логоFacebookTwitterYouTubeeMail


Фестивал за највртени спотови

Битолската ТВ Орбис овој петок го организира првиот домашен телевизиски фестивал за највртени спотови во 2008 година. Настанот ќе се случи во Центарот за култура во Битола со почеток во 20 часот, а изборот е направен според гледачите на оваа, но и уште 15 локални ТВ-станици од земјава.

Меѓу наградените ќе бидат: Јован Јованов, Браво бенд, Елвир Мекиќ, Бојана и Роберт Билбилов, Ноне, Ламбе, Димитар Андоновски, Next Time, Верче Пандиловска, Паркети, Памперси..., а се очекува и присуството на Антонија Шола. Хрватската ѕвезда треба да ја прими наградата за текстописец на дуетот отпеан со Тоше Проески Волим осмијех твој.

Постхумно ќе биде доделена и наградата за највртен спот - Волим осмијех твој, на Тоше и Антонија.

Извор: http://www.mmm.com.mk/?ItemID=5934D9D7A25656418219355673E4F8CC



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie