логоFacebookTwitterYouTubeeMail


 

 

Утре во 18 часот, во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“, Американското катче - Скопје ќе ја прослави својата четврта годишнина. По тој повод, организиран е конкурс на фотографии, на тема „Америка видена преку очите на еден Македонец“, а четиричлена комисија ќе има задача да ги одбере победниците. Предвидено е од секоја категорија да бидат избрани по двајца. Потоа ќе следува доделување на наградите и сертификатите потпишани од Амбасадорот на САД во Македонија, Н.Е. Амбасадорот на САД во Р Македонија, Филип Рикер.

Како што не' информираа од Градската библиотека „Браќа Миладиновци“, околу 130 најблиски пријатели и поддржувачи на Американското катче ќе присуствуваат на овој настан, а програмата, покрај доделувањето на сертификатите, вклучува и музичка изведба и мал коктел, а специјален гостин на оваа свеченост ќе биде амбасадорот Филип Рикер.

Воедно, Градската библиотека истата вечер на основа на досегашната соработка ќе додели 100 членски карти на студентите од Американ колеџ, а колеџот од своја страна ќе даде донација од книги.

Истата вечер со почеток во 20 часот, Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ и Групацијата „Едни Македонци“ ќе реализираат мини серијал на документарни филмови „Вовед во конспирација“. Низ оваа серија документарни филмови и дискусии „Едни Македонци“ ќе се обидат да дадат глобална слика н настаните кои се случуваат во светот и ќе се обидат да ја одредат позицијата на Македонија во глобалната драма која ни претстои, а во која светот тукушто зачекори. (Н.П.)



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie