логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 


 Stefan.medal.S.jpg

 ПОЧИТУВАНИ,
ВАШЕ БЛАЖЕНСТВО, ВАШЕ(И) ВИСОКО(И) ПРЕОСВЕШТЕНСТВО(А)
ДАМИ И ГОСПОДА!

Stefan.medal.S.jpg

ИМАМ ЧЕСТ И ЛИЧНО ЗАДОВОЛСТВО ДА КАЖАМ НЕКОЛКУ ЗБОРОВИ ЗА ОДЛИЧЈЕТО-МЕДАЛОТ 45 ГОДИНИ АВТОКЕФАЛНОСТ НА ОХРИДСКАТА АРХИЕПИСКОПИЈА-МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА.
СО СВОЈОТ ОБЛИК, ДИМЕНЗИИ, ПРЕСТАВИТЕ КАКО И МАТЕРИЈАЛОТ ОД КОЈ Е ИЗРАБОТЕНО ОДЛИЧЈЕТО СООДВЕТСТВУВА СО ИЗРАБОТКИТЕ ПРАВЕНИ УШТЕ ВО ВРЕМЕТО НА РЕНЕСАНСАТА. СПОРЕД ОСНОВНИТЕ ФАЛЕРИСТИЧКИ ПРАВИЛА МЕДАЛИТЕ ИМААТ АВЕРСНА И РЕВЕРСНА ПРЕДСТАВА И СООДВЕТЕН ТЕКСТ. МОЖАТ ДА БИДАТ ИЗРАБОТЕНИ ВО ЕДЕН ИЛИ ПОВЕЌЕ СТЕПЕНИ И ВО ДВЕ ФОРМИ И ТОА КАКО МЕДАЛ ЗА ГРАДИ И СТОЛНА МЕДАЉА.

МЕДАЛОТ Е ФОРМА КОЈА ТРАЈНО ГИ ИЛУСТРИРА ПОЛИТИЧКИТЕ, ЦРКОВНИТЕ И КУЛТУРНИТЕ НАСТАНИ НА ЕДЕН НАРОД. ПО СВОИТЕ ЕСТЕТСКИ, УМЕТНИЧКИ И КУЛТУРНО-ИСТОРИСКИ ЕЛЕМЕНТИ НЕГОВОТО ЗНАЧЕЊЕ Е ТОЛКУ ГОЛЕМО ШТО Е НЕДОСТИЖНО ЗА БИЛО КОЈ ДРУГ ПРОИЗВОД ОД ПРИМЕНЕТАТА УМЕТНОСТ.

ОДЛИЧЈЕТО 45 ГОДИНИ АВТОКЕФАЛНОСТ Е ИЗРАБОТЕНО ВО ФОРМА НА СТОЛНА МЕДАЉА ОД РЕДОТ НА СВЕТИОТ МАКЕДОНСКИ КРСТ, И КАКО ОФИЦИЈАЛНО ЦРКОВНО ОДЛИЧЈЕ СЕ ЈАВУВА ЗА ПРВПАТ НА ТЕРИТОРИЈАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА. ВАКОВ ВИД НА ОДЛИЧЈЕ НЕ Е НАПРАВЕНО СО ВЕКОВИ НАНАЗАД НА ОВИЕ ТЕРИТОРИИ.  ВО НАША ПОБЛИСКА ОКОЛИНА ВАКВО ОДЛИЧЈЕ ИМА ИЗРАБОТЕНО ВО МИНАТОТО КРАЛСТВОТО ЦРНА ГОРА ЗА СПОМЕН НА УЧЕСТВОТО ВО БАЛКАНСКИТЕ ВОЈНИ. ВО ПОСОЧЕНИОВ МИНАТ ПЕРИОД ЗАПАДНОЕВРОПСКИТЕ ЗЕМЈИ И НИВИТЕ КРАЛСТВА КАКО И  РУСИЈА,
МАСОВНО ГО КОРИСТАТ КАКО ОФИЦИЈАЛНА НАГРАДА ПО ПОВОД ДУХОВНО-СВЕТОВНИ ЉУБИЛЕИ, СЛАВЕЊА НА МИРОВНИ ДОГОВОРИ, ПОБЕДИ И ВОСTОЛИЧУВАЊА ОД НАЈРАЗЛИЧЕН ВИД КАКО И МНОГУ ДРУГИ НАСТАНИ.

Stefan.medal.S.jpg

МЕДАЉАТА, 45 ГОДИНИ АВТОКЕФАЛНОСТ НА ОХРИДСКАТА АРХИЕПИСКОПИЈА-МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА Е ИЗРАБОТЕНА СО ТЕХНИКА НА КОВАЊЕ ВО Т.Н. ПРУФ ТЕХНОЛОГИЈА.
ИМА ОБЕМ ОД 60 М.М., ДЕБЕЛИНА ОД 7,2 М.М. И ТЕЖИНА ОД 180 ГРАМА. МЕДАЉАТА ВО ОСНОВА НА АВЕРСОТ ИМА ПРЕСТАВА НА СВЕТОТО БЛАГОВЕШТЕНИЕ, ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА И АРХАНГЕЛ ГАВРИЛ, МОТИВ КОЈ Е ЗЕМЕН ОД ИКОНАТА НА ОХРИДСКИТЕ МАЈСТОРИ ИКОНОПИСЦИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА 14 ВЕК. ВОЕДНО ПРЕДСТАВАТА БИЛА И ПЕЧАТ НА ОХРИДСКАТА АРХИЕПИСКОПИЈА. ОКОЛУ ПРЕДСТАВАТ НА БЛАГОВЕШТИЕТО Е ИСПИШАНО: ЈУСТИНИЈАНА ПРИМА-ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА-МАКЕДОНСКА ПАВОСЛАВНА ЦРКВА. НА РЕВЕРСОТ ОД МЕДАЉАТА ПРЕСТАВЕНА СТИЛИЗАЦИЈА НА МАКЕДОНСКИОТ КРСТ ОД МАНАСТИРОТ ВЕЉУСА ОД 11 ВЕК ПОТОЧНО ОД 1085 ГОДИНА, ОКOЛУ КОЈ СТОИ НАТПИСОТ: 45 ГОДИНИ АВТОКЕФАЛНОСТ.

ИСТИОТ КРСТ СЕ НАОЃА И НА ОФИЦИЈАЛНИОТ ГРБ НА МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА.

РЕДНИОТ БРОЈ НА МЕДАЉАТА, ЖИГОТ ЗА ЧИСТОТА НА МЕТАЛОТ, ДРЖАВНИОТ ЖИГ ЗА КОНТРОЛА НА КВАЛИТЕТОТ, ЖИГОТ НА ПРОИЗВОДИТЕЛОТ ГС-220 И ЖИГОТ МНС СЕ ВТИСНАТИ НА РЕВЕРСНАТА СТРАНА НА МЕДАЉАТА. ПРВИОТ РЕД НА МЕДАЉАТА “45 ГОДИНИ АВТОКЕФАЛНОСТ” СПОРЕД ЗАКОНСКИОТ ТЕКСТ ИМА ЗЛАТНА, СРЕБРЕНА И БРОЗЕНА КЛАСА А ДОЗВОЛЕНО Е ДОДЕЛУВАЊЕ И НА ТАКАНАРЕЧЕНА БРИЛИЈАНТНА КЛАСА. СО ЗАКОНСКИ ОДРЕДБИ СЕ ДЕФИНИРАНИ И ПРОПРАТНИТЕ ЕЛЕМЕНТИ НА ОДЛИЧЈЕТО КОИ СЕ ДОДЕЛУВААТ СО НЕГО.

Stefan.medal.S.jpg


ПОВЕЛБАТА СЕ ДОДЕЛУВА СТАВЕНА ВО КОЖЕН ТОБОЛЕЦ  А  УКАЗОТ ВО КОЖНА ПАПКА. ПОВЕЛБАТА Е ОТПЕЧАТЕНА ВО А2 ФОРМАТ СО ЗАКОНСКИ ОПРЕДЕЛЕН И ЗАШТИТЕН ДИЗАЈН. ВО ДОЛНИОТ ДЕЛ НА ПОВЕЛБАТА СТОИ ЗАКАЧЕН СО ЛЕНТА ВО НАЦИОНАЛНА ЦРВЕНО-ЖОЛТА БОЈА ФЛУКТИРАЧКИ ВОСОЧЕН ЖИГ СО РЕВЕРСНА ПРЕДСТАВА НА ОДЛИЧЈЕТО.

ПОВЕЛБАТА ГИ СОДРЖИ СИТЕ АДМИНИСТРАТИВНИ ФАЛЕРИСТИЧКИ ПОДАТОЦИ. КУТИЈАТА ВО КОЈА Е СМЕСТЕНО ОДЛИЧЈЕТО-МЕДАЉАТА Е ИЗРАБОТЕНО ОД ИСТА КОЖА КАКО ТОБОЛЕЦОТ И ПАПКАТА И НЕЗИНАТА ГОЛЕМИНА Е СОГЛАСНО ГОЛЕМИНАТА НА МЕДАЉАТА.

СТОЛНАТА МЕДАЉА КАКО И СИТЕ НЕЈЗИНИ ПРОПРАТНИ ЕЛЕМЕНТИ СЕ ИЗРАБОТЕНИ ОД СТРАНА НА МАКЕДОНСКАТА КОВНИЦА “ЈУСТИНИЈАНА ПРИМА” ОД СКОПЈЕ, КОЈА ИСТО ТАКА УЧЕСТВУВАШЕ ВО ИЗРАБОТКАТА НА СЕДУМ МЕДАЉИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА.

СО СВОЈАТА 70-ГОДИШНА ТРАДИЦИЈА И ИСКУСТВО КОВНИЦАТА “ЈУСТИНИЈАНА ПРИМА”  ГИ ИЗРАБОТИ ДО ПЕРФЕКЦИЈА МЕДАЉИТЕ СО СИТЕ ПРОПРАТНИ ЕЛЕМЕНТИ.
Stefan.medal.S.jpg

БЛАГОДАРАМ!

 Stefan.medal.S.jpg

 

Друго: 

 Stefan.medal.S.jpg

 

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Октомври 23, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

Поезија од Стефан Марковски застапена во меѓународна антологија на шпански јазик

„Преминот на поетските гласови бара прекугранични и меѓугенерациски средби и точки на дијалог. Тематските определби на песните почиваат врз различните емоционални, општествени, политички и интерперсонални набои на авторите; човечкото дистанцирање и поезијата…
Септември 28, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

Познат научник тврди дека Бог постои

Според него, оваа теорија би можела да го докаже постоењето на Бог. Изјавите ги разгориле дебатите околу оваа тематика меѓу научниците токму затоа што Каку се смета за еден од најважните научници на 21 век. Тој е еден од креаторите на револуционерната Теорија…

Беседи

 БEСEДА  за тoа какo ангeлитe вoјуваат за правeдницитe

БEСEДА за тoа какo ангeлитe вoјуваат за правeдницитe

Ангeл Гoспoдoв ќe вoјува за oниe кoи сe бoјат oд Бoга. Тoа сe пoкажалo јаснo мнoгупати, штo e запишанo, и бeзбрoј пати штo нe e запишанo. Архангeлoт Михаил гo oдбранил...

Митрополит Струмички Наум:   Жената Хананејка (16.10.2021)

Митрополит Струмички Наум: Жената Хананејка (16.10.2021)

 Послушанието не е лесен подвиг и не е без искушенија. Затоа, до добивањето на дарот на умно-срдечната молитва тоа е аскетски подвиг, подвиг на кој се принудуваме. Духовниот отец може...

Митрополит Пимен: ЗА Воскресението, гневот и пандемијата - „ЗБОРНИК НА КАРАНТИНСКИ БЕСЕДИ“

Митрополит Пимен: ЗА Воскресението, гневот и пандемијата - „ЗБОРНИК НА КАРАНТИНСКИ БЕСЕДИ“

Та Христос не воскресна само во Ерусалим, та Христос не воскресна само во храмовите. Христос воскресна за сите, за секој и секаде. Христос воскреснува во срцето на секој еден од...

Митрополит Струмички Наум: Сега... сакаш да имаш или да немаш?

Митрополит Струмички Наум: Сега... сакаш да имаш или да немаш?

Значи, наместо судење и осудување и самооправдување, Христос ни го покажува патот на самоукорување и самоосудување, патот напуштен од речиси сите денес; патот на смирението.Прашање е дали воопшто и можеме...

Митрополит Струмички Наум: Потсетник (06.10.2021)

Митрополит Струмички Наум: Потсетник (06.10.2021)

Денешното апостолско четиво (Гал. 6, 3) ме потсети на малиот број „христијани“, кои поради својата внатрешна душевна расцепеност и меѓусебната поврзаност по таа основа, се однесуваат како отцепени, не само...

Митрополит Струмички Наум: Двоедна заповед (03.10.2021 08:43)

Митрополит Струмички Наум: Двоедна заповед (03.10.2021 08:43)

Да не се лажеме себеси... Оној што ја има љубовта како дар на благодатта на Светиот Дух не може истовремено и да мрази. Нема тука место за обичните човечки чувства,...

Митрополит Струмички Наум: Љубовта ќе олади (01.10.2021)

Митрополит Струмички Наум: Љубовта ќе олади (01.10.2021)

Љубовта ќе олади кај тие што ја добиваат како дар Божји во Црквата, а не ја негуваат и не ја развиваат. Љубовта ќе олади кај христијаните, кај православните. Божествена љубов...

 Митрополит Стумички Наум: Тајната на личниот крст (29.09.2021)

Митрополит Стумички Наум: Тајната на личниот крст (29.09.2021)

Често луѓето имаат желба да се на местото на некој друг. Сакаат да ја имаат видливата власт и славата на другиот, сакаат да ги имаат видливите пари и имот на...

 архим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

архим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

« »