекугранични и меѓугенерациски средби и точки на дијалог. Тематските определби на песните почиваат врз различните емоционални, општествени, политички и интерперсонални набои на авторите; човечкото дистанцирање и поезијата…
Септември 28, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

Познат научник тврди дека Бог постои

Според него, оваа теорија би можела да го докаже постоењето на Бог. Изјавите ги разгориле дебатите околу оваа тематика меѓу научниците токму затоа што Каку се смета за еден од најважните научници на 21 век. Тој е еден од креаторите на револуционерната Теорија…

Беседи

Митрополит Струмички Наум:   Жената Хананејка (16.10.2021)

Митрополит Струмички Наум: Жената Хананејка (16.10.2021)

 Послушанието не е лесен подвиг и не е без искушенија. Затоа, до добивањето на дарот на умно-срдечната молитва тоа е аскетски подвиг, подвиг на кој се принудуваме. Духовниот отец може...

Митрополит Пимен: ЗА Воскресението, гневот и пандемијата - „ЗБОРНИК НА КАРАНТИНСКИ БЕСЕДИ“

Митрополит Пимен: ЗА Воскресението, гневот и пандемијата - „ЗБОРНИК НА КАРАНТИНСКИ БЕСЕДИ“

Та Христос не воскресна само во Ерусалим, та Христос не воскресна само во храмовите. Христос воскресна за сите, за секој и секаде. Христос воскреснува во срцето на секој еден од...

Митрополит Струмички Наум: Сега... сакаш да имаш или да немаш?

Митрополит Струмички Наум: Сега... сакаш да имаш или да немаш?

Значи, наместо судење и осудување и самооправдување, Христос ни го покажува патот на самоукорување и самоосудување, патот напуштен од речиси сите денес; патот на смирението.Прашање е дали воопшто и можеме...

Митрополит Струмички Наум: Потсетник (06.10.2021)

Митрополит Струмички Наум: Потсетник (06.10.2021)

Денешното апостолско четиво (Гал. 6, 3) ме потсети на малиот број „христијани“, кои поради својата внатрешна душевна расцепеност и меѓусебната поврзаност по таа основа, се однесуваат како отцепени, не само...

Митрополит Струмички Наум: Двоедна заповед (03.10.2021 08:43)

Митрополит Струмички Наум: Двоедна заповед (03.10.2021 08:43)

Да не се лажеме себеси... Оној што ја има љубовта како дар на благодатта на Светиот Дух не може истовремено и да мрази. Нема тука место за обичните човечки чувства,...

Митрополит Струмички Наум: Љубовта ќе олади (01.10.2021)

Митрополит Струмички Наум: Љубовта ќе олади (01.10.2021)

Љубовта ќе олади кај тие што ја добиваат како дар Божји во Црквата, а не ја негуваат и не ја развиваат. Љубовта ќе олади кај христијаните, кај православните. Божествена љубов...

 Митрополит Стумички Наум: Тајната на личниот крст (29.09.2021)

Митрополит Стумички Наум: Тајната на личниот крст (29.09.2021)

Често луѓето имаат желба да се на местото на некој друг. Сакаат да ја имаат видливата власт и славата на другиот, сакаат да ги имаат видливите пари и имот на...

 архим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

архим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

 Митрополит Струмички Наум: Свадбена облека (25.09.2021)

Митрополит Струмички Наум: Свадбена облека (25.09.2021)

Свадбена облека е подвигот на очистување на срцето од страстите во послушание. Без овој подвиг никој не може да се нарече христијанин. За монасите и свештенството свадбена облека е нешто...

« »