логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Свети Климент, архиепископ Охридски

Vovedenie.Presveta Глас четврти:

Со зборови си ги упатил народите во верата Божја; со делата си се издигнал, преблажени; кон божествен и блажен живот. Со чудеса си ги просветлил оние што пристапуваат верно кон тебе, со знаменија си ја осветлил темнината. Поради тоа го славиме твојот божествен спомен Клименте.  Повеќе...

„Уметнички дневници“


Уште еден таков проект започнавме од неодамна, станува збор за проектот „Уметнички дневници“, всушност ќе презентираме кратки видеа снимени во самоизолација од стана на македонски уметници. На наша покана, целта на една ваква активност е да го приближиме нивното секојдневие до вас, да споделуваме, да сочувствуваме, да се израдуваме на виртуелна средба со авторите и нивните дела, со цел побрзо пребродување на овој изолациски период и до скора средба во храмовите на уметноста.

Интересена ќе биде втората половина од оваа 2020 година, во периодов се испишуваат нови редови во светската и македонската современа уметност  на тема креативна „корона“ (хипер)продукција, ќе постави многу прашања, ќе даде многу одговори, сосема нов, оригинален, непретпоставуван дискурс.

Прв од серијалот „Уметнички дневници“ е видеото на нашата уметничка Дијана Томиќ, во кое меѓу другото изјавува: „Напуштени градови, природа која повторно почна да се обновува, празни улици...во почетокот и некој страв кој не доведе до самоповлекување и анализа, кои сме ние! Со оваа изолација всушност влегов во некои истражувања и експерименти на теми кои радуваат, моментот кога природата почна да го освојува просторот повторно.“

Националната галерија продолжува со својата работа во виртуелниот и дигитален простор, затоа следете ја нашата богата програма на социјалните мрежи.

Националана галерија на Северна Македонија






ДИЈАНА ТОМИЌ



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie