логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 


Новооткриената некропола од 10 век, пријатно ги изненади археолозите на Кале

Откриената некропола укажува на постоење на уште еден сакрален објект

 

Неделава завршувааат годинешните археолошки истражувања на тврдината Кале во Скопје, во ист период кога во земјава под мотото „Тврдини и одбрамбени градби“ ќе се одвива и манифестацијата „Европски денови на културно наследство“.

Археолозите стигнаа до најдолните, најстарите слоеви на отворените простори, на одредени места до енеолитот, а во други, до средниот век каде деновиве, на големо изненадување открија и некропола со пет гроба, датирани со монети од 10 век. Откриените гробни остатоци: монети, пломби, накит од Самуилово време, според раководителот на истражувањата, археологот Драги Митревски, се поврзуваат со одреден сакрален објект коj се претпоставува дека се шири под терасата на постоечкиот ресторан Кале.

„Новите откритија сега потврдуваат дека бедемот на тврдината бил постар од што мислевме, дека постоел за време на погребувањата од 10 век и го истакнува градскиот карактер на тогашната населба. Остатоците од таа градска населба ќе мора да се ослободат напролет, заедно со сакралниот објект кој се наоѓа под терасата, за што говорат и парчиња фрески, крстови“- посочува Митревски.


Вчера се документираа и остатоците од црквата од 14 век

Околу дел од бедемот, вчера со градежна механизација се исфрлаше земјата под која „излегоа“ нови страници од историјата на тврдината, а се документираа и остатоците од црквата датирана од 14 век, во т.н. Сектор три, за која меѓу другото, на лице место видливо говорат и откриените елементи на нартексот и три гроба во кои се смета дека биле погребани нејзините ктитори.

„Останува откриените годинешни сознанија да се стават на хартија и да се презентираат пред јавноста. Според досегашниот план, најверојатно во Музејот на град Скопје по 13 ноември ќе биде организирана комплетна презентација, со предавања за пошироката јавност “ - информираше Драги Митревски, според кого, неделава ќе се дооткриваат и преостанатите делови од бедемот, а сите активности ќе бидат во функција на негова понатамошна конзервација. Тој напоменува дека и пред започнување на истражувањата, била позната линијата на бедемот, но дека во внатрешноста се откриени неговите фази.


Се истражува откриениот слој и она што се крие под него

„Сега совршено е јасно дека бедемот е поврзан со одредени културни слоеви, и наше е да одлучиме кој негов дел и до каде ќе биде конзервиран и реконструиран, за што на одредени места ќе треба да се спуштиме подолу, до неговите темели. Неговото постоење говори за достигнатото економско и културно ниво на луѓето кои живееле тука во 10 век “ - посочи раководителот на археолошките истражувања на скопско Кале, не заборавајќи да потсети дека годинава, од страната на реката Вардар кај Големата кула беше откриен и уште еден значаен бедем, но и дека тие немале само воена функција, туку биле составен дел од градските населби.
 

КАТЕРИНА БОГОЕВА- „Утрински Весник“



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 28, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

Познат научник тврди дека Бог постои

Според него, оваа теорија би можела да го докаже постоењето на Бог. Изјавите ги разгориле дебатите околу оваа тематика меѓу научниците токму затоа што Каку се смета за еден од најважните научници на 21 век. Тој е еден од креаторите на револуционерната Теорија…
Септември 24, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

Цитати од Ван Гог што ќе ве инспирираат

„Рибарите знаат дека морето е опасно и бурата е страшна, но во овие опасности тие никогаш не нашле доволна причина да останат на брегот.“ „Успехот понекогаш е резултат од цела серија неуспеси.“

Беседи

Митрополит Струмички Наум:   Жената Хананејка (16.10.2021)

Митрополит Струмички Наум: Жената Хананејка (16.10.2021)

 Послушанието не е лесен подвиг и не е без искушенија. Затоа, до добивањето на дарот на умно-срдечната молитва тоа е аскетски подвиг, подвиг на кој се принудуваме. Духовниот отец може...

Митрополит Пимен: ЗА Воскресението, гневот и пандемијата- „ЗБОРНИК НА КАРАНТИНСКИ БЕСЕДИ“

Митрополит Пимен: ЗА Воскресението, гневот и пандемијата- „ЗБОРНИК НА КАРАНТИНСКИ БЕСЕДИ“

Та Христос не воскресна само во Ерусалим, та Христос не воскресна само во храмовите. Христос воскресна за сите, за секој и секаде. Христос воскреснува во срцето на секој еден од...

Митрополит Струмички Наум: Сега... сакаш да имаш или да немаш?

Митрополит Струмички Наум: Сега... сакаш да имаш или да немаш?

Значи, наместо судење и осудување и самооправдување, Христос ни го покажува патот на самоукорување и самоосудување, патот напуштен од речиси сите денес; патот на смирението.Прашање е дали воопшто и можеме...

Митрополит Струмички Наум: Потсетник (06.10.2021)

Митрополит Струмички Наум: Потсетник (06.10.2021)

Денешното апостолско четиво (Гал. 6, 3) ме потсети на малиот број „христијани“, кои поради својата внатрешна душевна расцепеност и меѓусебната поврзаност по таа основа, се однесуваат како отцепени, не само...

Митрополит Струмички Наум: Двоедна заповед (03.10.2021 08:43)

Митрополит Струмички Наум: Двоедна заповед (03.10.2021 08:43)

Да не се лажеме себеси... Оној што ја има љубовта како дар на благодатта на Светиот Дух не може истовремено и да мрази. Нема тука место за обичните човечки чувства,...

Митрополит Струмички Наум: Љубовта ќе олади (01.10.2021)

Митрополит Струмички Наум: Љубовта ќе олади (01.10.2021)

Љубовта ќе олади кај тие што ја добиваат како дар Божји во Црквата, а не ја негуваат и не ја развиваат. Љубовта ќе олади кај христијаните, кај православните. Божествена љубов...

 Митрополит Стумички Наум: Тајната на личниот крст (29.09.2021)

Митрополит Стумички Наум: Тајната на личниот крст (29.09.2021)

Често луѓето имаат желба да се на местото на некој друг. Сакаат да ја имаат видливата власт и славата на другиот, сакаат да ги имаат видливите пари и имот на...

 архим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

архим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

 Митрополит Струмички Наум: Свадбена облека (25.09.2021)

Митрополит Струмички Наум: Свадбена облека (25.09.2021)

Свадбена облека е подвигот на очистување на срцето од страстите во послушание. Без овој подвиг никој не може да се нарече христијанин. За монасите и свештенството свадбена облека е нешто...

« »