логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Скопје, 25 јануари (МИА) - Дваесет и седум години од раѓањето на Тоше, а свеќите не се роденденски. Македонија денеска со тага ќе го одбележи роденденот на својот славен жител - точно напладне во „Македониумот“, во организација на неговото семејство и матичната продукција „Аворд ентертејмент“. Неговиот бенд инструментално ќе ги изведе најголемите хитови, ќе има кус документарец и  фотографии од неговите патувања и настапи, а ќе биде промовирана и Фондацијата „Тодор Проески“.

Крушево, 25 јануари 1981. Се роди ангелот со славејски глас во семејството на Доминика и Никола. Веселото и скромно дете има обичен живот. Учи во ОУ „Никола Карев“ во својот роден град. Како петтоодделенец првпат настапува јавно на „Златно славејче“ и на влашки јазик ја пее „Јас и дедо ми“. Љубовта кон музиката го носи во клупите на средното музичко училиште во Битола, а подоцна на Факултетот за музичка уметност во Скопје.  

Патот до славата почнува во Прилеп со победата на тинејџерскиот фестивал „Мелфест“ (1996) и со дебито на штипскиот „Макфест“ идната година со „Пушти ме“. Првиот албум  „Некаде во ноќта“ со Авалон-продукција се појавува во 1999 година, а првиот концерт  го одржа истата година на скопското лизгалиште во јулска вечер на обилен дожд. Во 2000-та го објавува вториот албум со продукцијата „Авалон“ - „Синот Божји“.

Ѕвездата е родена. Македонската јавност го разбра тоа во 2001 година, кога Тоше ги урна рекордите, одржувајќи четири последователни концерти во Универзалната сала. Наредната година неговата кариера ја презеде менаџерката Лилјана Петровиќ и го издаде третиот албум „Ако ме погледнеш во очи“.

Во 2004 година Тоше го објави четвртиот албум „Ден за нас“ заедно со композициите што ги испеа на домашниот избор на песна за Евровизија. Меѓу нив и „Ангел си ти“ со која во мај во Истанбул настапи на Евросонг и освои 14 место. Со концертот на  29 јуни 2004 стана прв македонски изведувач кој го наполни Градскиот стадион во Скопје.

Со петтиот албум „По тебе“  од 2005 година, Тоше доби статус на балканска ѕвезда. Неговиот успех ги обедини обожавателите од Србија, Хрватска, Босна, Црна Гора. Наредната, 2006 година го објави шестиот албум „Божилак“ со преработки на традиционални македонски песни и потпиша договор со англискиот менаџер Ричард Енглард и со композиторот и продуцент Енди Рајт. Тоа требаше да му ја отвори кариерата во Европа и патот до светските ѕвезди.

Кобната 2007-ма, кога Тоше одбележа една деценија на сцената, почна блескаво. Во февруари, на Денот на вљубените, настапи во преполната белградска Арена, најголемата сала на Балканот, во јуни освои Гран-при на хрватскиот Радиски фестивал на Хвар, а во септември го промовираше седмиот албум „Игри без граници“ кој, на македонски и на српски/хрватски јазик, за неколку дена беше продаден во десетици илјади примероци.

Последниот концерт Тоше го одржа дома. На 5 октомври пееше на Градскиот стадион пред околу 25.000 публика. Со него, амбасадорот на УНИЦЕФ ја потврда хуманоста - за обнова на училиштата во земјава три часа ги пееше своите хитови. Со љубов за сите. Како и многупати дотогаш, кога донираше за болните и за напуштените деца. Му благодареше на Господ за радосните мигови, за концертите и публиката кои, како што рече, му го продолжуваат животот, верувајќи во подобар свет - „овој еден и единствен“.

Сето тоа збиено во еден кус живот. 16 октомври 2007, 6 и 25 часот, автопат, Нова Градишка, „туарег“, шок и неверување, Македонија во болка, плач, погреб... Луѓе од секаде го посетуваат гробот на Тоше кој во Крушево се врати засекогаш. За да кажат „светот минус тебе во него - малку е!“. хс/са/8:27


Панихида за покој на душата на Тодор Проески (25.01.2008)


Македонија денеска со тага го одбележува роденденот на својот славен жител. Точно во 11.15 часот, кога пред 27 години е роден Тоше Проески, на неговото вечно почивалиште се одржа панихида и молитва за душата на ангелот.

Неговите родители и блиските во неутешна болка заедно со пријателите, соработниците, со стотиците обожаватели и почитувачи на Тоше, беа збрани во болката и тагата што тој, сјајната ѕвезда, не може да го прослави својот роденден.

Панихидата со молитвата за душата на Тоше ја одржаа поглаварот на Македонската православна црква г.г. Стефан заедно со владиците Петар и Климент.

- Се собравме заедно да се помолиме за покој на душата на Тоше. Не стивнува болката секаде каде што Тоше се појавуваше. Да се помолиме Мајката Божја да го има во закрила. Бог да му подари рајска населба, а на неговото семејство мир и утеха, истакна владиката Петар.

Гробот на Тоше беше прекриен со бројни подароци од обожавателите од цела Македонија и од Балканот. Испишани сите стихови на неговите песни, писмата, пораките подароците пристигнаа за роденденот на нашиот Тоше.

Од менаџерката Лилјана Петровиќ и од неговиот бенд стигна ветениот подарок за неговиот роденден - бас гитарата.

Во Македониумот, песните на Тоше ги свиреше неговиот бенд, а ги испеаја учениците од ОУ „Никола Карев“ од Крушево.

Внукот на Тоше, Кристијан ја откри бистата на својот вујко која ја изработи скулпторот Митко Ташев и која му ја подарува на семејството Проески. Кристијан на роденденот на својот вујко доби подарок, токму ветен од Тоше. Ветените тапани ги доби од бендот на Тоше и од продукцијата Аворд. Кристијан од актерката и пејачката, пријателка на Тоше, Антонија Шола и од Мирослав Поповиќ го прими и подарокот од Хрватска, наградата за музичар на годината за 2007, која едногласно на Тоше му ја доделија хрватските медиуми.

Од пријателите на Тоше од Варна, Бугарија, стигна и слика со портретот на Тоше, која со солзи во очите и бакнеж ја зема неговата сестра Дора.

Градот Крушево денешниот ден 25-ти јануари го прогласи за Ден на хуманоста на градот.

- Болно е за сите нас што го нема Тоше. Можеме само да го паметиме неговиот роденден и само да речам: да се сакате сите како што Тоше тоа го рече. Родендените Тоше ги славеше заедно со родителите, најблиските, со нас соработниците. Му го подарував тоа што знаев дека го посакува целата година. И на крајот ќе го изненадев со уметничка слика, со се што сакаше, изјави менаџерката Лилјана Петровиќ. 

Оваа година, рече Петровиќ „му ветив бас гитара. Му ја ветивме со бендот. И ја донесовме. Се што Тоше има е дел на семејството кое несебично ќе ги отстапи за Музејот на Тоше за да допрат до сите. За нас единствено останува да ја исполниме желбата на Тоше: Да си простуваме, да имаме разбирање и љубов меѓу нас“.

Славен Ристески, зетот на Тоше ја спомена желбата на македската мега ѕвезда, која се исполни денеска, но за жал без Тоше.

- На 29-ти декември требаше на внукот Кристијан да му ги донесе тапаните. Порачани беа од Љубљана. Бендот и Аворд продукција ја исполнија желбата на Тоше, рече Ристески.

Пријателката и колешка на Тоше, Антонија Шола дојде од Хрватска.

- Дојдов и денеска на роденденот на мојот колега и пријател Тоше. Тешко е. На внукот на Тоше, Кристијан, му оставив мал крст.

Мирослав Поповиќ дојде во името на хрватските медиуми да го донесе признанието Кристална пирамида за најдобар музичар за 2007 што Тоше го доби.

- Едногласна беше одлуката на медиумите. Тоше безрезервно го заслужи тоа, рече Поповиќ.

Крушево, 25 јануари 1981. Се роди ангелот со славејски глас во семејството на Доминика и Никола. Веселото и скромно дете има обичен живот. Учи во ОУ „Никола Карев“ во својот роден град. Како петтоодделенец првпат настапува јавно на „Златно славејче“ и на влашки јазик ја пее „Јас и дедо ми“. Љубовта кон музиката го носи во клупите на средното музичко училиште во Битола, а подоцна на Факултетот за музичка уметност во Скопје. 

Патот до славата почнува во Прилеп со победата на тинејџерскиот фестивал „Мелфест“ (1996) и со дебито на штипскиот „Макфест“ идната година со „Пушти ме“. Првиот албум  „Некаде во ноќта“ со Авалон-продукција се појавува во 1999 година, а првиот концерт  го одржа истата година на скопското лизгалиште во јулска вечер на обилен дожд. Во 2000-та го објавува вториот албум со продукцијата „Авалон“ - „Синот Божји“.

Ѕвездата е родена. Македонската јавност го разбра тоа во 2001 година, кога Тоше ги урна рекордите, одржувајќи четири последователни концерти во Универзалната сала. Наредната година неговата кариера ја презеде менаџерката Лилјана Петровиќ и го издаде третиот албум „Ако ме погледнеш во очи“.

Во 2004 година Тоше го објави четвртиот албум „Ден за нас“ заедно со композициите што ги испеа на домашниот избор на песна за Евровизија. Меѓу нив и „Ангел си ти“ со која во мај во Истанбул настапи на Евросонг и освои 14 место. Со концертот на  29 јуни 2004 стана прв македонски изведувач кој го наполни Градскиот стадион во Скопје.

Со петтиот албум „По тебе“  од 2005 година, Тоше доби статус на балканска ѕвезда. Неговиот успех ги обедини обожавателите од Србија, Хрватска, Босна, Црна Гора. Наредната, 2006 година го објави шестиот албум „Божилак“ со преработки на традиционални македонски песни и потпиша договор со англискиот менаџер Ричард Енглард и со композиторот и продуцент Енди Рајт. Тоа требаше да му ја отвори кариерата во Европа и патот до светските ѕвезди.

Кобната 2007-ма, кога Тоше одбележа една деценија на сцената, почна блескаво. Во февруари, на Денот на вљубените, настапи во преполната белградска Арена, најголемата сала на Балканот, во јуни освои Гран-при на хрватскиот Радиски фестивал на Хвар, а во септември го промовираше седмиот албум „Игри без граници“ кој, на македонски и на српски/хрватски јазик, за неколку дена беше продаден во десетици илјади примероци.

Последниот концерт Тоше го одржа дома. На 5 октомври пееше на Градскиот стадион пред околу 25.000 публика. Со него, амбасадорот на УНИЦЕФ ја потврда хуманоста - за обнова на училиштата во земјава три часа ги пееше своите хитови. Со љубов за сите. Како и многупати дотогаш, кога донираше за болните и за напуштените деца. Му благодареше на Господ за радосните мигови, за концертите и публиката кои, како што рече, му го продолжуваат животот, верувајќи во подобар свет - „овој еден и единствен“.

Сето тоа збиено во еден кус живот. 16 октомври 2007, 6 и 25 часот, автопат, Нова Градишка, „туарег“, шок и неверување, Македонија во болка, плач, погреб... Луѓе од секаде го посетуваат гробот на Тоше кој во Крушево се врати засекогаш. За да кажат „светот минус тебе во него - малку е!“.

Извор: МИА
 

 

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Ноември 14, 2023
Tamara.Kotevska

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи гласовна нарација (испорачана од друга девојка, а не од Асил што ја гледаме на екранот) која е резервна, поетска и застрашувачка. „Треба да најдам место каде што можам да ги…
Октомври 15, 2023

Почнува 8-то издание на „Киненова“

Со проекција на филмот „Зад стоговите сено“ на грчката режисерка Асемина Проедроу и доделување на наградата за особен придонес во филмската уметност на актерот Бранислав Лечиќ денес (13.10.) во Синеплекс со почеток во 20 часот ќе биде отворено 8 издание на…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 1282
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Промоција на Речник на медиумска писменост

Мај 31, 2023 Литература 1606
Ова лексикографско издание е прв сериозен обид за систематизирање на термините коишто се…

Беседи

БEСEДА  за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

БEСEДА за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

Прв нeпријатeл на чoвeкoт e ѓавoлoт, втoр e грeвoт, а трeт e смртта. Гoспoд Исус ги пoбeдил ситe oвиe три нeпријатeли на чoвeчкиoт рoд. Сo Свoeтo пoнижувањe гo пoбeдил гoрдeливиoт...

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

 Спознанието на вистината, на лично ниво, не е интелектуално човечко достигнување, туку, пред сè, е Божји дар на просветленост на умот и обожение на личноста; дар Божји кој се добива...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

Милoстињата штo сe прави oд цeлиoт ум, гo чисти чoвeкoвиoт ум. Сo eдeн збoр внатрeшната милoстиња гo исчистува цeлиoт чoвeк. Акo e милoстињата самo oд рака, таа нe ја чисти...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

 Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Што се случува со оние кои Страшниот суд ги затекнува во грев и пад? Тоа што Богочовекот Христос воопшто стапува во дијалог со нив, колку и да звучи тоа страшно...

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Параболата за цариникот и фарисејот претставува длабоко проникнување во човековата душа, и за нас е многу важно да го задржиме нашето внимание врз ова кажување. Оваа парабола нема во предвид...

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Каква умилна слика ни претставува Сретението Господово! Старецот Симеон во раце Го држи Младенецот, спроти него – праведниот Јосиф и Пресветата Дева Богородица; во близина – пророчицата Ана, постничка и...

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Современиот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела....

« »

Најново од култура

Православен календар

 

26/04/2024 - петок

Велигденски пости; (строг пост)

Светиот свештеномаченик Артемон; Светиот маченик Крискент; Светата маченичка Томаида;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Мартин Исповедник папа Римски 14 април / 27 април 2024

Тропар на светиот Мартин Исповедник папа Римски 14 април / 27 април 2024

Исповедниче на вистинската вера која спасува,Мартине свети мачениче,прими од нас пофалба и благодарност.Од Бога со благодатна вистина исполнет,на патот исповеднички...

Тропар на св.Христов новомаченик Димитриј Пелопонески 13 април / 26 април 2024

Тропар на св.Христов новомаченик Димитриј Пелопонески 13 април / 26 април 2024

Исповедник на верата Христова постана,откако Спасителот Го повика кога се најде сред морските бранови,о Димитрие новомачениче.Надеж стана за паднатите кои во...

Тропар на преподобниот отец епископ Паријски Василиј 12 април / 25 април 2024

Тропар на преподобниот отец епископ Паријски Василиј 12 април / 25 април 2024

Василие, преподобен оче наш,верата во Христа ти ја сочува,иако велијар во безумие кон тебе поита,стадото Христово по твоите молитви Господ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная