логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 


„Љубовта е такво расположение на душата, според кое душата ништо друго не претпочита пред познавањето на Бога. Но, во состојба на ваква љубов невозможно е да биде некој кој што е пристрасен кон нешто земно“- вели свети Максим Исповедник. /1


Тогаш, и само тогаш, душата која има способност да доживува е во состојба на екстаза, на излезеност од своите природни граници на животниот инстинкт. Се надминува самата себе. Не се раководи од рационалното начело на овој свет, туку се раѓа од бестрастието, чиј предок е надежта во Бога, која пак е заснована на трпеливоста и великодушноста кои превосходат на воздржанието кое се стекнува од стравот Божји.

Ваквата љубов не е од вчера. Таа своите корени ги води уште од самото постоење на човештвото. Изразена во хеленистичката философија како ерос. Според Платоновото учење љубовта е претставена под терминот ерос. Вака сфатена, според Платоновото убедување, љубовта има правопропорционално-растечки карактер, односто усовршување во љубовта и на тој начин постепено издигнување кон совршенството.

Во процесот на еволуција, низ времето, неминовно ќе стасаме до рано христијанската ера и ќе запреме пред химната за љубовта (1 Кор. 13, 1-8) на светиот апостол Павле. Таму за прв пат во христијанската историја е прикажано христијанизирање на еросот во ликот на агапе- љубов која е сфатена како прелевање (excessus) излегување од своите можности и надминување на самиот себе.

Иако и Платоновиот ерос и христијанското агапе за основа ја имаат љубовта, тие на едени или на друг начин се разликуваат во однос на степенот на доживувањето на љубовта. И покрај обидот на светиот апостол Павле да го хеленизира агапето, односно да му даде литургиско-аскетска смисла на еросот и воедно да ја прикаже на јасен начин љубовта низ христијанско-светоотечки светоглед, сепак јасни се нивните фундаментални белези.


-Еросот од хеленистичката философија е својствен по својот карактер „step by step“, т.е.  ascensus, скалесто искачување. Како лествица по која се достигнува совршенството.


-Агапето пак е во тесна врска со мистичното, христолошкото доживување. Претставува љубов која што е општочовечка, космичка, односно онаа филантропската. Таа љубов воедно претставува трансцедентален пат до познавањето на Бога. Самата нејзина одредница се наоѓа во центарот на Бога,па затоа и патот мора да биде трансцедентален.


Поимот агапе најкратко може да се изрази како circolo amoroso меѓу човек и Бог, круг кој почнува и завршува во Бога.

400 глави за љубовта, св. Максим Исповедник, издание на Икона, Скопје.
  Според „Γέροντος Πορφυρίου Καυσοκαλυβίτου, Βίος καί λόγοι“.


И двата вида на љубов што ги наведовме, и еросот (од антиката,од хеленизмот) и  агапето (од (рано)христијанската философија) синтетизирани во поширока смисла на нивното восприемање доведуваат до еден  друг вин на љубов- тоа е онаа совршената , која е надвор од границите на овој свет и век (исто како и Бог според христијанското учење), а воедно проникниува од вечното време и застанува на просторот од кој е проникнат денешниот простор, односно вечниот т.е. Небесниот Ерусалим.

Ваквата космополитска љубов (филантропија) високо ценета во аскетското учење на светите Отци и вселенски учители на Цркварта Христова, претставува врвна добродетел на човековата душа и воедно ја издигнува над онтологијата на овој свет и јо напојува од иманентинте Божји зрачења.

Таа е затемелена на цврста основа, преплетена со бестрастието. Колку е поголемо совршенството во бестрастието, толку е поискрена и поцврста љубовта која го издигнува (т.е. еросот) и љубовта која го одржува во непосреднта близина со Бога (т.е. агапето).

Доколку во бестрастието нема страв од Бога, тогаш љубовта, она космополитската преминува во мизантропија. И што останува? Само маската која мами, која е вештачки христијански живот. Тогаш се доведуваме до латинската стварност homo homini lupus est (човек на човек е волк) и ја загазуваме едната од најважните заповеди дадена од Христа : „Возљуби го својот ближен како себеси“ (Мт.22, 39).

 

 

БАНКОВСКИ Стефан, авторот е студен на  ПБФ „Свети Климент Охридски“ Скопје.

 

Преминпортал (к.т.)

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Наука и Култура

Јули 20, 2025
TviTER777

Денес, кога болката е наша

Во Гетеборг, 1998 година, огнот го изгасна животот на 63 млади.Но подолго траеше тишината. Недостигот на план. Отсуството на глас за преживеаните.Таа трагедија ја натера Шведска да го редизајнира системот.
Април 17, 2025
Festival.Simeon

ЈУБИЛЕЈ НА МУЗИКАТА - X ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ФЕСТИВАЛ ПОЛИХИМНИА 2025

Од 11.04 - 15.04. 2025 год. во Скопје по десетти пат се одржа Интернационалниот фестивал на класична музика Полихимниа 2025. Единствен од ваков вид во нашата земја и оригинален по својата содржина и оваа година фестивалот се обиде да ги обедини најдобрите…

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Сеп 25, 2024 Интервју 1434
Zivko.Grozdanoski3
Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои…

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Авг 29, 2024 Литература 1550
TviTER231
Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 3157
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

Беседи

Архива: Митрополит Струмички Наум: Молитва за цел свет (05.09.2020)

Архива: Митрополит Струмички Наум: Молитва за цел свет (05.09.2020)

Кога цел на молитвата (се мисли на молитвата во која постојано го повикуваме името на Богочовекот Исус Христос) е Бог, односно заедницата на секој човек и на сè создадено во...

о.Жарко  Ѓорѓиевски: Преподобен Симеон Столпник; праведен Исус Навин

о.Жарко Ѓорѓиевски: Преподобен Симеон Столпник; праведен Исус Навин

Таков е случајот и во денешниов евангелски текст. Обидувајќи се да објасни кои се тие повиканите во Царството Божјо, Господ Исус Христос кажува приказна за свадбата на царскиот син. Во...

БEСEДА за силата и мисијата Христoва, какo штo прoрeкoл Исаија

БEСEДА за силата и мисијата Христoва, какo штo прoрeкoл Исаија

Духoт на Гoспoда e врз Мeнe. Зoштo Oн тoа гo гoвoри кoга e рамeн на Духoт какo и на Oтeцoт? Заради свeдoштвo на луѓeтo, какo штo тoлкува св. Златoуст. Нe...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.

Митрополит Струмички г. Наум: Немаме ли личен однос со вистинскиот Бог, се наоѓаме во енергетско растројство

Митрополит Струмички г. Наум: Немаме ли личен однос со вистинскиот Бог, се наоѓаме во енергетско растројство

      Затоа што единствениот вистински Бог е и несоздаден, така што кога нашата создадена енергија ја насочуваме кон Неговата и кога стапуваме во заедница со Неговата несоздадена енергија да може...

Митрополит Струмички Наум: Словесно стадо (Пастир, овци и кучиња) - 15.08.2020

Митрополит Струмички Наум: Словесно стадо (Пастир, овци и кучиња) - 15.08.2020

    Христос сам ги изнесе нашите гревови на дрвото со телото Свое, та за гревовите да умреме, а да живееме за правдата: „преку Неговата рана се исцеливте“. Зашто бевте како...

о.Жарко Ѓорѓиевски: ЗА ВЕРАТА И НЕВЕРИЕТО

о.Жарко Ѓорѓиевски: ЗА ВЕРАТА И НЕВЕРИЕТО

Неверникот постојано бара знаци и докази, а верникот живее со сознание и чувство дека Господ е со него во секој миг. Затоа, верата е темел на христијанскиот живот, а неверието...

о.Жарко Ѓорѓиевски: Свети пророк Езекиил

о.Жарко Ѓорѓиевски: Свети пророк Езекиил

Целиот овој настан го сметаме за чудесен, го нарекуваме чудо, гледаме на сето тоа како на нешто невообичаено, нешто што е неможно според нашето разбирање на нештата. Но, Бог прави...

« »

Најново од култура

Православен календар

 

21/09/2025 - недела

Рождество на Пресвета Богородица – Мала Богородица
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Јоаким и Ана 22 септември/  9 септември / 2025

Тропар на св. Јоаким и Ана 22 септември/ 9 септември / 2025

Оние кои благодатно праведни беа по законот, Јоаким и Ана, младенец од Бога даруван ни родија.Затоа денес светло торжествува и...

Тропар на Рождество на Пресвета Богородица  21 септември/8 септември 2025

Тропар на Рождество на Пресвета Богородица 21 септември/8 септември 2025

Раѓањето твое, Богородице Дево,радост ѝ јави на целата вселена,зашто од тебе засветли Сонцето на правдата

Тропар на светиот Христов маченик СОЗОНТ  20 септември/ 7 септември 2025

Тропар на светиот Христов маченик СОЗОНТ 20 септември/ 7 септември 2025

Поучувајќи се во Законот Господов ден и ноќ,гледајќи дека овците бесловесни го бараат пастирот свој,ти Созонте мачениче пред нозе Христови...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная