логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка



 
  Ако можете, љубете без оптоварување, ако не, вие не сте за тоа, најдете си друг спорт и оставете ги другите мирно да спијат!
    
  
Љубомора - маќеа на љубовта, сестра на несигурноста и посестрима на недоволноста.

Да се размислува за љубомората и, не дај боже, да се зборува за неа е секогаш мачно, тешко, лепливо и одговорно. Секогаш на средето меѓу патетичното и воспевање како сателит на љубовта и нејзината патологизација со примерите за рушителската и моќ. Чинам дека стереотипијата за ова комплексно човеково собитие е присутна во сите обиди таа да се разјасни, согледа, оправда или одрече, поддржи или осуди. Едно е сигурно - во сите облици на нејзина разгледба доминираат осудата и неприфаќањето, кое станува сé поголемо со слепилото на истовременото нејзино постоење кај секој од нас.

Прво што паѓа в очи кога луѓето се обидуваат да ја разнебитат и расчленат сушноста на овој феномен е тоа дека секогаш ја доведуваат во некаква врска со присуството или со отсуството нејзино во чувството, состојбата, што ли и да е наречено/а љубов. Некои од нас велат дека секогаш кога има голема љубов наводно морало да има и одредена доза на љубомора. Внимавајте - одредена, како да постои своевиден душевен шублер со кој можеме така фино да и ги измериме границите на распонот и да речеме „о, да, овде има 7,5 проценти љубомора, значи тука има љубов“. Некои други, пак, велат дека каде што отсуствува љубовта, таму имало огромно количество љубомора, кое наводно било последица природна на отсуството на љубов. Како, пак, сега да докажеме дека нема љубов таму каде што има така повеќе љубомора - е, таков шублер немаме, повторно ни недостига мерка, инструмент, критериум. Трети од нас, пак, велат дека љубомората се должи на некаква внатрешна ментална патологија итн. Можам со дигнитет и без страв од осуда да крикнам, сето ова нема врска.  Прво, таму каде што има љубов никако, ни под разно нема љубомора. Зошто?! Затоа што присуството на љубов подразбира почитување на слободата на другиот, земање предвид на неговите потреби, желби, граници. Да љубиш некого, тоа значи да почитуваш, да ослободуваш, оставаш. Знаете, колку повеќе го стискаме нештото в рака, толку повеќе тоа ни се лизга. Колку повеќе се трудиме да задржиме, толку повеќе губиме, стегам ли, тоа што е стегнато сака да се ослободи. Од друга страна, љубомората е оспорување на туѓата слобода, наметнување свои правила, желби, потреби, ограничување во секоја смисла.

Да бидеш љубоморен значи да контролираш, да не си сигурен во можноста да оставиш некого по свое, сам. Таа значи недоверба, страв и ужас, несигурност во себеси, поради што за ништо на овој свет не би му верувал на некој друго. Да бидеш љубоморен значи да стегаш, завртуваш, проверуваш и никогаш да не бидеш сигурен дека тоа е доволно. Ете зошто љубомората е маќеа на љубовта. Воспитувањето на љубовта од некој што не ја родил и не ја узнава, згора на тоа е составен од спротивностите на нејзините сотворувачки елементи, секако дека не ќе создаде вистински ослободувачки пород на заемната доверба наречена љубов, љубење. Од друг агол, пак, љубомората со сета своја недоветна сенилност за сторените недела е родена сестра на несигурноста, онаа личната, на љубоморникот. Таа несигурност нема никаква врска со адресата на која е наменета, онаа на љубоморуваниот. Несигурноста е во сушноста на оној што има потреба од употреба на љубомората заради затскривање на својата разнишана основа, тоа е проекција од најлош вид, згора на тоа и несвесна. Оттука доаѓа фактот што речиси никој не се „излечил“ од неа, оти напросто оној што ја поседува не ја препознава и, следствено, не ја признава. И згора на сето, љубоморникот е „морен“ од своите потреби да потклекне пред искушението што не го гледа кај себе туку кај оној кому му е љубоморен. Пазете, зборот е составен од љубов и мора = кошмарно да оптовариш нечија туѓа егзистенција, да замориш, да ограничиш и застрашиш, наводно поради љубов?!

И на крајот, ах, да, таа е посестрима на недоволноста, на душевната празнина така несмасно пополнувана со туѓите животи и контролата на тие животи. Знаете, кој нема свое го посакува туѓото, оти само така ќе биде едно цело.

Заклучок: Љубомората нема врска со љубовта.

Наравоучение: Ако можете, љубете без оптоварување, ако не, вие не сте за тоа, најдете си друг спорт и оставете ги другите мирно да спијат!

Авторот е психолог   
   
Автор: Мирослав Пендароски 
 

Извор: Нова Македонија

 

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Август 04, 2026
TVITer127

Потпретседателот Милошоски по повод 2 АВГУСТ — ДЕНОТ НА РЕПУБЛИКАТА

Ова е место каде што пред 123 години една мала чета јунаци застанаа пред неспоредливо посилен непријател — и не отстапија! Питу Гули и неговите соборци
Мај 08, 2026

Македонија го доби првиот етимолошки речник – капитално дело за македонскиот јазик

Има нешто возвишено во моментот кога еден јазик почнува да си ги истражува сопствените корени. Не само како средство за комуникација, туку како жива историја. Како сведоштво. Како трага што нè води назад – кон тоа кои сме биле, за подобро да разбереме кои сме…

Симеон Стефковски: ЖИВОТОТ КАКО ДАР

Ное 01, 2025 Ставови 1434
SimeonStefkovski.LJubanci
Замислувам колку е тешко, тмурно и осамено во душите на тие што живеат во злорадост,…

„Денови на Јустинијан I“: Меѓународен симпозиум за византиски и средновековни студии

Окт 31, 2025 Наука и Религија 2951
CAR.JUSTINIJAN.I
Тринаесеттиот Меѓународен симпозиум за византиски и средновековни студии „Денови на…

Руски научници го проучувале крстот од аспект на квантната физика

Окт 30, 2025 Наука и Религија 3084
TviTER995
Најинтересното е тоа што во аголот на крстот, каде што се вкрстуваат хоризонталните и…

Наградата „Ладислав Баришиќ“ за 2025 година ја доби д-р Иванка Апостолова Баскар

Окт 12, 2025 Ликовна уметност 1822
Ivanka.A.B
Здружението на ликовни критичари AICA Македонија со задоволство ја објавува одлуката на…

Беседи

 Митрополит Струмички Наум: ДВА НЕРАЗДЕЛНИ УСЛОВИ

Митрополит Струмички Наум: ДВА НЕРАЗДЕЛНИ УСЛОВИ

Должни сме - на Христос, да оставиме – позади себе, точно Предание. Посебно, кога веќе има .

Митрополит Струмички Наум: ВО СТИЛОТ НА СВЕТИОТ ПРОРОК ИЛИЈА

Митрополит Струмички Наум: ВО СТИЛОТ НА СВЕТИОТ ПРОРОК ИЛИЈА

Недефинираното и магловитото поимање на духовниот живот е одлична атмосфера во која може да се сокрие нашата индивидуална 

Кој не ве слуша вас, од Мене се откажува

Кој не ве слуша вас, од Мене се откажува

 Посебно инсистирам, при подвигот во познание, на „петте контролни точки“ како сублимиран светоотечки метод 

Митрополит Струмички Наум: КОГА БИ СЕ ПОМЕШАЛЕ ПРВЕНСТВАТА

Митрополит Струмички Наум: КОГА БИ СЕ ПОМЕШАЛЕ ПРВЕНСТВАТА

Само оној, со првенство по духовен авторитет, не боледува од овие детски болести, затоа што - точно ја препознава Божјата волја за себе, па и за другите. 

СВЕТИ АПОСТОЛ ПАВЛЕ - КОНТИНУИТЕТ НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

СВЕТИ АПОСТОЛ ПАВЛЕ - КОНТИНУИТЕТ НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

Тоа е христијанскиот идентитет кој не може да биде заробен од детерминатите според паднатиот свет, оти ги надминува времето и просторот,

Митрополит Струмички Наум: Такви му требаат на демонот

Митрополит Струмички Наум: Такви му требаат на демонот

 Демонот не сака да постојат вистински христијани, луѓе кои што автентично го сведочат Христос. Нему му одговара една млака, безлична

Митрополит Струмички Наум: Лукав и прељуботворен род бара знак

Митрополит Струмички Наум: Лукав и прељуботворен род бара знак

Богочовекот Христос го исполни целиот Очев Домострој на нашето спасение и го вложи во нашето срце како подарок, преку 

Митрополит Струмички Наум: Севкупниот христијански живот е давање

Митрополит Струмички Наум: Севкупниот христијански живот е давање

Нашиот однос кон Бог е давање. Само на тој начин ќе познаеме колку Он, веќе, целосно ни се дал, во Домостројот на Спасението.“

« »

Најново од култура

Православен календар

 

12/08/2026 - среда

Св. апостоли Сила, Силуан, Крискент, Епенет и Андроник; Св. свештеномаченик Валентин; Св. свештеномаченик Полихрониј, епископ Вавилонски; Св. Јован, војник;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Христова преподобномаченица Параскева Римјанка 8 август/ 26 јули 20256

Тропар на светата Христова преподобномаченица Параскева Римјанка 8 август/ 26 јули 20256

Дојдете верни, заедно да и запееме песна на страдалницата Параскева, бидејќи таа во светот сјае со чудеса, прогонувајќи го

Тропар на светата Богомајка Ана 7 август/ 25 јули  2026

Тропар на светата Богомајка Ана 7 август/ 25 јули 2026

Богомудра Ано,во твојата утроба си ја носела чистата Богомајка која Го роди Животот.

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная