логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Визуелниот уметник Филип Јовановски учествува во групната изложба „ СВЕДОШТВА – ВИСТИНА ИЛИ ПОЛИТИКА: Концептот на сведоштва во спомен на југословенските војни”, која се отвора денес (14.12) во 18 часот во Музејот на современа уметност Галерија –легат Милица Зориќ и Родољуб Чолаковиќ во Белград.
Изложбата е курирана од уметницата и активистка Ноа Трајстер (Центар за културна деконтаминација од Белград) и кустотосот од Музејот на современа уметност од Белград, Зоран Ериќ.

Јовановски ќе се претстави со делото „Предлог за споменик на комунистичката курва”, аудио опера во пет делови кој како истражувачки процес го работеше во соработка со кураторката Ивана Васева и дизајнерот на звук Сашко Потер Мицевски. Ова е најново дело на Јовановски во кое продолжува да го истражува неговиот долгогодишен интерес кој е фокусиран на конфликтот помеѓу доминантниот дискурс - националистичкиот и конзервативен кој го потиснуваше јавното мислење во изминатите 11 години во македонскиот културен и политички живот, и другиот, оној потиснатиот - модернистичкиот и прогресивен.

Јовановски вели: „Насилството беше доминантен параметар кој во изминативе 11 години беше искористено во разни манифестации и ситуации од претходната влада и беше визуелно материјализиран преку различни проекти, меѓу другото, највидливиот - проектот Скопје 2014.
Друго нешто што преовладуваше во јавниот дискурс е етикетирањето и стигматизацијата на прогресивните гласови, можеби најконтроверзната од сите нив е фразата КОМУЊАРИ, КОМУЊАРСКИ КУРВИ.
Но, што значи тоа во вистинскиот, политички живот? Зошто луѓето особено ја користат таа фраза и што значи тоа за нив?
Постои "манифест" кој беше дистрибуиран од страна на Општина Центар во 2010 година, со што беа" објаснети" идеолошките позиции на проектот Скопје 2014, особено преку една од најистакнатите изјави во истиот: Бидејќи естетиката беше декадентна и го корумпираше нивниот комунистички морал - што се однесуваше на модернистички згради и модернистичкo, пост-земјотресно Скопје. Овој "манифест" ги исцрта линиите на националистичкиот дискурс во следните седум години, дискурс на насилство што го окупираше политичкиот живот во земјата.

Меѓу другото Јовановски вели: Во ова дело ги судирам  доминантните позиции на овие два дискурса во една уметничка форма на звучна опера, со цел повторно да ги преиспитам. Во проектот Скопје 2014 недостига уште споменикот на комунистичката курва за да насилството биде комплетно, па ајде да го изградиме!”.

ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ ЗА изложбата

Изложба " СВЕДОШТВА – ВИСТИНА ИЛИ ПОЛИТИКА: Концептот на сведоштва во спомен на југословенските војни”
Куратори: Ноа Трестер (ЦЗКД/ учителот незнајко) и Зоран Ериќ (МСУБ)
Уметници: Ана Буњак, Сања Анѓелковиќ и Бојан Кривокапиќ и Андреа Палашти, Даниел Џамо, Рјо Икеширо и Арон Росман-Киш, Филип Јовановски, Кристина Мариќ, Јелена Марковиќ, Јула Маркули  и Маријана Фумаи, Владимир Миладиновиќ, Дорон Парис, Никола Радиќ Лукати, Мерсид Рамичевиќ, Лала Рашчиќ, Јацек Смолички и Тим Шоу, Катарина Севиќ.

Во рамките на проектот " СВЕДОШТВА – ВИСТИНА ИЛИ ПОЛИТИКА: Концептот на сведоштва во спомен на југословенските војни, покрај изложбата, ќе се оддржи и конференцијата  Сведочењето. Поезијата. Јазикот. во Центарот за културна деконтаминација и Институтот за филозофија и социјална теорија, од 14 декември до 17 декември 2017 година.

Основата на проектот СВЕДОШТВА – ВИСТИНА ИЛИ ПОЛИТИКА: Концептот на сведоштва во спомен на југословенските војни вклучува аудио архива на повеќе од 200 интервјуа со учесници во војната на Југославија или пак со анти-воени активисти.

Проектот се одвива во две испреплетени линии на истражувања кои се занимаваат со концептот на сведоштва  во контекст на комеморативни практики и војните во Југославија во деведесеттите години, и се базира на интервјуа и уметнички дела кои ги сметаат овие интервјуа како сведоштва.
Уметници се поканети да се бават со испитување на од една страна на материјалниот аспект на сведоштвата (звук и глас),  а од друга страна со самата содржина - политички, економски, општествен и културен контекст во различни клучни моменти од сведоштвата.
Изложбата има за цел да отвори канал кој ќе овозможи на сведоштвата да се слушнат и да се контекстуализираат.
Во Легатот Чолаковиќ ќе бидат претставени уметнички дела на 15 меѓунардони автори кои во изминатите години учествувале во ова истражување.
Уметничките пристапи варираат од архивски, преку партиципативни аудио-визуелни и антрополошки истражувања до статистичко технолошки размислувања, а како резултат на изложбата ќе бидат претставени дела во широк спектар на уметнички медиуми, од музички композиции и перформанси до аудио визуелни инсталации и архиви на одредени сведоштва.
Изложбата од 17 ноември до 8 декември беше изложена во Галеријата Боканера (Boccanera Gallery) во Тренто во Италија, а после Белград патува за Сараево (од 6-ти март 2018), Бања Лука (од 10-ти март 2018) и Виена (14-ти април 2018).
Проектот СВЕДОШТВА – ВИСТИНА ИЛИ ПОЛИТИКА: Концептот на сведоштва во спомен на југословенските војни е во реализација на Центарот за културна деконтаминација од Белград во соработка со : Учителот незнајко и неговите комитети(Белград), Музејот на современа уметност (Белград), Историскиот музеј на Босна и Херцеговија(Сараево), Центарот за културна и социјална поправка (Бања Лука), Боемб(Виена, Австрија), Опсерваторијата за Балканот и Кавказ Трансевропа (OBCT Transeuropa), Институтот за филозофија и општествена теорија(Белград) и Лајбниц институтот за студии на југоисточна Европа  (Leibniz-Institut für Ost- und Südosteuropaforschung – IOS)

-------------

Филип Јовановски (1979) е визуелен уметник и граѓански активист.
Магистрант на Факултетот за ликовни уметности, отсек – сликарство во Скопје (2012).
Учествувал на повеќе групни изложби: Биенале на млади уметници (2009/2011/2013); SEAfair (Саем на електронскиуметности) - Музеј на современа уметност Скопје (2010); Фестивал Перфорације - Загреб (2010); Фестивал Синхронзирани градови (2010), Victory Obsessed(2013), Познан, Полска, Паралелни светови(2014) Дуплекс 100м2, Раскажувањето како уметничка пракса, T.I.C.A Tirana institute for contemporary arts, 2014, Where (not) to go?, Македонски центар во Њу Јорк, во организација на Press to exit project space,  Everything is eternity when we are victory obsessed, Галерија СИЗ, Ријека; Црвена Ријека (2017), СИЗ Галерија.
Самостојни изложби: Одлука (2010),Три лесни парчиња:Предлог за опера во три чина(2012) Центар за Култура Битола, Glotzt nicht so romantisch(2011) Прима Центар Берлин, Силата на Спартактистите или Моќта на љубовта (2014) Отворено Графичко студио –Скопје.,  . ДЕНЕС (уметноста), заедничка изложба заедно со Велимир Жерновски, Иван Ивановски, Чифте Амам, Октомври 2015. КУЦ ТЕКСТИЛ –Културно уметнички центар Текстил –Штип (2016); Кога зградите би зборувале(2017) - МОТ(Млад отворен театар).
Добитник на наградата за млад ликовен уметник ДЕНЕС 2013 како и за специјалната награда за архитектура(заедно со Дејан Ивановски) од асоцијацијата на архитекти на Македонина за проектот Мобилна монтажна Галерија(2014) на Центарот за современи уметности од Скопје, добитник е и на наградата Ладислав Баришиќ од областа на ликовната критика за проектот „Колективното делување како политичка, а не организациска одлука” (заедно со Ивана Васева).
Неговите дела се во полето на истражувачки интердисциплинарни проекти кои често користат кураторски пристап и претставуваат трансформација на политички и социјални категориии во просторни слики.
Еден од основачите на уметничката иницијатива Факултет за работи што не се учат (2000), која подоцна(2003) преминува во платформа за проекти од областа на современата култура и уметност.
Од 2007-ма година уметнички директор на фестивалот за современа уметност АКТО во Битола.

.---------------------


ФилипЈовановски
Адреса:
Ул. Христо Узунов  бр. 3Е, 7000 Битола, Р. Македонија
070 700 998
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Православен календар

 

20/04/2024 - сабота

Велигденски пости; (на масло)

Св. Георгиј Исповедник; Преподобен Нил Сорски; Св. маченик Калиопиј; Преп. Данило Перејаславски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.Христов исповедник Георгиј Митиленски митрополит 7 април / 20 април 2024

Тропар на св.Христов исповедник Георгиј Митиленски митрополит 7 април / 20 април 2024

Пастироначалниче на скитското подвижништвово степите руски непроодни,Ниле ученику Христов облагодатен,денес и во веки Бога преку тебе Го прославуваме,и твоите подвизи...

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Словото Божјо, слово земно подаде,кое ти Свети епископе Методие во слава Негова го раздаде,а Он Началникот на животот устрои заради...

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Вистина непоколеблива имајќи во срцата вашиАгатоподе и Теодуле,познавте дека земниот живот е суета, сенка и сон,а верата во Љубовта го...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная