логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Денес биолошкото оружје претставува најефикасно оружје за масовно уништување за подолг временски период. Во светот денес тринаесет држави имаат биолошко оружје, шеснаесет држави имаат хемиско оружје, а дванаесет држави поседуваат нуклеарно оружје
 
 
 
Во ерата на светската глобализација е непотребно и опасно да се почнуваат отворени конвенционални воени судири за остварување некои воени цели. Многу поефикасно е некоја држава да се ослаби преку специјални форми на војување, и тоа преку таканаречени „тихи“ дејствувања без откривање дека се врши агресија врз дадената земја. Слабостите на некои држави или региони се огледуваат во политичкото неединство, во социјалните проблеми, економските проблеми и во жариштата на некои познати ендемски болести на сточниот фонд и луѓето. Исто така, тука спаѓаат техничките и безбедносно-хемиските и фармацевтски пропусти, нафтените или слични погони што во процесот на производството користат токсични хемикалии, поради што никогаш со сигурност не се знае дали е тоа агресија или сопствен пропуст на дадената земја. Притоа, како главни цели се користат оние што предизвикуваат најголема штета, било политичка, економска или воено-безбедносна. За постигнување на наведените цели денес не се потребни конвенционално оружје, нуклеарно или хемиско, ниту конвенционални воени сили. Денес биолошкото оружје претставува најефикасно оружје за масовно уништување за подолг временски период. Во светот денес тринаесет држави имаат биолошко оружје, шеснаесет држави имаат хемиско оружје, а дванаесет држави поседуваат нуклеарно оружје. Балистички ракети како можни носители на такво оружје се наоѓаат кај 28 земји во светот. Пред шеесет години се појавија таканаречените геофизички оружја. Со посебни методи со нив се предизвикуваа големи дождови и ветрови во точно определени региони, кои ги онеспособуваа вооружените сили и домицилното население. Под поимот биолошко оружје се подразбира предизвикување болести кај луѓето и стоката, загадување на водата и на земјата, а со тоа и на храната. Храната станува главно средство на биолошкото и генетичкото оружје, кое се применува за долгорочно ставање под контрола на голем број држави, региони, па дури и цели континенти. Паралелно со употребата на храната, како форма на оружје за контролирање на политичките процеси во светот и ставање под контрола некои држави, се појавија теории за намалување на бројот на жители на Земјината топка и движење (теорија) за намалување на гладот во светот. Намалувањето на бројот на жители и намалувањето на гладот во светот не беа теории, туку добро смислен план со кој преку храната може да се контролира светот и со точно определени постапки да се оствари целта за контрола во светот и покорување држави што не ги прифаќаат политичките притисоци. Цел овој процес е придружен со брзиот развој на определен број компании во САД, кои се занимаваат со агробизнисот. Сето она што се случуваше при развојот на нафтениот бизнис, од појавата на нафтата како стратегиска суровина, тој ист процес на сличен начин се одвива во процесот на примена на храната како геостратегиска суровина. Кај нафтениот бизнис се применуваа оружени активности за остварување на планираните цели, додека бизнисот со храната се одвива на софистициран начин во последните години, но со многу далекосежни последици по здравјето на луѓето и нивната зависност од центрите на светските сили. Познати се зборовите на Хенри Кисинџер: „Контролирај ја нафтата, а со тоа ќе ја контролираш земјата (државата), контролирај ја храната и ќе ги контролираш луѓето“. Оваа изјава на некогашниот американски министер за надворешни работи и претседател за Национална безбедност на САД, како долгогодишен следбеник на геополитиката за „рамнотежа на моќта“, беше дадена за време на блискоисточните нафтени шокови и светските кризи за храна во 1970 година. Појавата на генетички модифицирана грана (ГМО) била поддржана од највисоките политички личности во САД и при донесување посебни законски регулативи, како и со поддршка од Светската трговска организација. Ширењето на ГМО-храната се констатира, но само повремено од еден дел од стручната јавност дека овде се работи за манипулација на гените што можат да предизвикаат штетни последици кај луѓето и нивните идни генерации. Моќта на мултинационалните компании-произведувачи на ГМО-семе и хербициди била толку голема што процесот на ширење на ГМО-семињата не само што не бил прекинат туку овој бизнис нараснал на неколку илјади милијарди долари. Констатиравме дека генетички модифицираната храна претставува еден вид стратегиско оружје. Суштината зошто ГМО претставува стратегиско оружје лежи во фактот дека производството и продажбата на ГМО-семиња и соодветните хербициди исклучиво се наоѓа во рацете на неколку мултинационални компании во САД. Тие компании се: „Моносанто“, „Сингента“, „Дау Ди Понт“ и уште неколку глобални фирми. Со законските регулативи на некои држави, производителите на храна се должни секоја година да се снабдуваат со семиња и хербициди исклучително од горенаведените компании, со доста голем надомест.

На производителите на храна им се забранува користење семиња од претходните жетви. За да го осигурат својот профит и за да го контролираат производството на храна од генетичките семиња е создадено семе со генот за самоуништување, така што веќе немало опасност од користење семе од претходната жетва. Кругот се затвора со целосна контрола на генетичкото семе во корист на мултинационалните компании. Во 1999 година, Европската Унија донесе одлука за забрана на увоз и употреба на генетички семиња. Две држави во Европа, Полска и Романија, уште пред одлуката на ЕУ почнале да употребуваат гемо-семиња, но по одлуката на ЕУ престанале да ги користат. Прва земја на удар дека го користела гемо-семето била Аргентина. По нападот врз Ирак и ставање на оваа држава под американска контрола беа донесени сто декрети, меѓу кои е најпознат Декретот 81, за уништување на домашното ирачко семе и обврската за употреба на гемо-семиња. Во идниот временски период од страна на САД ќе дојде до политички притисок врз поголем број држави за употреба на гемо-семиња.

  (продолжува)

Авторот е воено-политички аналитичар  
   
Автор: Петар Шкрбина  

Извор: Нова Македонија



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Наука и Култура

Април 17, 2025
Festival.Simeon

ЈУБИЛЕЈ НА МУЗИКАТА - X ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ФЕСТИВАЛ ПОЛИХИМНИА 2025

Од 11.04 - 15.04. 2025 год. во Скопје по десетти пат се одржа Интернационалниот фестивал на класична музика Полихимниа 2025. Единствен од ваков вид во нашата земја и оригинален по својата содржина и оваа година фестивалот се обиде да ги обедини најдобрите…
Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Авг 29, 2024 Литература 1181
TviTER231
Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2771
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

Беседи

Архиепископ Антинојски Пантелејмон: За љубовта

Архиепископ Антинојски Пантелејмон: За љубовта

 Ако на пример, ние не ги надминеме границите на секојдневнието, ако не ги надминеме своите слабости, тогаш на кој начин нашата христијанска љубов се разликува од другите? Ако ги љубиме...

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Во оваа нова состојба се чини дека смртта и болката имаат позитивно значење, како другата кожна облека со која Бог ги облекол Адам и Ева кога го напуштиле рајот за...

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

  Луѓето тежнеат кон правење идоли. Идол е сѐ она што човекот го става на прво место во своето срце, наместо Бог и наместо духовното растење во Бог. Луѓето сакаат...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

 Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Се случија две средби помеѓу слепородениот и Христос: првата додека уште беше слеп; и втората, откако прогледа и откако Го оправда Христос пред фарисеите. И фарисеите двапати се сретнаа со...

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

       Така, како што веќе напишав: ниту почетокот, ниту крајот на начинот на служењето на Светата Литургија се и ќе бидат исти со денешниот – ниту некој Собор ја прогласил за...

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Тогаш сфатил дека не треба да се врзува за ништо световно, и дека треба да живее единствено за Царството Небесно, односно за Бога. И навистина се оддал на богоугоден живот,...

Жарко Ѓорѓиевски: Свети апостоли Јасон и Сосинатар (Недела на раслабениот)

Жарко Ѓорѓиевски: Свети апостоли Јасон и Сосинатар (Недела на раслабениот)

Eвангелската приказна за исцелувањето на болниот човек кој поголемиот дел од својот живот беспомошно лежел покрај бањата која ја опишал светиот апостол и евангелист Јован е пример на чисто милосрдие...

« »

Најново од култура

Православен календар

 

04/07/2025 - петок

Петровденски пости (строг  пост)

Св. маченик Јулијан Тарсиски; Преп. Јулиј и Јулијан; Св. маченик Арчил II цар Грузиски; Св. маченик Луарсаб II, кнез Карталински во Грузија;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христов свм. Евсевиј епископ Самосатски 5 јули/22 јуни   2025

Тропар на св. Христов свм. Евсевиј епископ Самосатски 5 јули/22 јуни 2025

Крин процвета во земјата сиријска,мирис се разлеа во црквата Христова,пастир мудар беше испратен при децата,да се возвеличува Еден Бог во...

Тропар на св. мченик Јулијан Тарсиски и неговата мајка  4 јули/ 21 јуни  2025

Тропар на св. мченик Јулијан Тарсиски и неговата мајка 4 јули/ 21 јуни 2025

Благословена си Ти Пресвета Богородице Утешителке,Учителке и примеру на мајките,кои ги следат челадтта на голгота,блажен си ти о мачениче Јулијане,кој...

Тропар на св. Христов преподобен Наум Охридски  3 јули/ 20 јуни 2025

Тропар на св. Христов преподобен Наум Охридски 3 јули/ 20 јуни 2025

Соединувајќи се со Христа, си го оставил светот, живеејќи по Дух, телото си го распнал, преблажени Науме.   Си се стремел како...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная