логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка



Проф. д-р Стефан Влахов Мицов

Грција го предложи името „Горна Македонија“ бидејќи, освен што ќе го присвои целото античко македонско наследство, ја отвора вратата и за територијални претензии. Ако Република Македонија е „Горна Македонија“, по силата на логиката денешна Северна Грција (Егејска Македонија) е „Долна Македонија“. А во „Долна Македонија“ денешниот етнички состав на населението е грчки, по насилните депортации на Македонците во текот на целиот 20 век. И, откако во предлозите на Метју Нимиц е запишано дека споменатите територии во Грција и во Македонија се дел „од историска Македонија“, излегува дека денешните Македонци се во сродство со Грците. Поинаку кажано, изборот на некоја од варијантите „Горна“ или „Нова“ отвора соодветна врата за територијални претензии на Грција или на Бугарија.


Погрешно е да се мисли дека и останатите варијанти „Демократска“, „Уставна“, „Независна“ Македонија се подобри. Едноставно затоа што тие не опстојуваат самостојно, надвор од целосната рамка предложена од Нимиц. Ако Република Македонија преземе промена на името таа е обврзана на промена и на пасошите и во севкупните односи со другите држави. Освен тоа точките 7, 8 и 9 ја лишуваат државата од нејзината суштина - „Македонија“ и „македонски“.


За идиотите кои уште го оспоруваат тоа, ќе ја преповторам точка 7: „Зборот Македонија“ самиот по себе не ќе треба да се признава како официјално име, типично или атипично за втората држава (Македонија) , или како официјално име на која било друга држава“. Но, токму „Македонија“ е официјално име на државата, определувањата „Демократска“, „Уставна“, „Независна“ се субјективни. Кој може да каже дали една држава е демократска или независна? Второ, тие определби може да бидат привремени. Една држава денес е република, утре може да биде монархија итн. Тука е суштествено непроменливото јадро - зборот „Македонија“. Тој збор ги содржи сите останати елементи од македонскиот идентитет. Затоа Грција атакува на името и се обидува да го расчлени, било со „Горна“, било со „Нова“. Каква тежина имаат имињата како „Демократска“, „Уставна“, „Независна“ ако соодветното име - „Македонија“ и „македонски“ „може да се употребуваат во економска смисла. . . врз основа на договори и практика што се однесуваат на употребата на географски имиња за економска или слична цел“ (т. 9) . Очевидно е дека дури најмало отстапување за името води кон катастрофа. Исто така, очевидно е дека предлозите на Нимиц ја опслужуваат само грчката страна. Кој не верува нека го прочита делот 8: „Втората држава ќе бара од надлежните административни власти да го преиспитаат именувањето на националните аеродроми, имајќи ја предвид вознемиреноста (чувствителноста) на првата држава. Е, на тоа е ставен акцентот! Грција била чувствителна кон името на аеродромот што го носи името на Александар Велики, (впрочем требаше да се нарече Александар Македонски) , а Македонија не може да биде чувствителна кога сакаат од неа да го смени знамето, Уставот и името? Ако во светот постојат објективни правни норми Грција требаше да биде осудена за користењето, (и со политичка и со економска цел) на името на македонскиот владетел кој не е ниту елински, ниту грчки, ами токму Александар Македонски.


Треба човек да е ретардиран или да е дебело платен за да тврди дека Грција сака компромис во спорот со Македонија. Грчката позиција може да се спореди со поведението на змијата боа, кога ја каснува жртвата и сака да ја расчеречи на делови. Од Република Македонија зависи дали ќе стане жртва. Како да се избегне тоа?


(продолжува)
Авторот е  универзитетски професор


Внимателниот прочит на концептуалната рамка на Нимиц покажува дека во неа е скриена бомба за идни конфликти меѓу Грција и Македонија. Тоа е во случај ако допуштиме теорија дека двете страни ќе можат да се разберат за името. Во споменатите точка 1 и 2 од дел два се говори дека државите посакуваат делови „од историска Македонија“. Точката 9 од истиот дел всушност го разрешува користењето на изразите „Македонија“ и „македонски“ само како географски имиња за економски цели. Очевидна е разликата меѓу „историска“ и „географска“ територија, што ќе предизвика идни спорови. Противречност има и во точките 1 и 8 од дел втори. Првата „признава дека трите административни делови на првата држава (Грција) се викаат Источна Македонија, Централна Македонија и Западна Македонија. . . „ а точка 8 ги забранува ексклузивните „политички или економски“ права врз името „Македонија“ или „македонски“. Со други зборови, ем се признава административното делење, што е дел од грчкиот политички систем во нејзиниот дел од Македонија, ем се забрануваат политичките права врз името.


Овој хаос не е случаен, туку е со предумисла. Идејата е меѓу Грција и Македонија секогаш да има потреба од посредник. Таа идеја е дел од глобалната идеја за контролиран конфликт на Балканот. Одамна во науката е позната флоскулата за „управување на кризи“. Вистинската определба е „наука за предизвикување и управување на кризи“. Ако поделбата на Југославија создаде криза на Балканот, објавената независност на Косово има цел да ги хаотизира процесите, за да можат САД да бидат вечен посредник при регулирањето. Во зависност од моментните интереси.


Во сегашната етапа Република Македонија има интерес да влезе во НАТО. Проблемот е што во моментот таа не е доволно почитувана од НАТО, тука на Балканот. Во други случаи, како испраќач на војници во Авганистан е почитувана. Кризата во Косово & ја зголемува цената. Задачата сега е да не се прават никакви отстапки за името. Но, Грција цели да стави вето (меѓу другото, дел од бугарските весници избрзаа и еден месец порано објавија дека Грција веќе ставила вето) . Дури и да се случи тоа, македонските шанси нема сосема да бидат загубени. Далеку е не само од морална гледна точка, дека грчкото вето ќе предизвика реакција на светската јавност кон Грција, заради дестабилизирањето на Балканот на тој начин. Не е тајна дека вознемиреноста тука допрва ќе расте и Република Македонија ќе стане многу ценета и за НАТО и особено за САД.

Извор: Време

Посети: {moshits}



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Мај 08, 2026

Македонија го доби првиот етимолошки речник – капитално дело за македонскиот јазик

Има нешто возвишено во моментот кога еден јазик почнува да си ги истражува сопствените корени. Не само како средство за комуникација, туку како жива историја. Како сведоштво. Како трага што нè води назад – кон тоа кои сме биле, за подобро да разбереме кои сме…
Ноември 01, 2025
SimeonStefkovski.LJubanci

Симеон Стефковски: ЖИВОТОТ КАКО ДАР

Замислувам колку е тешко, тмурно и осамено во душите на тие што живеат во злорадост, гнев, страв, завист, омраза, гордост, лажење и алчност. Тоа се чувства заради кои боледуваат – и духот, и душата, и телото – а нивниот крај секогаш е тажен, истоштувачки и…

„Денови на Јустинијан I“: Меѓународен симпозиум за византиски и средновековни студии

Окт 31, 2025 Наука и Религија 2240
CAR.JUSTINIJAN.I
Тринаесеттиот Меѓународен симпозиум за византиски и средновековни студии „Денови на…

Руски научници го проучувале крстот од аспект на квантната физика

Окт 30, 2025 Наука и Религија 2359
TviTER995
Најинтересното е тоа што во аголот на крстот, каде што се вкрстуваат хоризонталните и…

Наградата „Ладислав Баришиќ“ за 2025 година ја доби д-р Иванка Апостолова Баскар

Окт 12, 2025 Ликовна уметност 891
Ivanka.A.B
Здружението на ликовни критичари AICA Македонија со задоволство ја објавува одлуката на…

И покрај својата огромна големина, слоновите се плашат да не направат штета

Окт 01, 2025 Друго од култура 1148
TviTER968
Кога слон треба да се превезе со авион од една земја во друга – неговата кафезна кутија е…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Првото, е она на Богочовекот Исус Христос, Кој вообичаено слободно ги „прекршува“ правилата, ако тоа значи спасување на конкретниот човек од страдање; притоа, не мислејќи на последиците по Себе, поради...

БEСEДА  за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

БEСEДА за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

 Сo прoрoчки дар прoрoкувал апoстoл Павлe за бoгатствoтo на благoдатта штo низ вeкoвитe сe излeва на чoвeчкиoт рoд. Тoа штo гo прoрeкoл апoстoлoт, ниe кoи живeeмe 20 вeкoви oддалeчeни oд...

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА

Ако не влеземе сериозно на првиот степен од духовниот развој, засекогаш ќе останеме во една падни-стани состојба од предворјето на духовниот живот;во еуфоријата на Лазаревото враќање од мртвите и Христовиот дочек...

Св. Јован Златоуст -  За Лазар, Слово 6

Св. Јован Златоуст - За Лазар, Слово 6

Уште колку пари? Уште колку богатство? Уште колку великолепни зданија? Уште колку бездушна приврзаност спрема задоволствата? Еве се случи земјотрес; каква полза ни донесе богатството? Нечиј труд пропадна, изсчезна имотот...

„Лазаре, излези надвор“

„Лазаре, излези надвор“

Тие Негови зборови, пред сè, значат дека нема смрт за оние кои веруваат во Христа, зашто Христос подоцна на Марта ѝ вели: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во...

АРХИВА: Славе Костадиновски - ПЕТТА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ (НЕДЕЛА НА СВЕТА МАРИЈА ЕГИПЕТСКА) 29.03.2015

АРХИВА: Славе Костадиновски - ПЕТТА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ (НЕДЕЛА НА СВЕТА МАРИЈА ЕГИПЕТСКА) 29.03.2015

Бог, како добар и милостив небесен Отец, секогаш е во состојба да ја слушне молитвата на своите добри чеда. Но, секогаш Бог не ги исполнува нашите молитвени барања. Причината треба...

о.Жарко Ѓорѓиевски: Недела Крстопоклона- Преподобен Агатон Египетски

о.Жарко Ѓорѓиевски: Недела Крстопоклона- Преподобен Агатон Египетски

Христовиот крст е најтежок, зашто Он не страда за сопствените, туку за нашите гревови. Нас и сопствениот крст ни е тежок, а колку само е тежок крстот за целото човештво....

Митрополит Струмички Наум: Само сфаќање или и прифаќање?

Митрополит Струмички Наум: Само сфаќање или и прифаќање?

Но, големо прашање е како не ни здосади ние самите да сме стално исти, формални, непроменети, непреобразени и неосветени; и како еднаш не ја освестиме потребата од сопствена промена и...

Добродетелите во Лествицата на свети Јован Лествичник и Египетскиот Патерикон – Игумен Гаврил

Добродетелите во Лествицата на свети Јован Лествичник и Египетскиот Патерикон – Игумен Гаврил

 Тоа е основното начело и смисла зошто Бог го створил човекот. Во рајот човекот живееше во согласност со неговата природа, во појавата на гревот се разруши таа природна состојба, и...

« »

Најново од култура

Православен календар

 

12/05/2026 - вторник

+Свети Василиј Острошки; Светите девет маченици во Кизик; Преподобен Мемнон Чудотворец;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј  8 мај/25 април  2026

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј 8 мај/25 април 2026

Крстот свој во времениот живот носејќи го, на него страстите ги распнуваше,а прогоните и исмевањата согоруваа со кои светот сакаше...

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј  9 април/27 март 2026

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј 9 април/27 март 2026

Подигнувајќи го крстот Господов на плеќите, животот подвижнички со меч го запечативте.Евнувие славен атлете, Пајсие на мачениците подражателу, и Аверкие христодушен подвижнику, нечестието...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная