логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

За жал, каде и да застане некој, слуша осудувања и поплаки за нашите клирици, за недејствителноста на нашата Црква. Ова го загрижува и ожалостува секој Православен Христијанин, а особено оние кои имаат потесни духовни врски со Црквата.


Вистината е дека поради одредени недостојни клирици се обопштува лошиот глас врз целата Црква и се преувеличуваат грешките на свештениците, а тоа е природно, зашто народот има очекувања клириците да бидат без дамка, инаку не ги признава како свои духовни водачи. Повеќето не се во положба да ја разликуваат личноста од духовната служба што ја врши и толку многу паѓаат под влијание од некоја соблазна која се зборува за некој свештеник, така што стануваат неверни, повеќе не стапнуваат во Црква и во таков случај веќе е многу тешко еден таков огорчен апостат да биде помирен со Црквата. Ниту еден Златоуст не може да постигне такво нешто. Дури и да се обиде некој да обрати еден таков човек од антипатијата што ја има за верата, ќе си ја најде бељата и може да слушне дека „и тој е лицемер, зашто ги покрива нечестијата на поповите“. Таквите луѓе, ако не станат потполно безбожни, одат и стануваат јеховисти, или евангелисти, или паписти, или протестанти.

Соблазните од расофорите се главната причина за тоа што се намножуваат еретиците, а особено овие нови прозелити стануваат уште поголеми фанатици во ереста во која напредуваат, не можејќи да ги трпат нашите недостојни свештеници. Затоа нашите клирици треба да треперат да не би да се слушне и најмал глас за нив, зашто душите кои гинат еден ден ќе бидат барани од нив. Христос им рече на своите ученици дека тие се светлината на светот и солта на земјата и дека нивната светлина треба да свети пред луѓето за да ги видат нивните добри дела и да го прослават Отецот небесен. Значи, кога станува наопаку, кога луѓето ги гледаат нивните лоши дела, наместо да Го слават Бога – ќе Го хулат. И причината нема да бидат безбожниците, нема да бидат непријателите на Христа, туку самите ученици и Негови претставници во светот, „помазаните“.

Секогаш, во секоја епоха постоеле недостојни клирици, покрај светите расофори. Но денес работата е влошена на големо. Една од многуте причини за оваа жална состојба е тоа што често пати клирици стануваат луѓе кои немаат призив во верата и што за нив да се носи мантија е професија. Свештеникот не само што треба да има призив во верата, тој треба да гори од вера и љубов за Божественото, да биде „распален во духот“, како што вели Евангелистот Лука. Треба да го совршува Божественото Тајноводство со такво умиление, што многупати да просолзува пред Светата Трпеза, свештенодејствувајќи со страв и трепет. Но мнозина од денешните расофори, наместо со своето благочестие и умиление да ги подигаат луѓето во црквата, тие ги смрзнуваат со безличноста, незаинтересираноста и студенилото со кое ги извршуваат светите тајни. На ова му придодава и бедната, драматична музика која се слуша во многу храмови, наместо црковни песнопенија…

Бидејќи веќе недостигаат во Црквата свештеници што имаат оган во себе, оваа Црква не може да биде друго освен бавна, нетрогната и незаинтересирана за сè што би требало живо да ја интересира, незаинтересирана за тоа што нејзината паства се соблазнува и нејзината вера се става на тежок испит поради делата на некои свештеници, незаинтересирана за извитоперувањето на светите преданија, незаинтересирана за нејзините чеда кои се одрекуваат, та ги згуснуваат редовите на различните еретици, со опасност ваквото крвотечение да стане смртоносно за неа.

Од погоре изложените симптоми, се покажува дека начинот на кој би можела да се поправи оваа многу жална состојба е многу едноставен, но нејзината терапија е многу тешка. Зашто за Црквата Христова не постои некаков лек, ниту некое магично стапче, бидејќи самата нејзина работа е водењето на луѓето кон спасение.

Лекот се наоѓа во нејзините раце – очистување од лошите елементи во нејзината највозвишена мисија. Кога ќе се употреби овој лек, макар и во одредена мера, ќе може во нејзина служба да се стават чесни и достојни клирици, со длабока вера и некористољубиви, „распалени во духот“, за кои ќе бидат „возљубени живеалиштата на Господа на силите“. И кога ќе стане ова засилување на Црквата со вакви сериозни клирици, избрани и достојни за почит, тогаш свештеното дрво на Црквата за неколку години ќе биде наведнато од плодови како „плодна маслина“, за радост на верните Православни и за слава на Бога.

Тогаш ќе престане овој смртоносен грч кој ја опфаќа денес Црквата и нејзината неверојатна незаинтересираност за сè што станува, дури и за прашања на живот или смрт за неа. Нејзините добри претставници дење и ноќе ќе стојат како непоклатни нејзини заштитници и тогаш ќе заблеска невечерната светлина на Православната вера до краиштата на вселената, среде темнината која денес го обвива светот. „Ете, сега е времето благопријатно“ за да стане ова.

Но, „Царството Божјо насила се зема и силните го грабаат“. Црквата Христова треба да има служители кои ќе ѝ бидат посветени и подготвени за жртви, според примерот на нејзиниот распнат Началник.

Црквата Христова треба да се опслужува и да биде пазена од херојски души кои ќе бидат подготвени не само за материјални и телесни жртви, но и за душевни, кои се можеби и најтешки. Такви жртви се смирувањето еден пред друг, не гледањето на сопствената корист, ставањето на доброто и напредокот на Црквата пред својот, жртвувањето како добар пастир на овците Христови итн.

Сето ова не може да го има еден клирик ако нема пламена, непоклатна и стоплувачка вера и ако не верува дека „нема постојан град, туку го бара идниот“.

Православната Црква што ќе има такви будни и непоткупливи чувари ќе биде кивот на Вистината, кој ќе плови над матните и распенети води на сесветскиот океан на гревот и погибијата.

Колку страдаме, колкава жал чувствуваме секојпат кога ќе се објави некој скандал на сметка на некој клирик! Камо да можеше осудите да паѓаат врз нас, наместо врз нив, врз нас чии дела не ја стресуваат Црквата.

Нашиот благочестив народ не чувствува потреба да слуша висока теологија со универзитети и дипломи, ниту светски совети и „дијалози“. Неговата желба е да слушне дека постои некој расофор, свештеник или калуѓер кој има чист живот, па нека биде и неписмен. Толкава е жедта за светост, така што е доволно еден клирик да биде само доблестен и веднаш го нарекуваат светец.

Веруваме дека Православната Црква е чуварката на Христовата Вистина, единствената чуварка. Ако се покажеме недостојни за таа ризница, ќе ја загубиме, ќе ни ја земе Господ од рацете, како што некогаш го одврати своето лице од Евреите.

Дека нашата Црква ја пази оваа вистина го покажуваат, и без да го сакаат тоа, дури и папистите кои во последно време го пројавуваат својот восхит за нашите светоотечки текстови, за нашата химнологија и химнографија и општо за нашата богослужба. Со тоа како да исповедаат дека нашата Црква е „Една, Света, Соборна и Апостолска Црква“ и дека овие работи кои ги наведовме погоре се израз на нејзината духовна суштина, дека се нејзиниот одраз во сетилниот свет. И не може нејзиниот одраз, наместо да биде автентичен оглед на она што го одразува, да биде само една бледа сенка.

Така, со солзи и деноноќно да Го молиме Господа да не нè лиши од овој бесмртен венец кој го ставил на нашата глава, чии нетлени цветови се напоени од светата крв на десетици илјади маченици од почетокот на Христијанството. И да повикаме со плач: „Не одвраќај го лицето Свое од Твојот народ, зашто тагува. Скоро услишај го, обрни внимание на Твојата Црква и избави ја“.

Од книгата: Ἀσάλευτο Θεμέλιο, Ἀκρίτας 1996

Извор: Бигорски манастир

25.07.2018 лето Господово



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Отец Славчо Костадиновски: ЛАЗАРОВА САБОТА-1  (27.04.2024)

Отец Славчо Костадиновски: ЛАЗАРОВА САБОТА-1 (27.04.2024)

Нашиот Господ Исус Христос, додека ја извршуваше спасителната мисија на земјата, воедно и го подготвуваше народот за примање на спасителното учење, односно Неговата наука. Он му правеше многу добродетели на...

Прот. Александар Шмеман: Цветници - НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (10)

Прот. Александар Шмеман: Цветници - НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (10)

Во што е смислата на овој настан, кого толку светло, толку радосно, толку победоносно го празнува Црквата во Лазаревата сабота? Како да се спојат тагата, солзите на Христа, и таа...

БEСEДА  за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

БEСEДА за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

Прв нeпријатeл на чoвeкoт e ѓавoлoт, втoр e грeвoт, а трeт e смртта. Гoспoд Исус ги пoбeдил ситe oвиe три нeпријатeли на чoвeчкиoт рoд. Сo Свoeтo пoнижувањe гo пoбeдил гoрдeливиoт...

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

 Спознанието на вистината, на лично ниво, не е интелектуално човечко достигнување, туку, пред сè, е Божји дар на просветленост на умот и обожение на личноста; дар Божји кој се добива...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

Милoстињата штo сe прави oд цeлиoт ум, гo чисти чoвeкoвиoт ум. Сo eдeн збoр внатрeшната милoстиња гo исчистува цeлиoт чoвeк. Акo e милoстињата самo oд рака, таа нe ја чисти...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

 Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Што се случува со оние кои Страшниот суд ги затекнува во грев и пад? Тоа што Богочовекот Христос воопшто стапува во дијалог со нив, колку и да звучи тоа страшно...

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Параболата за цариникот и фарисејот претставува длабоко проникнување во човековата душа, и за нас е многу важно да го задржиме нашето внимание врз ова кажување. Оваа парабола нема во предвид...

« »

Православен календар

 

28/04/2024 - недела

Велигденски пости; (пост на риба)

Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници; Светите апостоли Аристарх, Пуд и Трофим; Светиот маченик Сава Готски; Светите маченички Василиса и Анастасија;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на влегување  на Господ Исус Христос во Ерусалим Цветници 2024

Тропар на влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим Цветници 2024

глас 1Христе Боже,  за да  нé увериш во општото воскресение, пред Твоето страдање  го воскресна Лазара од мртвите. Затоа и...

Тропар на светиот Мартин Исповедник папа Римски 14 април / 27 април 2024

Тропар на светиот Мартин Исповедник папа Римски 14 април / 27 април 2024

Исповедниче на вистинската вера која спасува,Мартине свети мачениче,прими од нас пофалба и благодарност.Од Бога со благодатна вистина исполнет,на патот исповеднички...

Тропар на св.Христов новомаченик Димитриј Пелопонески 13 април / 26 април 2024

Тропар на св.Христов новомаченик Димитриј Пелопонески 13 април / 26 април 2024

Исповедник на верата Христова постана,откако Спасителот Го повика кога се најде сред морските бранови,о Димитрие новомачениче.Надеж стана за паднатите кои во...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная