логоFacebookTwitterYouTubeeMail

По повод  „Месецот на Никола Мартиноски“, Националната галерија на Македонија Ве информира дека ќе се реализираат три исклучителни настани во име на културното наследство што го остави современикот на македонското сликарство и ликовната уметност.


Прв настан, промоција на монографија

На 5 мај 2017 год. (петок), во 11 ч во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица ќе се реализира промоција на монографијата „Никола Мартиноски до 1945“.  Издавач на монографското издание е Националната галерија на Македонија а автор на монографијата е Проф. д-р Кирил Пенушлиски. За монографијата на промоцијата ќе говорат д-р Дита Старова Ќерими, директор на Националната галерија на Македонија, академскиот сликар Рубенс Корубин и академик Влада Урошевиќ.


Втор настан, отворање на изложба

Како продолжение на истражувачкиот труд , покрај промоција на монографијата ќе се реализира и изложба на слики и фоторепродукции на делата од Мартиноски кои датираат од самиот почеток на  неговата ликовна кариера. Изложбата носи наслов „Никола Мартиноски, почетоци 1919-1929“, ќе биде поставена и отворена во Мала станица на 11 мај 2017 год. (четврток), во 20 ч.


Трет настан, предавање на д-р Кирил Пенушлиски

На 16 мај 2017 год  (вторник) во Мала станица, 11 ч , Проф. д-р Кирил Пенушлиски ќе одржи предавање на тема „Од Мартин во Мартиноски“.

 


Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie