логоFacebookTwitterYouTubeeMail


03.01.2013 год.

Истражувањето кое го спроведе  YouGov на 1.000 лица, а во генерација на млади ги вбројува лицата меѓу 18 и 34 години, ги потврдија податоците за кои многу постари лица веќе одамна зборуваат. Поточно, помалку е веројатно дека денешните млади ќе ги поздрават соседите или ќе придржат врата за постарите лица, пишува „Дејли Мејл“.

Исто така е помала веројатноста дека ќе понудат пијалок на работникот кој работни во нивниот дом отколку што тоа го правеле нивните родители или дека ќе дадат бакшиш.

Речиси 35 отсто од младите ги игнорираат соседите, во споредба со 15 проценти од групата постари од 55 години. Веројатноста дека седиштето во јавниот превоз ќе го  отстапат на бремена жена е помало за 17 отсто, а дека тоа ќе го направат за постаро лице е 12 проценти.

Додека 83 проценти од постарите од 55 години велат дека на работник кој нешто им поправа во домот ќе му понудат пијалок, само половина од младата генерација би направила исто.

Давањето бакшиш е уште една работа по која младите генерации се разликуваат од постарата генерација. Веројатноста дека ќе добиете бакшиш од млади лица е помала за 41 отсто од веројатноста дека ќе ја добиете од постарите лица.

Психијатоарот др. Клив Шерлок вели дека промените во однесувањето се доказ дека општеството станува себично и има помалку почитување. - Луѓето сега се повеќе оптоварени со самите себе и помалку загрижени за другите луѓе. Заедниците се повеќе се наклонети кон собирање на материјалното. Тоа во правило им е поважно од интересирањето за здравјето на соседите. Човечкото почитување кон себе падна, а со тоа паѓа и почитувањето кон чувствата на другите луѓе, рече Шерлок.

Др. Шерлок тоа го објаснува со сеприсутната технологија која, како што тој тврди, ги охрабрува луѓето да се грижат само за себе и речиси ништо друго не забележуваат.

 

Извор: ТВ Сител



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Октомври 23, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

Поезија од Стефан Марковски застапена во меѓународна антологија на шпански јазик

„Преминот на поетските гласови бара прекугранични и меѓугенерациски средби и точки на дијалог. Тематските определби на песните почиваат врз различните емоционални, општествени, политички и интерперсонални набои на авторите; човечкото дистанцирање и поезијата…
Септември 28, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

Познат научник тврди дека Бог постои

Според него, оваа теорија би можела да го докаже постоењето на Бог. Изјавите ги разгориле дебатите околу оваа тематика меѓу научниците токму затоа што Каку се смета за еден од најважните научници на 21 век. Тој е еден од креаторите на револуционерната Теорија…

Беседи

Митрополит Струмички Наум:   Жената Хананејка (16.10.2021)

Митрополит Струмички Наум: Жената Хананејка (16.10.2021)

 Послушанието не е лесен подвиг и не е без искушенија. Затоа, до добивањето на дарот на умно-срдечната молитва тоа е аскетски подвиг, подвиг на кој се принудуваме. Духовниот отец може...

Митрополит Пимен: ЗА Воскресението, гневот и пандемијата - „ЗБОРНИК НА КАРАНТИНСКИ БЕСЕДИ“

Митрополит Пимен: ЗА Воскресението, гневот и пандемијата - „ЗБОРНИК НА КАРАНТИНСКИ БЕСЕДИ“

Та Христос не воскресна само во Ерусалим, та Христос не воскресна само во храмовите. Христос воскресна за сите, за секој и секаде. Христос воскреснува во срцето на секој еден од...

Митрополит Струмички Наум: Сега... сакаш да имаш или да немаш?

Митрополит Струмички Наум: Сега... сакаш да имаш или да немаш?

Значи, наместо судење и осудување и самооправдување, Христос ни го покажува патот на самоукорување и самоосудување, патот напуштен од речиси сите денес; патот на смирението.Прашање е дали воопшто и можеме...

Митрополит Струмички Наум: Потсетник (06.10.2021)

Митрополит Струмички Наум: Потсетник (06.10.2021)

Денешното апостолско четиво (Гал. 6, 3) ме потсети на малиот број „христијани“, кои поради својата внатрешна душевна расцепеност и меѓусебната поврзаност по таа основа, се однесуваат како отцепени, не само...

Митрополит Струмички Наум: Двоедна заповед (03.10.2021 08:43)

Митрополит Струмички Наум: Двоедна заповед (03.10.2021 08:43)

Да не се лажеме себеси... Оној што ја има љубовта како дар на благодатта на Светиот Дух не може истовремено и да мрази. Нема тука место за обичните човечки чувства,...

Митрополит Струмички Наум: Љубовта ќе олади (01.10.2021)

Митрополит Струмички Наум: Љубовта ќе олади (01.10.2021)

Љубовта ќе олади кај тие што ја добиваат како дар Божји во Црквата, а не ја негуваат и не ја развиваат. Љубовта ќе олади кај христијаните, кај православните. Божествена љубов...

 Митрополит Стумички Наум: Тајната на личниот крст (29.09.2021)

Митрополит Стумички Наум: Тајната на личниот крст (29.09.2021)

Често луѓето имаат желба да се на местото на некој друг. Сакаат да ја имаат видливата власт и славата на другиот, сакаат да ги имаат видливите пари и имот на...

 архим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

архим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

 Митрополит Струмички Наум: Свадбена облека (25.09.2021)

Митрополит Струмички Наум: Свадбена облека (25.09.2021)

Свадбена облека е подвигот на очистување на срцето од страстите во послушание. Без овој подвиг никој не може да се нарече христијанин. За монасите и свештенството свадбена облека е нешто...

« »