логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка



Коментари и дебати
Александар С. Димковски
Прашајте ги граѓаните за цената на струјата
Лесно е да се зголеми цената, тешко е таа да се преживее. Сегашниот концепт на трошење и наплата на струјата трупа само должници, загуби, неплатени сметки, како и социјална и енергетска несигурност ...  
  
Сé повеќе си го пикаме „носот“ кај што не му е местото, ѕиркаме со него во туѓите интимности, изигруваме спасители на векот, сезнајковци што имаат троа рецепт за секого. Од ден на ден нашиот нос нараснал толку многу што не можеме веќе ништо пред себе да видиме, и самиот нос ни е недостижен   
   
  
Пинокио - приказна со терапевтски карактер за лица што не си го гледаат носот

Ееех... Пинокио, стара добра скаска за малата дрвена кукла која имаше амбиции да постане човек. Ах, кога само би знаела дека во таа дрвена „кожа“ е поарно, ама нејсе, тоа е тема за цела една нова прикаска. Туку бевме кај Пинокио, малиот палавко кого стариот Џепето го создаде за да си ја ублажи осаменоста, тихувањето што стануваше неподносливо со годините. И ете, би чудо, кога тоа судбината го сака, таа кукла постана стамено момче кое беше дар од универзумот за искрениот човек полн со љубов. Понатаму, низ искуствениот опит на малиот Пинокио приказната нé води низ сите психолошки и морални поуки, дека не е добро да се лаже, дека лагата кога-тогаш ќе нé издаде, дека е добро да се прават добри нешта, дека невините најмногу страдаат оти не го узнаваат покаканиот лицемерен свет на возрасните исполнет со однапред подготвени сценарија заради лична корист, дека е добро да се држиме подалеку од неволји, дека искрената желба навистина прави чуда и уште многу други. И сé дотука прикаската е навистина в ред, многу здрава и насочувачка.

Интересното се појавува кога се обидуваме да го откриеме Пинокио во секој од нас, околу нас, пред нас, зад нас, насекаде. Тогаш ни се случува феноменот Пинокио во една инаква смисла. Постануваме нешто што не сме, лажејќи, преправајќи се дека на нас тоа не се однесува, дека ние не сме лажговци. Зошто? Токму заради големиот нос кој ни никнува и од кого не можеме да си видиме во својот двор. Толку нараснува мирисалото што не може да ги сети мискоините на природата, пораките на околината, љубовта на ближните. И така, со носот напред, така потподигнат, се перчиме и го сечеме воздухот, јуриме како на трка од 100 метри. Полека почнуваме да забележуваме како тоа носевите на сите други се поголемки, демек, како сите тие подлажнуваат, поткраднуваат, не се искрени итн. Паралелно со тоа оди сé поголемата загриженост наводна за туѓите „дворови“, да не речам сé повеќе си го пикаме „носот“ кај што не му е местото, ѕиркаме со него во туѓите интимности, изигруваме спасители на векот, сезнајковци што имаат троа рецепт за секого. Од ден на ден нашиот нос нараснал толку многу што не можеме веќе ништо пред себе да видиме, и самиот нос ни е недостижен, губиме секаков контакт со самите себеси и своите потреби, желби, интереси, навлечени сме на туѓите работи како коцкар на зарови. Така нараснат носот оневозможува другите да стапат во контакт со нас, сé што им се испречува пред нос е токму нашиот веќе одвратен орган кој како копје прв се испречува велејќи - јас сум тој и тој.

Се прашувам кој би сакал да се запознае со вака извалкан нос со туѓите гадости. Пополека се создава една критична маса околу нашиот нос, која крои стратегија како да ни го поткастри за да може да види со кого си има работа, ако не за нешто друго. Значи, ај што веќе поради Пинокио-ефектот од километар нé препознаваат, туку сега сакаат да го засечат љубопитниот орган што се пика во туѓи „манџи“. Се наоѓа конечно некој „рунтав во носот“ и...СЕЦ, тече крв, лимфа, сите туѓи гадости, а ние остануваме без мирисало, веќе не ќе можеме да узнаеме нешто свое, а не камоли таму нечие. Тука се појавува терапевтскиот дел на Пинокио-скаската, во моментот на увид по губитокот. Небаре одеднаш стануваме свесни дека не треба да си го пикаме носот секаде и секогаш, туку да си гледаме своја работа. Ах, си велиме, како не си го секнев својот нос навреме. Од друга страна, можеби понекогаш со носот може да се заврши и некоја друга работа, којзнае. Се сеќавам дека „Психомодо поп“ имаше една песна за Пинокио, токму таму станува збор за инаква употреба на носот, ама само ако некој друг побара од вас да го завлечете својот нос во туѓите „мирудии“. Во спротивно, ќе ви го исечат и ќе го немате за себе!

Авторот е психолог   
   
Автор: Мирослав Пендароски 

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=1227109057&id=13&prilog=0&setIzdanie=22168

 

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Август 04, 2026
TVITer127

Потпретседателот Милошоски по повод 2 АВГУСТ — ДЕНОТ НА РЕПУБЛИКАТА

Ова е место каде што пред 123 години една мала чета јунаци застанаа пред неспоредливо посилен непријател — и не отстапија! Питу Гули и неговите соборци
Мај 08, 2026

Македонија го доби првиот етимолошки речник – капитално дело за македонскиот јазик

Има нешто возвишено во моментот кога еден јазик почнува да си ги истражува сопствените корени. Не само како средство за комуникација, туку како жива историја. Како сведоштво. Како трага што нè води назад – кон тоа кои сме биле, за подобро да разбереме кои сме…

Симеон Стефковски: ЖИВОТОТ КАКО ДАР

Ное 01, 2025 Ставови 1436
SimeonStefkovski.LJubanci
Замислувам колку е тешко, тмурно и осамено во душите на тие што живеат во злорадост,…

„Денови на Јустинијан I“: Меѓународен симпозиум за византиски и средновековни студии

Окт 31, 2025 Наука и Религија 2952
CAR.JUSTINIJAN.I
Тринаесеттиот Меѓународен симпозиум за византиски и средновековни студии „Денови на…

Руски научници го проучувале крстот од аспект на квантната физика

Окт 30, 2025 Наука и Религија 3086
TviTER995
Најинтересното е тоа што во аголот на крстот, каде што се вкрстуваат хоризонталните и…

Наградата „Ладислав Баришиќ“ за 2025 година ја доби д-р Иванка Апостолова Баскар

Окт 12, 2025 Ликовна уметност 1825
Ivanka.A.B
Здружението на ликовни критичари AICA Македонија со задоволство ја објавува одлуката на…

Беседи

 Архиепископ Охридски и Македонски Стефан: Дали сме достојни наследници на св.Клмент?

Архиепископ Охридски и Македонски Стефан: Дали сме достојни наследници на св.Клмент?

Вие смисливте зло за мене, но Бог тоа го сврте на добро. Со други зборови, иако Моравската мисија била прекината,

 Митрополит Струмички Наум: ДВА НЕРАЗДЕЛНИ УСЛОВИ

Митрополит Струмички Наум: ДВА НЕРАЗДЕЛНИ УСЛОВИ

Должни сме - на Христос, да оставиме – позади себе, точно Предание. Посебно, кога веќе има .

Митрополит Струмички Наум: ВО СТИЛОТ НА СВЕТИОТ ПРОРОК ИЛИЈА

Митрополит Струмички Наум: ВО СТИЛОТ НА СВЕТИОТ ПРОРОК ИЛИЈА

Недефинираното и магловитото поимање на духовниот живот е одлична атмосфера во која може да се сокрие нашата индивидуална 

Кој не ве слуша вас, од Мене се откажува

Кој не ве слуша вас, од Мене се откажува

 Посебно инсистирам, при подвигот во познание, на „петте контролни точки“ како сублимиран светоотечки метод 

Митрополит Струмички Наум: КОГА БИ СЕ ПОМЕШАЛЕ ПРВЕНСТВАТА

Митрополит Струмички Наум: КОГА БИ СЕ ПОМЕШАЛЕ ПРВЕНСТВАТА

Само оној, со првенство по духовен авторитет, не боледува од овие детски болести, затоа што - точно ја препознава Божјата волја за себе, па и за другите. 

СВЕТИ АПОСТОЛ ПАВЛЕ - КОНТИНУИТЕТ НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

СВЕТИ АПОСТОЛ ПАВЛЕ - КОНТИНУИТЕТ НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

Тоа е христијанскиот идентитет кој не може да биде заробен од детерминатите според паднатиот свет, оти ги надминува времето и просторот,

Митрополит Струмички Наум: Такви му требаат на демонот

Митрополит Струмички Наум: Такви му требаат на демонот

 Демонот не сака да постојат вистински христијани, луѓе кои што автентично го сведочат Христос. Нему му одговара една млака, безлична

Митрополит Струмички Наум: Лукав и прељуботворен род бара знак

Митрополит Струмички Наум: Лукав и прељуботворен род бара знак

Богочовекот Христос го исполни целиот Очев Домострој на нашето спасение и го вложи во нашето срце како подарок, преку 

Митрополит Струмички Наум: Севкупниот христијански живот е давање

Митрополит Струмички Наум: Севкупниот христијански живот е давање

Нашиот однос кон Бог е давање. Само на тој начин ќе познаеме колку Он, веќе, целосно ни се дал, во Домостројот на Спасението.“

« »

Најново од култура

Православен календар

 

13/08/2026 - четврток

Свети Евдоким; Светата маченичка Јулита; Свети Јосиф од Ариматеја;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Христова преподобномаченица Параскева Римјанка 8 август/ 26 јули 20256

Тропар на светата Христова преподобномаченица Параскева Римјанка 8 август/ 26 јули 20256

Дојдете верни, заедно да и запееме песна на страдалницата Параскева, бидејќи таа во светот сјае со чудеса, прогонувајќи го

Тропар на светата Богомајка Ана 7 август/ 25 јули  2026

Тропар на светата Богомајка Ана 7 август/ 25 јули 2026

Богомудра Ано,во твојата утроба си ја носела чистата Богомајка која Го роди Животот.

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная