логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

Македонската академија на науките и уметностите, во соработка со Балканскиот институт за вера и култура од Скопје, организира дводнева научна конференција на тема „Книжевноста и Библијата”. Конференцијата се надоврзува на научноистражувачкиот проект „Методи на книжевната херменевтика“, на Одделението за лингвистика и литературна наука при МАНУ.

Целта на оваа конференција е да отвори компаративна расправа за односите на релација Светото писмо – книжевноста, во тој контекст за начинот на којшто се интерпретираат и се актуализираат познати библиски митови, мотиви, жанрови, стилови и модуси во современото и во средновековното книжевно творештво.

На 20 април 2017 (четврток), во 10 ч., академик Таки Фити, претседател на МАНУ, ќе ја отвори оваа научна конференција, а уводна реч ќе даде академик Катица Ќулавкова, раководител на Проектот.

На Конференцијата учествуваат универзитетски професори од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје (Филозофски, Филолошки и Богословски факултет и Институт за македонска литература), како и неколку гости од Универзитетот „Оксфорд” (Велика Британија).

 

МАКЕДОНСКАТА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ И УМЕТНОСТИТЕ
и
БАЛКАНСКИOT ИНСТИТУТ ЗА ВЕРА И КУЛТУРА


Имаат чест да ве поканат на
научната конференција


БИБЛИЈАТА И КНИЖЕВНОСТА
Поздравни обраќања при отворањето на конференцијата:
Академик Таки Фити, Претседател на МАНУ
Академик Катица Ќулавкова, раководител на Проектот


Скопје, МАНУ, 20-21 април 2017
Почеток во 10:00 часот


Работни јазици: македонски и англиски
ПРОГРАМА | БИБЛИЈАТА И КНИЖЕВНОСТА


20.04.2017, Амфитеатар на МАНУ


ПРВА СЕСИЈА:


  • Модератор: Д-р Коста МИЛКОВ
    10:15 Проф. Сајмон ХОРОБИН (Simon HOROBIN), клучен говорник
    Професор на Модлин Колеџ, Универзитет „Оксфорд”
    „Озберн Боукнам и светиите на средовековна Англија


11:30 КАФЕ ПАУЗА


ВТОРА СЕСИЈА


  • 12:00 Проф. Ѓоко ЃОРЃЕВСКИ
    Декан на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“
    „Симболиката и структурата на пастирскиот пролог”

  • 12:30 Д-р Марија ТОДОРОВСКА
    Доцент на Институт за филозофија, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“
    „Мотивот на жртвениот јарец во религиските (митско-ритуални и библиски) наративи во
    литературата”

  • 13:00 Алиша СМИТ (Alicia SMITH)
    DPhil кандидат, Факултет по англиска книжевност, Универзитет „Оксфорд”
    “The Pelican and the Night-bird: Psalms and Prayer in Medieval Anchoritic Literature”

  • 13:30 Д-р Костаке МИЛКОВ
    Претседател на Балкански институт за вера и култура
    „Мотивот на созданието (природата) во романите на Мерилин Робинсон
    и нивното теолошко читање преку космологијата на Максим Исповедник”

  • 14:00 Проф. Ацо Гиревски
    Протопрезвитер, Православен богословски факултет „Свети Климент Охридски“
    „Библијата во македонската книжевност во последните дваесет и пет години”

 

14:30 РУЧЕК ЗА УЧЕСНИЦИТЕ

 


21.04.2017, 10:00 (во Малите сали на МАНУ)


ТРЕТА СЕСИЈА


  • 10:00 Академик Катица ЌУЛАВКОВА, клучен говорник
    Раководител на Проектот „Методи на книжевната херменевтика“, МАНУ
    „Сакралната функција на јазикот, митот за библиските чуда и книжевноста”
    “The sacral funcution of the language, and the myth for the Biblical miracles in literature.”

  1. 11:30 Д-р Маја ЈАКИМОВСКА-ТОШИЌ
    Раководител на Институт по македонска книжевност Универзитет „Св Кирил и Методиј”
    Женскиот принцип во библискиот и во раскажувачкиот корпус
    на средновековната литература”

  • 12:00 Д-р Џонатант БРАНТ (Jonathan BRANT)
    Капелан, Факултет по теологија и религија, Универзитет „Оксфорд”
    „Целта на напорноста: Роуан Вилијамс за Библијата и литературата”

 

  • 12:30 КАФЕ ПАУЗА


ЧЕТВРТА СЕСИЈА


  • 12:45 Д-р Милан ЃОРЃЕВИЌ
    Доцент на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“
  • Православната аскетика и женскиот ерос (низ призма на романот Облека на душата од Бошко Смаќоски)”

  • 13:15 Проф. Владимир МАРТИНОВСКИ
    Професор на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“
    „Од фреска до песна: топосот на мајчинско страдање во Библијата
    во средновековните фрески и во современата македонска поезија”

  • 13:45 Д-р Марија ГИРЕВСКА

  • Лектор, Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“
    „Сеќавање на Светото писмо: Стариот завет во Џојсовата ‘Телéмахијада’“


14: 15 РУЧЕК ЗА УЧЕСНИЦИТЕ

19.04.2017 г.

 

Друго:

http://preminportal.com.mk/266-vesti/3084-bogoslovski-fakultet-tribina-makedonskiot-jazik-vo-sovremeniot-prevod-na-bilijata-



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie