логоFacebookTwitterYouTubeeMail

МАКЕДОНСКА ЗАЕДНИЦА ВО ЧЕШКА

КАЛИГРАФСКА ИЗЛОЖБА ВО ПРАГА

03 август 2012 година, Емајски манастир - Прага, Чешка (Пишува: Димитри Кирјаковски) - По повод 1150. годишнината од кодификацијата и воведувањето на глаголското писмо од светите браќа Кирил и Методиј - христијанските мисионери од Солун Македонија, како и 665. годишнината од основањето и изградбата на Емајскиот манастир, Македонската заедница во Чешка во соработка со Бенедиктинскиот монашки ред на католичката црква од Прага поставија изложба на македонски ракописи од македонско-холандскиот калиграф и дизајнер Георги Гоце в. Дуртаноски.

Изложбата е насловена како Inscriptiones Macedoniæ и ја сочинуваат ракопреписи и копии од гравури од карпеста уметност и надгробни споменици пренесени на хартија како и средновековни манускрипти од Македонија или пак поврзани со Македонија и мисијата на светите браќа Кирил и Методиј.

Inscriptiones Macedoniæ е кохезија помеѓу калиграфски ракописи и црковна литература и го претставува деценискиот плод од истражувачката работа на авторот во потрага по милениумската писменост од Македонија, од каде започна работата и придонесот на светите браќа Кирил и Методиј како мост кој денес поврзува над 200 милиони луѓе со културна и духовна сличност.

Со пригодна свеченост и во присуство на претставници од македонските заедници од  Чешка, Германија, Полска, Словачка и Австрија, претставници од македонската амбасада во Прага и пријатели на Македонија изложбата беше отворена во историскиот Емајски манастир кој е основан во 1347 година и кој впрочем претставува прв манастир со папски декрет предаден во употреба за служење на православна литургија за потребите на православните верници на овие простори уште во 14. век.

“Голема чест за нас е што оваа хумана мисија за македонската писменост тргнува од Чешката престолнина“, истакна Ѓорѓи Мирчевски, претседател на Македонската заедница во Чешка.

За изложбата и за мисијата на светите браќа Кирил и Методиј говореше д-р Иван Доровски од Катедрата за бохемистика при Масариковиот универзитет од Брно.

Преку видео-бим беше пренесена благословена порака за отворањето на изложбата од поглаварот на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, а изложбата беше пропратена со  црковно-македонска православна музика.

Македонската заедница од Чешка како и авторот Георги Гоце в. Дуртаноски упатија несебична благодарност до Емајскиот манастир за широко отворената соработка и за отстапениот простор за поставување на изложбата Inscriptiones Macedoniæ кој јубилеј од кодификацијата на глаголицата ги поврзува Македонија и Чешка токму преку Охридската книжевна школа и Емајскиот манастир кој во почетокот на своето основање имаше своја краснописна школа од која произлегоа голем број на глаголски ракописи кои денес поради својата реткост се основната културна алка преку која се поврзуваат народите на христијанска Европа.

Изложбата Inscriptiones Macedoniæ во Прага ќе биде отворена за посети секој ден од понеделник до сабота од 11.00 - 17.00 часот до 26. август 2012 година во галерискиот простор на Емајскиот манастир на адреса: Emauzsky klaster (Emavs Pragae), Vyšehradská 49/320, 128 00 Praha 2 - Nové Město.

+++

До Емајскиот манастир се стигнува со метро до станицата Karlovo náměstí или со трамвајските линии број 3, 4, 10, 14, 16, 18, 24 до станицата Moráň или станицата Karlovo náměstí. Главниот влез е од Вишеградската улица (Vyšehradské ulice), околу 50 метри надолу во правец на Карловиот плоштад.


За Preminportal

Тодор Петров



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Декември 28, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

„Анатомија на бумбарот” на Стефан Марковски

Во романот, чие македонско издание е објавено од „Паблишер“, се дефинира енергична и психолошки силна приказна каде се претопуваат елементи на гротеска, хумор и егзистенцијалистичко преиспитување. Во наративот, како што во поговорот пишува Александар…
Октомври 23, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

Поезија од Стефан Марковски застапена во меѓународна антологија на шпански јазик

„Преминот на поетските гласови бара прекугранични и меѓугенерациски средби и точки на дијалог. Тематските определби на песните почиваат врз различните емоционални, општествени, политички и интерперсонални набои на авторите; човечкото дистанцирање и поезијата…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Свети Јован Крстител (19.01.2022)

Митрополит Струмички Наум: Свети Јован Крстител (19.01.2022)

Свети Јован Крстител е и икона и почеток на тајната на новозаветното и есхатолошко свештенство, и почеток на крајот на старозаветното: „Јас треба од Тебе да бидам крстен, а Ти...

Митрополит Струмички Наум: Богојавление (18.01.2022)

Митрополит Струмички Наум: Богојавление (18.01.2022)

Кога читаме за божествените работи, може да разбереме нешто со разумот, ама сфаќаме или проникнуваме само со духовниот разум – со преобразениот и просветлен разум; а може да  ни се...

Митрополит Струмички Наум: Обрезание во срцето, по Дух (13.01.2022 17:42)

Митрополит Струмички Наум: Обрезание во срцето, по Дух (13.01.2022 17:42)

Ако внимателно ја погледнеме оваа молитва, во неа ќе ги препознаеме историските периоди на Стариот и Новиот Завет, како и бесконечниот период на Царството Небесно, кој веќе е и уште...

ВИСТИНСКИ БОЖИК - СТАРЕЦ ГЕОРГИЈ КАПСАНИС (06/01/2022)

ВИСТИНСКИ БОЖИК - СТАРЕЦ ГЕОРГИЈ КАПСАНИС (06/01/2022)

Смирената наша молитва од Света Гора е да се подвизуваме сите против нашето самољубие, со цел да дојди во нашите срца, во нашите семејства, во татковината ни и во светот...

БEСEДА  за Рут

БEСEДА за Рут

И Бoг нарeдил сo Свoјата прoмисла, Рута да излeзe на нивата на бoгатиoт Вoз за да сoбира класјe. А Вoз ја видeл Рута и ја пoбарал за сoпруга кај Нoeмина....

Митрополит Струмички Наум: Различни блаженства (18.12.2021)

Митрополит Струмички Наум: Различни блаженства (18.12.2021)

Гледаме дека Господ се поистоветува (дури и најмногу) со секој еден страдалник. Затоа, секогаш кога со своето богатство ќе му помогнеме на еден од овие најмали Христови браќа што страдаат,...

Митрополит Струмички Наум: За мачеништвото (10.12.2021)

Митрополит Струмички Наум: За мачеништвото (10.12.2021)

Активирањето на благодатта со чинот на самото Свето Крштение редовно се случувало во првата Црква: кога луѓето се крштевале возрасни и кога пред тоа Крштение имало тригодишна подготовка. За време...

БEСEДА  за цeлта на раздeлувањe на дарoвитe, службата и звањeтo

БEСEДА за цeлта на раздeлувањe на дарoвитe, службата и звањeтo

Затoа Свeтиoт Дух ги раздeлил дарoвитe и направил eдни апoстoли, други прoрoци, трeти благoвeсници, пастири и учитeли, та свeтиитe, oднoснo христијанитe, да сe усoвршат. Какo штo сe пoдeлeни чeста и...

« »