логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Протоѓакон Славе П. ПРОЈКОВСКИ

ГРЕШКИ ВО ЧЕКОРЕЊАТА НА ИВАН СТОИЛКОВИЌ

Претседателот на партијата на српската заедница во Ре¬публика Македонија на празнувањето на Свети Сава беше по¬канил двајца православни поглавари – едниот легитимен по¬главар на Македонската Православна Црква Негово Блаженство Архиепископ Охридски и Македонски г. г. Стефан, и вториот, нелегитимен самопрогласен поглавар на самопрогласена ПОА Јован Вранишковски. Ова е законската релација во Република Македонија.
Тоа што некаков легитимитет Јован Вранишковски црпи од странпатиштата на Српската Православна Црква, во што таа, ползувајќи го својот авторитет на канонска Црква, ги инволвира и другите помесни православни Цркви, за Република Маке¬донија и за Македонската Православна Црква, нема никакво правно значење. Тоа го знаат сите оние што ги почитуваат законите во Македонија, а тоа го знае, или би требал да го знае и господинот Иван Стоилковиќ.
Зачудува како лидер на политичка партија на Србите во Републикава, згора на тоа и коали¬ционен партнер во Владата на Република Македонија, покажува елементарно непознавање на нерешените односи меѓу двете Пра¬вославни Цркви – Српската и Македонската. Тој, според својата позиција во Владата на РМ, природно е да биде фактор за над¬минување на единственото нерешено јурисдикционо прашање помеѓу двете Цркви и, оттаму, меѓу двата народи, а не генератор на сатанизирање на тие односи.
            Имено, Република Србија ја призна Република Маке¬донија под уставното име и, јавно, не е и не може да биде на страната на грчките неосновани фрустрации околу името на Ре¬публиката, па и на постоењето Македонска Православна Црква. Значи, г. Иван Стоилковиќ и граѓаните кои што како политички лидер ги претставува, овде немаат никаков проблем. Тоа што во услови на нерешени меѓуцрковни односи Владата на РМ најде за потребно празнувањето на денот на Свети Сава да го финансира, е нејзина доблест а не политички гаф. Тоа, пак, што православ¬ните Македонци немаат проблем со прославувањето на Свети Сава во Македонија не е некаква носталгија за српството, туку проникнатост во евангелските принципи на нашата света православна вера и, оттаму, свест дека оние што се овенчале со славата на Христовиот венец се наследство на целата Црква на земјава, па оттаму и на Македонската. Не знам дали таков однос се има во Р. Србија за денот на Свети Климент Охридски, врз чија мисија и Црква израсна и Свети Сава и неговата Црква.
Тоа е она што треба да го сведочиме и кога одиме или живееме и во Белград и во Скопје и во Атина и во Тирана, и каде и да е. Оттаму ние, македонските богослови, своевремено делејќи ја радоста со српските соученици, со љубов а не со некаква сервилна подат¬ливост ја пеевме и „Пути во водјаштаго...” и „Ускликнимо с' љубављу...”. И затоа, благо речено, зачудува постапката на г. Стоилковиќ! Наводно не знае, – а знае; не ги разбира црковните работи, – а ги разбира, освен ако с# уште не е заробеник на југословенското партиско едноумие...
            Не требаше да се бара извинување од г. Стоилковиќ. Тој требаше да поита самиот да се извини, а не дека тоа го побарал некој од него. Наместо тоа, тој излезе со некакви ултиматуми, глумејќи го Мендух Тачи, па изјавува:
            „Јас ја чекам уште малку МПЦ да ги претресе предлозите и сето она што е предмет на разговорите со Српската пра¬вославна прква и да излезе и да ги информира граѓаните на Македонија. Еве, јас им порачувам и ним и на целата македонска јавност, доколку не го направат тоа за три месеци, јас ќе излезам и ќе ја информирам македонската јавност за текот на преговор¬ите и до каде се стигнати”. Како може г. Стоилковиќ да знае до каде се стигнати „преговорите”, кога тоа никој не го знае ниту во Белград ниту во Скопје?! Се знаат само грешките во чекори и на едните и на другите, како и овие на Стоилковиќ...
Ако сака навистина нешто да знае и да одработи конструк¬тивно, тогаш треба да припомогне да ја ослободи СПЦ од чувството дека, ако & ја признае автокефалноста на МПЦ таа, божем, ќе направи предавство на српските национални ин¬тереси а не придобивка за истите. Дали признавањето на ав¬токефалноста на МПЦ е придобивка или не за српската држава и нација, е прашање што го толкува и одработува владата на Р. Србија, во што Црквата може да припомогне, а не и да води самостојна, и спротивна од Владата, политика и, секако, најмалку тоа да го прави г. Стоилковиќ во Македонија. Освен ако не ја сонува и тој кралската Вардарска Бановина, чија црковна јурисдикција ја откупи кралскиот двор во Белград, како и Мендух Тачи што ја сонува Голема Албанија на Призренската лига, иако тоа никој не го бара од него...
Ваквите мали играчи можат само да им наштетат на своите матични држави и уште повеќе на своите заедници, од кои и го црпат својот политички легитимитет.
               
   Авторот е секретар на Архиепископскиот Црковно-прос¬ветен Совет и главен и одговорен уредник на „Весник”, службен лист на МПЦ



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Наука и Култура

Април 17, 2025
Festival.Simeon

ЈУБИЛЕЈ НА МУЗИКАТА - X ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ФЕСТИВАЛ ПОЛИХИМНИА 2025

Од 11.04 - 15.04. 2025 год. во Скопје по десетти пат се одржа Интернационалниот фестивал на класична музика Полихимниа 2025. Единствен од ваков вид во нашата земја и оригинален по својата содржина и оваа година фестивалот се обиде да ги обедини најдобрите…
Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Авг 29, 2024 Литература 945
TviTER231
Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2495
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

Беседи

Божествена Литургија со монашење во манастирот „Пресвета Богородица Елеуса“ во Велјуса.

Божествена Литургија со монашење во манастирот „Пресвета Богородица Елеуса“ во Велјуса.

Во деновиве во кои, согласно светите Канони, се причестуваме секој ден, сакам да ве потсетам на една димензија од оваа Света Тајна која како да е малку подзаборавена. Сите знаеме...

БEСEДА за ужасoт на прирoдата при смртта на Гoспoда

БEСEДА за ужасoт на прирoдата при смртта на Гoспoда

И зeмјата сe затрeсe и карпи паднаа (Мт. 27:51). O какoв страшeн укoр на луѓeтo! И мртвата прирoда Гo пoзнала Oнoј Кoгo луѓeтo нe мoжeлe да Гo пoзнаат. Сeта нeма...

 Митрополит Струмички Наум : Потешко ни беше да бегаме

Митрополит Струмички Наум : Потешко ни беше да бегаме

Некаде, некој има убаво кажано дека колку повеќе се доближуваме до Голгота, следејќи Го верно Христос, толку помалку луѓе (духовни чеда, пријатели) гледаме околу нас. Но, ништо чудно. Знаеме и...

Св. Јован Златоуст -  За Лазар, Слово 6

Св. Јован Златоуст - За Лазар, Слово 6

Уште колку пари? Уште колку богатство? Уште колку великолепни зданија? Уште колку бездушна приврзаност спрема задоволствата? Еве се случи земјотрес; каква полза ни донесе богатството? Нечиј труд пропадна, изсчезна имотот...

„Лазаре, излези надвор“

„Лазаре, излези надвор“

Тие Негови зборови, пред сè, значат дека нема смрт за оние кои веруваат во Христа, зашто Христос подоцна на Марта ѝ вели: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во...

презвитер Горан Стојчевски: ЛИТУРГИЈАТА – ДВИЖЕЧКАТА СИЛА НА СВЕТОТ

презвитер Горан Стојчевски: ЛИТУРГИЈАТА – ДВИЖЕЧКАТА СИЛА НА СВЕТОТ

„Благодарење. Тајна што не требаше да остане толку тајна. Непроценлив дар, незаслужен. Дело Христово во кое постојано се учествува иако само еднаш се случи. Соборно сведоштво во личен подвиг подготвено....

БEСEДА  за пoмирувањeтo на лoшитe заради злoтo

БEСEДА за пoмирувањeтo на лoшитe заради злoтo

И дeнeс мeѓусeбнитe прoтивници сe пoмируваат кoга трeба да сe нападнe и да сe oсуди Гoспoд. Има мнoгу кoи сe кoлат пoмeѓу сeбe дoдeка нe им гo спoмнeтe имeтo Гoспoдoвo....

БEСEДА  за наслeдникoт и за рoбoт

БEСEДА за наслeдникoт и за рoбoт

Зoштo дoјдe Христoс на Зeмјата, браќа? Да нè направи пoдoбри oд рoбoвитe, да ни дадe правo какo синoви и дoлжнoст какo гoспoдари. Правo на синoвитe e сo имeтo Христoвo да...

БEСEДА за oбјавeнитe тајни

БEСEДА за oбјавeнитe тајни

Злoстoрник станува oнoј чoвeк кoј ќe пoвeрува дeка дeлата чoвeчки мoжат да сe скријат. Така мислeлe и eврeјскитe старeшини кoи вo тајнoст гo пoдгoтвуваа свoeтo злoстoрствo над Христа Гoспoда, тајнo...

« »

Најново од култура

Православен календар

 

01/05/2025 - четврток

Преподобен Јован; Светиот маченик Јован Нови Јанински; Светите маченици Виктор, Зотик, Зинон, Акиндин и Северијан; Свети Козма, епископ Халкидонски и преподобниот Авксентиј, неговиот соподвижник;

 

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов  свештеномаченик  Кипријан Слепченски 30 април/ 17 април  2025

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Кипријан Слепченски 30 април/ 17 април 2025

Кипријане,велики молитвениче,пред Бога застапниче,за нашите души покровителе.Моли се, оче преподобне,за оние кои ти приоѓаатод тебе благодат измолуваат.За нивно преумување,

Тропар на светите Христови маченички Агапија, Хионија и Ирина 29 април/ 16 април  2025

Тропар на светите Христови маченички Агапија, Хионија и Ирина 29 април/ 16 април 2025

Девственички свети маченички,поучени за воскресение во живот веченод истоименитоста со благодат преисполнета – светата Анастасија,заштитени со молитвите на Христовиот пастир,

Тропар на светите Христови апостоли Аристарх, Пуд и Трофим  28 април/15 април  2025

Тропар на светите Христови апостоли Аристарх, Пуд и Трофим 28 април/15 април 2025

Патот кон Бога преку вашите стапалки е посведочено апостоли свети Христови,сотрудници на Павла, помошници на Петра великите,молете се за нас...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная