логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

 TviTER167

                Излезе од печат третиот дел од изданието „Слепченски пролог со химнографија“ за месец декември. Во него се содржани синаксарски житија, икони и тропари на светителите од 22-ри до 31-ви Декември.

Тропарите се преведени на црковнословенски и англиски јазик и во изданието е поместена химнографија на македонски и црковнословенски јазик за истите тропари.

Ова е трета книга во продолжение на претходните два тома за декември: од 1-ви до 10-ти и од 11-ти до 21-ви декември, со што се заокружува месецот со досега објавени над 160 синаксарски житија и тропари на светители, за потребите на Православната Црква и верниот народ.

Изданието може да се набави во Слепченскиот манастир, или да се нарача преку e-mail, на следната адреса: info@manastirslepche.mk

TviTER168

                За ова обемно издание на Сестринството на Слепченскиот Манастир „Свети Јован Претеча“, коешто е авторско творештво, проговориле повеќе од дваесеттина рецензенти, академици, професори и стручни лица од повеќе светски универзитети и институти, со заедничка верификација дека претставува продолжување на творештвото на свети Климент Охридски како и продолжување на вековните традиции и сочувување и негување на православното светско културно наследство.

Во продолжение пренесуваме две куси рецензии за ова издание.

„’Слепченскиот пролог со химнографија’, чиешто издание е подготвено и започнато во еден од древните македонски манастири, ‘Свети Јован Крстител’ во селото Слепче во Демирхисарскиот крај, според замислата на авторите треба да ги обедини агиографските текстови и нивната музичка придружба, посветена на светиите почитувани во православниот свет… Изданието на манастирот ’Свети Јован Крстител’ во селото Слепче, создадено во наше време, зборува за континуитетот и преумножувањето на традицијата и за творечкиот однос на современите автори кон неа, кои тргнале по патот на духовниот подвиг.”

Академик Алла Шешкен,
проф. на Московскиот државен универзитет М. В. Ломоносов

„Оваа публикација всушност не се однесува само на Македонската Црква, туку на цело Православие… Православните светци кои се познати и славени во светот се среќаваат во култот што им го оддаваат малку познатите или сосема непознатите локални светители. Токму преку таквото вкоренување во една локална традиција, којашто е исто толку богата колку што е почитувана, во случајов македонската, Универзалниот Дух останува жив и ‘сèприсутен’. Би можеле можеби да зборуваме, со јазикот на филозофијата, и по аналогија, за ’универзалното конкретно‘ (Хегел). Оттука и духовната радост што ќе ја почувствуваат сите што ќе ги користат овие ‘Пролози‘ кога ќе видат како расте бројот на оние што го достигнаа рангот на светоста и чиешто сведоштво им е драго на срцата на верниците… Што се однесува до универзалноста, таа е присутна во употребата на три јазици: македонски, славонски и, најнеочекувано, но исто така среќен факт, во англискиот – затоа што овој јазик им овозможува на распрснатите заедници да си ја повратат традицијата на мајчиниот јазик, со неа да го запознаат плерумот на Универзалната Црква, но исто така да им го предадат ова спознание на историчарите и истражувачите од светот кои кон тоа ќе пристапат според своите сопствени интереси и приоди. Духовна биографија, химнографија, иконографија: овие три димензии ја сочинуваат основата на еклезиастичкиот живот, и од него треба да се почне… и да се истрае. Телогијата или еклезиологијата од тоа не се толку отсутни, напротив, сè е суштествено во Црквата. Едноставно, таа суштественост, вечна каква што е, се развива долж Историјата, во конфронтацијата со збиднувањата среќни или несреќни, што произлегуваат од искушението или од она што го оплодува патот на Црквата на земјата – на пример кога политичката моќ и духовната власт чекорат во симбиоза без едната да се труди да ја доминира другата.

Најпосле, може само да покажеме благодарност за значајниот и трпелив труд што е дел од работата на монахињите и сите оние што зедоа учество во публикувањето на ова вистински спасоносно дело.

Жан-Марк Жубер
Професор по философија, Декан на Филолошкиот факултет
Католички Институт Ла Рош-сир-Јон, Франција Мадалина Вартежани-Жубер
Вонреден професор по Библија и Еврејски студии
Ориентален Институт, Париз, Франција

 

https://liturgija.mk/aktuelno/mpc/izleze-od-pechat-tretiot-del-od-slepchenskiot-prolog-za-mesec-dekemvri/

 

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

БEСEДА  за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

БEСEДА за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

 Сo прoрoчки дар прoрoкувал апoстoл Павлe за бoгатствoтo на благoдатта штo низ вeкoвитe сe излeва на чoвeчкиoт рoд. Тoа штo гo прoрeкoл апoстoлoт, ниe кoи живeeмe 20 вeкoви oддалeчeни oд...

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА...

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА...

Ако не влеземе сериозно на првиот степен од духовниот развој, засекогаш ќе останеме во една падни-стани состојба од предворјето на духовниот живот;во еуфоријата на Лазаревото враќање од мртвите и Христовиот дочек...

Св. Јован Златоуст -  За Лазар, Слово 6

Св. Јован Златоуст - За Лазар, Слово 6

Уште колку пари? Уште колку богатство? Уште колку великолепни зданија? Уште колку бездушна приврзаност спрема задоволствата? Еве се случи земјотрес; каква полза ни донесе богатството? Нечиј труд пропадна, изсчезна имотот...

„Лазаре, излези надвор“

„Лазаре, излези надвор“

Тие Негови зборови, пред сè, значат дека нема смрт за оние кои веруваат во Христа, зашто Христос подоцна на Марта ѝ вели: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во...

АРХИВА: Славе Костадиновски - ПЕТТА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ (НЕДЕЛА НА СВЕТА МАРИЈА ЕГИПЕТСКА) 29.03.2015

АРХИВА: Славе Костадиновски - ПЕТТА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ (НЕДЕЛА НА СВЕТА МАРИЈА ЕГИПЕТСКА) 29.03.2015

Бог, како добар и милостив небесен Отец, секогаш е во состојба да ја слушне молитвата на своите добри чеда. Но, секогаш Бог не ги исполнува нашите молитвени барања. Причината треба...

о.Жарко Ѓорѓиевски: Недела Крстопоклона- Преподобен Агатон Египетски

о.Жарко Ѓорѓиевски: Недела Крстопоклона- Преподобен Агатон Египетски

Христовиот крст е најтежок, зашто Он не страда за сопствените, туку за нашите гревови. Нас и сопствениот крст ни е тежок, а колку само е тежок крстот за целото човештво....

Митрополит Струмички Наум: Само сфаќање или и прифаќање?

Митрополит Струмички Наум: Само сфаќање или и прифаќање?

Но, големо прашање е како не ни здосади ние самите да сме стално исти, формални, непроменети, непреобразени и неосветени; и како еднаш не ја освестиме потребата од сопствена промена и...

Добродетелите во Лествицата на свети Јован Лествичник и Египетскиот Патерикон – Игумен Гаврил

Добродетелите во Лествицата на свети Јован Лествичник и Египетскиот Патерикон – Игумен Гаврил

 Тоа е основното начело и смисла зошто Бог го створил човекот. Во рајот човекот живееше во согласност со неговата природа, во појавата на гревот се разруши таа природна состојба, и...

« »

Православен календар

 

04/05/2026 - понеделник

Светиот свештеномаченик Јануариј и другите со него; Светиот маченик Теодор и другите со него;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј  9 април/27 март 2026

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј 9 април/27 март 2026

Подигнувајќи го крстот Господов на плеќите, животот подвижнички со меч го запечативте.Евнувие славен атлете, Пајсие на мачениците подражателу, и Аверкие христодушен подвижнику, нечестието...

Тропар на соборот на светиот Архангел Гаврил  8 април/26 март 2026

Тропар на соборот на светиот Архангел Гаврил 8 април/26 март 2026

Тебе, кој благовестуваше спасение на целиот род човечки Архангелу од родот Серафимски,Гавриле Божји гласниче, те молиме и со љубов и радост празникот...

Тропар на Благовештение на Пресвета Богородица 7 април/24 март 2026

Тропар на Благовештение на Пресвета Богородица 7 април/24 март 2026

Денес е почеток на нашето спасениеи откривање на вечната тајна:Синот Божји станува Син на Дева,и Гаврил блага вест објавува.Затоа и...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная